- Член од
- 23 март 2015
- Мислења
- 33
- Поени од реакции
- 30
Не постојат анархисти во земјата во која „и врапчињата на гранките џивкаат ВМРО, ВМРО“.
Репутацијата ни е иста како таа на вампирите.Не постојат анархисти во земјата во која „и врапчињата на гранките џивкаат ВМРО, ВМРО“.
А со тие што ја согледуваат и не се согласуваат со истата, тие некоја трета група се или...?После 117 страни, сеуште постојат персони кои не можат да ја согледаат суштината на анархизмот, и како таа води кон просперитет на хомосапиенсот и степен погоре во развојот на општеството,како поим за организација и ред на нашиот вид.
Апсурд! Не ми се допаѓа ниту мене, ниту на било кој анархист со кој сум разговарала(освен оние кои се декларираат како анархо капиталисти). Се коси со идејата, исто како и анархо национализмот, на пример.Ваљда имате некаде на темава објаснето или напишано ама пак ќе си прашам.
Што мислите за Анархо капитализмот?По разговор со другари и на нет,некако не е баш најпопуларен кај анархистиве кои тврдат дека самиот тој создава работи против кој се борат анархистите.
Јас лично не гледам голем проблем во анархистичко општество со слободен пазар.Некако тоа ми звучи повеќе прифатливо него социјалистичкиот модел.
Секако може не сум во право,ама би било убаво ако некој од вас ми појасни каде мисли дека се проблемите во ова.
Колку што прточитав,еден од главните проблеми е дека слободниот пазар во анархистичко општество ќе создаде е пак класна раздвоеност,односно газдите ќе се понашаат како денешните корпорации.Ок, fair enough.Апсурд! Не ми се допаѓа ниту мене, ниту на било кој анархист со кој сум разговарала(освен оние кои се декларираат како анархо капиталисти). Се коси со идејата, исто како и анархо национализмот, на пример.
Да те поправам, анархо-капитализмот не е популарен кај анархо-комунистите. Кога веќе генерализираш, кажи за која фракција се работи. Ти во случајов си правел муабет со анархо-комунисти.Ваљда имате некаде на темава објаснето или напишано ама пак ќе си прашам.
Што мислите за Анархо капитализмот?По разговор со другари и на нет,некако не е баш најпопуларен кај анархистиве кои тврдат дека самиот тој создава работи против кој се борат анархистите.
Јас лично не гледам голем проблем во анархистичко општество со слободен пазар.Некако тоа ми звучи повеќе прифатливо него социјалистичкиот модел.
Секако може не сум во право,ама би било убаво ако некој од вас ми појасни каде мисли дека се проблемите во ова.
Одлично објаснето.Е сега некои работи што ме копкаат се следнивеДа те поправам, анархо-капитализмот не е популарен кај анархо-комунистите. Кога веќе генерализираш, кажи за која фракција се работи. Ти во случајов си правел муабет со анархо-комунисти.
Анархо-капитализмот и анархо-комунизмот, како фракции на анархизмот, и двете имаат заеднички постулати - слободарство и анти-авторитет (наметнат од државата).
Под слободарство мислам на тоа дека секој поединец има право да го живее сопствениот живот на начин кој го смета за најсоодветен, се додека ги почитува еднаквите слободи и права на другите. Сите човекови односи треба да се засноваат на доброволна и мирољубива основа. Се додека е вака, е ОК. Другото е само индивидуално мислење од поединци кои припаѓаат на одредена група на истомисленици (анархистичка фракција), кои патем делат исти вредности, ставови и принципи.
Ако некој анархо-комунист ми каже дека не смеам да имам Ферари, и притоа настојува да го продадам Ферарито и со парите да купам Фиќо за мене и за комшиите, тогаш тој човек е авторитет кој ми ги ограничува моите права и слободи. И нормално, смеам да му ја пукнам главата, во самоодбрана.
Така да, според мене, она што е апсурдно во случајов, се ваквите поделби. Кропоткин vs. Ротбард, анархо-капитализам vs. анархо-комунизам, итн.
Одговорите на твоиве прашања лежат во темава. Сите до еден, неколку пати! Биди срце и разлистај ја набрзинка, па да продолжиме со разговор.Колку што прточитав,еден од главните проблеми е дека слободниот пазар во анархистичко општество ќе создаде е пак класна раздвоеност,односно газдите ќе се понашаат како денешните корпорации.Ок, fair enough.
Но едно нешто што сметам дека се прогледува е тоа дека идеата дека ти требаат држава и капитализам да бидеш опресиран.Јас тврдам дека и во анархо синикалистички/социјалистичи систем пак има речиси исти шанси да некој ја злостави својата функција.
Кој на мене ми гарантира дека тие синдикати или пак комуните нема да играат на картата strength in numbers и на еден или друг начин да си тераат по свое?
Друго прашање ми е,кој е критериумот на тие комуни за да кажат што е за мене доволно?Кој е стандардот што вели тебе ти е доволна една кола?Зошто ако работам и спечалам повеќе од другите да немам повеќе?Или пак зошто ако јас нудам подобра услуга и прозивод од некој друг,јас да немам повеќе пари/материјални добра заработени со моја пот?
Ова за мене е фундаментално нарушување на правата и потенцијалот на индивидуата во анархо синдикалистичко општество.
За успешно функционирање на колективистичка заедница со хоризонтална структура (во случајов комуна), според анархо-комунистите, потребно е "повисоко ниво на свест". Тоа "повисоко ниво на свест" е всушност едноумие.Другиот проблем ми е тоа погоре што пишав.Како и кој ке не заштити од едногласните одлуки на одредени комуни или група на луѓе за некои субјективни работи?Иако може да подвлечеме златно правило,сепак некои работи се од перспектива.Пример,за некого расист е само оној кој дискриминира или се прави супериорен врз расна основа,за друг пак расист е оној што ќе каже дека црнциве у Балтимор не треба така примитивно да се понашаат на протестите.
Едноумие не е возможно и никогаш нема да биде, ама пак затоа имало и ќе има заедници кои одлично функционирале според анархистички принципи и без него. Утре кога ќе основаш фамилија сигурно нема да бидете сите истомисленици во неа, но ќе морате да доаѓате до компромиси и заеднички решенија затоа што ќе имате заеднички интерес, кој во едно анархистичко општество би била слободата.За успешно функционирање на колективистичка заедница со хоризонтална структура (во случајов комуна), според анархо-комунистите, потребно е "повисоко ниво на свест". Тоа "повисоко ниво на свест" е всушност едноумие.
Во случајов, ти нема да имаш потреба од заштита од едногласните одлуки на комуната, бидејќи тие се и треба да бидат твои истомисленици. Доколку имаш субјективно мислење, различно од мнозинството, ти не припаѓаш во таа комуна и најверојатно ќе бидеш осудуван и стигматизиран.
Затоа, од прагматични и рационални причини, анархијата никогаш нема да најде соодветна примена во секојдневната практика и да се наметне како општествено уредување, на глобално ниво. Едноумие може да има само во некоја изолирана група на истомисленици, поинаку не е возможно, освен ако не се работи за лоботимирани зомбиња.
Компромис... односно момент кај што некој попушта помалку, некој повеќе. И евентуално во иднина често доаѓа до момент кај што едниот ќе рече „а ти текнува јас тогаш кога попуштив?“. Анархизмот не може да се гради на ваков став, бидејќи сам по себе не е одржлив. Не е одржлив во секојдневието, а камоли идеологија да биде базирана врз тоа. За да биде одржлив, треба да има едноумие, тоа е тоа што го објаснував пред некоја страна, истото само што Кон Артист малце погрубо го кажа од мене. А таков епилог на човештвото не ми е во личен интерес, и ми е нелогично зошто некому би му било.Едноумие не е возможно и никогаш нема да биде, ама пак затоа имало и ќе има заедници кои одлично функционирале според анархистички принципи и без него. Утре кога ќе основаш фамилија сигурно нема да бидете сите истомисленици во неа, но ќе морате да доаѓате до компромиси и заеднички решенија затоа што ќе имате заеднички интерес, кој во едно анархистичко општество би била слободата.
А ако живеам во анархистичко општество и моето субјективно мислење е дека треба да се отфрли анархизмот и да се воведе хиерархија? Што ми следи тогаш?Субјективното мислење е дозволено се додека не дејствува против принципите за кои се залага анархизмот.