Анархија

Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Аха. Значи со цел ти да си добиеш слобода, ќе ја ограничиш слободата на некој друг. Односно во превод, поради сопствена идеологија, ќе му наштетиш на некој друг. Јак овој анархизмот бе, демек борба за еднакво прифаќање на луѓето, толеранција, да нема наметнување на туѓи мислења базирани врз туѓи интереси, али све дур не отстапуваш од веќе зададените норми и самата идеологија. Контрадикторно, не? Дури и во теорија изгледа нелогично и апсурдно, а уште помалце во пракса. Лесно е да протераш некој кој не го познаваш, па затоа вака си правиме муабет, ама што правиме кога би требало да се разделиш од мајка, татко, брат или дете, некој премногу близок кој го сакаш, а не се согласува со тебе? Ете ти уште еден лесен момент за рушење на „системот“. Што правиш тогаш? Ако не го протераш, тогаш отстапуваш од идеологијата која ја браниш. А ако го протераш, тогаш ти си изгубил од човечноста. Во тебе нема ни љубов, ни грижа. Ти си едноставно лоботомиран и живееш со помислата дека правиш нешто „for the greater good“ и дека „така треба да биде за доброто на светот“. Размисли, не те потсетува ова на некои денешни идеологии, м? Тогаш што и да би одлучил, епилогот има негативни последици за твоето опкружување. Затоа не може да биде успешен анархизмот, а ако биде, тогаш се губи човештвото и доаѓа до застој во напредувањето на општеството (да не речам дури и уназадување), она што јас го бранам и ми е најважно да го одбранам.
Тоа се се сведува на фундаментална теорија на анархизмот,дека ти треба држава за да бидеш опреисран.Топ кек! Сите овие муабети со banishment ако не се поддржуваш до правилата на кратко ќе станат,ќе те избркаме ако не мислиш како нас.Буквално треба народот да биде право зомби и да се преправа да се согласува со мнозиснтвото за да не биде етикетиран од просветлените фаци во тој систем.Типичен пример ти се најпознатите анархистички страни на фб.Тие страни те блокнуваат при првото несогласување,и тоа не за искажување ставови против анархијата,туку промовирање една идеја од анархизмот која на нив не им се свиѓа.Е со такви фаци утре ќе живеам у комуни?Не фала.
Утре тие ќе ги одлучат стандардите што е тоа анархизам, психолошки ке манипулираат во името на еднаквоста и ке станат де факто духовни водачи на тоа што е ин во моментот,како што на пример народот одлучува што е тоа мода за одреден период а не системот.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Тоа се се сведува на фундаментална теорија на анархизмот,дека ти треба држава за да бидеш опреисран.Топ кек! Сите овие муабети со banishment ако не се поддржуваш до правилата на кратко ќе станат,ќе те избркаме ако не мислиш како нас.Буквално треба народот да биде право зомби и да се преправа да се согласува со мнозиснтвото за да не биде етикетиран од просветлените фаци во тој систем.Типичен пример ти се најпознатите анархистички страни на фб.Тие страни те блокнуваат при првото несогласување,и тоа не за искажување ставови против анархијата,туку промовирање една идеја од анархизмот која на нив не им се свиѓа.Е со такви фаци утре ќе живеам у комуни?Не фала.
Утре тие ќе ги одлучат стандардите што е тоа анархисти и без систем,как што на пример народот одлучува што е тоа мода за одреден период а не системот.
Да, така е за денешното општество. Според тоа какви се луѓето сега, сметам дека воопшто не може ни да се дискутира воведување на анархија.

А мене многу попривлечна за дискусија ми е идејата за воведување на анархизам по милиони и милиони години отсега, кога луѓето би биле повеќе самосвесни и не толку агресивни. Тоа е веќе интересно за дискусија и постои повеќе простор за разумни аргументи од двете страни. Го дискутиравме со Агда ова некоја страна поназад. Но сепак јас и за во такво време сум против тој анархизам, бидејќи сметам дека дури и да не доведе до агресија, ќе доведе до ограничување на разликите и луѓето би станале се послични едни со други, на почетокот како психички и карактерно, така после тоа дури и физички. Едноставно самото човештво како појава е такво што кај нас све е испреплетено и секоја промена со себе повлекува многу други. Промените кои би ги повлекло таквото уредување, можеби не би биле катастрофални од аспект на тоа дека би било ужасно и неправедно, но самата идеја за таква „сличност“ помеѓу луѓето ми е незамислива и не му посакувам на светов таква судбина. Убавината е во разликите, разликите те тераат да тргнеш во некаква борба, да оствариш нешто за себе, затоа е интересен животов. Животот ќе беше многу подосаден да седевме сите мирни без никаква возбуда и само да се тапкавме по рамо колку ни е убаво. Тоа е веќе апатија, губење на секакво чувство, „sunny days wouldn't be special if it wasn't for rain“ муабет. Зашто живееме тогаш? Кога немаш никаков противник, никаков предизвик, немаш ни пријатели. Бидејќи така се здружуваат луѓето, од потреба да совладаат нешто, не мора ни да значи друг човек, може да биде и некаков предизвик. Сите тие предизвици се губат со идеологијата која смета дека по милиони години кога луѓето ќе имаат огромна свест за своето опркужување ќе треба да се цели кон воведување на анархизам. Не треба, тоа е моето мислење.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.963
Поени од реакции
25.534
Тоа се се сведува на фундаментална теорија на анархизмот,дека ти треба држава за да бидеш опреисран.Топ кек! Сите овие муабети со banishment ако не се поддржуваш до правилата на кратко ќе станат,ќе те избркаме ако не мислиш како нас.Буквално треба народот да биде право зомби и да се преправа да се согласува со мнозиснтвото за да не биде етикетиран од просветлените фаци во тој систем.Типичен пример ти се најпознатите анархистички страни на фб.Тие страни те блокнуваат при првото несогласување,и тоа не за искажување ставови против анархијата,туку промовирање една идеја од анархизмот која на нив не им се свиѓа.Е со такви фаци утре ќе живеам у комуни?Не фала.
Утре тие ќе ги одлучат стандардите што е тоа анархисти и без систем,как што на пример народот одлучува што е тоа мода за одреден период а не системот.
Не си срце, не си ја разлистал темава, а донесуваш заклучоци. Типично! :(

Не е точно ова што го зборуваш, барем ние на нашата страна не бришеме и пуштаме секој да се изјасни, без разлика колку различно мислење има. Имавме дури и нацисти на форум кои ниту беа цензурирани, ниту избришани се додека не почнаа само со навреди и ја изоставија дискусијата. И тоа ги избришавме затоа што останатите членови реагираа, немаше никаква поента да бидат таму. Ако налеташ на некоја таква страна и си бил избришан само поради тоа што си имал различно мислење, а при тоа не си навредил никој и не си се заканувал, тогаш не си налетал ни на анархисти. Јас бев неодамна избришана од една таква страна откако реагирав за една статија поради која се почувствував дискриминирано, така да знам како е и знам каков тип на луѓе се таквите.
Не е интересно ако се сите истомисленици, нема да имаме за што да дискутираме. А не се! Замисли, дури и анархистите имаат несогласувања.

Не, луѓе, во анархистичко општество никој нема да ви наштети затоа што размислувате поинаку, ќе ви наштети доколку почнете да бидете закана за нечија слобода. Ова се вика самоодбрана и е сосема нормален инстинкт за преживување. [DOUBLEPOST=1434277438][/DOUBLEPOST]
Промените кои би ги повлекло таквото уредување, можеби не би биле катастрофални од аспект на тоа дека би било ужасно и неправедно, но самата идеја за таква „сличност“ помеѓу луѓето ми е незамислива и не му посакувам на светов таква судбина. Убавината е во разликите, разликите те тераат да тргнеш во некаква борба, да оствариш нешто за себе, затоа е интересен животов. Животот ќе беше многу подосаден да седевме сите мирни без никаква возбуда и само да се тапкавме по рамо колку ни е убаво. Тоа е веќе апатија, губење на секакво чувство, „sunny days wouldn't be special if it wasn't for rain“ муабет. Зашто живееме тогаш? Кога немаш никаков противник, никаков предизвик, немаш ни пријатели. Бидејќи така се здружуваат луѓето, од потреба да совладаат нешто, не мора ни да значи друг човек, може да биде и некаков предизвик. Сите тие предизвици се губат со идеологијата која смета дека по милиони години кога луѓето ќе имаат огромна свест за своето опркужување ќе треба да се цели кон воведување на анархизам. Не треба, тоа е моето мислење.
Од различен аспект ги гледаш работите. Замисли овака: не си роб кој деноноќно работи и верно му служи на капиталистичкиот систем(богаташкиот шлајм нека не рипа, и тој е жртва на денешниот систем), автоматски имаш повеќе слободно време. А за она кое треба да го сработиш, ја имаш слободата да бираш време, па и место, во завистност од работата и околностите. Што значи ова? Дека ќе бидеш попродуктивен и покреативен и затоа што веќе не си роб, сега ќе имаш повеќе време да се надградуваш себеси.

Не ми е јасно зошто ги гледаш анархистите како апатични истомисленици, кои немаат никаков предизвик, ниту пријатели, кога ова е особина на робовите, а не на слободните луѓе.
 
Последно уредено:
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Не си срце, не си ја разлистал темава, а донесуваш заклучоци. Типично! :(

Не е точно ова што го зборуваш, барем ние на нашата страна не бришеме и пуштаме секој да се изјасни, без разлика колку различно мислење има. Имавме дури и нацисти на форум кои ниту беа цензурирани, ниту избришани се додека не почнаа само со навреди и ја изоставија дискусијата. И тоа ги избришавме затоа што останатите членови реагираа, немаше никаква поента да бидат таму. Ако налеташ на некоја таква страна и си бил избришан само поради тоа што си имал различно мислење, а при тоа не си навредил никој и не си се заканувал, тогаш не си налетал ни на анархисти. Јас бев неодамна избришана од една таква страна откако реагирав за една статија поради која се почувствував дискриминирано, така да знам како е и знам каков тип на луѓе се таквите.
Не е интересно ако се сите истомисленици, нема да имаме за што да дискутираме. А не се! Замисли, дури и анархистите имаат несогласувања.

Не, луѓе, во анархистичко општество никој нема да ви наштети затоа што размислувате поинаку, ќе ви наштети доколку почнете да бидете закана за нечија слобода. Ова се вика самоодбрана и е сосема нормален инстинкт за преживување.
Значи да се разбереме,јас не пишав дека некој брише мислења на форумов или пак дека таквите како ти се криви.Не те знам јас лично ама по муабетите што ги иаме правено не ми даваш слика на некој/а што во такво општество би ме кикнал/а поради несогласување,баш напротви дискусиите со тебе ми се ок.Но кој ми гарантира дека некој друг нема да го направи тоа?
Еве пример се социјалните мрежи и овие познати твиреџии/махери на фб со по 42837472389 лајкови на пост.Они ниту имаат авторитет врз мене,ниту имаат некаква сила да натераат некого да мислат дека се 2 deep 4 u филозофи. Ама пак имаат огромен број на луѓе кои ги следат.Буквално сум прочитал статуси од типот дека шетал накај дома и видел гомно и му текнало на рандом политичар-и баам 432784327432648723 лајкови уште толку коментари ху ху брат4 лууд си,кај ти текнуваа овие работи.
Зошто е тоа така?Дека он отсликува тоа што е ин,а луѓето сакаат да бидат со толпата и да не бидат отфрлени и етикетирани од други дека не се понашаат на одредена норма за шо е тоа нормално.Затоа ако јас кажам на пример смрт за муслимани,не е исто како Џорџ клуни да го каже истото.Јас сум никој и нишо во тој свет,он е славна личност и има огромен број обожаватели кои слепо би го следели што и да каже.Овде е 0 крив системот
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Од различен аспект ги гледаш работите. Замисли овака: не си роб кој деноноќно работи и верно му служи на капиталистичкиот систем(богаташкиот шлајм нека не рипа, и тој е жртва на денешниот систем), автоматски имаш повеќе слободно време. А за она кое треба да го сработиш, ја имаш слободата да бираш време, па и место, во завистност од работата и околностите. Што значи ова? Дека ќе бидеш попродуктивен и покреативен и затоа што веќе не си роб, сега ќе имаш повеќе време да се надградуваш себеси.

Не ми е јасно зошто ги гледаш анархистите како апатични истомисленици, кои немаат никаков предизвик, ниту пријатели, кога ова е особина на робовите, а не на слободните луѓе.
Не ги гледам сега како такви, ги гледам во иднина. Бидејќи за цел свет да се сложи на таква идеологија, треба стварно сите да бидат истомисленици. А ако бидат истомисленици за тоа, ќе бидат истомисленици и за други работи, работи кои би довеле до апатија, свет без предизвик.

А што се однесува за продуктивноста, апсолутно не се согласувам. Општеството се развива од предизвик. Ти ако имаш повеќе време и слобода, поголеми се шансите да бидеш непродуктивен. Бидејќи така и почнало да се развива самото општество. Првите земјоделски цивилизации се наоѓале во Месопотамија, Египет и Индија. Египет и Индија не се развивале сами по себе воопшто. Причината е тоа што све им било погодено. За жетва доволно било да фрлат семе у Нил или Инд, да го соберат и имаат цела година за јадење. Од друга страна, реките во Месопотамија биле мочка, бара. Имало потреба да се спроведат канални системи за подобро користење на природните ресурси кои им биле потребни за преживување. Таквата потреба ги мотивирало на различни откритија и ни направиле kick start на човештвото. Многу едноставен принцип е, навистина, не знам дали го гледаш. Ако си легната до дрво со банани, и ти се пријаде банана, а бананите се на пониски гранки, само пружаш рака, земаш и јадеш. Не доаѓа до никаков развиток во твоето тело нели, лежиш, уживаш, што има да се мачиш да стануваш? Али ако бананите се високо на дрвото, ти ќе треба да станеш, да рипнеш, да се качиш, да направиш скала, и со самото тоа ти веќе се развиваш и правиш некаков напредок. Ова е суштината на човештвото во светот, од ваквиве примери потекнува се и поради ова ние континуирано се развиваме. Ако имаме општество кај што све ни е дадено, кај што не сме загрозени од баш ништо, нема да има развиток, туку ќе го има тој застој за кој упорно зборам.

Јас не сметам дека треба да си роб. Се согласувам со тебе дека капиталистичкиот ситем не е совршен, дека делумно сме робови. Но, тоа не значи дека истиот треба тотално да се елиминира. Треба да биде малку пофлексибилен, но сепак да има одредена доза на контрола. И таа контрола не мора да биде во вид на пирамида како што денеска секој си ја замислува, висока, па средна, па ниска класа. Со самото тоа што ги гледаме работите на начин „тој е над оној, а оној е над овој“, ние сами сме си робови. Треба да стигнеме до точка каде што структурата на општеството нема да ја замислуваме како пирамида, но ни како рушење на пирамидата (односно анархизам), туку едноставно преуредување, поинаква форма. Јас имам некои идеи, но ако почнам да ги кажувам би забегал од темава (се мислев баш у ДК да пишам). Bottom line, се слагам дека постои голем проблем, но не се согласувам со твоето решение.

:)
 
W

wicked_1

Гостин
Јас не сметам дека треба да си роб. Се согласувам со тебе дека капиталистичкиот ситем не е совршен, дека делумно сме робови. Но, тоа не значи дека истиот треба тотално да се елиминира. Треба да биде малку пофлексибилен, но сепак да има одредена доза на контрола. И таа контрола не мора да биде во вид на пирамида како што денеска секој си ја замислува, висока, па средна, па ниска класа. Со самото тоа што ги гледаме работите на начин „тој е над оној, а оној е над овој“, ние сами сме си робови. Треба да стигнеме до точка каде што структурата на општеството нема да ја замислуваме како пирамида, но ни како рушење на пирамидата (односно анархизам), туку едноставно преуредување, поинаква форма.

:)
Постои интерпретација на капитализам, и неговата имплементација зависи од институционалната организираност и каде и како се фокусирани трите вида власт.
Економски, како либерална доктрина е исто доста добар, флексибилен е поради многуте корективи, а во таа сфера (преземено од социјализмот) постои и државната интервенција која е ограничена. Овој систем константно се надополнува, затоа и се адаптира на општествените промени.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.963
Поени од реакции
25.534
Значи да се разбереме,јас не пишав дека некој брише мислења на форумов или пак дека таквите како ти се криви.Не те знам јас лично ама по муабетите што ги иаме правено не ми даваш слика на некој/а што во такво општество би ме кикнал/а поради несогласување,баш напротви дискусиите со тебе ми се ок.Но кој ми гарантира дека некој друг нема да го направи тоа?
Еве пример се социјалните мрежи и овие познати твиреџии/махери на фб со по 42837472389 лајкови на пост.Они ниту имаат авторитет врз мене,ниту имаат некаква сила да натераат некого да мислат дека се 2 deep 4 u филозофи. Ама пак имаат огромен број на луѓе кои ги следат.Буквално сум прочитал статуси од типот дека шетал накај дома и видел гомно и му текнало на рандом политичар-и баам 432784327432648723 лајкови уште толку коментари ху ху брат4 лууд си,кај ти текнуваа овие работи.
Зошто е тоа така?Дека он отсликува тоа што е ин,а луѓето сакаат да бидат со толпата и да не бидат отфрлени и етикетирани од други дека не се понашаат на одредена норма за шо е тоа нормално.Затоа ако јас кажам на пример смрт за муслимани,не е исто како Џорџ клуни да го каже истото.Јас сум никој и нишо во тој свет,он е славна личност и има огромен број обожаватели кои слепо би го следели што и да каже.Овде е 0 крив системот
Не мислев на овој форум, на анархистички мислев. :)
Фактот дека луѓето се ослободиле од потребата за авторитет, и како такви се свесни за последиците и се спремни за самодисциплина и остварување на заедничкиот интерес, ќе ти гарантира дека никој нема да те кикне.

Не ги гледам сега како такви, ги гледам во иднина. Бидејќи за цел свет да се сложи на таква идеологија, треба стварно сите да бидат истомисленици. А ако бидат истомисленици за тоа, ќе бидат истомисленици и за други работи, работи кои би довеле до апатија, свет без предизвик.

А што се однесува за продуктивноста, апсолутно не се согласувам. Општеството се развива од предизвик. Ти ако имаш повеќе време и слобода, поголеми се шансите да бидеш непродуктивен. Бидејќи така и почнало да се развива самото општество. Првите земјоделски цивилизации се наоѓале во Месопотамија, Египет и Индија. Египет и Индија не се развивале сами по себе воопшто. Причината е тоа што све им било погодено. За жетва доволно било да фрлат семе у Нил или Инд, да го соберат и имаат цела година за јадење. Од друга страна, реките во Месопотамија биле мочка, бара. Имало потреба да се спроведат канални системи за подобро користење на природните ресурси кои им биле потребни за преживување. Таквата потреба ги мотивирало на различни откритија и ни направиле kick start на човештвото. Многу едноставен принцип е, навистина, не знам дали го гледаш. Ако си легната до дрво со банани, и ти се пријаде банана, а бананите се на пониски гранки, само пружаш рака, земаш и јадеш. Не доаѓа до никаков развиток во твоето тело нели, лежиш, уживаш, што има да се мачиш да стануваш? Али ако бананите се високо на дрвото, ти ќе треба да станеш, да рипнеш, да се качиш, да направиш скала, и со самото тоа ти веќе се развиваш и правиш некаков напредок. Ова е суштината на човештвото во светот, од ваквиве примери потекнува се и поради ова ние континуирано се развиваме. Ако имаме општество кај што све ни е дадено, кај што не сме загрозени од баш ништо, нема да има развиток, туку ќе го има тој застој за кој упорно зборам.

Јас не сметам дека треба да си роб. Се согласувам со тебе дека капиталистичкиот ситем не е совршен, дека делумно сме робови. Но, тоа не значи дека истиот треба тотално да се елиминира. Треба да биде малку пофлексибилен, но сепак да има одредена доза на контрола. И таа контрола не мора да биде во вид на пирамида како што денеска секој си ја замислува, висока, па средна, па ниска класа. Со самото тоа што ги гледаме работите на начин „тој е над оној, а оној е над овој“, ние сами сме си робови. Треба да стигнеме до точка каде што структурата на општеството нема да ја замислуваме како пирамида, но ни како рушење на пирамидата (односно анархизам), туку едноставно преуредување, поинаква форма. Јас имам некои идеи, но ако почнам да ги кажувам би забегал од темава (се мислев баш у ДК да пишам). Bottom line, се слагам дека постои голем проблем, но не се согласувам со твоето решение.

:)
Рики, јас и ти стануваме партнери, отвараме фирма и почнуваме со соработка. Ама јас и ти сме тотално различни луѓе, со тотално различни карактери, ставови, желби... Арно ама ти си одличен менаџер и јас не би можела без тебе затоа што сум срање на тоа поле, затоа пак мене јака страна ми е маркетингот, а ти смрдиш во тој поглед. Работата ни оди одлично, но имаме многу несогласувања затоа што имаме поинакви гледишта и очекувања. Сепак на крај ќе стиснеме заби и ќе ги решиме некако несогласувањата, затоа што имаме заеднички интерес(пари). Што носат парите денес? Слобода. Е во анархистичко општество ќе ја имаш баш неа како единствен заедички интерес и нема да имаш потреба да си вадиш очи со некој ради парите.

Во врска со продуктивноста мислев да ти споделам мое искуство, но ајде, затоа што сум единка, ќе одиме на нешто поголемо - Гугл. Работниците во Гугл можат да работат кога сакаат и можат да бираат дали ќе работат од дома, или ќе дојдат на работа во било кое време. Зошто е дозволено овакво нешто? Затоа што се покажало дека на овој начин работниците се попродуктивни. Ете така, Рики, со слободата се раѓаат продуктивноста и креативноста.
Ова го имам кажано во неколку наврати, една од причините поради која луѓето ја одбиваат анархијата како опција е одговорноста. Тогаш си сам на себе и мораш да бидеш одговорен. Уствари си принуден да бидеш, затоа што, убаво пиша погоре пример со бананите, како поинаку ќе се прехраниш? Е тука целта не е само прехранување, туку создавање на подобри услови за живот, исто како и денес, но за разлика од денес, тогаш ќе ствараш подобри услови за живот за себе и за народот, не за некој мрсен капиталист.
 
Ти држи вода муабетов за Гугл, во ред е тоа. Но сепак Гугл е Гугл, не е некоја стресна работа, нели? Ама што ќе биде со оние потешки и пофизички работи кои му се потребни на човештвото? Дали и за тие би важел истиот принцип и дали истото може да се примени и кај нив за продуктивноста? Дали доволно луѓе би се нафаќале да ги вршат тие работи, кога можат нешто полесно, а пак да имаат еднаков социјален статус со некој друг кој работи полесна работа?
 
Ако имате потреба ќе мора да ги извршувате и тие работи, или да смислите некој начин со кој ќе ви се олесни работата. Исто како и денес.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Ако имате потреба ќе мора да ги извршувате и тие работи, или да смислите некој начин со кој ќе ви се олесни работата. Исто како и денес.
И продуктите ќе бидат споделени со останатите членови на опкружувањето и народот кој не ја врши таа работа?
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.963
Поени од реакции
25.534
И продуктите ќе бидат споделени со останатите членови на опкружувањето и народот кој не ја врши таа работа?
Нормално. Зарем очекуваш лекар да изгради стотици километри долг мост(освен ако не го бива и за тоа)? Секој ќе придонесува на свој начин. Проблемот е во тоа што денешниов систем ве има научено да им давате тежина на професиите. Секој труд се цени, без разлика дали ќе се напрегаш умствено или физички, битно се напрегаш и допринесуваш.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Нормално. Зарем очекуваш лекар да изгради стотици километри долг мост(освен ако не го бива и за тоа)? Секој ќе придонесува на свој начин. Проблемот е во тоа што денешниов систем ве има научено да им давате тежина на професиите. Секој труд се цени, без разлика дали ќе се напрегаш умствено или физички, битно се напрегаш и допринесуваш.
Значи според тебе во такво општество нема така да бидат вреднувани тежините т.е нема да има концепт на тежина. Мене ми е тешко да верувам дека ако има двајца комшии, едниот работи во Аљаска во подводни рудници и е изложен на секакви опасности, а другиот е стјуард/стјуардеса, дека они ќе имаат исто мислење еден за друг и дека исто ќе бидат ценети од општеството. Демек еднакви се професииве?
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.963
Поени од реакции
25.534
Значи според тебе во такво општество нема така да бидат вреднувани тежините т.е нема да има концепт на тежина. Мене ми е тешко да верувам дека ако има двајца комшии, едниот работи во Аљаска во подводни рудници и е изложен на секакви опасности, а другиот е стјуард/стјуардеса, дека они ќе имаат исто мислење еден за друг и дека исто ќе бидат ценети од општеството. Демек еднакви се професииве?
Непотребни професии не би требало да има. :)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.963
Поени од реакции
25.534
Добро, не мора овој пример. Не се сите тешки професии непотребни :D
Секоја професија која ќе биде потребна во едно анархистичко општество ќе бара или умствено, или физичко напрегање. Затоа нема тежина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom