За жал до тогаш тикви нема да се бројат на земјава.
Ќе настане масовно исчезнување на тикви.
Не знам. Следната година доаѓаат 1 милиони тикви само од Украина, Молдавија и Албанија.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
За жал до тогаш тикви нема да се бројат на земјава.
Ќе настане масовно исчезнување на тикви.
Јас знам , тиквите се вид во исчезнување.Не знам. Следната година доаѓаат 1 милиони тикви само од Украина, Молдавија и Албанија.
Јас знам , тиквите се вид во исчезнување.
Ти патриота си ?Секогаш се наоѓаат
--- надополнето ---
И продолжувам да тврдам дека патриотизмот е за идиоти
после долга пауза и летање во облаци и неукост.....
Без да звучам лигаво и јас посакувам добри работи за целиот свет, напредок во секое поле и поголеми слободи. Патриотизмот според мене ограничува дури и би ја поистоветил со религија, (иако воопшто не сакам ова да се претвори во дискусија за религии) секој мисли дека неговата религија е правилна а другите се грешни ист е случајот и со патриотизмот. И толку е, нема мрдање, тука сликата за патриотизам е пореметена и навистина како што watchlist кажа повеќе е партиотизам и иако линијата меѓу патриотизам и национализам е тенка сепак ќе продолжам со пишување.Дефиниција од лично искуство, ама за национализам. Национализмот е тешко излечива болест.(прво мислев дека е неизлечива)
Патриотизмот, според мене, е поразлично од национализмот. Сепак, индивидуално е, што секој сфаќа под патриотизам. Јас донекаде може да се рече дека сум патриот, затоа што сакам добри работи за мојата земја, сакам мојата земја да напредува и просперира, ама сакам добро и за цел свет. А, национализмот е според мене, кога сакаш се најдобро за твојата земја, но и најлошо за останатите.
Тоа е мое размислување, може е и далеку од реалното.
Последниве повеќе се класификуваат како патриот/националист. А сметам дека линијата меѓу патриотизмот и национализмот е доста тенка.Се сложувам со тебе до некој степен. Може да се каже дека од патриотизмот, понекогаш произлегува расизмот.
Но не сакам да генерализирам, бидејќи постојат различни "видови" на патриоти. Ги има тие што си ја сакаат државата и на пр. каде и да отидат во светот, нивната држава им е на прво место и горди се на неа и своето потекло.
Но ги има и таквите кои се сметаат за посебна класа/раса на луѓе и другите нации(посебно оние соседните) се нижа класа, како што кажа ти погоре. Исто како и нив, и ти не треба да генерализираш за сите патриоти.
Политичарите го измислија патриотизмот за да не го плаќаат топовското месо кое се бори за да они бидат побогати од пред тоа .Политиката навлезе длабоко во сите сфери на живеење, и дава лажна претстава за тоа што некогаш означуваше патриотизам.