Анима Мунди

Член од
23 октомври 2011
Мислења
688
Поени од реакции
1.752
Последните недели социјалните мрежи експлодираа со сеир, мајтап и шеги на сметка на организацијата за наводна заштина на животни - Анима Мунди. Се започна кога Анима Дунди почнаа да промовираат веганство, вегетарјанство и ненасилство кон животните. Се тоа ќе беше во ред, ако не почнеа јадењето месо да го споредуваат со семејно насилство, расизам, фашизам,апартхејд. Луѓето што јадат месо ги етикетираат како бездушни кољачи, касапи, силувачи и потенцијални сериски убијци.:D

Се започна вака:







Сега следи сеирот:








ПРОДОЛЖЕТЕ ЈА НИЗАТА :D
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
Па премисата на веганите е дека убивање на суштества кои осеќаат болка е неморално.
Ради тоа не се замараат со зеленчуци и растенија.
Интересен муабет е што чув пред некое време дека најдени се дрвја коишто под земја преку корените, делат различни минерали и други материи меѓусебно што укажува на комуникација која некој може да ја смета за аналогна на нервниот систем иако секако механиката е сосема различна. Од тука се повлекува прашањето, како се дефинира чувствување на болка? Дали ако животните коишто се сентиентни се убијат со помош на анестезија без притоа да чувствуваат болка, тогаш тој акт е сасим ок? А дали истото треба да важи и за луѓе во тој случај? Која и премиса да се постави за тоа кога одземање на живот е морално оправдано, а кога не, секогаш може да се најдат дупки и примери кои спаѓаат под премисата, а „не се во ред“: Ако некој на пример тргне од премисата дека одземање на било каков живот не е морално, ондак и зеленчуци, убивање бактерии, комарци итн... ќе биде неморално.
Така да, антропоцентрични сме, консензуално се договараме што сметаме за морален акт, а што не. Не постои на камен пишано правило. У случајов на нашето општество, ние тргаме од премисата дека домашните животни можат да бидат убиени поради наши лични причини како на пример нашиот порив да јадеме месо, ендемични животни не е ок да бидат убиени поради тоа што се ретки, домашни љубимци не е ок пошто ние ги сакаме итн... Не постои перфектен морален модел, секогаш може на виделина да искачаат дилеми како на пример, „зошто мачето што го чуваш е греота, а кравата не е?“
И на крајот од денот, сите овие дискусии се сведуваат на тоа кој од која премиса трга кога оценува морален од неморален акт, а не апсолутно оптимално етичко правило кое се зима за репер. Истово важи и за применета етика у правен систем, законодавна власт и ред други ствари кои консензуално се прифаќаат како „добри“ за општеството или за потребите на одредена група и се гласаат.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
911
Поени од реакции
865
Добро, а кој ги финансира овие хипстери или што и да се, имаше коментар од нивна активистка дека со мерак би убила десет деца, за да спаси куче. Мислам сите се со дијагноза, или се прават такви, но сепак од некаде зимаат надомест, дајте некоја петиција. Да престанат да постојат, и без нив тие што ги сакаат животните, ќе продолжат да ги сакаат.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
11.427
Поени од реакции
14.088
Добро, а кој ги финансира овие хипстери или што и да се, имаше коментар од нивна активистка дека со мерак би убила десет деца, за да спаси куче.иција. .
Тоа мислам(или сакам да мислам) деке беше некој лажен профил, ама ипак знам неколку заблудени кучкари и вегетаријанци што мислам дека се стасани за во санаториум.
Oвие, Амина Мунди конкретно полека стасуваат ниво на оние украинскине феминистки, Хербалајф и Јеховини сведоци и треба да се под присмостра на УБК .
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
3.897
Поени од реакции
6.564
Анима Дунди бе :pos:
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.050
Поени од реакции
4.935
Анима дунди може да ми каснат од газот, конкретно од она најсочното месо во средината! Се додека не си ги приберат бесните џукели што летаат на улица по тркала (ко ќе сум на мотор и по нозе) ќе бидат ДУНДИ...
Може да се занасаат колку сакаат, сакам кучиња и чувам дома и куче и мачка, ама радо би утепал џукела ако некад ме угризе за нога!
А сакам и нив истото да ги снајде! Материната!
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
5.077
Поени од реакции
4.324
Го почитувам нивното право да бидат вегани , но едно не можам да разберам кога им даваат храна од животинско потекло на животни , тоа го објаснуваат со тоа што тоа животно било природно месојад и со тоа не правеле " прекршок" . Тоа животно не страдало за да биде сега спакувана храна во конзерва за некое друго животно ?
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
1.313
Поени од реакции
2.415
Анима се за мене тешки психопати со испрани мозоци, а нивното здружение ме потсеќа на некоја секта..Впрочем секта се тие на душевно болни луѓе...И искрено се надевам дека некој од нив ќе го прочита коментаров да види што мислам...
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
911
Поени од реакции
865
Анима се за мене тешки психопати со испрани мозоци, а нивното здружение ме потсеќа на некоја секта..Впрочем секта се тие на душевно болни луѓе...И искрено се надевам дека некој од нив ќе го прочита коментаров да види што мислам...
Незнам дали се тешки психопати, според мене се многу паметни. Незнам кој е нивниот статут, дали се водат како невладина организација или што точно, но во секој случај имаат некои примања. Дали според тебе се психопати или се многу паметни...ако се земе во предвид дека земаат месечно приходи, глумат лудаци и пак пари во џеб. За истите пари, некои станува секое сабајле, сноси одговорност за тоа што го работи и пак има одговорен над глава што ќе му мрчи. Треба со закон да се забранат и анима мунди, и многу други слични на нив. А ако толку мислат на животните, нека не јадат нека продадат некој стан или друга недвижнина, што им ја оставиле, па нека поделат на сите кучиња во скопје по еден оброк на ден.
 
На врв Bottom