Византиецот
what you looking at, ass
- Член од
- 14 март 2021
- Мислења
- 2.610
- Поени од реакции
- 6.036
После многу најави, конечно отварам тема за мојата омилена Византиска личност. Океј една од омилените, 11ет века не се малце, има омилени колку сакаш и тешко е да се одлучиш.
Во нејзнито дело Алексијада ги спомнува и Македонците во извонредни детали, каде точно се ситуирани на мапата од Хаемус - име на Балканскиот полустров пред Турците да го преименуваат во Балкан. Оваа жена го опишува Балканскиот полуостров и неговата географија и народи на крајно стлски начин. Нејзиниот стил на пишување е преполнет со забавни епитети, екстремно разбирлив, те носи на патување во средновековен Балкан (Хаемус). Алексијдата е временски портал на овај полуостров, кој ве носи во 12ти век.
Ајде љубители на Византија, нека околу главите ви светни златен Ореол како симбол на најчист интелект, посветол од сонцето - Хелиос.
Сте слушнале за Ана? Сте ја читале ли Алексијадата?

АНА КОМНИНА
фан арт, многу ми се допадна, освен облеката која треба да е во тиријан виолетова
Титула: Порфирогенита од Византија.
Сопруг: Никифор Вриениос.
Деца: Алексиј Комнин, Јован Дукин, Ирина Дукина,
Марија Вриенија Комнина.
Династија: Комнини.
Татко: Алексиј I Комнин.
Мајка: Ирина Дукина.
Родена: 1 декември 1083та година во Пурпурната одаја,
во Големот дворец, Константинопол, Византија.
Починала: 1153та година на возраст од 70 години
во Манастирот Пресвета Богородица, Консантинопол, Византија.
Ана Комнина - византиска принцеза, научник и најстара ќерка на византискиот цар Алексиос I Комненос и на царицата Ирина. Таа ја напишала Алексијадата, посветена на владеењето на нејзиниот татко. Ова дело ја прави една од првите жени историчари во западниот свет. Ана е родена во Пурпурната одаја од Големиот дворец во Константинопол. Затоа била нарекувана и порфирогенита што означува дека е родена во пурпурна свила - односно додека нејзиниот татко бил на власт. Византиските императори носеле виолетова свила. Таа била добро образована и имала големи познавања од историјата, математиката, науката и грчката филозофија. Средновековниот историчар Никита Хонијат вели дека Ана - „беше посветена на изучување на филозофијата, кралицата на сите науки и има познавања од сите други научни полиња“. Некои современи историчари сметаат дека нејзиното образование е одговорно за нејзината самосвесност. Родителите ѝ го забранувле проучувањето на античката поезија - чија глорификација на блудните богови и на неверните жени ги сметале за несоодветни, па дури и опасни за една млада жена од нејзината класа. И покрај обидите на нејзините родители да ја ограничат, Ана сепак тајно ја проучувала забранетата поезија. Така, таа се здобила со вонредно образование што несомнено ја прави една од најпознатите образовани жени на своето време.

Последно уредено: