Анархија

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Е ова. Баш ова да си го памтиш цел живот и да се водиш по тоа. Јас како (иден) социолог на минатото ( :D ) сум учен дека секоја нова појава или движење се раѓа од човекова потреба која го поткрепува процесот на развој. Е сеа тоа е лесно да се утврди за минатото, што зошто и како се случило, но проблемот настанува кога размислуваме како треба да се прилагодиме на потребите од сега кон иднината, затоа и всушност настануваат овие толкувања кои ги дискутираме :)
Незнам зошто но ми се чини за да човештвото расте и се развива во понапредна фаза и се качува погоре на скалилото на еволуцијата мора да се деси голема несреќа, војна, чума, временска непогода, лош лидер, некако како да стануваме премногу комфорни и тупи и незаинтересирани за промена.

Моето знаење од историјата е тенко, општо никогаш не ме интересирала, па не сум премногу сигурен во ова.:)
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Незнам зошто но ми се чини за да човештвото расте и се развива во понапредна фаза и се качува погоре на скалилото на еволуцијата мора да се деси голема несреќа, војна, чума, временска непогода, лош лидер, некако како да стануваме премногу комфорни и тупи и незаинтересирани за промена.

Моето знаење од историјата е тенко, општо никогаш не ме интересирала, па не сум премногу сигурен во ова.:)
Па и да и не. Ретко се случуваат такви драстични промени, обично знаеме ние да преувеличиме некои работи и сакаме да ставаме конкретна точка за да речеме „ете, тогаш се случило тоа и тоа“ (и полесно да се прават прашања за екстерно :P ). Кога се случува голема промена од работите кои ти ги наброја, обично тоа не е причина туку повод, онака, условите за промената биле поставени, само се чекал конкретен настан за да ги овозможи. Падот на Рим во 476, црно на бело муабет за све што реков досега. Али ај да не забегуваме од темата :)
 
W

wicked_1

Гостин
Па и да и не. Ретко се случуваат такви драстични промени, обично знаеме ние да преувеличиме некои работи и сакаме да ставаме конкретна точка за да речеме „ете, тогаш се случило тоа и тоа“ (и полесно да се прават прашања за екстерно :P ). Кога се случува голема промена од работите кои ти ги наброја, обично тоа не е причина туку повод, онака, условите за промената биле поставени, само се чекал конкретен настан за да ги овозможи. Падот на Рим во 476, црно на бело муабет за све што реков досега. Али ај да не забегуваме од темата :)
Е каква еволуција има човековиот мајндстејт од тој пад на Западната Римска Империја до сега? Ако ја буткаш културната трансформација шо ја пише на википедија тотално си нема везе со тоа кон што цели овој теоретски концепт, не е ни тоа црно на бело за тоа што го напиша. Од таму се поставени првите постулати на цивилизирано општество, но у хиерархиска структура, спротивно на анархијата.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Е каква еволуција има човековиот мајндстејт од тој пад на Западната Римска Империја до сега? Ако ја буткаш културната трансформација шо ја пише на википедија тотално си нема везе со тоа кон што цели овој теоретски концепт, не е ни тоа црно на бело за тоа што го напиша. Од таму се поставени првите постулати на цивилизирано општество, но у хиерархиска структура, спротивно на анархијата.
Не зборев за анархија, скренав малце од темата. Сепак тоа придонело кон создавање на нови, малку понапредни творби, односно феудализацијата. Сепак феудалното општество во кое луѓето поседуваат имот е малце понапредно од размислувањето дека цела територија ја поседува императорот кој е испратен да владее од Бог.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.902
Поени од реакции
25.243
Значи како што мислев, станува збор за недоволно познавање...

Првото се однесува на воведување анархизам при моменталниот ментален склоп на човекот, што би било катастрофално. Како вид на општество, никој не е спремен да го прифати ова бидејќи секој ќе посегне кон нешто повеќе и ќе се наруши балансот кој се пробува да се воведе, понатака нема потреба ни да се дискутира, би требало тоа да му е јасно на секој.
Тука се согласуваме. Со денешните размислувања на луѓето и всадените догми во нивните глави, кои се производ од религиите, војните, т.е.авторитетите, ќе стане хаос. Можеби затоа е потребна крвавата револуција, што мислиш? :)

Како и да е, анархизмот во иднина се смета дека ќе се случи кога луѓето нели, ќе се еманципираат, ќе бидат свесни за својата еднаквост, ќе го достигнат тоа интелекутално ниво кое ќе им го овозможи мислењето дека најубаво е секој да придонесува кон општеството, да не биде себичен, да не посегнува кон туѓото и слични размислувања, да не наведувам понатака, you get the picture. Мојот проблем со таквата ситуација е тоа што доколку се случат тие работи, ќе се убие, ќе се елиминира не само лошата разлика меѓу луѓето, туку и добрата. Зборам за тоа дека преку ваквите настани ќе се елиминира се што е убаво, културните разлики, различните јазици, различните луѓе низ нашава планета (како кога си фасциниран од животот на монасите во Тибет на пример, амазонски народи и сл.) односно сакам да кажам дека се ќе се фузира во едно и би живееле во еден склоп на се што постои. Не би имал желба да идеш во било кое место за да пробаш некое национално јадење пошто истото ќе ти биде пружено во продавничката на 20 метра од тебе, што според мене ја убива желбата, копнежнот по нешто ново, ретко и недоволно достапно, а тоа повлекува и други работи за кои на пример патуваме низ други земји. Се губи искуството кое го стекнуваш, она што го викаш „леле бев на Хаваи, колку е убаво таму, луѓето какви се, јадењето, воздухот и тн“. Дури и самите луѓе ќе стануваат се послични и ќе се изгубат квалитетите на индивидуите, личните карактеристики, евентуално секој трет ќе ти одговара да ти биде најбољи пријател, па секој втор, и на крај ќе сфатиш дека сите сте исти, ама буквално исти. А тоа не ми се допаѓа. Не сакам сите да сме исти, бидејќи со тоа стануваме клонови со исти размислувања. Мислам, нема да имаш ни потреба од форум за да го дискутираме ова, ни потреба од запознавање нови луѓе. Замисли го тоа бе, нема да имаш ни потреба да го/ја најдеш „the one“, бидејќи исто ќе ти биде дали е некоја што живее во Перу, или Станка, комшиката од први кат, па ќе имаш обичен settling без никакво чувство, животот ќе ти поминува како да си машина која само чека да и пројде рокот, без да се издвоиш на никаков начин.

Не може да се знае дали ќе биде вака или не, меѓутоа мое верување е дека доколку се цели кон анархично општество, ова ќе бидат последиците, последици кои јас не сакам ни да ги замислам, камоли да живеам во нив.
Како, бе Рики? Како е возможно толку единки да размислуваат исто? По твојава логика, постојат сродни души. Немој да ми речеш дека веруваш во ова! :LOL:
Овие луѓе делат само иста цел, иста мотивација, иста идеологија... Ќе имаш можност да бидеш она што навистина си, посебен, оригинален... Ќе имаш можност да ги истакнеш твоите квалитети, затоа што нема да бидеш опресиран како сега, во никој случај нема да бидеш бледа копија од некој друг. Оваа појава од која ти стравуваш се случува денес, преку перење мозоци, целта е профит и можност за контрола на масата. И гледаш, дури и покрај тоа, сакаме различни работи и поседуваме различни карактерни особини.

секој може да се направи корисен и да придонесува на најразлични начини, а притоа да му помогне на некој друг во животот. Не кај нас, но во здрава демократија каде луѓето се свесни дека само со меѓусебно помагање можеш да си помогнеш на себе, и те како може.
Мхм, токму ова е замислата за едно анархистичко општество.

Ај да не должам да заклучам. Моето мислење за авторитетот е дека има потреба од него, мора да има, секогаш ќе има. Секогаш ќе мора да се има контрола врз тоа кој што прави, бидејќи некогаш дури и да имаш најдобри, најчесни намери и да си најправедниот човек, едноставно преовладуваат чувствата врз разумот и фали еден мал момент за да бидеш одговорен за нанесување штета врз друг човек, а тоа би те вовлекло во обид да се извадиш некако, при што пак ќе нанесеш малце поголема штета и така во never-ending loop, како што денес често има такви случаи.
Каков случај би можел да биде овој? Наведи ми некој пример.

Јас сум учен дека секоја нова појава или движење се раѓа од човекова потреба која го поткрепува процесот на развој. Е сеа тоа е лесно да се утврди за минатото, што зошто и како се случило, но проблемот настанува кога размислуваме како треба да се прилагодиме на потребите од сега кон иднината, затоа и всушност настануваат овие толкувања кои ги дискутираме :)
Така? Зарем не мислиш дека отфрлање на авторитетот некогаш ќе биде човекова потреба?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Значи како што мислев, станува збор за недоволно познавање...



Тука се согласуваме. Со денешните размислувања на луѓето и всадените догми во нивните глави, кои се производ од религиите, војните, т.е.авторитетите, ќе стане хаос. Можеби затоа е потребна крвавата револуција, што мислиш? :)



Како, бе Рики? Како е возможно толку единки да размислуваат исто? По твојава логика, постојат сродни души. Немој да ми речеш дека веруваш во ова! :LOL:
Овие луѓе делат само иста цел, иста мотивација, иста идеологија... Ќе имаш можност да бидеш она што навистина си, посебен, оригинален... Ќе имаш можност да ги истакнеш твоите квалитети, затоа што нема да бидеш опресиран како сега, во никој случај нема да бидеш бледа копија од некој друг. Оваа појава од која ти стравуваш се случува денес, преку перење мозоци, целта е профит и можност за контрола на масата. И гледаш, дури и покрај тоа, сакаме различни работи и поседуваме различни карактерни особини.



Мхм, токму ова е замислата за едно анархистичко општество.



Каков случај би можел да биде овој? Наведи ми некој пример.



Така? Зарем не мислиш дека отфрлање на авторитетот некогаш ќе биде човекова потреба?
Нема да ги цитирам делчињата посебно туку вака ќе ти пишам, нејќам такви дискусии :D

Крвава револуција, не. Да скратам за тоа, сите идеали, од политички до било какви реформи, не само општествени туку најбазични од било кое поле, секогаш од старт ги отпишувам кога некој ќе каже „треба ремонт, треба од ново да почнеме“. Немам толкаво познавање колку тебе, во право си, пошто ти одвоено го разгледуваш ова и фоксуот ти е на истото, а јас гледам од општ аспект на сите идеологии, па мислењето го формирам од искуството од минатото и пробувам да погодам како би се одвивале работите според тој принцип (меѓутоа кој разбира повеќе, тоа е веќе различен point of view). Веројатно таа револуција сака да постави некакви нови темели на ново општество, да го урне комплетно постоечкото и да почне од ново. Ако е така, тогаш со тоа навистина не можам да се согласам бидејќи мое верување е дека работите треба да се движат при постепен процес, не при некаков чин. Чинот може да биде само повод, експлозија на нешто што се собирало долго време, како денес што почнаа протестиве за екстерното, па така по тоа следеа неколку неповрзани други протести. Единствено така може да се случи, преку процес. Bottom line, не може да се тргне со умисла да се направи чинот, па после да се одвие дејството, треба обратно. Ова ќе го надоврзам после со последниот дел што ме праша.

За другиот дел, анархизмот во иднината, свесен сум дека тој е најдискутабилен и можам да бидам тотално погрешен во претпоставките, но, можат и анархистите. Бидејќи да бидеме реални, тешко е да се предвиди и тешко е да се замисли, збориме за време кое не може ни да замислиме колку унапред во иднината би било тоа. Но, јас ги земам следниве работи во предвид. За да се случи такво општество, треба сите да бидат на ставот дека најдобро е да нема авторитет, нели? За да бидат сите на тој став, треба сите да имаат сличен или приближно ист став и за многу други работи. Бидејќи верувај, идеологијата е тесно поврзана и со други работи, сигурен сум дека го знаеш тоа. Постојат огромен број полемики кои влијаат врз тоа размислување, повеќе од што било кој мисли, од најспротивставени мислења до најголеми секојдневни ситници. А денес се повеќе и повеќе се расцепкуваат тие, се се испреплетува. Зборам од поглед на спротивставени ставови при научни истражувања, применување на различна методологија во изучувањето на различни предмети, самиот начин на живот зависи од твојата идеологија, а истата секогаш се крши со многу други. Значи за да дојде до такво општество, треба да бидат надминати многу такви спротивставувања кои влијаат врз идеологијата, односно луѓето да се сложат на одреден принцип по кој се движат работите. Што тешко би се случило, со оглед на тоа што со претходно споменатите расцепкувања на најразличните теми во животов, се ствараат се повеќе спротивставувања. Доколку не е одлучено да се сведе се на една работа, ќе продолжат да постојат несогласувањата. А авторитетот не би можел да престане да постои, бидејќи се додека траат несогласувањата ќе постои потребата од него, некој да изврши влијание во вид на помош кон твојата страна. Што само по себе ги става луѓето едни над други. Затоа сметам дека за да се елиминираат овие несогласувања, за да дојде моментот кога ќе се пружи можноста за анархистичко општество, треба да се елиминира и се што е во најширока поврзаност со истото. Тоа може да се случи (којзнае кога, али теоретски е возможно), но така ќе дојде до тоа што го пишав првично нели, намалување на разликите, стеснување, сличности, огромни сличности. Прво тоа ќе се одрази и врз размислувањето, ќе се намалат разликите за она што го зборам (не верувам во сродни души патем, булшит е тоа, само алудирав на тоа дека секој си има the perfect partner замислено во главата, али не е ни толку битно тоа), нема да има „сакам богат, сакам скромен, сакам вреден, сакам паметен“, бидејќи како што ќе се стесни тој обрач за другите работи, ќе се стесне и обрачот на личните карактеристики, што ќе доведе до огромна сличност на овие работи. На крајот тоа конечно ќе се одрази и врз физичките предиспозиции нели. Ако сите ги привлекува ист тип, евентуално тој тип ќе преовладее. Не мора тоа да се случи од прва, би се случило постепено бидејќи тоа ќе биде насоката кон која ќе се движи општеството. Ако се движи во спротивна насока, не би било веќе анархија, нели? Би се вратило по претходната замисла, би почнале да се прават разлики, чекор по чекор, хиерархијата би се вратила, доволен е мал момент за истото.

Како што реков, можеби би било вака, можеби не, можеби сосема спротивно, нешто што воопшто не ми паднало на памет би се случило, навистина тешко е да се утврди и треба во предвид да се земат огромен број работи. Но, засега, ова е моето мислење и сеуште не сум слушнал нешто што би ме убедило дека би постоел поинаков начин да се случи тоа општество (затоа и реков, убеди ме). Бидејќи секој пат кога ќе чујам некакво размислување, веднаш ми доаѓа некој пример „а ова како би било решено за да не предизвика разликување и раздор на анархијата?“.

Тоа што го рече за замислата, да, знам дека таква е замислата. Анархијата има позитивни елементи, секако дека има. Во секој идеал се наоѓаат елементи кои можеш да ги извлечеш. Гадафи ако можеше при диктатура да им пружи бесплатно образование на своите жители, секако дека може. Дури би се осмелил да речам дека ова кон кое јас сметам дека треба да се стреми општеството има добар дел анархистички елементи. Но, она што мене највише ме боде е уништувањето на хиерархијата. Сметам дека од хиерархија секогаш ќе има потреба, бидејќи хиерархијата потекнува од потреба да ставиш едно нешто пред друго. Не зборам само од политички аспект, еве види и од самоконтролирачки аспект. Што ти е тебе побитно, да ме читаш мене тука на форумов, или да одиш на работа да земеш некоја пара? Се знае на што даваш приоритет. Таквите ситници се она од што произлегува хиерархијата. Но, не секој се согласува со тоа, што ме враќа на муабетот на спротивставувањето. Ова беше банален пример, но постојат дилеми кога не знаеш што од што е поважно бидејќи работите се многу слични, но ти веруваш дека едното е малце побитно од другото, друг мисли дека другото е побитно од првото, и ете ти конфликт. Значи да не забегам, тука се надоврзувам на претходниот муабет, а мислам дека со ова го покрив и следното прашање, примерот што го бараше. Би можел и нешто поконкретно, но можеби нема доволно да го опфати она што сакам да го кажам, затоа мислам дека изразување на ваков начин е покорисно за дискусијата.

И за крај за отфрлањето на авторитетот. Можеби ќе се случи. Доколку се роди таква потреба, тогаш значи тоа бил патот по кој требало да ни се развива човештвото, кон тоа водел нашиот развој. Но, јас сметам дека не е така, дека не треба да се форсира тоа, туку дека доколку стварно е, треба да си дојде природно. Не би ми се допаѓало, признавам. Сакам да кажам, не ја замислувам иднината на човештвото на таков начин, па доколку се случи би бил разочаран, но не викам дека не би го прифатил. Веројатно не би ни знаел дека го прифаќам, бидејќи би бил долг процес. Би знаел доколку живеам многу години после тоа, и го изучувам минатото во кое се случило тоа. Но батали ова, најбитно од се е тоа што реков дека сметам дека не треба да се форсира. Општеството би дошло само по себе, кога би се наметнало потреба. Анонимуси, пароли и глупости се непотребни за тоа и само вршат негативно влијание. Процесот не може со сила да биде забрзан (ниту пак успорен), туку си доаѓа сам по себе. Од тука го формулирам мислењето дека форсирањето на анархијата како идеал кој треба што побрзо да се случи, не е погрешно (да не го искористам тој збор), туку е несоодветно за целта. Но, немам ништо против верување дека еден ден ќе дојде до анархија како што ја замислуваат анархистите, иако истата сепак би била преку природен пат. Не верувам дека ќе биде, не го делам мислењето, но све си бидува, ако тоа е нивното мислење, who am I to beg to differ кога ни јас ни тие не знаеме што ќе се случи?

Го завршувам постов со смајли :)
 

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Леле гулапчиња, си ги отварате чакрите и ги задлабочувате виугите. Чоек да ве чита ко да влегол во некој роман за докажување кој е попаметен и кој повеќе прочитал за општеството :). Од утопија и филозофија не се живее, за денешново време збориме. Анархија не се спроведува, таа сама ќе настане и е добра, како животен циклус на еден животински организам во случајов човекот. Мора секогаш квалитетот и силата да победат, тоа значи дека нема авторитет, што ќе ми е авторитет ако сум посилен. Интересно ми било како секогаш, предводниците на социјализмот и комунизмот сакале да ја изучуваат анархијата, односно механизмот како да биде употребувана за рушење на нешто постоечко, а потоа да ја превземат конторлата. Јас па се прашував зошто толку се замарале, кога тие први би биле уништени, кога на народот му продавале ветер у магла :)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.902
Поени од реакции
25.243
@RickyLFC9

Рики, имај на ум дека разговараш само со еден човек кој ти ги пренесува само сопствените размислувања. Не можам да зборувам во името на сите анархисти. Можеби не се согласуваш со мене во врска со крвавата револуција, но ќе се согласиш со некој друг кој смета дека има поинаков начин да се постигне целта. Теоријата е таа и ја пренесуваме таква каква што е, но размислувањата за начинот на кој ќе се одвиваат работите и активностите се различни. Некој смета дека ќе ја постигне целта ако го милува авторитетот и му чита приспивни приказни од Бакунин, додека лежат на кревет опсипан со рози... Јас сметам дека никој нема доброволно да се симне од тронот. Затоа не избрзувај со заклучоци.

Точно е дека не можеш да предвидиш во која насока ќе се одвиваат работите, но ние се потпираме на веќе стекнатите искуства во текот на историјата, но исто така и денес... Ова може да ти служи како насока за гуглање, доколку ти се појави интерес. Како што видов на брзина, не е сѐ наведено, ги има уште(имам пишувано за тоа поназад на темава). Значи функционира. Спротивставувањата можеби никогаш нема да бидат надминати, но она што ќе треба да го научиме е да правиме разумен компромис. Да бидеме реални, дури и во друштво на браќа и сестри по идеологија има доста недоразбирања, несогласувања, расправии... Но на крајот од денот повторно застануваме рамо до рамо, затоа што носиме иста идеја во срцето.
И кога ќе живееш со партнерка ќе имаш несогласувања, затоа што колку и да си со човек кој е сличен на тебе, не сте исти. Но ќе ја смируваш топката ради љубов, деца, мир во куќа... Така?

Добро е што спомна самоконтрола, ова на многу страни уназад го зборувам дека е доста битно. Мора да се работи на неа, без разлика во каков систем се наоѓаш. Истата нема апсолутно никаква врска со примерот што го наведе погоре. Во врска со него, јас порадо би си дискутирала тука со тебе, или во кафана, додека го слушаме Бобан Рајович :D (не те исмевам, се шалам само), отколку да му служам на системот. Дури и да ја работам работата што ја сакам, сакам да ја имам слободата да дискутирам уз работа, но авторитетот не го дозволува тоа. Бара да бидеш мирен и послушен робот.
Назад на самоконтролата, кога ќе успееш да проработиш на неа и да го повишиш нивото, авторитетот нема да ти биде потребен.
Покрај самоконтрола, потребна е и одговорност(која ќе дојде како производ на самоконтролата), нешто од кое луѓето денес се плашат, или се премногу мрзливи, па ги препуштаат обврските на друг, затоа и би авторитет.

Рики, после некакви разочарувања и јас се откажав од идејата да „форсирам“, видов дека не можеш со сила да отвориш нечии очи(тука зборувам за проблемите во светот, не за да наметнам некаква идеологија), но на некои работи едноставно не можеш да останеш рамнодушен. Тогаш се јавува она што ти го перцепираш како форсирање, а јас го нарекувам самоодбрана. :)

Ти мене смајли, еве ти тебе кисс4е :* , затоа што ми се допаѓа муабетов. :)
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
@Agda Beata ќе се задржам на една работа само, бидејќи мислам дека преку неа се ќе опфатам.

Ко што реков, тоа е твое видување, начинот на кој ти си замислила дека ќе се случи општеството, јас го изложив мојот. Јасно е со самото тоа што рече дека бараш да се „постигне целта“, we'll have to agree to disagree, пошто јас на ова не гледам како цел, туку како потреба која ќе се наметне сама по себе, а засега (зборам во сегашноста), сеуште нема таква потреба. И сама рече нели, во денешно општество не може да се случи, сеуште не сме со таков менталитет, ќе се злоупотреби, ќе настане хаос.

Од тоа сметам дека не може да се има цел, односно не може да се делува кон неа. Единствено кон што може да се делува е секојдневно укажување и истакнување на некои неморални работи. Применување, поголемо изучување и давање предност на етика, морална филозофија, нешто што и јас го применувам секојдневно. Сметам дека само така може да се забрза процесот на освестување, но не дека треба да се отфрли секаков авторитативен систем, туку дека само со помош кон другите ќе си помогнеш и на себе. Не зборам за карма, домино ефект и слични ствари, туку дека е најубаво кога се работи чесно. Денес ти нема да злоупотребиш нечија позиција, утре друг нема на тебе. Пошто секој ќе види дека постојат ситуации каде морално е да направиш отстапка, да не бидеш тврдоглав во секоја ситуација, да отстапиш од делувањето кога гледаш дека не си во право, не од его да продолжиш со истото. Нема да изгубиш ништо ако речеш „не знам, не сум у право“, туку некогаш и ќе добиеш, ќе научиш. Јас на пример одамна одлучив дека не сакам никогаш да протнувам некој со врски во било која област каде што јас имам некакво влијание врз некој, и досега сум успеал во тоа, колку и да било тешко (засега не од надворешни влијанија, туку знаеш, чувството преовладува, сакаш на близок да му помогнеш повеќе отколку на некој што не го знаеш). Со оглед на тоа што сакам да бидам професор, каде во нашава држава најголем проблем се тие врски, мита и корупции (илјадарче у индекс, притисоци од власта за попуштање оценки), се надевам дека ќе успеам да продолжам и во иднина, кога ќе засилат и надворешните влијанија. Секој поштено да си ја заработува позицијата, и според мене тоа може да функционира во општество каде има хиерархија и авторитет. Односно сакам да кажам дека не се проблем авторитетот и хиерархијата in general, туку проблем е што со него раководат луѓе, а тие луѓе треба да бидат поизложени на она што го реков претходно, прво да се почне од чесно заработување на позицијата, а откако ќе се заработи истата, да не се злоупотребува. Ама и за ова треба време, односно би важел сличен муабет како во претходниот мој пост каде зборував за времето кое е потребно за да се постават услови за анархија, така и за ова. Сепак двете имаат сличен развој, можеби и многу меѓусебни сличности, и сега кога разменивме неколку мислења, мене ми изгледа дека веројатно разликата меѓу мене и тебе мање-више е тоа што ти сметаш дека крајниот исход ќе биде анархија, ја сметам дека ќе биде фукционално, еднакво и праведно општество во кое сепак ќе постои авторитет и хиерархија.

Сепак и ова се теории и размислувања, претпоставувам дека нема да се сложиш (особено верувам дека никогаш не би ги ставила во една реченица зборовите „еднакво и праведно“ со „авторитет и хиерархија“ :D ), па затоа реков, we'll have to agree to disagree :)


И да, признај дека не се работи за незнаење од моја страна, ко што првично рече, туку едноставно се работи за различен point of view :P
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.902
Поени од реакции
25.243
@RickyLFC9

Знаеш што друго е интересно? Има анархисти кои тврдат дека попрво би живееле во хаотично, но слободно општество, отколку во „уредна“ диктатура. Значи на некој толку му е скурчено од авторитет, што преферира да живее во survival of the fittest средина. Она што се обидувам да им го објаснам на овие луѓе е дека тоа повторно е некој облик на авторитет. Небитно, забегав во друг правец.

Убаво е ова што го кажуваш, но како може да очекуваш од овци кои не можат да се самоорганизираат и кои се изложени на постојана тортура и перење на мозоци од страна на некаков авторитет, да ги учат идните поколенија на добри нешта? Значи не зборувам само за просечен човек, туку и за жртви на секти и религиозен фанатизам, на пример, овој калибар на луѓе.
Јас ти викам дека моќта најчесто ги менува луѓето, ретки се оние што биле океј лидери. И колку и да биле океј, биле лидери, а мене тоа ми смета. Што ќе се случи ако не го послушам? Ќе ме убие, ќе ми репне парична казна, ќе ме затвори... Значи повторно немам слобода да одлучам што е најдобро за мене.

И да, секако дека се работи за различен point of view...
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
@RickyLFC9

Знаеш што друго е интересно? Има анархисти кои тврдат дека попрво би живееле во хаотично, но слободно општество, отколку во „уредна“ диктатура. Значи на некој толку му е скурчено од авторитет, што преферира да живее во survival of the fittest средина. Она што се обидувам да им го објаснам на овие луѓе е дека тоа повторно е некој облик на авторитет. Небитно, забегав во друг правец.

Убаво е ова што го кажуваш, но како може да очекуваш од овци кои не можат да се самоорганизираат и кои се изложени на постојана тортура и перење на мозоци од страна на некаков авторитет, да ги учат идните поколенија на добри нешта? Значи не зборувам само за просечен човек, туку и за жртви на секти и религиозен фанатизам, на пример, овој калибар на луѓе.
Јас ти викам дека моќта најчесто ги менува луѓето, ретки се оние што биле океј лидери. И колку и да биле океј, биле лидери, а мене тоа ми смета. Што ќе се случи ако не го послушам? Ќе ме убие, ќе ми репне парична казна, ќе ме затвори... Значи повторно немам слобода да одлучам што е најдобро за мене.

И да, секако дека се работи за различен point of view...
Со анархистите на кои им е скурчено од авторитет и се освен истото им е прифатливо ја не би сакал да дискутирам, пошто искрено мислење ми е дека таквите се од оној тип на луѓе ко што на почетокот ги спомнав „ако не чини нешто, правиме ремонт, све од ново“, а тоа никогаш не е продуктивно. Затоа нивните аргументи не ги сметам за валидни и не гледам некаква потреба да дискутирам со нив пошто од старт би се утнале и истото би било само губење време. Таквиот начин нема да успее никогаш.

Инаку другото што го рече, сметам дека со време може. Не гледам како ако со време може да научат да се еманципираат (нели, времето потребно за да се создадат услови за анархија), да не може да станат и добри лидери (иако на тоа идеално општество не гледам јас како на лидери, handful of people кои го вртат светот, туку наместо хиерархија во вид на пирамида како што учиме, таа да биде во еден вид синџир, некој вид сектори одговорни едни за други, секој за секого). Пошто според ова што го кажуваш, ако овците не можат евентуално да се самоорганизираат, тогаш не може да се случи ни анархија, не?

А пример тоа што рече за жртвите на религиозниот фанатизам, сметам дека кон елиминирање на тие проблеми би бил развојот во науката. Хуманизмот и ренесансата на пример е производ од трпењето на феудалната власт на црквата толку долго, па луѓето се откажале и се свртеле во нова насока, науката. Така и сега развојот би придонел да се зголеми отфрлањето на тие религиозни догми кои се искористени за ограничување на твојата слобода, правејќи ги фанатиците се поретки и поретки, со што би се изгубило нивното влијание.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
143
Поени од реакции
54
А пример тоа што рече за жртвите на религиозниот фанатизам, сметам дека кон елиминирање на тие проблеми би бил развојот во науката. Хуманизмот и ренесансата на пример е производ од трпењето на феудалната власт на црквата толку долго, па луѓето се откажале и се свртеле во нова насока, науката. Така и сега развојот би придонел да се зголеми отфрлањето на тие религиозни догми кои се искористени за ограничување на твојата слобода, правејќи ги фанатиците се поретки и поретки, со што би се изгубило нивното влијание.
Лугето се свртеле во нова насока оти навлегол капиталистичкиот начин на производуванjе на нови нешта со подобар квалитет и со помалку работници. Тоа дава и сила за развоj на науката -за таа требат пари па каписталистот ке ги даде за да може потоа да си ги врне.Инаку религиозните догми и сега имат значаjна улога, прашанjето е какви се тие догми, ако се не кради, не убиваj тие не спречуват ништо но ако се убиj неверниците тие секогаш ке можат да се користат за тероризам. Исламот ja нема своjата реформациja. Не дека наште заостанати цркви jа имат ама тие немат значаjна улога во општествениот живот, само си ги терат погребуваниjaта и свадбите и водосветите.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Лугето се свртеле во нова насока оти навлегол капиталистичкиот начин на производуванjе на нови нешта со подобар квалитет и со помалку работници. Тоа дава и сила за развоj на науката -за таа требат пари па каписталистот ке ги даде за да може потоа да си ги врне.Инаку религиозните догми и сега имат значаjна улога, прашанjето е какви се тие догми, ако се не кради, не убиваj тие не спречуват ништо но ако се убиj неверниците тие секогаш ке можат да се користат за тероризам. Исламот ja нема своjата реформациja. Не дека наште заостанати цркви jа имат ама тие немат значаjна улога во општествениот живот, само си ги терат погребуваниjaта и свадбите и водосветите.
Разбирам, повеќе и на исламот алудирав, а ова хуманизмот го зедов како пример. Ама не сакам да навлагам во тие религиозни прашања бидејќи се многу комплицирани. Нема некој едноставен одговор „вака треба“, туку постојат фази, некој вид точки кои треба да се поминат првин за да се случи тој напредок. Дискутирање на таквите точки и фази на темава би одзело премногу време, да не збориме што би ја однело дискусијата во сосема друга насока. Сепак грубо кажано пак би го рекол истото, бидеќи на некој начин тој вид на елиминирање на мислењата од типот на „убиј ги неверниците“, сепак најшироко го опфаќа решението. Инаку под напредок на наука не подразбирам само напредок на иновации нели, пошто и теологијата си е наука, па алудирам и на напредок на размислувањата и сфаќањата на некои работи.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
143
Поени од реакции
54
Шо а ти кажам кога бев во англиjа првиот впечаток ми беше дека контеjнерите им за одпади одгор имат мало пепелниче па како пушиш да земеш тамо да си фрлаш цигарата,а не како каj нас вака долу на земjата па да jа нагазим да не запали нешто и тоа го правам како криминалец и ме е срам ама каде да jа фрлам, во обичен контеjнер па да го запалим целиот? Толко за напредокот и размислуванjето за некои работи. Топлата вода е откриена.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Ми се чини или анархистите имаат еден фашистички светоглед на работите? За група која се залага за слобода на индивидуата, не се во никој случај за слобода на мислата, со голема веројатност да применуваат сталинистички тип на елиминација на оние кои не мислат како нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom