- Член од
- 22 декември 2011
- Мислења
- 56
- Поени од реакции
- 16
Не би ти препорачал да ги пиеш овие лекарства ни тебе ни на боло кој друг. Малце по опширно ќе објаснам зошто ова е доста комплексно прашање, па се надевам дека ќе му биди од корист на сите што ќе го прочитаат:Tret pat po red vo period od 3 meseci pijam vakvi lekarstva ... nekolku dena piev Paroxetine i vo stomakot mi napravija haos i zatoa gi bataliv, posle mesec dena pak istite Paroxetine gi piev nekolku dena i potpolno istata rabota i pak gi ostaviv, sega veke edna nedela pijam nekoi Asentra/Sertraline i potpolno istoto cuvstvo kako i so Paroxetinot ... stomakot mi go duvaat kako tapan, poln so gasovi, so denovi nevozmoznost izleguvanje po golema nuzda, zeludnikot go osekam kako da mi e prepoln so hrana 24/7 iako jadam dosta malku, ovie apcinja mi go unistuvaat apetitot t.e. stomakot go osekam poln postojano, a slabo vnesuvam hrana !
Jas dodusa uste pred tri meseci otidov po lekari da baram pomos poradi fizicki problemi cesti vrtoglavici, tahikardii, oteznato disenje i.t.n. a tie mi dadoa vakvi apcinja koi se protiv depresija i panicni napadi bog da cuva, neznam dali da gi pijam ili ne ?!
Лексарствата како Paroxetine, Sertraline, Citalopram, Escitalopram, Fluoxetine, Duloxetine, Venlafaxine и др. спаѓаат во група на лекови наречени SSRI/SNRI и работат на тој принцип што го инхибитираат повторното превземање на Серотонинот, а некои од нив и на Норепинефринот. Тие не го зголемуваат серотонинот во мозокот туку создаваат поголема концентрација на веќе постоечкиот Серотонин.
За депресијата се наметнува тоа дека настанува заради "Хемиски дисбаланс во мозокот" односно низок Серотонин, а тоа е мит затоа што не постои тест со кој што може да се испита количеството на Серотонин кај човекот, а и во голем број од случаите не е серотонинот виновникот за настанување на депресијата кај личноста.
Да беше толку едноставно да се реши депресијата преку овие апчиња сите ќе ги пиеа и немаше да постојат депресивни личности.
Со самото почнување на оваа терапија се креира тоа за што е наменето да се лекува: "Хемискиот Дисбаланс".
Покрај тоа почнувањето на терапија со овој тип на лекарства носи многу несакани дејства како што се: Силна главоболка, Гадење, Сува уста, Несоница, Луицидни соништа, Зашеметеност, Поспаност, Сексуална дисфункција, зголемен ризик за самоубиство и др.
Уште еден несакан ефент од овие лекарства е т.н. "Серотонин Синдром" односно преголемо количество на Серотонин во мозокот што носи несакани дејства како што се: иритабилност и немир, збунетост, брзо чукање на срцето и зголемен крвен притисок, зголемено/интензивно потење, болки и грчеви на мускулите, треска, ежење на кожата, а по ретки интензивни случаи: високо покачување на телесната температура, епилептични напади, без свест.
Дури и кога причината за настанување на депресија кај одредена личност е намалено ниво на Серотонин не би ги препорачал овие лекарства затоа што тие нема да го решат основниот проблем за настанување на недостатокот на серотонин. Можеби ќе ги олеснат симптомите на депресија но во никој случај нема да го решат основниот проблем за нејзиното настанување.
Начини на кои што прородно може да се Зголеми количеството на серотонин:
90% од серотонинот се создава во дигестивниот систем, преку внесување на храна богата со амино киселината L-Tryptophan, која е прекурсор за создавање на серотонинот. Нај големо количество на L-Tryptophan има во: риба, јајца, млечни производи (најмногу во сирењето), месо (пилешко, зајачко, говедско, свинско), јаткасти плодови (најмногу во семки од тиква), мусли, грав, црно чоколадо (какао) и др. Исто така важни ко-фактори при настанувањето на сеторонин имаат адекватно/оптимално количество на железо, магнезиум, витамин Б6 и витамин Ц во организмот, како и внесување храна богата со јаглени-хидрати како: тестенини (во ограничени количини), ориз (препорачливо кафеав), грав, леќа, компир, јаткасти производи, банани, грицки и др.
Исто така има суплемент како што е 5-HTP, кој со внесување во организмот се претвора во серотонин.
Некогаш и покрај редовно внесување на храна богата со L-Tryptophan, доага до недостаток на серотонин, заради несоодветно дигестирање на храната, како последица на недостаток на дигестивни ензими и корисни бактерии во дигестивниот систем.
Во овој случај суплементи како што се дигестивни ензими и пробиотици (пр. Mezym, Linex, ProLife), можат да бидат од корист.
Но некогаш и покрај горенаведените обиди природно да се зголеми количеството на серотонин, не доаѓа до подобрување на депресивните симптоми на личноста (за ова зборувам од лично искуство што не мора да значи дека ќе биде исто кај сите, сепак вреди да се проба).
Исто така големо влијание има и тоа каква личност сме, односно каков карактер имаме, (какви сме се родиле), како сме воспитани, но и што прифаќаме како мислење односно како гледаме на работите во секојдневниот живот.
Пример ќе земам:
"Злобната" личност страда од љубомора, завист, негативно реагира на добрина, гледа да се задоволи најпрво себе, без да мисли на другите, не сака да гледа да му е добро на другиот, да биде по успешен од него/нејзе во физичка/карактерна/материјална/финансиска смисла. Ужива да оговара и се сити на туѓата мака и неуспех.
"Добрата" личност не сака и не трпи неправда, им помага на другите и покрај тоа што се загрозува себеси, не сака да му грешат, не умее да мрази и сака да биди ценет/а и почитуван/а од сите, кога греши е самокритичен/на кон самиот себеси. Среќен/на е на успехот на другите.
Не постои 100% добра или 100% лоша личност, сите ги имаме овие карактеристики но тежнееме повеќе на една или на друга страна.
Кога личноста е опкружена со околина во која карактерно не може да се вклопи доаѓа до психички тегоби како што се депресијата, анксиозноста и др.
Исто така би сакал да го спомнам и модерниот начин на живот, гледање на тоа кој како е облечен, каква кола вози, колку лајкови збира на ФБ, гледање преку призмата на парите и визуелната убавина, секој е во трка да биде подобар од некого и да има повеќе, без да размисли на тоа дека на светов има луѓе што немаат што да јадат или боледуваат од тешки болести, инвалидност, па пак се среќни и радосни.
Некогаш причина е токму спротивното, кога човек или фамилија не може да успее да врзи крај со крај и покрај тоа што напорно работи и се мачи.
Тука веќе серотонинот нема никаква врска.
Секој различно реагира и има различни симптоми на анксиозноста, кај мене пак колку и да ми е лошо и колку и да се интензивни симптомите никогаш не сум имал зголемен пулс или притисок. Притисокот ми е секогаш околу 120/70.Ги пијам поради одредени кардиолошки проблеми, но се си мислам дека истите ми се јавија не поради одредена кардиолошка патологија, туку баш поради анксиозноста. Поточно нетипично покачен пулс и притисок, во дадена стресна ситуација. После недела дена пиење почувствував осетно подобрување на одредени сензации, т. е. симптоми кои ги поврзувам со анксиозност. Како трема и претерано возбудување. Не ни знаев како делуваат дур не се почувствував како поопуштен, па гуглав после тоа.
Не би ти препорачал на своја рака да пиеш бета блокатори, иако истите, барем мојот-Небилет го даваат и без рецепт. Се мислам дали да продолжувам, зашто после миљон испитувања се испостави дека кардиолошки сум ок, па дали вреди да се пие поради анксиозност или сам да се соочувам и борам со истата а не со лекови(не би го пиел лекот најмногу поради можноста за еректилни дисфункционалности, но еве за месец дена скоро не приметив такво нешто). А и зошто да пијам лекови, кога изворот на проблемот е од различна природа.
Небилет (Nebivolol), влијае само врз бета1 рецепторот, без никакво влијание врз бета2 рецепторот. За олеснување на симптомите на анксиозност по важно е влијанието врз бета2 рецепторот. Такво влијание имаат бета блокаторите Atenolol и Propanolol. Но ти најдобро си знаеш какво влијание има лекот врз твојот организам. Овие лекови можат да се земаат и по потреба, така да не е неопходно континуирано да се примаат за да се постигни одреден бенефит.
Во секој случај не се решение на проблемот, туку повеќе како олеснување на симптомите за до некаде по лесно да можеме да се соочиме со проблемот/проблемите што ја создава/ат анксиозноста.
Последно уредено: