Економска политика на Македонија

B

Bafra

Гостин
Колку што гледам водата за Скопје ќе се намали од 30 и неколку на 21-24 денари по метар кубен
Зш бе читаш погрешно ...
http://tocka.com.mk/vesti/253810/poskapuva-vodata-za-pienje

Според пресметките РКЕ на ЈП Водовод и канализација Скопје за догодина му одобри цена која вкупно ќе изнесува 34,95 денари по метар кубен вода од цевките на градскиот водовод, поскапување на услугите ќе има и во 2019 и во 2020 година. Досега скопјани плаќаа по 29,39 денари од метар кубен со тоа што разликите во крајната сметка се должат на различната дворна површина, одалеченоста на населбата за комуналните трошоци и другите теренски фактори.
Во формирањето на цената на метар кубен вода од ЈП Водовод и канализација Скопје, како и било кое друго јавно водоводно претпријатие ,се три категории на услуги, а тоа се собирање и одведување на отпадни води, прочистување на отпадни води и снабдување на вода за пиење. Токму ако ја земеме водата од чешма како основна за пиење на граѓаните на Скопје ќе видиме дека цената на метар кубен од први јануари следната година на метар кубен без пресметан ДДВ ќе изнесува 21,50 денари
:toe::toe:

Само место зграда од 20+ милиони евра да ги потрошеа во поправки, подновување на системот и намалување на загуби :свиркам:
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.093
Поени од реакции
11.497
Според пресметките РКЕ на ЈП Водовод и канализација Скопје за догодина му одобри цена која вкупно ќе изнесува 34,95 денари по метар кубен вода од цевките на градскиот водовод,

Токму ако ја земеме водата од чешма како основна за пиење на граѓаните на Скопје ќе видиме дека цената на метар кубен од први јануари следната година на метар кубен без пресметан ДДВ ќе изнесува 21,50 денари
Пак не ми е јасно, ќе биде 21.5 или 35 денари?
 
B

Bafra

Гостин
Пак не ми е јасно, ќе биде 21.5 или 35 денари?
Не го прочитав документот од Регулаторна, голем ми се виде :D , ама за вода која се пие од чешма ќе платам и 35 денари. Туку дали Арачиново, Шутка, Тетово, Гостивар ќе плаќаат ме интересира :cool:
Ретко пијам чешмовача, туку си полнам од извор ;)
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.121
Поени од реакции
1.278
Абе која логика, во Скопје 22м3 а во Велес, Струмица... по >40м3, што овие да не пијат минерална, сребрена или незнам каква ај ќе речеш различен трошок за да донесе до градот ама друга нелогичност има и со отпадните води на пр. во Скопје е 3 пати поефтина одколку во Велес
 
Па да, во Велес им е полна со олово и цинк, а Струмица/Гевгелија имаше Арсен. Скапи работи се тие :D

Зависи од трошоци за обезбедување на чиста вода. Близина, количина, прочистување итн итн.
Но главното е: Ако плаќаме сите, нема да треба да се зголемува. Плус губитоци има многу.
Ние сме земја каде чесниот плаќа и за тој што не плаќа, притоа не се буни :D
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.121
Поени од реакции
1.278
Ако плаќаме сите, нема да треба да се зголемува. Плус губитоци има многу.
Ние сме земја каде чесниот плаќа и за тој што не плаќа, притоа не се буни :D
Баш така точно до збор.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
ај нека ни е на здравје од 01.01.2018 и со нови цени на водата секако зголемени
еве најдете си го местото на живеење и проверете колку ќе плаќате повеќе

http://www.erc.org.mk/odluki/Resenija za utvrduvanje na tarifi za vodni uslugi.pdf

се е на штета на народот ама баш СЕ.

Да се надевам дека нема да го изреализираат и планот за зголемување на цената на данок на недвижните е дури тогаш сме го еб*ле ежот
Ненормални ли се бе, скоро 20% ќе ја качат, плус ДДВ плус она плус ова, над 2000 денари годишно повеќе ќе плаќаме, ама важно ќе се грееме на ефтина струја:icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1512128509][/DOUBLEPOST]Какви 20% сега видов на белешката и е поскапа за 35,5%, поефтино ќе биде обична да си купуваме од продавница.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Пукнатината во првиот столб
Според ребалансот на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување оваа година ќе управува со 1,04 милијарди евра (63 934 697 000 денари). Кој ли управува со оваа милијарда евра, односно 10 % од БДП на Република Македонија? Какви квалификации има и колку голема одговорност носи првиот човек на оваа институција? Дали е доволно компетентен? Овие прашања одамна не си ги поставуваме затоа што ги знаеме одговорите.
Структурно гледано 56,4 % од приходите на Фондот се изворни приходи (даночни, неданочни и капитални приходи), додека 43,6 % се помош или трансфер од Централниот буџет на РМ. Признале или не, Република Македонија има де факто комбиниран систем на финансирање на задолжителното државно пензиско осигурување („pay-as-you-go“ или прв столб). Комбинацијата се состои од дестинирани придонеси за пензиско осигурување и општ трансфер од Буџетот на Република Македонија.
За да добиеме претстава за големината на трансферот би можеле да го споредиме со некои даночни приходи или со кумулативниот износ на нето-средствата во приватните пензиски друштва:

1. Трансферот кој пристигнува од Централниот буџет на РМ се очекува да биде 27,8 милијарди денари во 2017 година, што е еквивалентно на 56,7 % од проектираните нето-приходи од данокот на додадена вредност (ДДВ) во 2017 година. Со други зборови, над половина од прибраниот ДДВ преку Буџетот се враќа назад во економијата - кон пензионерите. Ама, ако! Заслужиле, нека се здрави и живи. Освен тоа, пензионерите издржуваат и други членови на семејството.

2. Трансферот од Централниот буџет до Фондот за ПИОМ е дури поголем и од збирот на годишните даночни приходи од персонален данок на доход и данок на добивка! Сите приходи по основ на персонален данок на доход и данок на добивка веќе ги замислувам како заминуваат кон пензионерските паричници. Колоквијално би можеле да ги наречеме „пензионерски даноци“.

3. Овој трансфер од Централниот буџет до Фондот за ПИОМ е малку над половина (51.09 %) од кумулативниот износ на нето-средствата во приватните пензиски друштва, со состојба на 30.9.2017 година. Годишниот дефицит во ПИОМ е 452,7 милиони евра, а во системот на задолжително капитално финансирано пензиско осигурување досега се собрани 797,6 милиони евра. Кога креаторите на макроекономската политика би се инспирирале да ги национализираат пензиските фондови, тогаш приближно би го покриле дефицитот во ПИОМ во две последователни години. Тоа би била страшна, непопуларна и неразумна одлука.
Според експертите на ММФ ваквата финансиска позиција на Фондот на ПИОМ укажува на сериозна финансиска неодржливост на задолжителниот државен систем на тековно пензиско осигурување. Сепак мерките кои тие ги предлагаат се премногу радикални и неприфатливи за типичниот хомо Балканикус (човек од Балканот).

Табела бр. 1. Приходи, трошоци и дефицит на Фондот за ПИОМ (2017 година)

http://ekonomijaibiznis.mk/News.aspx?id=21892[DOUBLEPOST=1512202911][/DOUBLEPOST]
Ненормални ли се бе, скоро 20% ќе ја качат, плус ДДВ плус она плус ова, над 2000 денари годишно повеќе ќе плаќаме, ама важно ќе се грееме на ефтина струја:icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1512128509][/DOUBLEPOST]Какви 20% сега видов на белешката и е поскапа за 35,5%, поефтино ќе биде обична да си купуваме од продавница.
Ќе си собираш дождовница, буре едно во двор и после прочистување со филтер :icon_lol:.

Водата е основно човеково право и треба да биде пристапна и достапна за сите. На што се должи поскапувањето? Да не прават некои нови системи, водоводи или за наводнување? Или требаат пари па не знаат од кај да ги соберат?[DOUBLEPOST=1512227425][/DOUBLEPOST]
Само место зграда од 20+ милиони евра да ги потрошеа во поправки, подновување на системот и намалување на загуби :свиркам:
Па и да има загуби вода е, не е нафта да има штетни последици.

Значи се зема нешто од природата бесплатно, водоводите се направени, единствено трошкови има за оддржување и плати, не сме ние Саљудиска Арабија пустинска земја па да има недостиг. Јас не знам со која логична лага можи да се брани ова поскапување? Со никоја, па не се ни трудат да објаснат.
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Македонска „даночна теорија на релативност“

Веќе со првите предложени мерки во Законот за персонален данок на доход приказната за праведното оданочување избледе. Се укинуваа досегашното ослободување од оданочување на приходите од сопствени земјоделски производи до 300.000 денари, а паралелно се ослободуваат од оданочување надоместоците за трошоци за сместување и превоз за лица кои се учесници или ангажирани на настани организирани од невладини организации, синдикати и лица кои не се вработени кај исплатувачот, а се ангажирани кај него.

Но, во нашиов случај загрижува тоа што борбата за поголемо оданочување на побогатите започна со воведување на данок на најсиромашните земјоделци (6.000 денари годишно) и со ослободување од данок на најчесто добро платените експерти. Со ова се релативизира заложбата за правично оданочување и заштита на пониските општествени слоеви, па се поставува прашањето дали воопшто креаторите на политиката имаат развиен концепт, макар и да почивал на идеологија. Веројатно не...

http://nezavisen.mk/mk/vesti/2017/12/4855/
 
Ќути не им кажувај, додека ги замајуваат дека за рамноправност биле даночните реформи :tapp:

Туку дали прочита чичо Трамп како прави даночни реформи ?
НАМАЛУВАЊЕ на даноци.

А тоа знаеш ли што ќе значи во иднина.... РАСТ на доларот а не како што ти прогнозираше губење на вредноста :P
Затоа смени малку извори на информирање :D

Изгледа Бранимир и Тевдоски се попаметени од ова глупите Американци :tapp:
А во Данска пишуваат нешто пак е труло :свиркам:
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
570
дај бе нека донесат индијци начитани за по1000 еу за министри и асистенти ко што прават америве по научниве центри,,, и така индија има пренаселеност и доста не можат да се вработат а и образовниот систем е спејс шатл према нашиот, нека им состават саглам закони и реформи ,,што знае просечен македонец со завршен економски факултет со а б в г систем и докторат од копирница а не видел никогаш банкнота поголема од 1000 ден за даночна реформа и сл табу теми
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Ненормални ли се бе, скоро 20% ќе ја качат, плус ДДВ плус она плус ова, над 2000 денари годишно повеќе ќе плаќаме, ама важно ќе се грееме на ефтина струја:icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1512128509][/DOUBLEPOST]Какви 20% сега видов на белешката и е поскапа за 35,5%, поефтино ќе биде обична да си купуваме од продавница.
Најевтино ќе е ич да не пиеш вода, и за другите околу тебе ќе е добро тоа.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
дај бе нека донесат индијци начитани за по1000 еу за министри и асистенти ко што прават америве по научниве центри,,, и така индија има пренаселеност и доста не можат да се вработат а и образовниот систем е спејс шатл према нашиот, нека им состават саглам закони и реформи ,,што знае просечен македонец со завршен економски факултет со а б в г систем и докторат од копирница а не видел никогаш банкнота поголема од 1000 ден за даночна реформа и сл табу теми
Александар колку бил далекувид пред 2000 год донесол индијци (Амди така тврди) ние што не ги користиме наш проблем.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.491
Поени од реакции
13.718
Најевтино ќе е ич да не пиеш вода, и за другите околу тебе ќе е добро тоа.
И ако нема леб да јаде, нека јаде колачи, така ли?

Вие бевте тие што викавте заеби патриотизам и македонија коа има луѓе што леб немаат да јадат. Па може и во право сте, коа немаат леб за шо ќе им е толку вода.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom