Анализи, статистики и предвидувања за тимовите во Barclays Premier League (На тапет: Челзи)

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Тематиката е слична како и музичко име на ТАПЕТ што се наоѓа во подфорумот музика.

Целта на темата е да се напише анализа за некој тим кој е фаворит за титулата (на пример како понудените тимови од анкетата) и да се напише што поопширна анализа, очекувања тактика , трансферите и кој каде ќе игра итн. Потоа со дискусија ќе се дообразложат ставовите.

Тимовите ќе бидат на “тапет “ една недела и таман уште на почетокот од сезоната да бидиме завршени со анализирањето и да се набилдаме со еуфорија таман за престојната сезона.

Ќе се дискутира само за домашните натпреварувања, сметам дека дискусија поврзана со Лигата на шампионите заслужува сосема различна тема

За да пишувате анализи договорете се со модераторот ( во овој случај со @Peja989)

Мислам јасно е на шо се мисли па еве јас како прв ќе го скршам мразот

Chelsea FC

Челзи како екипа која пополека ја привршува транзицијата со играчите кој освои послениот шампионат, со старо-нови лица во тимот кој е прилично освежен и моментално излгеда како да ги пополнал дупките со новите играчи како коста и фабрегас кој се главните засилувања ова лето и кој треба да ја водат средината односно нападот кој нов трофеј кој се очекува од Роман а тоа мора да го обезбеди Мурињо кој оваа година има прилично голема слобода во изборот на трансферите.

Заминувањето на Луиз се надополна со носењето на младиот перспективен штопер Зума кој е прогласен од медиумите и фудбалските експерти за страшен талент кој има потенцијал за класа штопер и водач во екипата, реално сум скептик пошо во него гледам играч од рангот на Сако кој не е баш играч за големи клубови, многу пати ме демантирале со нивната игра али ќе ми биде мило ако ме демнатира Зума

Со заминувањето на Е. Кол челзи го ангажираше Фелипе Луиз и со тоа ја обезбеди левата бековска позиција, Фелипе е одличен во одбраната, прилично стабилен и борбен, има да ораат по теренот со рамиреш и Д. Коста, Азпиликуета се враќа на десната бековска позиција и ќе се ротира со Бане Ивановиќ кој може да игра централно. Тери го продолжи договорот за уште една година и тандемот Тери- Кејхил останува прв избор за оваа сезона. Зума може да добие минутажа за карлинг купот или евентуално во ФА купот. И со тоа задната четворка изгледа бааѓи избалансирано и со можност за ротација во тешки сценарија.

Последните изјави на Чех велат дека е остане во тимот и ќе се бори со младиот Куртоа за голманската позиција, со тоа Шварцер паѓа како трета опција за на голот.

Поради конкурентноста очекувам прилично двата голмани да покажат стабилна игра и да нема киксови.

Фабрегас –Матиќ дуото ќе ја држат средината а напаѓачката четворка ќе ја содржат Вилијан-Оскар-Хазард и Д. Коста како најистурен во нападот.

Според анализите на фановите најмногу се очекува оваа година од : Хазард, Цеск, Коста како главни играчи. Јас сакам да ги додадам и Шурле и Оскар и Вилијан како главни играчи од заднина кој можат да го водат Челзи.

Бидејќи Мурињо практикува 4-3-3 формација( ја практикуваше првиот пат во челзи, и е проверена во ЕПЛ и во реал) или пак 4-2-3-1 зависи која ќе вроди со поголем плод во втората полусезона.




Челзи има квантитет со најновите засилувања ама дали ќе има квалитет ќе покажи времето

Коста ќе биде главен напаѓач, останати се Торес кој е во очајна форма и има веќе неколку години страшен пад во играта да не речам епик феил од играч, младиот темпераментен Лукаку и веќе стариот ветеран Дрогба кој е веќе на залезот на кариерата. Играњето на Лукаку е под знак прашалник поради евентуалниот трансфер во друг клуб, буквално истата проблеатика може да се јави и како предходната сезона, немање на доволно квалитетен напаѓач и негова квалитетна замена. Евентуално ако Д. Коста да флопни( а флопнувале и поголеми имиња од него во овој тим)

Челзи треба да се крсти во играч кој е на залез до кариера и играч кој тоне се подлабоко и подлабоко ( се разбира ако Лукаку направи трансфер, ама и во тој случај нема никаква гарантирана замена)

Најлошо Сценарио :

Челзи да заврши со неискусниот зума во одбраната и истиот проблем на немање креативност и сила во нозете на крајот од сезоната, едноставно може да се случи да имаат проблем со давање на голови и со послаби екипи и да гледаме резулат со 1-0 или 0-0 што во ваква состојба на јака Лига тоа би било фатално.

Притисокот е веќе насочен кон цела екипа и уште од сега треба да се спремаат за покажување на резултати .

Прогноза :

Челзи има капацитет за освојување на ЕПЛ па и двојна титула само ако покажат константост и да бидат триумфални во дуелите со екипите во топ 5, треба да бидат перфектни за работата им биде полесна на крајот од сезоната.

Челзи има стабилна одбрана, и цврст среден ред. Можат борбено и физички да добијаат голем дел од важните натпревари во лигата, и со фудбалската брилијантост на играчите како Хазард, Коста итн. Да бидат главни фаворити за освојување.

Најлош резултат би бил 0 титули и некаде заглавени во топ 5 за на крајот да се борат за квалификации за ЛШ.
 
H

HoT IcE

Гостин
Челзи за разлика од лани сезонава има избалансирана екипа и едно нешто што го немавме претходно, стабилност. Оваа сезона е круцијална за новата ера во Челзи под Мурињо и како ќе се работи во иднина. Челзи минатите сезони немаше стабилност додека клубот еволвираше и се развиваше како бренд и општо клуб на сметка на трофеи, се смени политиката за трансфери, се смени политиката за млади играчи и верувам дека под Мурињо ќе биде најдобро да се продолжи со истото темпо и менување на општата политика на Челзи.
Летово беше од огромна важност за следните години затоа што летово се брусеше дијамантот на Челзи кој беше создаден минатата сезона и претходна со купување на извонредни техничари како Оскар, Хазард и Вилиан. Челзи летово се брусеше многу добро на хартија, како ќе сјае и изгледа во ПЛ сезонава допрва следи да видиме, но еве јас како гледам на траснферите досега.
Челзи одигра многу паметно и не преплати ниту еден играч, дури ни Луиз за кого мислив дека е преплатен додека не прочитав статија од веродостојни извори за неговиот трансфер. Коста би требало да биде големо освежување и засилување во нападот доколку не излезе флоп и продолжи да биде финишира и игра како во Атлетико. Судејќи според неговото прикажано против Олимпија така и ќе биде со тоа што погоди на своето деби и одигра одличен меч. Лукаку го сметам за енигма, премногу зборува и галами за негови години и искуство, факт е дека Челзи не му пружи шанса да биде предводник во сезоните кога беше тука, ама кога и да добиеше шанса пак од друга страна се губеше на терен и воопшто не импресионираше, како да се губеше под притисок. Сезонава ќе биде круцијална и за него и неговата романса во Челзи, што вика Хамлет шекспиров сезонава е to be or not to be за него, и мислам дека е редно да покаже мадиња и да се бори за свое место наместо да се жали по новинари како Челзи му носел јака конкуренција, лол. :D Кралот е вратен и ќе биде многу битен особено во мечеви против Ар$enal:P плус како мотивација и ментор за Лукаку и Коста. Торес ќе си остане Торес, и така.
Средниот ред мислам дека е еден од најдобрите што ги имал Челзи после оној со Балак, Есиен и Лампард кога Челзи везеше на терен. Матиќ и Фабрегас ќе бидат ептен избалансирано и добро дуо на средина додека нападот и крилата ќе швикаат со Хазард и Вилиан и Курле на лажна деветка у инат душманима. Оскар истотака ќе биде многу битен затоа што ќе игра на 10ка а таму пружа феноменални партии, и сметам дека најголемиот квалитет и адут на Челзи е баш овој извонреден среден ред со офанзивни играчи како Хазард и Вилиан.
Одбраната од друга страна спроед мене е најслабата алка у Челзи моментално, и сметам дека е многу неизбалансирана, од проста причина што според мене Тери и Кехил немаат добри замени во Зума и Кристенсен затоа што се работи за многу млади играчи без искуство а со огромен потенцијал. Ова не би било проблем да сме Арсенал:P, ама пошто сме Челзи и пичиме на три фронта за прво место ова може да излезе голем проблем у централна одбрана ако се повреди еден од Тери/Кехил. Додека бековите се одлично покриени со Ивановиќ, Азпиликуета и Луиз, на овие може да се додаде и Аке кој комотно може да изигра 100 пати подобро од Бертран коуј досега не покажа ништо друго освен просек на таа позиција.
Голманите што да ги коментирам, двајца од топ 5 голмани у Европа имаме, шта речи.

Моја прогноза е дека Челзи ќе биде шампион.
Лоша прогноза е дека Челзи ќе освои само ПЛ.



:D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.290
Моја прогноза за премиер лигата е дека нема да ја освојат ама би требало без проблеми да завршат во топ4.
Во куповиве се бива ама ваљда нема ни нив да ги освојат.
Очекувам најдобар играч да им биде Хазард а најголемо засилување да испадне Фабрегас.

Over/under број на поени 76.5
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
шурле треба да добие предност пред вилиан.

оваа сезона челси треба да се бори за титулата се до последното коло, бидејќи ван гал е инаетливо магаре. овде очекувам и сити да прави проблеми.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Куртоа/Чех/Шварцер
Азпиликуета/Иванович - Кејхил/Кристенсен - Тери/Зума - Луис/Аке
Матич/Микел/Ромеу - Фабрегас/Рамирес/Ван Гинкел
Вилиан/Салах - Оскар - Хазард/Шурле
Коста/Лукаку/Дрогба/Торес
Не знам што повеќе би кажал...
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
@Донев проблемот со лукаку не е потребата од менторство, изигра цела сезона во евертон, стандарден првотимец во белгија, играше и на светското ама ориги му го зема местото шо и тој не ми е некој квалитетен играч
има многу сличности со Дрогба ама Дрогба се напрај играч на крајот од каирерата во челзи, си прогресираше и се подобар и подобар беше како шо влегуваше во таа фудбалска старост.
не треба да кенка за конкуренција пошо пак ќе речам, да се стегни малку психички може да биде втор напаѓач во челзи пошо конкуренција му се Торес и Стариот Дрогба.
народски кажано "нема месен обесен" мора малку да се испоти за да си го добие местото во тимот.
во случај на повреда на Фелипе, може одново да се прекомандува азпи за лев, ама нападот од таа страна ќе биде значително послаб пошо азпи е не ефективен со лева нога и со тоа се кочи играта по лево крило.
 
Последно уредено:
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Куртоа/Чех/Шварцер
Азпиликуета/Иванович - Кејхил/Кристенсен - Тери/Зума - Луис/Аке
Матич/Микел/Ромеу - Фабрегас/Рамирес/Ван Гинкел
Вилиан/Салах - Оскар - Хазард/Шурле
Коста/Лукаку/Дрогба/Торес
Не знам што повеќе би кажал...
:eek: Што е со одбранава? Не планираат никого друг да земаат? Ако останат само на овие црно им се пишува.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.290
Куртоа/Чех/Шварцер
Азпиликуета/Иванович - Кејхил/Кристенсен - Тери/Зума - Луис/Аке
Матич/Микел/Ромеу - Фабрегас/Рамирес/Ван Гинкел
Вилиан/Салах - Оскар - Хазард/Шурле
Коста/Лукаку/Дрогба/Торес
Не знам што повеќе би кажал...
Па например анализа, објаснување, предвидување и сл. пошто тимовите ги знаеме сите :icon_mrgr:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.551
Поени од реакции
52.343
Него сакав да пишам, иако темава е добра идеја, сепак мислам дека не е потребна. Ова е уствари тоа што сите си го пишуваме во фан клуб, или па ако сака некој друг да пише, се дискутира во ПЛ.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Него сакав да пишам, иако темава е добра идеја, сепак мислам дека не е потребна. Ова е уствари тоа што сите си го пишуваме во фан клуб, или па ако сака некој друг да пише, се дискутира во ПЛ.
темава е само загревање за сезоната што следи, ништо повеќе.
во премиер лигата темата и фан клубовите се пишува се, од анализи до незнам шо, хумор заебанции видеа, генрална дискусија што ќе биди во текот на цела сезона, целта на темава е да се соберат постовите од главните конкуренти и да се проанализира се што се има случено од крајот на минатата сезона па се до почетоков на оваа(заклучно со крајот на трансфер рокот). постои дилема дали да има ваква тема ама сепак поарно нека стои и така има простор за квалитетна дискусија :)
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.312
Куртоа/Чех/Шварцер
Азпиликуета/Иванович - Кејхил/Кристенсен - Тери/Зума - Луис/Аке
Матич/Микел/Ромеу - Фабрегас/Рамирес/Ван Гинкел
Вилиан/Салах - Оскар - Хазард/Шурле
Коста/Лукаку/Дрогба/Торес
Не знам што повеќе би кажал...
Оскар без конкуренција :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom