Hurin
Pokerface bastard
- Член од
- 3 јуни 2009
- Мислења
- 8.537
- Поени од реакции
- 14.670
Тематиката е слична како и музичко име на ТАПЕТ што се наоѓа во подфорумот музика.
Целта на темата е да се напише анализа за некој тим кој е фаворит за титулата (на пример како понудените тимови од анкетата) и да се напише што поопширна анализа, очекувања тактика , трансферите и кој каде ќе игра итн. Потоа со дискусија ќе се дообразложат ставовите.
Тимовите ќе бидат на “тапет “ една недела и таман уште на почетокот од сезоната да бидиме завршени со анализирањето и да се набилдаме со еуфорија таман за престојната сезона.
Ќе се дискутира само за домашните натпреварувања, сметам дека дискусија поврзана со Лигата на шампионите заслужува сосема различна тема
За да пишувате анализи договорете се со модераторот ( во овој случај со @Peja989)
Мислам јасно е на шо се мисли па еве јас како прв ќе го скршам мразот
Челзи како екипа која пополека ја привршува транзицијата со играчите кој освои послениот шампионат, со старо-нови лица во тимот кој е прилично освежен и моментално излгеда како да ги пополнал дупките со новите играчи како коста и фабрегас кој се главните засилувања ова лето и кој треба да ја водат средината односно нападот кој нов трофеј кој се очекува од Роман а тоа мора да го обезбеди Мурињо кој оваа година има прилично голема слобода во изборот на трансферите.
Заминувањето на Луиз се надополна со носењето на младиот перспективен штопер Зума кој е прогласен од медиумите и фудбалските експерти за страшен талент кој има потенцијал за класа штопер и водач во екипата, реално сум скептик пошо во него гледам играч од рангот на Сако кој не е баш играч за големи клубови, многу пати ме демантирале со нивната игра али ќе ми биде мило ако ме демнатира Зума
Со заминувањето на Е. Кол челзи го ангажираше Фелипе Луиз и со тоа ја обезбеди левата бековска позиција, Фелипе е одличен во одбраната, прилично стабилен и борбен, има да ораат по теренот со рамиреш и Д. Коста, Азпиликуета се враќа на десната бековска позиција и ќе се ротира со Бане Ивановиќ кој може да игра централно. Тери го продолжи договорот за уште една година и тандемот Тери- Кејхил останува прв избор за оваа сезона. Зума може да добие минутажа за карлинг купот или евентуално во ФА купот. И со тоа задната четворка изгледа бааѓи избалансирано и со можност за ротација во тешки сценарија.
Последните изјави на Чех велат дека е остане во тимот и ќе се бори со младиот Куртоа за голманската позиција, со тоа Шварцер паѓа како трета опција за на голот.
Поради конкурентноста очекувам прилично двата голмани да покажат стабилна игра и да нема киксови.
Фабрегас –Матиќ дуото ќе ја држат средината а напаѓачката четворка ќе ја содржат Вилијан-Оскар-Хазард и Д. Коста како најистурен во нападот.
Според анализите на фановите најмногу се очекува оваа година од : Хазард, Цеск, Коста како главни играчи. Јас сакам да ги додадам и Шурле и Оскар и Вилијан како главни играчи од заднина кој можат да го водат Челзи.
Бидејќи Мурињо практикува 4-3-3 формација( ја практикуваше првиот пат во челзи, и е проверена во ЕПЛ и во реал) или пак 4-2-3-1 зависи која ќе вроди со поголем плод во втората полусезона.
Челзи има квантитет со најновите засилувања ама дали ќе има квалитет ќе покажи времето
Коста ќе биде главен напаѓач, останати се Торес кој е во очајна форма и има веќе неколку години страшен пад во играта да не речам епик феил од играч, младиот темпераментен Лукаку и веќе стариот ветеран Дрогба кој е веќе на залезот на кариерата. Играњето на Лукаку е под знак прашалник поради евентуалниот трансфер во друг клуб, буквално истата проблеатика може да се јави и како предходната сезона, немање на доволно квалитетен напаѓач и негова квалитетна замена. Евентуално ако Д. Коста да флопни( а флопнувале и поголеми имиња од него во овој тим)
Челзи треба да се крсти во играч кој е на залез до кариера и играч кој тоне се подлабоко и подлабоко ( се разбира ако Лукаку направи трансфер, ама и во тој случај нема никаква гарантирана замена)
Најлошо Сценарио :
Челзи да заврши со неискусниот зума во одбраната и истиот проблем на немање креативност и сила во нозете на крајот од сезоната, едноставно може да се случи да имаат проблем со давање на голови и со послаби екипи и да гледаме резулат со 1-0 или 0-0 што во ваква состојба на јака Лига тоа би било фатално.
Притисокот е веќе насочен кон цела екипа и уште од сега треба да се спремаат за покажување на резултати .
Прогноза :
Челзи има капацитет за освојување на ЕПЛ па и двојна титула само ако покажат константост и да бидат триумфални во дуелите со екипите во топ 5, треба да бидат перфектни за работата им биде полесна на крајот од сезоната.
Челзи има стабилна одбрана, и цврст среден ред. Можат борбено и физички да добијаат голем дел од важните натпревари во лигата, и со фудбалската брилијантост на играчите како Хазард, Коста итн. Да бидат главни фаворити за освојување.
Најлош резултат би бил 0 титули и некаде заглавени во топ 5 за на крајот да се борат за квалификации за ЛШ.

Chelsea FC