Ги прочитав цитатите, всушност одамна ги имам прочитано на десетина конспираси сајтови, документарци и така натака. Ајде сите накај анархија! Уште ли не си ја сфаќаш грешката?
Прво беа од забегани нацисти, сега ги имало на “конспираси“ сајтови...потоа може и некоја граматичка грешка да има во нив, некаква запирка на погрешно место да подметнал лукавиот...се само не содржината...хеххе
Во мојата природа не е, не верувам ни дека е во твојата. Ама ти поаѓаш од себе и своите сфаќања и морали ги аплицираш на цел свет! 6 и кусур милијарди луѓе... Бројот на лоши луѓе можеби е помал од бројот на добри луѓе (ако претпоставиме дека под добар човек се подразбира не кради, не убивај и не силувај) но разликата не е толку голема, но доволно е голема за да влијае значително, а и доволно е мал број да тргнат по својот "лошотилак" за да се поремети секој баланс кој анархијата лаже дека би го поставила.
Не баш...бројот на убијци, насилници, манијаци и сите оние од кои се плашиш и за кои плаќаш со пола од сопствениот си живот за да надлежни органи те “бранат“ се мал, минорен процент во секоја средина. Во некои како РМ бројот гледано во генералната популација им е занемарлив. Секако некои како САД, Русија и други имаат нешто повисок процент...
Се додека рајата чека од “горе“ за да мрдне газот за секоја ситница, ќе имаш влезови по згради каде ќе си кршат глава ради мрак...и милион примери на лоботомија...
По начинот на пишување претпоставувам не си некој кој имал некое значително искуство во со луѓе... Јас за разлика од тебе, сум приватњак и работам со луѓе. Излези од стакленото ѕвоно, ти ако се перцепираш себеси за морален и добар немој да мислиш дека секој надвор е добар и не би ти забил нож во грб за своја корист и тоа на прва шанса укажана.
Wait....хахаххахахааааааааааааа
хаххахаааааааааааааааа
What was read cannot be unread !
Ах синко јадни синко...

го споредувам гранапчето што го имаш веројатно со објектов во којшто ми е работното место актуелно...

...се некои психоаналитичари по форумов, некои тврдеа дека сум жена, други педер, трети католик...бугарофил, комуњар, луд, сатанист, наркоман...а да и животов ми поминува во стаклено звоно...

Додуша е троа стерилно местово работно ама тоа му доаѓа по дифолт...хахах
Ме изнасмеа јузеру форумски...
Зарем уште не сфати што се обидувам да ти потенцирам овде? Заеби држава, оваа влада би ја запалил да можам со се Грујо и остала багра која прави како што сака, се обидувам да ти укажам дека твоето рипање до инфатилни заклучоци е... инфантилно. Демек војните, убиствата и силувањата ќе престанат (или според тебе значително ќе се намалат) ако се уништат државите и твојот погрешен заклучок дека концептот држава е виновна за тоа. Додека ти ова го пишуваш преку средство www кое е измислено од стручњак кој работел во ЦЕРН. Оние лошковците ги знаеш, што за малце ќе предизвикаа отварање на црна дупка со некој глупав експеримент за некои минијатурни честички
Докажано во пракса во стотици случаи.
Инфантилно е да се плашиш од замислен насилник а да те брани масовен убиец.
Би рекол дека си ги попушил сите срања со кои те доеле...од образование, медиуми, средина...уште религија ти недостасува...oh, wait you are secular fundamentalist...
Науката нема да запре ниту нешто слично, туку ќе се развива во поинаква насока.
Се на се, се фокусираш на негативните страни на систем за кој никој не тврди дека е совршен а ги забораваш огромните придобивки од истиот... Огромен технолошки развиток, големо подобрување на животниот стандард а и животниот век и така натака, сиве овие работи во секој случај ги засенуваат негативностите. Ова твоево се вика селективно размислување...
Државата како концепт нема ништо заедничко со тие работи кои ги наведе. Напротив.
Државните структури се кочница, до сега напредокот ќе беше незамисливо поголем доколку немаше пречка во вид на бирократски паразитизам кој ја убива креативноста и ентузијазмот кај луѓето.
Прочитај како се дошло до најзначајните откритија во науката и техниката и која била и е динамиката на развој.
Секако одделни сегменти во некои држави имаат мал удел но тоа не е нешто за кое што некој би требало да се гордее со своето ропство. Сето тоа е преплатено со крв, масовен грабеж и страдања на милијарди раја.
А можеби и е, секој со перцепцијата.
Како и да е гледам дека дискусијава почнува да се врти во круг па време е истата да се оконча. Единствено сакав да посочам дека размислуваш селективно и дека проблемите кои ти ги атрибутираш на државата нема да се да намалат со нејзино исчезнување и појава на анархија, напротив ќе се појават уште повеќе проблеми. Луѓето ќе бидат луѓе со или без држава. Но бидејќи ја прочитав цела тема од прва до 11та страна и гледам дека истото wishful thinking гo тераш скоро година дена така да нема потреба за дополнителна дискусија. А иначе многу ја сакам државата, огромен патриот, толку голем патриот дури и
тема отворив!
Tолку од мене на темава, поздрав...
Праксата го потврдува она кое што го тврдам, стотици примери во сите историски периоди, на сите континенти...
Моментот на шизофренија и темата која си ја отворил како поклоник на државата е pure win.
Поздрав и со среќа !