Ана Комнина

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
После многу најави, конечно отварам тема за мојата омилена Византиска личност. Океј една од омилените, 11ет века не се малце, има омилени колку сакаш и тешко е да се одлучиш. :ROFLMAO:
Во нејзнито дело Алексијада ги спомнува и Македонците во извонредни детали, каде точно се ситуирани на мапата од Хаемус - име на Балканскиот полустров пред Турците да го преименуваат во Балкан. Оваа жена го опишува Балканскиот полуостров и неговата географија и народи на крајно стлски начин. Нејзиниот стил на пишување е преполнет со забавни епитети, екстремно разбирлив, те носи на патување во средновековен Балкан (Хаемус). Алексијдата е временски портал на овај полуостров, кој ве носи во 12ти век.
Ајде љубители на Византија, нека околу главите ви светни златен Ореол како симбол на најчист интелект, посветол од сонцето - Хелиос.
Сте слушнале за Ана? Сте ја читале ли Алексијадата?

АНА КОМНИНА

фан арт, многу ми се допадна, освен облеката која треба да е во тиријан виолетова

Титула: Порфирогенита од Византија.
Сопруг: Никифор Вриениос.
Деца: Алексиј Комнин, Јован Дукин, Ирина Дукина,
Марија Вриенија Комнина.
Династија: Комнини.
Татко: Алексиј I Комнин.
Мајка: Ирина Дукина.
Родена: 1 декември 1083та година во Пурпурната одаја,
во Големот дворец, Константинопол, Византија.
Починала: 1153та година на возраст од 70 години
во Манастирот Пресвета Богородица, Консантинопол, Византија.

Ана Комнина - византиска принцеза, научник и најстара ќерка на византискиот цар Алексиос I Комненос и на царицата Ирина. Таа ја напишала Алексијадата, посветена на владеењето на нејзиниот татко. Ова дело ја прави една од првите жени историчари во западниот свет. Ана е родена во Пурпурната одаја од Големиот дворец во Константинопол. Затоа била нарекувана и порфирогенита што означува дека е родена во пурпурна свила - односно додека нејзиниот татко бил на власт. Византиските императори носеле виолетова свила. Таа била добро образована и имала големи познавања од историјата, математиката, науката и грчката филозофија. Средновековниот историчар Никита Хонијат вели дека Ана - „беше посветена на изучување на филозофијата, кралицата на сите науки и има познавања од сите други научни полиња“. Некои современи историчари сметаат дека нејзиното образование е одговорно за нејзината самосвесност. Родителите ѝ го забранувле проучувањето на античката поезија - чија глорификација на блудните богови и на неверните жени ги сметале за несоодветни, па дури и опасни за една млада жена од нејзината класа. И покрај обидите на нејзините родители да ја ограничат, Ана сепак тајно ја проучувала забранетата поезија. Така, таа се здобила со вонредно образование што несомнено ја прави една од најпознатите образовани жени на своето време.​
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.291

Мала исправка(уствари голема е!) на две места тврдиш дека зборот "балкан" е од турско потекло што воопшто не е точно. Етимологијата на името доаѓа од персискиот јазик balā-khāna од каде и е превземен од турците.
Втора работа! Хаемус воопшто не е некакво античко име на Балканот! Тоа е грчко име само за планините во Тракија(денешна Балкан планина). Античките народи појма немале за географските граници на (Балканскиот) Полуостров па и Европа во глобала... па затоа немале ни име за него!
Ова лесно можеш да го провериш ако побараш антички мапи и прикази...(хинт:не постојат)
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
А каде јас тоа тврдам дека зборот е од Турско потекло? Спомнав негде етимологија? Не. Кажав дека Турците го преименуваат полуостровот, а не дека зборот е нивни.

Како бе народите немале претстава за географијата на балканот? Па на страна 272, од Алексијадата, трет пасус Ана буквално го опишува Балканот до детали, вклучувајки ги и Дачија (Романија) и Илирија (до Словенија). Жената ја спомнува планината Хемус (денес Балкан планина), спомнува дури и потоци кои извирале во регионот. Го спомнува и Дунав како природна граница.
Тргни настрана што буквално имаш делови каде вели дека кога Никифор (сопругот) одел да се бори против Турците, во самотија леела солзи поголеми од брановите на Јадранот.

Подоцна ќе преведам делови каде жената ги спмнува Македонците, Илирите и Тракијците. Ги спомнува и Бугарите, како варвари против кои нон стоп се бореле.
За Mакедонците вели дека се исклучително богат народ. А за Илирите во градот Dyrrachium - Драч вели дека живеат во одвартна олигархија.

Инаку поента на оваа тема е да се зборува за филозовско - психолошкиот аспект на Алексијадата. Односно што Ана пробала да постигни со градење на култ на личноста околу нејзиниот татко. Тука лежи филозофскиот аспект. Иако секогаш е убаво да се прочита дека спомнува Македонци.
Автоматски споено мислење:

Супер интересен податок кога зборува за Грците (во свое име пошто и самата е Гркинка) вели ние Римјаните/Ромеите. И дополнително на тоа ги додава Македонците, Илирите и Тракијците сите како различни народи.
 
За Ана и историскиот контекст не можам да дискутирам... не сум упатен искрено!
За географскиот дел, да.
Јас потенцирав дека "античките народи" немале претстава за географијата на полуостровот. Ана живеела во XII век. Според тоа како јас сум учел историја, Стариот Век(антиката) завршува некаде 5-6век со големата преселба на народите. Византијците и повеќе од одлично знаеле за Балканскиот Полуостров. Сепак Хаемус не го употребувале во тој(широк) контекст туку точно се знаело на кој регион се мисли. Римјаните и логично византијците по нив го именувале и се ориентирале по провинциите, градовите и регионите кои веќе ги знаеле. Име за целиот полуостров немале до доаѓањето на турците кои го користеле старото персиско име за земјата од другата страна на Босфорот.

П.С.адендумот на твојот пост е супер интересен меѓутоа од сосем друг аспект. Еден од најголемите(лично мислам и најголем) фалсификат на историјата! Тоа што грците ставиле знак на равенство со ромеите и буквално си ја присвоија целата средновековна и византиска култура! Меѓутоа тоа е сосем друга тема...
 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Ана не присвои ништо. Ана е мислителка од 12ти век и во книгата спомнува дека империјата има мулти етнички карактер, веќе кажав дека буквално имаш страници каде опишува народи кои се комплетно различни еден од друг со сите нивни специфики. За некои има пофални зборови, за други not exactly.
I'll let you be, пошто ја немаш читано Алексијадата а реално во темава треба да зборуваме за филозофскиот момент на истата. Т.е. што Ана пробува да постигни со тоа што тато го прикажува на неверојатен начин, буквално гради култ на неговата личност, а во исто време упатува голем број критики посебно кон мажите од Византиската армија, за кои вели дека ценат само мускули на рамена, а не и она што го имал татко и, ум.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.693
Поени од реакции
883
Дали има македонски ( или евентуално српски ) превод на Алексијада , и на кој јазик е твојот примерок од кој што преведуваш ?
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Јас преведувам од Англиски, незнам дали некој ја има преведено на Македонски, на Српски сум 100% сигурен дека ја имаат преведено.
АЛЕКСИЈАДА | АНА КОМНИНА

Еве го делот каде во детали го опишува Балканскиот полуостров и неговите народи, каде вели дека, цитирам:
"Овoj Хаемус претставува многу долг планински венец што се протега по линијата паралелно со планината Родопи. Опсегот започнува од Евксинското море - Црното Море, оставајќи неколку издашни водопади од едната страна и продолжува право до Илирија - мисли до Љубљана. Таму се сече со Јадранското Море, се возвишува, и повторно продолжува на спротивната страна спрема внатрешноста на континентот и завршува кај Херкинските шуми. Од двете страни на неговите падини живеат многу многу богати народи, Дачаните и Тракијците се од северната страна, а на јужната, пак има Тракијци и Македонци."

272.png

Кога трегнав да ја читам Алексијадата само сакав да читам дело од средниот век кое е супер разбирливо. И едноставно да научам нешто повеќе за Византија, евентуално да продрам и во филозофско психолошкиот момент на делото. Јас делото не тргнав да го читам со цел за да барам Македонци во него, на крај памет не ми текнуваше тоа. Но таа ги спонува Македонците уште на 12та страна, и искрено бев во шок. Нели бугарите тврдат дека термин Македонија во среден век никогаш не се ни спомнувал, во ниеден извор? Се било или бугарско или српско? Ние прв пат се појавуваме во 45та? Па тогаш, како тоа Ана зборува за Македонци во еден од најважните извори од средниот век, за кои вели дека се комплетно наоружани и во едно време дури и се во конфликт со нејзиниот татко?
Некои од најважните творби Комнините ги имаат фрескоживописано кај нас. Охрид лежи на Комнинска уметност, Канео, Св Софија, Богородица Перивлептос, да спомнам неколку. Исто и Преспа, ангелот од Курбиново. Исто и Скопје, фреската од Исус во Нерези. Ние како Македонци ни сами не сме свесни колку оваа уметност е важна за западната цивилизација во целина. Рана Ренесанса е во прашање.
Уште еднаш Комненос уметност нема во Србија, има во Македонија.
 
Последно уредено:

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.338
Поени од реакции
6.257
Византиец, те молам прати ми ја пдф книгава во инбокс. Фала многу.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.179
Поени од реакции
17.990
П.С.адендумот на твојот пост е супер интересен меѓутоа од сосем друг аспект. Еден од најголемите(лично мислам и најголем) фалсификат на историјата! Тоа што грците ставиле знак на равенство со ромеите и буквално си ја присвоија целата средновековна и византиска култура! Меѓутоа тоа е сосем друга тема...
Римската империја и Хелените практично не можат да се разделат од историски аспект, затоа што темел на Римската култура е Хеленската. Децата на богатите Римјани се образувале на Латински и Грчки. Претпоставувам и заради големата глорификација, но и бенефитот од статусот Римјанин, потоа сите сакале да бидат Римјани.

Има еден мал период од 20 години после уништување на Цариград од страна на крстоносците во 4-тата крстоносна војна во 1204 година, кога повторно се нарекуваат/спомнуваат Хелени, ама тоа трае многу кратко.
 
Ако сум некој италјан страшно ќе се навредам од постов и ќе се расправаме тука :)
Неможе во никој случај хеленизмот да биде темел на римската култура затоа што самата римска култура е (по)стара од хеленската и затоа што немале контакт до IIвек п.н.е
(Сега не буквално дека немале контакт, но тој бил многу ограничен, и најчесто преку трговски врски).
Самиот Рим е културен лонец на Европа, Африка и Азија. Цели реферати и дисертации можат и се пишуваат за влијанието на туѓите култури врз Рим. Всушност една од причините за успехот на римската империја е токму начинот на кој ги присвојувале и инкорпорирале достигнувањата на покорените култури, и за да се стане римјанин било многу поважно со што допринел тој човек отколку каде е роден!
Врвот и кулминацијата на таа империја е токму периодот од III-ти до I-ви век п.н.е кога сета наука и култура била римска! Хеленизмот е во слободен пад како култура тогаш, иако го задржале влијанието посебно на исток поради тоа што старогрчкиот бил лингва-франка!(исто како со англискиот денес) ...и да! Сите сакале да бидат римјани поради погодностите и безбедноста што ја добивал секој римски граѓанин!
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Ако сум некој италјан страшно ќе се навредам од постов и ќе се расправаме тука :)
Неможе во никој случај хеленизмот да биде темел на римската култура затоа што самата римска култура е (по)стара од хеленската.
па можиш обичен линк на Quora да најдиш каде Италијани кажуваат по што ги памтат Грците и општо каков сентимент имаат за нив, и грото од нив велат - по тоа што им ги украдивме боговите и им ги сменавме имињата. Личат баш искулирани по ова прашање, свесни дека и двете нации имаат ставено печат на медитеранот, така да олабај со ова, ако бев Италијан ќе се навредев.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.179
Поени од реакции
17.990
Ако сум некој италјан страшно ќе се навредам од постов и ќе се расправаме тука :)
Неможе во никој случај хеленизмот да биде темел на римската култура затоа што самата римска култура е (по)стара од хеленската и затоа што немале контакт до IIвек п.н.е
(Сега не буквално дека немале контакт, но тој бил многу ограничен, и најчесто преку трговски врски).
Самиот Рим е културен лонец на Европа, Африка и Азија. Цели реферати и дисертации можат и се пишуваат за влијанието на туѓите култури врз Рим. Всушност една од причините за успехот на римската империја е токму начинот на кој ги присвојувале и инкорпорирале достигнувањата на покорените култури, и за да се стане римјанин било многу поважно со што допринел тој човек отколку каде е роден!
Врвот и кулминацијата на таа империја е токму периодот од III-ти до I-ви век п.н.е кога сета наука и култура била римска! Хеленизмот е во слободен пад како култура тогаш, иако го задржале влијанието посебно на исток поради тоа што старогрчкиот бил лингва-франка!(исто како со англискиот денес) ...и да! Сите сакале да бидат римјани поради погодностите и безбедноста што ја добивал секој римски граѓанин!
Изгледа лончињата и годините ти се малце измешани :)

Римјаните ги земаат хеленската религија, архитектура и култура. Илијада имала суштинско значење за Рим, до таа мера што и Цезар и Август, првиот римски император за да си ја зацврсти позицијата се прогласиле дека потекнуваат од Троја.

Aeneas, mythical hero of Troy and Rome, son of the goddess Aphrodite and Anchises.
The family of Julius Caesar, and consequently of Virgil’s patron Augustus, claimed descent from Aeneas, whose son Ascanius was also called Iulus.

И како што кажав, децата на припадниците на Патрициите, учеле на Латински и Грчки.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.268
Поени од реакции
27.697
Римјаните ги земаат хеленската религија, архитектура и култура.
Ova e miskoncepcija, helenskite, rimskite, slovenskite, nordiskite i hindu bogovite vlecat koreni od indoevropski pra panteon.
Zatoa se poklopuvaat 90% site ovie paganski religii.

Voeno i arhitektonski - da, na pocetokot se inspirirani, dur ne bide izgoren rim od Senoni, pa cela armija inovira od keltite i go napusta kopjeto i maliot stit za skutum i pilum/kopje/gladius.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.125
Поени од реакции
10.469
Тоа што ја прави Алексијадата толку посебна е тоа што станува збор за првото европско историско дело напишано од жена. Тука Ана ни дава византиска перспектива не само за крстоносните војни туку и за европската политика.
Нејзиниот извештај за Првата крстоносна војна е од голема важност за историјата бидејќи е единствениот достапен извештај на Хеленските очевидци.

Некои историчари ја нарекуваат пристрасна и малицинозна токму заради биографското величење на татко и во Алексијадата, но и истовремените зли намери кон нејзиниот брат. Вреди да се прочита за Фројдовска анализа. Интригантна жена.
 
Многу добро кажано. Начините на кои ги опишува некои од ликовите на Западното Свето Римско Царство се хаотично смешни, има едно место каде за еден Германец вели дека од бебе бил задоен со зло. :ROFLMAO:
Како и да е Грците добар дел од времето си ја имале мувата на капата, уште кога Фокас во 7ми век има можност да ја спаси Италија од варварски напади и да ја врати во империјата, тој не мрда ни со прст.
Како врвело времето односите станувале се по заладени и на крајот завршиле онака како што завршиле, поделба на христијанството и рушење на Константионопол од Крстоносците.
Кога едни така лоши настани ќе ги ставиш во контекст јасно ти е од каде произлегува нејзината пристрасност. Во секој случај Алексијадата е едно од најважните дела на западната цеивилизација воопшто - од денешна гледна точка.
Еве го оригиналот од 12ти век на Грчки. Денес е во Фиренца.

Kajgana Shop

На врв Bottom