Никаде не кажав дека ќе гласам за Левица.
Нити пак дека они се одлична политичка партија. Но, за жал, они се моментално најдобрата (во смисла неизгнасена, неискомпромитирана, па и во поглед на квалитет) опција во државава. Е сега, дали таа опција е до тој степен добра за да ги гласам или не, и дали ги задоволуваат моите стандарди како гласач, е друго прашање.
Јас не реков дека сум слепо за зголемување на даноците, туку "не би имал против да се зголемат/дуплираат даноците, АКО И САМО АКО...". Огромна разлика која си ја испуштил изгледа.
Едноставно не ме интересираат такви детаљи како чив постер имале у канцеларија.
Кој сум ја да зборам што на свои 12 години сум имал постер од Курт Кобејн дома... Најголемиот наркоман во историјата што се има самоубиено. Па тоа не ме прави дека сум и ја таква петарда. Тоа како некој си ја декорира просторијата во која работи или креира, си е негово право.
Уосталом, неаме проблем да гласаме партии чии луѓе кои имаат значки од УЧК или знамиња на туѓи држави во своја канцеларија, ама Ленин бил проблематичен.
Последново, неколку пати сум кажал дека не се занимаваат со конкретни работи него со кликбејт фрази и хаштази и тн. Многу малце конкретно нешто, иако таква е политичката констелација во државава, толку штетни политики се наметнуваат, што нивните пратеници (2ца) мораат да опструираат и да блокираат деструктивни политики на клептомани. Башка што двеве зла имаат тенденција многу такви grasroot идеи или идеи на помали партии бескрупулозно да ги крадат и да ги продадат како свои - има многу примери и за ова.
Млада партија се, нови се, и тоа се детски болести на новоетаблирана партија во втората декада од 21 век. Ова им се први локални избори на ниво на цела држава, и се гледа дека сеуште се неискусни, млади, малце неоптимално организирани и релативно нови во начинот на функционирање на локално ниво и на локални избори.
Уосталом, може да се кладиме дека 90% од програмите на двете зла се прелеваат од едни во други избори со исти ветувања. Едно време беше гасификација, муабетче што и после 4 изборни циклуси уште циркулира како ветување. Денеска тоа е зеленило и зелени политики. Левица немаат многу конкретни понуди, ама барем не се прелеваат истите неостварени од пред 2 изборни циклуси.
Од друга страна, мора да им се признае дека извадија неколку интересни кадри како кандидати за градоначалници. Голема штета е што камиказето им го зазема спотлајтот на квалитетните кадри (пример овој за Центар).
Мислам дека веќе на следните избори, кога ќе имаат внатрепартиска практика на членување во Совети, и ќе имаат претстава како функционираат работите, ќе бидат многу подобри и поасални.