се фрустрирам неможам да ги прифатам луѓето какви се, страшно анксиозен и им судам според тоа ... дајте кажете нешто како да ги прифатам такви какви што се за да им биде полесно со мене и мене полесно со нив
фала однапред
Кул, ај сега ова разглоби му го на некој анксиозен што сака да помогне на луѓе и станува анскиозен ако не помогне. Можеби оној што бара помош не е свесен дека ја „цица“ енергијата на првиов, а можеби и нема некој проблем, сѐ зависи од перцепција, но сепак првиот ќе крка ансиозност во секој случај, помогнал или не.
За каква помош станува збор?Кул, ај сега ова разглоби му го на некој анксиозен што сака да помогне на луѓе и станува анскиозен ако не помогне. Можеби оној што бара помош не е свесен дека ја „цица“ енергијата на првиов, а можеби и нема некој проблем, сѐ зависи од перцепција, но сепак првиот ќе крка ансиозност во секој случај, помогнал или не.
Б комплекс витамините/витамините не се пласебо, само луѓето како и за многу работи ги буни тоа што ако не помага кај нив, тогаш сигурно не помага воопшто, а има милион фактори.Сакам да се пофалам дека веќе 3 месеци не примам никаква терапија и сум 100% излечена од анксиозноста и паничните напади. Иначе, година ипол живеев во пекол, имав постојано црни мисли и симптоми на анксиозност, а кога ги немав, се борев со стравот од нивна повторна појава. Иако на никој не му препорачувам, апчињата ги прекинав без намалување на дозата туку само ги фрлив и решив дека е крај. За некого можеби банална работа, но се направив свиња невидена, и токму тоа беше причината да ја превземам контролата над самата себе, пошо у живот не сум била толкава крмача. Сакам да кажам, чим јас се опраив, а воедно сум и тежок хипохондрик, значи има надеж за сите. Не се откажувајте, најдете некоја доволно голема причина за да кажете СТОП на проклетата анксиозност. Верувајте, како што може самите да си помогнеме, никој. Најдете некое хоби, грижете се за некое животно, исполнете си го домот со растенија и посветете им внимание, едноставно дозволете си да уживате. Бидете цело време зафатени, разговарајте со пријателите, со семејството, најдете добар психијатар кој ќе соработува со вас. Земајте многу витамини, особено од Б-групата, нека ви влезе во мозокот дека ви помагаат, како плацебо ефект. Сепак, ќе кажам, самите си ја правиме анксиозноста и само ние (самите) можеме да ја уништиме.
Прв пат слушам за ова. А знам доста луѓе што пијат антидепресиви. Поспаност малаксалост дебелеење сува уста сум чул ама дека на желудник и стомак правеле проблеми не сум чул. Проба ли со ранитидин дали помага?Jas pijam nekoi apcinja Asentra/Sertraline nekoi 7 dena i stomakov mi stana kako tapan, poln mi e so gasovi i se osekam kako da sum truden hah a vo zeludnikov kako da imam goltnato cigla i pokraj toa sto mnogu ne jadam osekam kako da mi e prepoln so hrana 24/7 !
Istoto cuvstvo so stomakot go imav i prethodno koga piev edni apcinja Paroxetine i tie isto taka stomakot mi go napravija kako tapan i gi bataliv !
Ima li nekoj iskustvo so ovie lekarstva i dali kaj sekogo ova se slucuva ?!!
Бета-Блокаторите оригинално се препишуваат на луѓе со срцева болест, дожиеан инфаркт. Но може да се користат и од страна на луѓе што имаат хронична и силна анксиозност. Влијаат како ублажување/намалување на физичките симптоми на анксиозноста како што се: тахикардија (брзо чукање на срцето), болки/бодење во градите, тресење, потење, болки/грчеви на мускулите, отежнато голтање, треперење/тешкотии при говор, отежнато дишење, осетливост на звук, топлина, светлина.Да не претерувам, но откако ми препишаа бета блокатор, како превентива поради некои кардиолошки состојби, не се притресувам баш многу многу - како што знам и многу сум поодморен и порасположен. Можеби е моментално, но и јас само што прочитав дека бета блокаторите помагаат при анксиозни состојби.
Имате ли вие искуства со оваа група на лекови?
Tret pat po red vo period od 3 meseci pijam vakvi lekarstva ... nekolku dena piev Paroxetine i vo stomakot mi napravija haos i zatoa gi bataliv, posle mesec dena pak istite Paroxetine gi piev nekolku dena i potpolno istata rabota i pak gi ostaviv, sega veke edna nedela pijam nekoi Asentra/Sertraline i potpolno istoto cuvstvo kako i so Paroxetinot ... stomakot mi go duvaat kako tapan, poln so gasovi, so denovi nevozmoznost izleguvanje po golema nuzda, zeludnikot go osekam kako da mi e prepoln so hrana 24/7 iako jadam dosta malku, ovie apcinja mi go unistuvaat apetitot t.e. stomakot go osekam poln postojano, a slabo vnesuvam hrana !Прв пат слушам за ова. А знам доста луѓе што пијат антидепресиви. Поспаност малаксалост дебелеење сува уста сум чул ама дека на желудник и стомак правеле проблеми не сум чул. Проба ли со ранитидин дали помага?
Ги пијам поради одредени кардиолошки проблеми, но се си мислам дека истите ми се јавија не поради одредена кардиолошка патологија, туку баш поради анксиозноста. Поточно нетипично покачен пулс и притисок, во дадена стресна ситуација. После недела дена пиење почувствував осетно подобрување на одредени сензации, т. е. симптоми кои ги поврзувам со анксиозност. Како трема и претерано возбудување. Не ни знаев како делуваат дур не се почувствував како поопуштен, па гуглав после тоа.Бета-Блокаторите оригинално се препишуваат на луѓе со срцева болест, дожиеан инфаркт. Но може да се користат и од страна на луѓе што имаат хронична и силна анксиозност. Влијаат како ублажување/намалување на физичките симптоми на анксиозноста како што се: тахикардија (брзо чукање на срцето), болки/бодење во градите, тресење, потење, болки/грчеви на мускулите, отежнато голтање, треперење/тешкотии при говор, отежнато дишење, осетливост на звук, топлина, светлина.
Ги користат и потполно здрави личности, професионалци, како: пеачи, артисти, спортисти, при одржување на концерти, јавни настани, држење на говор, кај спортови како што се шахот, пикадо, билијард, стрелаштво и тн.
Овој тип на лекови не делува на психичките симптоми на анксиозноста како што се: страв, грижа, нерационални мисли и тн. Но за разлика од бензодиазепините (апчиња за смирување) како што се Хелекс, Диазепам... не создава физичка зависност и ги нема несаканите дејства на бензодиазепините како што се: поспаност/слабост, слаб баланс и координација, отежнат/забавен говор, проблеми со памтењето/изразувањето, иритабилност, бес, агресија.
Може да се каже дека дека и скоро нема (миниманли) несакани дејства кај физички потполно здрава личност, доколку се зема во помали-норманлни дози.
Делуваат преку инхибитирање/намалување на Beta 1 и Beta 2 рецепторите. Бета 1 рецепторот е конкретно поврзан со работата на срцето и бубрезите, додека Бета 2 рецепторот e поврзан со Епинефринот/Адреналинот, работата на мускулите, циркулацијата на крвта низ органите, дигестивниот систем, и исто така е поврзан со настанувањето на така наречениот "fight or flight" одговор на организмот кој има улога да не заштити од стресни/опасни ситуации во кои ние би биле загрозени на некаков начин (пр. во конкретна опасност во која можеме да бидеме нападнати од диво животно). Проблемот во денешниот модерен начин на живот е што организмот регистрира многу лажни аларми што го активираат "fight or flight" одговорот, како што се постојаната борба за егзистенција (работа, финансиски средства, сметки, долгови), непријатни социјални искуства, нарушени семејни односи и тн.
Еден од начините за борбата против оваа "болест" (не е болест) се токму Бета-Блокаторите, кои за жал скоро никој од докториве овде во МК не ги практикува за олеснување на симптомите на анксиозноста, туку се дава приоритет на Бензодиазепините, кои исто така се наменети за краткотрајно олеснување на симптомите на анксиозноста, а ги претставуваат како лекови што ја лекуваат анксиозноста, со цел профит на здравствената установа (со тоа и на докторот), како и заработка кај аптеките, и фармацевтските компании што ги произведуваат овие лекарства без да го информираат на пациентот за несаканите дејства, и зависноста што ја создава овој тип на лекарства.
Исто така би сакал да те прашам дали сеуште ги примаш и дали чувствуваш подобрување од нив? Јас веќе подолго време се трудам да го убедам матичниот лекар да ми препиши Бета-Блокатор, со оглед на тоа што имам ужасни физички симптоми предизвикани од анксиозноста, но тaa ми даде Ансилан (Медазепам), не го пијам, кажувајќи ми дека тоа е лек за тахикардијата што ја имам и дека ќе ми помогни да се смирам, без да ми кажи дека станува збор за бензодиазепин. Докториве се најголеми измамници.