Можам да видам од каде доаѓа идејата за споредба, но одговорот е сепак негативен.
Многу луѓе сакаат да ги групираат атеистите во некаква заедница кога всушност не се.
Атеизам не е негирање на Бог туку недостаток на верба во истиот што е слично, но сепак има разлика.
Ова всушност е единствената заедничка особина на атеистите барем по дефиниција.
Некој може да е сериски убиец, а вториов најголем филантроп и доброчинител и двајцата да бидат атеисти по што ќе биде смешно да се стават во ист кош и поради тоа никогаш не може атеизмот да се изедначи со будизмот кој има правила и обичаи иако нема Бог како централна фигура.
Ако не се лажам го имам слушнато и терминот атеистичка религија (се мисли на будизмот) што според мене сам по себе е контрадикторен бидејќи атеизмот е една особина, а религијата е барем во случајот со христијанството и коранот цела книга со инструкции што да правиш, како да правиш, што да јадеш, што да јаваш, што да е*еш итн.
Пак ќе кажам можам да видам од каде доаѓа идејата, но според мене прашањево е излишно бидејќи само ако погледнеме што е Атеизам и што е Будизам и ги ставиме на вага одма ќе се види дека ниту се ниту можат да бидат еднакви.