Антикампања за Охрид?

A

Avenger99

Гостин
ама како па ви имате пица дури од 5 евра :icon_lol:

цезар салата 250 фино а замислував само колку голема е :icon_lol:
Голема пица? Еми толку е де 300 ден за голема пица не е многу, добро зависи кај си јадел :D
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
159
Поени од реакции
76
јас сега си дојдов од Грција

Калитеа:
2 лежалки со heineken и фрапе 7-8 евра (за 2ца)
гиро 2.8
кафе 2.5 до 3 евра

Полихроно:
2 лежалки со хајнекен и фрапе 6 евра (за 2 ца)
јадење =
1. 4 гира за 5,5 евра
2. гиро + кока кола за 2.2 евра
3. лигњи, компири, салата, вино и десер 8 евра (по лице)

Ханиоти:
лежалки 7 евра (за 2ца)
кафе 1 евро (фрапе)
јадење:
гиро 2.5 евра
ручек за 2ца 17 евра (лигњи,тестенини во сос, грчка салата, лебче и вода)

Пефкохори:
лежалки со амстел и фрапе 6 евра (за двајца)
гиро 2.5
пица 11.5 (неможевме да ја дојадеме стварно е огромна) (за двајца)

Има и исклучоци, пошто многу шетавме, во Калитеа на едно место начекавме лежалки 2 со хајнекен и фрапе за 4.5 евра(за двајца, значи по 2.3 од човек), на друго пак истото го плативме 15.

Цените во Охрид сигурно не се волку, али ви гарантирам дека немаат услуга како Грците. Се трудам да бидам само што е можно по реален, не сум ниту против Охрид ниту пак нешто повеке настроен кон Грција и слично. Оваа година не сум бил сеуште во Охрид, лани бев на една недела, цените беа негде, 100 денари за скопско лименка во градиште, или пак тоа сендвичите у пинк пантер у центар што е сендвичарата, се МАКСИМАЛНО празни и суви и стварно не вреди за парите. Во грција плаќам повеќе али ниеднаш не останав гладен или жеден за моите пари.
Башка како што реков, знаат да ти ги земат парите, во сите овие нарачки горе што ви ги напишав, во сите кафичи со пиво добиваш чипс, или микс од кикирики,лешници,фстаци и слично, во сите таверни добиваш десерт од куќата, со секое кафе добиваш флаширана вода, чоколатце, чајно колаче, или некои мали крофни во мед и слично.

Паркинг во Охрид се плаќа на 1001 место, во Грција на 1виот крак НИГДЕ!
100 денари за паркинг, 100 за пиво, 100 за лежалка пак и ко ке се соберат за 2 лица пак по 200-300 денари за да отидеш на плажа, што би искочило по 10 евра од пар.
 
A

Avenger99

Гостин
Еве пошто пишувате само искуства со охриѓани, да пишам и јас со туристи( скопјани). Беа дојдени на 4-5 дена во стан во мојата зграда на прв спрат. Такви говеда не сум видел а и не верувам дека некогаш ќе видам. 20-25 години имаа сите четворица. Секоја вечер во 4 саат музика до даска турбо фолк, не се спиеше по цела вечер. Лупаа врати, се дереа, викаа ко некои свињи пред колење. Ѕидовите од зградата беа само флеки од кал од нозе и сега сабајлево газдата од станот си варосуваше, и после да бидеме фини према ваквите?
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
1.010
Поени од реакции
865

Sigurno ne bile zadovolni od cenite,od uslugata,od smestuvanjeto,i na toj nacin manifestirale nezadovolstvo.
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141

Истото можам и јас да го кажам. Пред некоја година бевме во Охрид, приватен смештај. Се бараби. Пиевме по цела ноќ и дувавме џоинти 24/7. Сабајлето дворот на куќата личеше како отпад за пластика од шишињата пиво. Девојки идеа и си одеа како да беше ноќен клуб, а ние бевме сместени во фамилијарна куќа со мали деца и пензионери. Цела среќа што не ја запаливме куќата и што не ни викнаа полиција.
За разлика од нас, Охриѓани беа на место. Газдата не толерираше максимално. Го фрлаше ѓубрето, ни купуваше леб и ни вареше кафе. Се чудам зошто викаат дека цените во Охрид биле скапи. Дури можам да кажам дека беа поефтини и од Велес, каде што едно мало Дабче го наплакаат 90 денари во нокен клуб. Услугата на охриѓани беше повеке од задоволителна, плажите чисти и никогаш немавме проблем со паркинг.
На сите топло им препорачувам да летуваат во Охрид, и да не ги слушаат анти кампањите кои се пропаганда од невоспитани туристи.
 
A

Avenger99

Гостин
Sigurno ne bile zadovolni od cenite,od uslugata,od smestuvanjeto,i na toj nacin manifestirale nezadovolstvo.
Да и јас мислам до тоа е.[DOUBLEPOST=1407170204][/DOUBLEPOST]
Истото можам и јас да го кажам. Пред некоја година бевме во Охрид, приватен смештај. Се бараби. Пиевме по цела ноќ и дувавме џоинти 24/7. Сабајлето дворот на куќата личеше како отпад за пластика од шишињата пиво. Девојки идеа и си одеа како да беше ноќен клуб, а ние бевме сместени во фамилијарна куќа со мали деца и пензионери. Цела среќа што не ја запаливме куќата и што не ни викнаа полиција.
За разлика од нас, Охриѓани беа на место. Газдата не толерираше максимално. Го фрлаше ѓубрето, ни купуваше леб и ни вареше кафе. Се чудам зошто викаат дека цените во Охрид биле скапи. Дури можам да кажам дека беа поефтини и од Велес, каде што едно мало Дабче го наплакаат 90 денари во нокен клуб. Услугата на охриѓани беше повеке од задоволителна, плажите чисти и никогаш немавме проблем со паркинг.
На сите топло им препорачувам да летуваат во Охрид, и да не ги слушаат анти кампањите кои се пропаганда од невоспитани туристи.
Ви се погодиле такви! Иначе нема шанси, охриѓани немаат култура бе! Сељаци, само гледаат да се збогатат за 1 недела. Цените високи упм, не треба да иде никој веќе таму!!
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Еве пошто пишувате само искуства со охриѓани, да пишам и јас со туристи( скопјани). Беа дојдени на 4-5 дена во стан во мојата зграда на прв спрат. Такви говеда не сум видел а и не верувам дека некогаш ќе видам. 20-25 години имаа сите четворица. Секоја вечер во 4 саат музика до даска турбо фолк, не се спиеше по цела вечер. Лупаа врати, се дереа, викаа ко некои свињи пред колење. Ѕидовите од зградата беа само флеки од кал од нозе и сега сабајлево газдата од станот си варосуваше, и после да бидеме фини према ваквите?
А полиција да викниш?
Па во скопје, секоја зграда со пензионери, на малку погласување на телевизор викаат полиција.
Нормално, дека има и бараби туристи и бараби угостители (ова малку повеќе), ама општината е таа што треба да направи ред во угостителството да не може било кој да издава соби.
Кога ќе се регулира во угостителството, на ред ќе дојдат барабите туристи, што многу лесно се средуваат. Вака имаш целосен хаос, од кој најдебелиот крај го влечат угостителите во охрид, и пар луѓе што решиле да се одморат за викенд
 
Викнав една вечер и? Другата вечер пак исто. Се согласувам дека општината и државата ( делумно) треба да направат ред во угостителството. Најдебелиот крај го влечеме ние, постојаните станари, немаш ти појма како е кај мене во населба, се трудиме сите дома да бидеме толерантни и разбрани ама ептен се претерува, ептен.
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Tuborg 0.5 L 2.5 leva
Beck's 0.5 L 2.5 leva
Staropramen 0.5 L 3 leva (toceno)
Coca-Cola 0.5 L 2.5 leva
i mnogu drugi poevtini raboti vo Bugarija (kafic na plaza)

A u OhriT istite piva em poskapi em 0.33...a da ne zboruvam za uslugata sho e milion pati podobra nego taa od ОhriT i samite Ohrigjani
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
eve kaj i da e avgust mesec ke se prepolove,ke gi prasam za nekoa den kako se ohrigjani :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom