A
AnFem
Гостин
Знам дека не напаѓаш.Не напаѓам само се обидувам да разберам како функционира таа замисла и како ја замислувате во иднина да функционира,ги имам разбрано досега сите системи но ете само во анархијата не сум успеала да пронајдам логика.Ако ти е здодевно да пишуваш ќе си продолжиме во живо следен пат кога ќе се видиме.
Првиот болд.Организацијата подразбира сугестии и идеи за основање на нов систем а секој човек индивидуално располага со различен степен на интелегенција и способности.Како во тоа општество би одредиле чија идеја е подобра во сите насоки кои се потребни да функционира самостојно една држава? (трговија,економија,дипломатија со држави кои имаат поинакви системи,култура итн.) и како би ги селектирале поединците со добри идеи освен ако не ги селектирате како генетски и психички поспособни да бидат столб на новиот систем? Од старт тоа е несвесна поделба и овде не гледам начин да се запре фрустрацијата на ''отфрлените'' и помалку способните? Колку што разбирам,без полиција,ред и закони тие би требало самоволно да се потчинат и да разберат,а што ако одбијат под паролата дека сме ''еднакви'' и се противат да речеме на одлични,темелно обработени идеи за просперитет сугерирани од далеку поинтлегентни и поспособни луѓе?
Вториот болд.Се согласувам со овој заклучок и во природата владее законот ''изеди или ќе те изедат'' но нажалост човечката раса јаде и кога е сита.И мене ми се гади од овој факт.
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
Не ми е здодевно да пишувам, баш напротив, секогаш ми е задоволство да дискутирам на оваа тема. Мачно ми е само поради фактот дека постојат овакви амеби, кои секогаш се убацуваат и расипуваат фини дискусии, без разлика што соговорникот има поинакви ставови од моите. А за во живо, ќе мора насамо без leandra, оти ќе трола.
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
Значи, според мојата замисла, секој би си ја работел својата работа. Ако ти си архитект, јас можам да ти сугерирам и да ти дадам идеи за некаква градба, но дали таа е изводлива ќе одлучиш ти како компетентна... Оној што го мрзи да мисли, може да работи некоја физичка работа, битно е секој да придонесува во општеството. Не гледам зошто би имало фрустрација во општество каде можеш да бидеш тоа што сакаш. Дури и кога би имало фрустрирани луѓе, сигурно бројот нема да биде поголем од овој сега, каде парата е битен фактор за твоето образование. Кој не сака да соработува, логично е да биде отфрлен од останатите, а на тој начин ќе мора да се снаоѓа и да преживува сам.
Држави нема да постојат. Ќе постојат само заедници, области... и според потребите на тие места, ќе се донесуваат одлуки и ќе се решаваат проблеми по пат на консензус.