Анархија

Член од
23 март 2015
Мислења
33
Поени од реакции
30
Не постојат анархисти во земјата во која „и врапчињата на гранките џивкаат ВМРО, ВМРО“.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
После 117 страни, сеуште постојат персони кои не можат да ја согледаат суштината на анархизмот, и како таа води кон просперитет на хомосапиенсот и степен погоре во развојот на општеството,како поим за организација и ред на нашиот вид.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148

А со тие што ја согледуваат и не се согласуваат со истата, тие некоја трета група се или...? :)
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Ваљда имате некаде на темава објаснето или напишано ама пак ќе си прашам.
Што мислите за Анархо капитализмот?По разговор со другари и на нет,некако не е баш најпопуларен кај анархистиве кои тврдат дека самиот тој создава работи против кој се борат анархистите.
Јас лично не гледам голем проблем во анархистичко општество со слободен пазар.Некако тоа ми звучи повеќе прифатливо него социјалистичкиот модел.
Секако може не сум во право,ама би било убаво ако некој од вас ми појасни каде мисли дека се проблемите во ова.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: SF
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.902
Поени од реакции
25.243

Апсурд! Не ми се допаѓа ниту мене, ниту на било кој анархист со кој сум разговарала(освен оние кои се декларираат како анархо капиталисти). Се коси со идејата, исто како и анархо национализмот, на пример. :)
 
Колку што прточитав,еден од главните проблеми е дека слободниот пазар во анархистичко општество ќе создаде е пак класна раздвоеност,односно газдите ќе се понашаат како денешните корпорации.Ок, fair enough.
Но едно нешто што сметам дека се прогледува е тоа дека идеата дека ти требаат држава и капитализам да бидеш опресиран.Јас тврдам дека и во анархо синикалистички/социјалистичи систем пак има речиси исти шанси да некој ја злостави својата функција.
Кој на мене ми гарантира дека тие синдикати или пак комуните нема да играат на картата strength in numbers и на еден или друг начин да си тераат по свое?
Друго прашање ми е,кој е критериумот на тие комуни за да кажат што е за мене доволно?Кој е стандардот што вели тебе ти е доволна една кола?Зошто ако работам и спечалам повеќе од другите да немам повеќе?Или пак зошто ако јас нудам подобра услуга и прозивод од некој друг,јас да немам повеќе пари/материјални добра заработени со моја пот?
Ова за мене е фундаментално нарушување на правата и потенцијалот на индивидуата во анархо синдикалистичко општество.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.300
Поени од реакции
21.412
Ваљда имате некаде на темава објаснето или напишано ама пак ќе си прашам.
Што мислите за Анархо капитализмот?По разговор со другари и на нет,некако не е баш најпопуларен кај анархистиве кои тврдат дека самиот тој создава работи против кој се борат анархистите.
Јас лично не гледам голем проблем во анархистичко општество со слободен пазар.Некако тоа ми звучи повеќе прифатливо него социјалистичкиот модел.
Секако може не сум во право,ама би било убаво ако некој од вас ми појасни каде мисли дека се проблемите во ова.
Да те поправам, анархо-капитализмот не е популарен кај анархо-комунистите. Кога веќе генерализираш, кажи за која фракција се работи. Ти во случајов си правел муабет со анархо-комунисти.

Анархо-капитализмот и анархо-комунизмот, како фракции на анархизмот, и двете имаат заеднички постулати - слободарство и анти-авторитет (наметнат од државата).

Под слободарство мислам на тоа дека секој поединец има право да го живее сопствениот живот на начин кој го смета за најсоодветен, се додека ги почитува еднаквите слободи и права на другите. Сите човекови односи треба да се засноваат на доброволна и мирољубива основа. Се додека е вака, е ОК. Другото е само индивидуално мислење од поединци кои припаѓаат на одредена група на истомисленици (анархистичка фракција), кои патем делат исти вредности, ставови и принципи.

Ако некој анархо-комунист ми каже дека не смеам да имам Ферари, и притоа настојува да го продадам Ферарито и со парите да купам Фиќо за мене и за комшиите, тогаш тој човек е авторитет кој ми ги ограничува моите права и слободи. И нормално, смеам да му ја пукнам главата, во самоодбрана. :гик:

Така да, според мене, она што е апсурдно во случајов, се ваквите поделби. Кропоткин vs. Ротбард, анархо-капитализам vs. анархо-комунизам, итн.
 
Одлично објаснето.Е сега некои работи што ме копкаат се следниве
На кои начин ке се справиме со анти социјалните индивидуи?Колку што сум информиран голем број од анархистите се против затвор,дека затворот никого не оправил,особено кога ќе ставиш некој што украл телевизор со силувач во иста установа(дефинитивно се во право тука)
Другиот проблем ми е тоа погоре што пишав.Како и кој ке не заштити од едногласните одлуки на одредени комуни или група на луѓе за некои субјективни работи?Иако може да подвлечеме златно правило,сепак некои работи се од перспектива.Пример,за некого расист е само оној кој дискриминира или се прави супериорен врз расна основа,за друг пак расист е оној што ќе каже дека црнциве у Балтимор не треба така примитивно да се понашаат на протестите.
Знам дека е ваљда глуп горниов пример ама ме разбираш ваљда што ми поентата.Колку сме сигурни дека пополека нема да се претопуваме кон едноумие,пто одогвара на мнозинството.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.902
Поени од реакции
25.243
Колку што прточитав,еден од главните проблеми е дека слободниот пазар во анархистичко општество ќе создаде е пак класна раздвоеност,односно газдите ќе се понашаат како денешните корпорации.Ок, fair enough.
Но едно нешто што сметам дека се прогледува е тоа дека идеата дека ти требаат држава и капитализам да бидеш опресиран.Јас тврдам дека и во анархо синикалистички/социјалистичи систем пак има речиси исти шанси да некој ја злостави својата функција.
Кој на мене ми гарантира дека тие синдикати или пак комуните нема да играат на картата strength in numbers и на еден или друг начин да си тераат по свое?
Друго прашање ми е,кој е критериумот на тие комуни за да кажат што е за мене доволно?Кој е стандардот што вели тебе ти е доволна една кола?Зошто ако работам и спечалам повеќе од другите да немам повеќе?Или пак зошто ако јас нудам подобра услуга и прозивод од некој друг,јас да немам повеќе пари/материјални добра заработени со моја пот?
Ова за мене е фундаментално нарушување на правата и потенцијалот на индивидуата во анархо синдикалистичко општество.
Одговорите на твоиве прашања лежат во темава. Сите до еден, неколку пати! Биди срце и разлистај ја набрзинка, па да продолжиме со разговор.
Тебе никој ништо нема да ти гарантира и никој не е должен за тоа, разбираш? Единствено нешто кое би можел да го направиш како индивидуа е да не прифаќаш авторитет и да допринесуваш за општеството, за фамилијата и за себе. Ако сите се спротистават на авторитарецот, авторитарецот нема да има моќ, а доколку свесно или несвесно се допушти тој авторитет да просперира, тогаш веќе не е анархистичко општество.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.300
Поени од реакции
21.412
Другиот проблем ми е тоа погоре што пишав.Како и кој ке не заштити од едногласните одлуки на одредени комуни или група на луѓе за некои субјективни работи?Иако може да подвлечеме златно правило,сепак некои работи се од перспектива.Пример,за некого расист е само оној кој дискриминира или се прави супериорен врз расна основа,за друг пак расист е оној што ќе каже дека црнциве у Балтимор не треба така примитивно да се понашаат на протестите.
За успешно функционирање на колективистичка заедница со хоризонтална структура (во случајов комуна), според анархо-комунистите, потребно е "повисоко ниво на свест". Тоа "повисоко ниво на свест" е всушност едноумие.

Во случајов, ти нема да имаш потреба од заштита од едногласните одлуки на комуната, бидејќи тие се и треба да бидат твои истомисленици. Доколку имаш субјективно мислење, различно од мнозинството, ти не припаѓаш во таа комуна и најверојатно ќе бидеш осудуван и стигматизиран.

Затоа, од прагматични и рационални причини, анархијата никогаш нема да најде соодветна примена во секојдневната практика и да се наметне како општествено уредување, на глобално ниво. Едноумие може да има само во некоја изолирана група на истомисленици, поинаку не е возможно, освен ако не се работи за лоботимирани зомбиња.
 
Едноумие не е возможно и никогаш нема да биде, ама пак затоа имало и ќе има заедници кои одлично функционирале според анархистички принципи и без него. Утре кога ќе основаш фамилија сигурно нема да бидете сите истомисленици во неа, но ќе морате да доаѓате до компромиси и заеднички решенија затоа што ќе имате заеднички интерес, кој во едно анархистичко општество би била слободата.
 
Компромис... односно момент кај што некој попушта помалку, некој повеќе. И евентуално во иднина често доаѓа до момент кај што едниот ќе рече „а ти текнува јас тогаш кога попуштив?“. Анархизмот не може да се гради на ваков став, бидејќи сам по себе не е одржлив. Не е одржлив во секојдневието, а камоли идеологија да биде базирана врз тоа. За да биде одржлив, треба да има едноумие, тоа е тоа што го објаснував пред некоја страна, истото само што Кон Артист малце погрубо го кажа од мене. А таков епилог на човештвото не ми е во личен интерес, и ми е нелогично зошто некому би му било.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
@Con Artist Не иди во крајности. Субјективното мислење е дозволено се додека не дејствува против принципите за кои се залага анархизмот.

Друго, анархо-капитализмот е аномалија која е во основа себе-подржувачка. Има повеќе видови на анархизам, и сите можат меѓусебно да се подржат. Но ниедна група нема да ги подржи анархо-капитализмот, овен они самите. Затоа што анарзхимот не подржува оксиморонизам преправен како нешто друго.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Субјективното мислење е дозволено се додека не дејствува против принципите за кои се залага анархизмот.
А ако живеам во анархистичко општество и моето субјективно мислење е дека треба да се отфрли анархизмот и да се воведе хиерархија? Што ми следи тогаш?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom