smihajlo
Superposition, Relentless
- Член од
- 11 август 2010
- Мислења
- 3.743
- Поени од реакции
- 4.505
Atheism is simply the absence of belief that any deities exist. -WikipediaАтеизам е одбивање на верба во божества,не е никаков недостаток на верба. - Општа дефиниција.
Не е важна толку дефиницијата поентата ми е атеизмот е неверување се додека не се докаже спротивното.
Одбивање на верба барем јас го сваќам како дури и да ти докажат ти пак нема да веруваш.
Заради тоа повеќе ми се свиѓа мојава дефиниција т.е не верувам додека не ми го докажат спротивното.
П.С Можеби посоодветен превод би било отсуство на верба, ваљда се разбираме.
--- надополнето: 31 јануари 2013 во 06:08 ---
Јас барем колку што знам во Будизмот нема бог, и Буда кога го прашале не кажал дека верува во натпридона сила- бог.Многу глупо ми е прашањево, Будизамам е религија коа верува во бог, а Атеизам е неверување, како може да биде верувањето еднакво на неверувањето, no sense.
Има некои што го слават Буда-та како божество, но во самата религија нема централна фигура Бог.
--- надополнето: 31 јануари 2013 во 06:17 ---
Прашањето не е глупаво, но одговорот е јасен дури и без да се погледне анкетата.Со оглед на тоа што во Будизмот не е претставен семоќен,сезнаен и сечинителен ентитет,нам познат како Бог,и со оглед на тоа што атеизмот претставува отсуство на верба во Бог,очигледно е дека се работи за нон-теистичка религија.Многумина дури би милувале да кажат дека Будизмот не е ниту религија,туку филозофија,но јас лично сметам дека се работи за религија со елементи на филозофски пристап кон многу учења застапени во самиот Будизам.
Прашањево не е нималку глупаво,бидејќи очигледно е дека постојат многу спротиставени мислења.
Дури ни самиот Буда не одговарал на прашања поврзани со егзистенцијата на Бог,ги насочувал следбениците кон самореализација,да се развива духовната сила која води кон одговор на сите прашања.Заклучно ова,според мене,Буда насочувал кон спознавање на Бог(доколку тој постои) а не кон слепа верба во него.
Samurai Jack-во кој Бог веруваат Будистите,кога веќе спомна?
Да беше прашањето дали и зошто будизмот е нон-теистичка религија според мене би имало подлабока дискусија.
Вака е смешно да се троши простор на очигледно прашање.
Атеизам е отсуство на верба во бог. ТОЧКА
Будизмот е со кратки зборови да објаснам нон-теистичка, философска религија и плус имаат обичаи и доста други работи за кои ако сака некој да се информира може да прогугла.
Не знам кој пример да дадам за да биде појасно едноставно кристално јасно е дека имаат една заедничка особина, но се друго останато е не еднакво.
Исто како да споредуваш дали Атеист А е еднаков на Атеист Б , а единствено нешто им е заедничко е отсуството на верба во бог едниот може да се искачил на Монт Еверест, а другиот да е педофил нели нема логика да кажеме дека се еднакви?