Па тоа и ја викам, не дека другите што гласаат смениле нешто
Треба да се постави прашањето зашто има песимизам во генерациите од 18 до 30 години. Затоа што јас со 25 ја слушам истата приказна што татко ми ја слушал 91ва при осамостојување на Македонија и што ја слуша сега заедно со мене.
Еве за Куманово, Максо не направи ништо посебно за градот од се што е ветувано освен реновирање на неколку терени за фудбал и баскет, прашањето со паркинг не е решено дури и е и полошо, затоа што забрани паркирање во голем дел од градот (физички го оневозмои со стубови) а не направи катни гаражи за луѓето што живеат во згради и кои немаат купено гаража да има кај да паркираат.
Браќата во Кумановскиот Бутел/Чаир пак си тераат како сакаат блокираат булевари у сред бел ден.
Спортската сала, некогаш икона на државата, денес руина ја реновираат 4 години.
Против кандидати се Тони Михајловски, не знам што ќе прави актер како градоначалник? (Да не е у кругот у кој што се наоѓа моментално: читај партија) евентуално би го гласал од очај.
Од СДСМ против кандидат е тип што беше фатен на дело кај краде у банка, доживотен партиски потрчко и административна пијавица што не мрднала од државни институции.
И за кого да гласам?