Анализа на репрезентации - Светско Првенство 2014

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.555
Поени од реакции
52.347
БРАЗИЛ


Бразил се најуспешната екипа во историјата на СП, единствената екипа која учествувала на сите СП до сега, и домаќинот на овогодинешното Светско Првенство. Бразил е еден од најголемите фаворити за освојување на првенството. Тие ќе се борат за да ја освојат својата шеста титула. Ова е втор пат Бразил да е домаќинот на Светско Првенство. Претходниот пат беа домаќини во 1950 година кога успеаа да стигнат до финалето каде што изгубија од Уругвај со 2-1. Играњето пред своја публика е од големо значење за Бразилците и несомнено ќе им биде голема мотивација за повторно да се вратат на врвот и да го освојат ова Светско Првенство. На чело со Сколари, тимот на Бразил покажува дека има доволно квалитет за да се спротистави на секој.
На минатогодишниот Куп на Конфедерации, овој тим на Бразил на доста импресивен начин стигна до титулата, со победа над моменталниот Европски и Светски шампион, екипата на Шпанија, откако претходно успеа да ги порази Јапонија, Мексико, Италија и Уругвај. Со ова испратија цврста порака дека се решени да се покажат пред својата нација и да се борат до крај на ова СП. Досега ниту еден тим кој го освоил Купот на Конфедерации, не успеал да го освои и Светското Првенство.
Екипата на Бразил е во одлична форма со седум победи во низа, и 13 победи на последните 14 одиграни натпревари.


Селектор
Луиз Фелипе Сколари - човекот со кој Бразил ја освои својата последна титула на СП во 2002 година кога славеше со победа над Германија. Потоа ја превзема селекторската позиција на Португалија која ја водеше на Еврпоските Првенства во 2004 и 2008 и Светско Првенство 2006 по што се врати на менаџирање клубови, по што на крајот на 2012 се врати на селекторската позиција на екипата на Бразил. Тој наследи тим кој се мачеше да постигне некаков поголем успех, со доста нови, млади и неискусни играчи. Но, успеа да изгради тим кој може да ја врати старата слава на Бразил и се соочува со можеби најголемиот предизвик, освојување на СП пред домашната публика.

Тимот

Голмани
Julio Cesar - има 78 настапи за репрезентацијата на Бразил и е прв избор за голманската позиција. Сезоната ја помина во Торонто, на позајмица од КПР.
Jefferson - има 9 настапи за репрезентацијата на Бразил и игра за тимот на Ботафого.
Victor - има 6 настапи за репрезентацијата на Бразил и игра за тимот на Атлетико Минеиро.

Одбрана
Marcelo - има 29 настапи за репрезентацијата на Бразил и 4 постигнати голови. Игра како лев бек за Реал Мадрид со кој неодамна ја освои десетата титула за клубот во ЛШ.
Daniel Alves - има 72 настапи за репрезентацијата на Бразил и 5 постигнати голови. Игра како десен бек за Барселона, но се шпекулира дека е можно да го напушти клубот ова лето.
Maicon - има 70 настапи за репрезентацијата на Бразил и 7 постигнати голови. Искусниот десен бек игра за Рома во италијанската Сериа А каде се врати после неуспешниот трансфер во Манчестер Сити.
Maxwell - има 7 настапи за репрезентацијата на Бразил. Игра како лев бек за францускиот шампион ПСЖ.
Thiago Silva - има 45 настапи за репрезентацијата на Бразил и 2 постигнати голови. Тој е капитенот на репрезентацијата како и на ПСЖ.
David Luiz - има 34 настапи за репрезентацијата на Бразил. Дефанзивецот неодамна го договори својот трансфер во ПСЖ откако помина три ипол години во дресот на Челзи.
Dante - има 11 настапи за репрезентацијата на Бразил и 2 постигнати голови. Игра за шампионот на Германија, Баерн Минхен.
Henrique - има 4 настапи за репрезентацијата на Бразил. Тој игра за тимот на Наполи во Италија.

Средина
Paulinho - има 25 настапи за репрезентацијата на Бразил и 5 постигнати голови. Имаше добра сезона во дресот на Тотенхем во ПЛ.
Ramires - има 41 настап за репрезентацијата на Бразил и 4 постигнати голови. Игра за Челзи во Англија веќе четири сезони.
Willian - има 5 настапи за репрезентацијата на Бразил и 1 постигнат гол. После добрата сезона во Челзи, го заслужи својот повик за СП.
Oscar - има 29 настапи за репрезентацијата на Бразил и 9 постигнати голови. Младиот креативец веќе две сезони игра во Англија за тимот на Челзи.
Hernanes - има 23 настапи за репрезентацијата на Бразил и 2 постигнати голови. Игра за Интер во Италија.
Luiz Gustavo - има 17 настапи за репрезентацијата на Бразил и 1 постигнат гол. Игра за Волфсбург каде што премина од Баерн Минхен минатото лето.
Fernandinho - има 6 настапи за репрезентацијата на Бразил и 1 постигнат гол. Сезоната ја помина играјќи за Манчестер Сити со кој ја освои Премиер Лигата.

Напад
Bernard - има 10 настапи за репрезентацијата на Бразил и 1 постигнат гол. Минатото лето прејде во тимот на Шахтар каде што ја освои лигата во Украина.
Neymar - има 47 настапи за репрезентацијата на Бразил и 30 постигнати голови. Тој е ѕвездата на оваа репрезентација и игра во Барселона.
Fred - има 31 настап за репрезентацијата на Бразил и 16 постигнати голови. Игра во Бразил за тимот на Флуминенсе.
Jo - има 15 настапи за репрезентацијата на Бразил и 5 постигнати голови. Тој игра за тимот на Атлетико Минеиро.
Hulk - има 33 настапи за репрезентацијата на Бразил и 8 постигнати голови. Игра за екипата на Зенит во Русија.

Голманската позиција му е загарантирана на искусниот Цезар и Сколари нема да има некаква дилема за тоа кој ќе го брани голот. Во одбраната има доста добри и искусни играчи на кои може да смета. Се очекува Дани Алвес и Марсело да ги завземат десната и левата бековска позиција, а новиот тандем на ПСЖ, Тиаго Силва и Давид Луиз да ги пополнат централните позиции во одбраната. Алвес и Марсело се доста офанзивни бекови, па ќе имаат голем придонес и во нападот на Бразил со тоа што постојано ќе притискаат и на противничката половина. Исто така и Луиз и Силва се технички потковани играчи кои претставуваат опасност при прекини во противничкиот шеснаесетник, па така целата одбрана на Бразил и покрај главната цел, одбрана на својот гол, може да направи проблеми и на другата страна на теренот. Во средината исто така има добар избор на квалитетни играчи како Паулињо, Луиз Густаво и Рамирес. Би требало Паулињо и Луиз Густаво да се првиот избор, но Сколари може да ротира, вклучувајки ги Рамирес, Фернандињо и Хернанес во тимот. Сколари повика доста ДМ играчи, па се очекува да ја постави играта така што ќе има голема стабилност во одбраната со тоа што ќе има голема поддршка од везњаците. Од Оскар се очекува да е главниот креативец на тимот. Покажува одлични игри за репрезентацијата, и иако последната полусезона во Челзи не беше во форма, а на крајот го мачеа и повреди, ќе биде целосно спремен за СП. Пограј асистенциите, во секое време знае да изненади и со некој гол од далечина. Нејмар и Хулк би давале поддршка од крилните позиции за да ја комплетираат тројката зад напаѓачот Фред. Од Нејмар се очекува целата Бразилска магија која го прави еден од најдобрите млади играчи. Тука е и Хулк со својата експлозивност по крило и разорниот шут. Фред лани покажа дека може од него да се очекуваат доста голови. Постигна 5 голови на Купот на Конфедерации и го делеше првото место со Торес.

Формациски тимот би требало да изгледа вака:

Цезар
Алвес - Силва - Луиз - Марсело
Паулињо - Густаво
Хулк - Оскар - Нејмар
Фред

Играч од кој најмногу се очекува

Нејмар е ѕвездата во тимот на Бразил и од него ќе се очекува да го води тимот до трофејот ова лето. На 47 натпревари за репрезентацијата има постигнато 30 голови што е добар показател за неговиот талент. Блесна на Купот на Конфедерации минатото лето постигнувајќи 4 голови на 5 натпревари. Беше прогласен за најдобар играч на турнирот. Потпиша за Барселона каде што изигра добра сезона, постигнувајќи 14 голови и 11 асистенции. Може да се каже дека ќе биде разочарување доколку не блесне во дресот на Бразил и на крајот не конкурира за најдобар играч на СП.

Натпревари

Бразил како домаќин на ова Светско Првенство игра во групата А заедно со репрезентациите на Хрватска, Камерун и Мексико. Турнирот ќе го отворат со натпреварот против Хрватска на 12ти јуни.

brazil.png

Историја на СП
Како што веќе напоменав, Бразил е единствената екипа која има учествувано на сите Светски Првенства до сега. Тие се и најтрофејниот тим во овa натпреварување со освоени 5 титули во 1958, 1962, 1970, 1994 и 2002. Два пати изгубиле во финалето, 1950 и 1998 година, два пати биле трети во 1938 и 1978 година, и во 1974 година завршиле како четврти.

Очекувања
Секако, од Бразил се очекува да го освои ова Светско Првенство и да го направи тоа што не успеале да го направат во 1950 година, да станат шампиони на домашен терен, пред својата публика. Сепак, ова нема да биде лесна задача поради тоа што има доста силна конкуренција за освојување на трофејот. Во секој случај, нема дилема дека оваа репрезентација има реални шанси за успех. Дали поддршката од својата нација на домашен терен ќе ги мотивира и ќе ги однесе до голем успех на ова Светско Првенство или пак големите очекувања ќе се покажат како преголем притисок за тимот на Бразил, останува да видиме.

 
R

Rigel Kent

Гостин
И Р А Н
Untitled.png

140px-Football_Federation_Of_Islamic_Republic_of_Iran_logo.png
Информации:
Позначаен успех: пласман на СП 1978 , 1998 , 2006 , 2014
Азиски Куп освоен 1968 , 1972 , 1978.
Најдобар стрелец: Ali Daei (109)
Играч со најмногу настапи: Ali Daei (149)
Селектор: Carlos Queiroz
Капитен: Javad Nekounam
ФИФА ранкинг: 37
Азија ранкинг: 1


Патот до Светското првенство во Бразил

Репрезентацијата на Иран ги започна квалификациите за пласман на Светското Првенство од второ коло поради добриот рејтинг . Во тоа коло се одигра двомеч со една од нискорангираните репрезентации кои го поминаа првото коло , екипата на Малдиви. Со вкупен резултат и победа од 5:0 се пласира во третата фаза од квалификациите за СП . Во групата беше со екипите на Катар , Бахреин и Индонезија. Групата ја заврши на прво место (3 победи ,3 нерешени,0 порази). Во четвртата фаза беше во група со Јужна Кореја , Узбекистан , Катар и Либан . Групата ја заврши на прво место (5 победи , 1 нерешено , 2 порази) . Со резултатите постигнати во овој период на квалификации репрезентацијата на Иран се искачи на 37 место на листата на ФИФА и 1 место во Азија.

Тактики и очекувани формации

Карлос Квеирош ја презеде репрезентацијата на Иран во 2011 година и оттогаш тој го започна квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Бразил , главна преокупација беше да ги пронајде сите оние таленти кои имаат иранско потекло а со тоа да оформи една респектабилна селелекција, но ги задржа најдобрите играчи од иранското првенство првенствено од Персеполис и Естеглал. Квеирош донесе дисциплина во тимот на Иран а и соодветно ја оформи репрезентацијата со главен столб во играчите Nekounam , Dejagah , Montazeri и Heydari со што се доби една цврста репрезентација успешно ги заврши квалификациите, успеа двапати да ја порази екипата на Јужна Кореја во квалификациите и ги заврши на прво место во својата група. Квеирош игра со еден напаѓач Reza GHOOCHANNEJAD(Charlton Athletic ), но со збиен среден ред и капитенот Nekouman кој е главен играч во средината на теренот , најдобар стрелец и заедно со Dejagah (Fulham) (кој има германско државјанство по потекло Иранец после долги убедувања се согласи да игра за иранскиот тим и брзо стана миленик на навивачите ) претставуваат главни играчи на средината на теренот.

Можен прв состав на Иран

FORMACIJA IRAN.png

Анализа на составот на Иран :

Голмани:
Rahman AHMADI(Sepahan) , Daniel DAVARI (Grasshoppers) ,Alireza HAGHIGHI(Sporting da Covilhã).

Чуварот на мрежата на Sepahan клуб од иранското првенство, Rahman AHMADI ќе биде прв избор на Квеирош на голманската позиција , додека достојна замена ќе биде помладиот Daniel Davari кој настапуваше за екипата на Eintracht Braunschweig а неодамна потпиша за GrasshoppersZurich. Третиот голман е Alireza HAGHIGHI (Sporting da Covilhã).


Одбрана:
Steven BEITASHOUR(Vancouver Whitecaps) , Jalal HOSSEINI(Persepolis) , Mohammadreza KHANZADEH(Zob Ahan) , Hossein MAHINI(Persepolis) , Pejman MONTAZERI(Um Salal) , AmirHossein SADEGHI(Esteghlal).

Иран во квалификациите за светското првенство покажа стабилност во одбраната при што најважни играчи се Jalal HOSSEINI е столб на одбраната и AmirHossein SADEGHI кој е опасен кон противничкиот гол посебно од корнери и знае да направи пробив на противничка половина при контри , двајцата се од иранските екипи Персеполис и Естеглал а Pejman MONTAZERI настапува во екипата на Ум Салал од Катар игра како одбранбен и играч од средината на теренот, тој ќе треба да одигра улога во рано спречување на опасноста пред својот гол. Воиграноста на одбраната треба да биде една од најважните карактеристики на настапот на Иран на ова првенство.


Среден ред:
Ahmad ALE NEMEH (Naft Tehran) , Hashim BEIGZADEH (Esteghlal) , Ashkan DEJAGAH(Fulham) , Ghassim HADDADIFAR (Zob Ahan) , Reza HAGHIGHI (Persepolis) , Ehsan HAJSAFY (Sepahan) , Khosrow HEYDARI (Esteghlal) , AliReza JAHANBAKHSH(N.E.C. Nijmegen) , Javad NEKOUNAM (Al Kuwait club) , Mehrdad POOLADI(Persepolis) , Bakhtiyar RAHMANI (Foolad Kuzestan), Masoud SHOJAEI(Las Palmas (ESP) , Andranik TEYMOURIAN(Esteghlal)

Главни играчи во средниот ред на Иран се NEKOUNAM кој е капитен и најдобар стрелец за Иран во квалификациите , DEJAGAH, тој имаше добра сезона во екипата на Фулам (избран како најдобар играч за сезоната од навивачите) но Фулам испадна од Премиер Лига , тој има добра координација, чувство за пас и креативност , треба да придонесе за што подобар пласман на екипата на Иран . Потоа доаѓа триото од Естеглал HEYDARI тој беше дел од тимот Melli за квалификациите на СП 2014 и одигра важна улога, неговите продори од десната страна се заштитен знак на неговата игра, BEIGZADEH кој е корисен играч со чувство за шут и TEYMOURIAN кој има значително искуство во сите ирански младински селекции еден од неколкуте добри играчи во настапот на Иран на Светското првенство 2006 во Германија . HAJSAFY е талентиран играч кој игра на левата бековска позиција и се смета за еден од подобрите играчи во иранското првенство последните сезони. SHOJAEI настапува за екипата на Лас Палмас во втора шпанска лига , се врати по потешка повреда и отсуство две сезони , тојима чувство за контрола и одржување темпо и важен играч во пробивање на противничките одбрани. Сите овие дадоа особен придонес за успесите на Иран и се важни играчи во спроведување на стратегијата на Квеирош за цврст среден ред .

Напад:
Karim ANSARIFARD(Tractorsazi) , Reza GHOOCHANNEJAD(Charlton Athletic).

Нападот на Иран го сочинуваат Karim ANSARIFARD и Reza GHOOCHANNEJAD при што GHOOCHANNEJAD има загарантиран првотимски статус во екипата на Иран и прв избор на напаѓач во екипата. Квеирош одлучи да не го повика искусниот Ali KARIMI туку шансата ја даде на помладиот GHOOCHANNEJAD кој има холандско државјанство , по потекло Иранец , настапува за екипата на Charlton Athletic а како младинец имаше настапи за младинската холандска репрезентација. Главно изненадување беше тоа што Квеирош не го стави во составот талентираниот Sardar Azmoun играчот на Рубин Казан кој се смета за најталентиран млад ирански фудбалер како што го нарекуваат “иранскиот Меси “, но Квеирош се потпри на поискусните играчи.

Официјален дрес и официјална песна на Тим Мели

oficijalni dresovi.png


Натпревари во групата:

16 Јуни, понеделник, 21:00 Иран - Нигерија
21 Јуни, сабота 18:00 Аргентина - Иран
25 Јуни среда, 18:00 Босна и Херцеговина – Иран
raspored.png

Ждребката за групите беше релативно добра за Иран , во групата има еден изразен фаворит Аргентина , потоа квалитетната екипа на Босна и Херцеговина и репрезентацијата на Нигерија. Иран својата шанса за пласман во вториот круг што би било историски успех ќе ја бара против Нигерија и Босна и Херцеговина . Посебно е важен првиот меч со Нигерија кој треба да даде појасна слика за шансите на Иран во понатамошните натпревари во групата. Во подготвителниот период Иран имаше нерешени натпревари со Белорусија , Црна Гора и Ангола . Пласман во осминафиналето би бил успех кој го очекуваат навивачите на Иран според анкетите направени пред почетокот на првенството.​
 
Последно уредено од модератор:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
A Л Ж И Р


Репрезентацијата на Алжир е основана во 1963та година.
Нејзин капитен е Маџид Бугера.
Највеќе настапи има Лакдар Белуми (101)
додека прв стрелец е Абделхафид Тасфаут со 35 постигнати погодици.
Селектор на репрезентацијата е босанскиот стручњак Вахид Халилхоџиќ.

Историја на Светските првенства.
Репрезентацијата на Алжир досега се има појавено на 3 Светски првенства, 1982, 1986 и 2010 и досега ниту еднаш ја нема поминато групната фаза.

Патот до Бразил:
Алжир се најде во квалификациска група со Руанда, Бенин и Мали.
Заврши убедливо на првото место со 5 победи и 1 пораз.

1. Алжир - 15
2. Мали - 8
3. Бенин - 8
4. Руанда - 2

Во последниот квалификациски круг во баражот ја доби селекцијата на Буркина Фасо. Во првиот натпревар во Буркина загубија со резултат од 3-2 но на реваншот на домашен терен со победа од 1-0 успеаја да се квалификуваат на завршницата на Мундијалот.

Групата Х на Мундијалот.
Репрезентацијата на Алжир се најде во група со Русија, Белгија и Јужа Кореја.
Својот прв натпревар ќе го одигра на 17 Јуни против Белгија во Бело Хоризонте, 4 дена подоцна на 22 Јуни ги очекува натпревар со Јужна Кореја во Порто Алегре и на 26 Јуни во 3то коло ќе се сретне со Русија во Коритиба.

Очекувања:
Алжирците се свесни дека најголем успех на ова Светско првенство ќе биде да се помине групната фаза, иако се наоѓаат во прилично тешка група оваа млада селекција на Халилхоџиќ ќе се обиде да направи изненадување и да се пласира во нокаут фазата.

Играчи на кои треба да се внимава:
Фази Гулам, левиот бек на Наполи имаше добра сезона и се наметна во првата постава на Рафа Бенитез, брз, продорен играч со одличен центаршут.

Софијан Фегули, можеби најпознатиот Алжирски фудбалер моментално, настапува во тимот на Валенсија и е стандарден на десната крилна позиција.

Сафир Таидер и Набил Бенталеб, двајца млади перспективни везни играчи, првиот играше стандардно во Интер првата полусезона но подоцна го загуби своето место. Вториот беше промовиран во првиот тим на Тотенхем сезонава и на неколку натпревари одигра одлично под палката на Тим Шервуд.

Официјален состав од 23 играчи.

Голмани:
Седрик Си Мохамед (Константин)
Мохамед Земамуш (Алжер)
Раиш М`Болхи (ЦСКА Софија)

Одбрана:
Маџид Бугера (Леквија)
Фази Гулам (Наполи)
Есаид Белкалем (Вотфорд)
Рафик Халиш (Академика)
Џамел Мезбах (Парма)
Карл Меџани (Валенсиен)
Ласин Бентаиба (Мајорка)
Аиса Манди (Реим)
Мехди Мостефа (Ајачио)

Средина:
Хасан Јебда (Удинезе)
Мехди Лачен (Гетафе)
Софијан Фегули (Валенсија)
Јашин Брахими (Гранада)
Абделмумене Џабу (Клуб Африка)
Сафир Таидер (Интер)
Набил Бенталеб (Тотенхем)

Напад:
Набил Џилас (Порто)
Ислам Силмани (Спортинг Лисабон)
Ел Арби Судани (Динамо Загреб)
Ријад Махрез (Личестер)

 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.228
Поени од реакции
6.709
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА



Конечно,по два изгубени баражи репрезентацијата на Босна и Херцеговина успеа да стигне до првото големо натпреварување во својата историја. Избраниците на Сафет Сушиќ во група со Грција,Словачка,Литванија,Летонија и Лихтенштајн завршија на првото место на делба со Грција,но поради победата над Грција во Зеница и нерешениот резултат во Пиреја завршија на првото место и се пласираа директно на завршницата. Репрезентацијата на Босна и Херцеговина одигра одлично на овие квалификации,каде што освен ремито на гостувањето во Пиреја и поразот на домашен терен од Словачка на останатите мечеви забележаа победи. Најдобар стрелец во квалификациите беше Един Џеко со 10 постигнати голови,потоа Ибишевиќ со 8 постигнати гола,па Мисимовиќ со 5 итн. Постигнаа вкупно 30 гола,а примија само 6 што ни дава до знаење дека се сосема заслужено на завршницата на светското првенство. Еве ги повиканите фудбалери за Бразил.
Голмани-Asmir Begovic (Stoke City), Jasmin Fejzic (Aalen), Asmir Avdukic (Toronto Raptors).

Одбрана-Emir Spahic (Bayer Leverkusen), Toni Sunjic (Zorya Luhansk), Sead Kolasinac (Schalke), Ognjen Vranjes (Elazigspor), Ermin Bicakcic (Eintracht Braunschweig), Muhamed Besic (Ferencvaros), Mensur Mujdza (Freiburg).

Среден ред-Miralem Pjanic (Roma), Izet Hajrovic (Galatasaray), Haris Medunjanin (Gaziantepspor), Senad Lulic (Lazio), Anel Hadzic (Sturm Graz), Tino-Sven Susic (Hajduk Split), Sejad Salihovic (Hoffenheim), Zvjezdan Misimovic (Guizhou Renhe), Senijad Ibricic (Erciyespor), Avdija Vrsajevic (Hajduk Split).

Напад-Vedad Ibisevic (Stuttgart), Edin Dzeko (Manchester City), Edin Visca (Istanbul Buyuksehir).



Низ квалификациите играа стандардна 4-4-2 формација,можеме по составот да заклучиме дека има одлични индивидуалци на секој дел од теренот. На голманската позиција очекувам сигурен да биде Асмир Беговиќ,еден од подобрите голмани во Премиер лигата. Во одбраната би требало да играат Спахиќ и Бицакциќ на стоперските позиции,лево да игра Лулиќ од Лацио(на кој што природна позиција му е крило,но во квалификациите најчесто играше на левата бековска позиција) а десен бек да биде стандардниот Авдија Врсајевиќ. Во средниот ред конкуренцијата навистина е голема,па може да се случуваат извесни ротации во зависност од натпреварот. Најчеста во квалификациите четворката од средниот ред ја сочинуваа Пјаниќ-Медуњанин-Мисимовиќ-Салиховиќ,но исто така важни алки се и Сенијад Ибричиќ и Изет Хајровиќ. Сепак најголемите ѕвезди мислам дека се во нападот. Џеко и Ибишевиќ се играчи со кој што секој тип на одбрана би имала проблеми. Одлично вкомпонирани,настапуваат во силни лиги и двајцата се одлични стрелци,според мене еден од подобрите тандеми на светското првенсто.

МААНИ

Како што кажав погоре,ова е деби настап на репрезентацијата на Босна и Херцеговина,па една од мааните според мене му е тоа што немаат доволно искуство на големи натпреварувања. Друга маана според мене е немањето на класичен лев,односно десен бек. Секоја чест за Лулиќ и Врсајевиќ,одлично ги изиграа квалификациите,но не е исто да играш против Летонија,Литванија и Лихтенштајн,а друго е против Аргентина,Нигерија и Иран каде што секоја грешка може скапо да те чини. Исто така како маана може да се каже и немањето на трет квалитетен шпиц,секоја чест за Висца,но сепак далеку е од нивото на Ибишевиќ и Џеко,при што во случај на повреда или суспензија на еден од нив Сушиќ ќе мора или да менува формација или да игра со него.

ПРЕДНОСТИ

Предноста ја гледам во мотивираноста. Сигурно дека ќе бидат една од најмотивираните репрезентации да се докажат на ова СП поради сите работи што им се случија во последните 20-тина години,почнувајќи со војната,потоа двата неуспешни баражи,суспензијата од ФИФА/УЕФА,смртта на навивачите по враќањето од Литванија,како и неодамнешните поплави што им се случија. Едноставно мислам дека сето тоа ќе им створи една желба за да изгинат таму и да му донесат бар малце радост на народот. Друга предност ја гледам во компактноста на тимот-заедно играат веќе 5-6 години и мислам дека и со врзани очи знаат да играат меѓу себе. Погоре кажав-напаѓачкиот тандем е еден од поубиствените и очекувам доста голови од нив.

ОЧЕКУВАЊА

Мое очекување е Босна да ја помине групната фаза,очекувам пораз од Аргентина и победа над Нигерија и над Иран(со должна почит кон нив). Реално,групата е таква каде што освен Аргентина која што е една од фаворитите за освојување и на насловот,другите 3 екипи имаат горе-долу изедначени шанси за да поминат понатаму. Мислам дека битката за освојување на 2-то место ќе се игра на натпреварот против Нигерија,додека против Иран очекувам победа,а се понатаму доколку се пласираат ќе биде бонус. Сепак и ова е голем успех за нив,мислам дека тоа што го почна оваа генерација можат да го продолжат и останатите со константни учества на големи натпреварувања.


ТЕРМИНИ

Аргентина-Босна и Херцеговина 16.06 00:00
Нигерија-Босна и Херцеговина 22.06 00:00
Босна и Херцеговина-Иран 25.06 18:00​
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
ИТАЛИЈА



Oснована во: 1898
Познати како: Аѕури
Аспоцијација: Federazione Italiana Gioco Calcio
Селектор: Чезаре Прандели
Капитен: Џанлуиџи Буфон
Највеќе настапи: Џанлуиџи Буфон (139)
Најдобар стрелец: Луиџи Рива (35)
ФИФА ранкинг: 9-ти
Eве ме мене традиционално со Аѕурите. Италијанската репрезентација може да се пофали со 4 освоени светски првенства, и во тоа единствено Бразил е поуспешен со неговите 5 титули светски шампион што е показател дека Италија од секогаш се рангирала во елитата од светскиот фудбал. Oткако Италија одбила да учествува на првото светско првенство во Уругвај во 1930 година, веднаш на наредното светско првенство на кое воедно била и домаќин Италија ја освоила својата прва титула светски првак. По својот перфектен прв настап на светските првенства, четири години подоцна во Франција, Италија успева да ја одбрани титулата. Главни "виновници" за двојната круна се Виторио Поцо како тренер, како и играчкиот кадар составен од легендарните Џузепе Меаца, Луис Монти, Џовани Ферари и тн.

Потоа, по 50 годишна пауза, Италија повторно станала светски шампион, овојпат на мондијалот одржан во Шпанија во 1982 година. Четвртата и последна најсвежа титула светски првак, Италија ја забележа во 2006 година на светското првенство во Германија, победувајќи ја Франција во финалето. Предводена овојпат од неверојатните Фабио Канаваро, Џанлуиџи Буфон, Андреа Пирло, Фабио Гросо, Италија доаѓа до својата четврта шампионска титула.

На последното светско првенство одржано во 2010 во Јужна Африка, Италијанската репрезентација се посрамоти, испаднувајќи уште во навидум лесната група која ја сочинуваа Парагвај, Нов Зеланд и Словачка, кога Италија воедно и го забележува за првпат својот најлош пласман во историјата на светското првенство откако зема учество - испаѓање во најраната, групна фаза на натпревари.


Патот до 2014 FIFA WC


Како што се гледа од приложената слика од групата Б при квалификациските натпревари за светското првенство, Италија проодува лесен пат. Во група со Данска, Чешка, Бугарија, Ерменија и Малта, Аѕурите успеваат да излезат непоразени, воедно забележувајќи 6 победи и 4 нерешени исходи, што е повеќе од доволно за водечка позиција во групата и пласман на СП.

Повикани играчи


Голмани: Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Матиа Перин (Џеноа), Салваторе Сиригу (ПСЖ).

Одбрана: Aндреа Барѕаљи (Јувентус), Леонардо Бонучи (Јувентус), Џорџо Киелини (Јувентус), Игнасио Абате (Милан), Габриел Палета (Парма), Maтиа Де Шиљо (Милан), Матео Дармиан (Торино).

Средина: Даниеле Де Роси (Рома), Марко Верати (ПСЖ), Андреа Пирло (Јувентус), Клаудио Маркисио (Јувентус), Aнтонио Кандрева (Лацио), Тиаго Мота (ПСЖ), Марко Пароло (Парма), Алберто Аквилани (Фиорентина).

Напад: Марио Балотели (Милан), Лоренцо Инсиње (Наполи), Чиро Имобиле (Борусија Дортмунд), Aлесио Черчи (Торино), Антонио Касано (Парма).

Како што може да се забележи од листата, ги нема Џузепе Роси и Рикардо Монтоливо. Секако, најголем хендикеп на Италија е неиграњето на Џузепе Роси. Напаѓачот на Фиорентина, иако играше на пријателскиот натпревар против Република Ирска пред некој ден, сепак, Чезаре Прандели се одлучи да не го повика во Бразил, најверојатно станува збор за недоволно опоравување на Џузепе Роси. На истиот тој натпревар, со повреда се здоби и Монтоливо, играчот кој обично ужива голема минутажа кај Прандели.

На место на овие двајца клучни игачи на Прандели, се очекува да се покажат најдобриот стрелец во Серија А сезонава, Чиро Имобиле кој премина во германска Борусија Дортмунд по одличните настапи во Торино сезонава, како и неговиот соиграч од Торино, Алесио Черчи. Тука секако се и Инсиње, Касано, Аквилани, Кандрева, а шанса добиваат и играчите на Парма: Пaлета и Марко Пароло.

Oдбраната класично најдобрата алка кај Аѕурите како и секогаш. Одличните Буфон, Барѕаљи и Киелини како централни бекови, се очекува да бидат главна алка во успешната кампања на која се надеваат итаљаните.

Во средината, тука се одличните Андреа Пирло и Даниеле Де Роси, поддржани од Клаудио Маркисио и Марко Верати кои исто така имаа одлични сезони во своите клубови годинава. Поддржани од Кандрева, искусните Тиаго Мота и Аквилани, како и новиот Пароло, Чезаре Прандели ќе биде соочен со слатка дилема и околу средината.

Во нападот секако главно име е Балотели. Како што кажав, високи се очекувањата и од Чиро Имобиле, но останува да видиме колку ќе добие доверба младиот напаѓач кај селекторот на италијанската репрезентација. Тука се и ветеранот Касано, како и Инсиње и Черчи кои исто така додаваат повеќе опции во нападот познавајќи ги нивните позиции и способности како играчи.


Клучни играчи:
Џанлуиџи Буфон



Голманот на Јувентус, иако во својата 36та година сепак сеуште е во врвна форма и е еден од најдобрите светски голмани. По одличнта сезона во Јувентус, се очекува Џиџи да биде витален дел од одбраната на Аѕурите поддржуван од соиграчите Барѕаљи и Киелини. Конкурентите на Италија во групата Д располагаат со врвен напад, така да доколку Италија цели кон успех, партиите на Џиџи и неговото присуство се очекува да бидат витални.

Андреа Пирло



Како и во изминативе неколку светски и европски купови, така и овојпат се очекува Андреа да биде предводник на Италија. Плејмејкерот на Јувентус игра како во најдобрите денови, што се очекува да биде голем плус за резултатите за неговата репрезентација. Сите ги знаеме способностите на Пирло, нема потреба што повеќе да се зборува. :)

Марио Балотели



Контроверзниот Супер Марио и овојпат ќе биде предводник на нападот. Сите сме свесни што може Балотели (хинт - Германија на последното европско првенство), така да неговото присуство на теренот ќе биде витално, особено сега при недостатокот на Џузепе Роси. Чезаре засега одлично го контролира Марио кога се во прашање неговите испади, а воедно и го вади максимумот од него. Да се надеваме дека така ќе биде и овојпат.


Натпревари



Предности и слабости на репрезентацијата:

Предности:
  • Одлични голмани
  • Воиграна одбрана
  • Перфектен баланс и многу опции во средината
  • Игра oд прекини
  • Многу опции во нападот кои нудат повеќе можности за промена на тактика и формација
Слабости:
  • Повреди на неколку клучни играчи (пред се Роси и Монтоливо)
  • Неуверливи замени во одбраната, каде недостиг на еден од првотимците може да биде фатален
  • Недостик на крилни бекови

Сума сумарум, Италија иако хендикепирана поради неколкуте повреди, оди на светското со високи стремежи и цели. Се наоѓаат во доста тешка група, меѓутоа желбата за успех, искуството, одбраната и многу други фактори се на страната на Аѕурите. Очигледно улогата на потценета селекција им одговара што се докажа и на европското првенство, така да се може да се очекува од оваа селекција на играчи.

Forza Azzurri!
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
КОСТА РИКА

Историјат на светските првенства
Репрезентацијата на Коста Рика го избори своето 4-то учество на мундијалите во својата историја.
Нивната приказна на светските првенства започна од СП 1990 каде што го имаат изборено најдобриот пласман, односно пласман во најдобрите 16 селекции на мундијалот. Во својот прв настап на мундијалите, Коста Рика ја совлада Шкотска, а во другите мечеви од групата загуби минимално од идниот шампион Бразил, а оствари и втора победа совладувајќи ја Шведска. Во четвртфиналето Чехословачка со 4-1 стави крај на првото учество на Костариканците на едно СП.
За вториот настап на СП почекаа дури 12 години, кога во Јапонија и Јужна Кореја, во првото коло ја совладаа Кина, по што дури и во нашата земја одекна насловот дека државата со 4.5 милиони жители ја покори најбројната нација на светот. Предводени од нивната можеби и најголема фудбалска ѕвезда, Паоло Ванчоп не успеаа да ја минат групата губејќи од идниот шампион Бразил со 5-2 и ремизирајќи 1-1 со Турција, по што завршија трети поради послабата гол разлика од идните бронзени момци од Турција.
Последното нивно учество на мундијалите е во 2006 во Германија каде што ги загубија сите мечеви во групата со Германија, Еквадор и Полска. Германија како фаворит од оваа група заврши на третото место на крајот од светското првенство.

Коста Рика на 10 досегашни мечеви има 3 победи, 1 нерешена и 6 порази со гол разлика 12-21.

Квалификации за СП 2014
Коста Рика немаше поголеми проблеми при обезбедувањето на пласманот на СП во Бразил. Најуеспешната селекција од Средна Америка, во финалната група заврши зад САД, со освоени 18 бода на 10 мечеви. Коста Рика имаше беспрекорен скор од 5 победи на 5 меча пред своите гледачи, но и мака на гостинските мечеви каде освои само 3 од можи 15 бода. Квалификациите ќе останат запаметени и по неправилните услови при кои се играше мечот САД-Коста Рика во кој гостите бараа одложување заради снегот, но сепак мечот се одигра и Коста Рика загуби со 1-0.
Интересно е што 13-те погодоци на Коста Рика беа дело на дури 9 фудбалери. Најдобар стрелец беше Брајан Руиз со 3 погодоци, Келсо Боргес и Алваро Саборио постигнаа по 2, додека Џони Акоста, Рендал Бренес, Диего Калво, Џоел Кемпбел, Рој Милер и Мајкл Умана.

Официјален состав за СП 2014
Голмани: Кејлор Навас (Леванте), Патрик Пембертон (Алахуенсе), Даниел Камбронеро (Хередиано)

Одбрана: Џанкарло Гонзалес (Колумбус), Џони Акоста (Алахуенсе), Мајкл Умана (Саприса), Рој Милер (Њујорк Ред Бул), Жуниор Диаз (Мајнц 05), Кристијан Гамбоа (Роснеборг), Оскар Дуарте (Клуб Бриж), Вејлон Френсис (Колумбус), Хеинер Мора (Саприса)

Средина: Мајкл Барантес (Алесунд), Хозе Мигел Куберо (Хередиано), Јелтсин Техеда (Саприса), Келсо Боргес (АИК), Естебан Гранадос (Хередиано), Кристијан Болањос (Копенхаген)

Напад: Џоел Кемпбел (Панатинаикос), Брајан Руиз (ПСВ), Рендал Бренес (Картагинес), Диего Калво (Валеренга), Марко Урена (Кубан Краснодар)

Селектор: Жорге Луис Пинто

Подготовки за СП 2014

Коста Рика немаше среќа во ждребката за СП, па се најде во групата на смртта, заедно со три репрезентации кои претендираат за највисок пласман. Коста Рика се најде во група со бронзениот Уругвај, Италија која сигурно ќе сака да го поправи впечатокот по фијаското од минатото СП, како и Англија која истотака претендира за највисок пласман. Досега редовно барем еден кој бил во група со Коста Рика освојувал медал, а два пати се случи противник од нивната група да стане и светски шампион. Шансите на Коста Рика да ја мине групата се сведени на минимум. Повеќето очекуваат дека Коста Рика и овој настап на СП ќе го заврши како претходниот, со три порази, но истотака има доста предвидувања дека се способни да им ги замрсат сметките на некои од фаворитите. На клупата ги предводи Колумбискиот селектор Жорге Луис Пинто, на кого ова му е деби на мундијалите, откако претходно на два пати не успеал да ја внесе Колумбија на едно светско првенство. Стратегот на Коста Рика се соочи со големи проблеми при составување на официјалниот тим, затоа што двајцата можеби и најдобри играчи на Коста Рика ќе го пропуштат СП во Бразил. Најдобриот стрелец на Коста Рика во квалификациите, па и најдобриот стрелец од моменталните активни играчи од Коста Рика, Алваро Саборио (32 гола на 93 меча) заработил повреда која го оддалечува од терените на 3-4 месеци. Голем хендикеп е и повредата на левиот бек на Евертон, 24 годишниот Брајан Овиедо кој не успеа да се рехабилитира по скршеницата на ногата заработена во јануари оваа година. Од поширокиот список отпаднаа и дефанзивецот Кендал Вотсон и средњакот Карлос Хернандез.
Само 9 од 23-цата играчи доаѓаат од Костариканското првенство, од кои 3 се од шампионот Саприса.

Во последниве месеци, по завршувањето на квалификациите, Коста Рика одигра 4 пријателски на кои претрпе три порази од Австралија (1-0), Чиле (4-0), Кореја (1-0), а на последниот тест го совладаа Парагвај со 2-1. Утре играат пријателска со Јапонија, а последниот тест им е со Ирска.

Пинто најчесто ја користи тактиката 5-2-3 со 3 централни бекови, лев и десен бек, еден дефанзивен средњак, еден средњак кој најчесто го разигрува напаѓачот, поистурени лево и десно крило и еден шпиц или евентуално 5-4-1.
За на голот на Коста Рика нема дилеми дека Кејлор Навас, првиот голман на Шпанскиот прволигаш Леванте ќе биде првата опција во репрезентацијата. Навас е неприкословен на голот на Коста Рика во последните години, и има 40-тина настапи повеќе од вториот голман Пембертон.

Брајан Овиедо ги предводеше Костариканците на левата бековска позиција во квалификациите, но отпадна од списокот ради повреда. За очекување е негова замена да биде Рој Милер кој веќе е искусен репрезентативец, меѓутоа Пинто најчесто игра со 3 централни дефазивци па затоа Милер повеќе добива улога како трете дефанзивец. Најверојатно младиот Вејлон Френсис ќе ја заземе левата бековска позиција.

Гамбоа е еден од најнадежните играчи на Коста Рика. Младиот десен бек на Росенборг со сигурност ќе биде стартер на десната позиција. Тој е еден од младите играчи на Коста Рика на кои треба да се внимава на овој шампионат.

Од повиканите на списокот дефанзивецот Мајкл Умана има најмногу настапи. Со неговите 81 настапи за репрезентацијата, скоро сигурно е дека тој ќе биде носител на одбраната како во целиот квалификационен циклус. А се очекува партнер во задната линија да му биде Џанкарло Гонзалес. Го имаат и искусниот Диаз, но Гонзалес го одигра целиот квалификационен циклус, така да не би требало да има замени. На последните пријателски мечеви и Акоста добиваше шанса на оваа позиција. Дефанзивната тројка најверојатно би била Умана, Гонзалес и Милер, а доколку Милер игра како лев бек, тогаш некој од Диаз или Акоста би играл како последен дефанзивец.

Јелтсин Техеда најчесто ја добива улогата на дефанзивен средњак и тој е уште еден млад играч кој со само 22 години го носеше товарот на позицијата која ја игра. Колега во средината му е Келсо Боргес, кој повеќе е задолжен за разигрување на соиграчите. Во отсуство на напаѓачот Саборио, улогата на шпиц најверојатно ќе му припадне на членот на Арсенал Џоел Кемпбел, кој имаше одлична сезона на позајмица во Панатинаикос. Кемпбел е вториот играч после Гамбоа на кој треба да му се обрне внимание. Во текот на квалификациите најчесто тој ја добиваше улогата на десно истурено крило во составот... На 31 меч за националната селекција веќе има постигнато 9 голови, што е добар учинок за неговите 21 година.
На крилните позиции шанса ќе добијат Болањос и ѕвездата на тимот, искусниот Брајан Руиз.
Искусниот 30 годишен играч на Копенхаген, Болањос стандардно како и во квалификациите ќе игра како десно истурено крило, додека играчот на Фулам кој е на позајмица во ПСВ, Брајан Руиз ќе игра како лево крило.
Преголеми се очекувањата од Руиз кој има ист број на настапи за селекцијата како и Боргес, и само Умана е играч од моменталниве кој има повеќе настапи од нив двајца. Сепак интересно, во Коста Рика сметаат дека тому тој ќе биде и најголемото разочарување во екипата.
Од Боргес и Руиз се очекува да му креираат шанси на Кемпбел, кој напаѓачот на Коста Рика ќе мора да ги реализира.

Значи сума сумарум се очекува Коста Рика да игра во формација 5-2-3-1 и да истрча во следниот состав:
Навас

Гамбоа Милер Умана Гонзалес Френсис

Техеда Боргес

Болањос Кемпбел Руиз

На вака најавениот почетен состав, просечната возраст им е само 23.45 години.
Инаку просечната возраст на екипата е 27 години, што значи дека се работи за еден млад тим.
На списокот најстар играч е Умана со 31 година, а најмлад Кемпбел со 21 година. Највеќе настапи имаат Умана (81), Боргес и Руиз (61), Диаз (60) и Навас (57). Највеќе голови имаат Боргес (14), Руиз (12), Кемпбел (9) и Бренес (8).

Мои очекувања
Искрено играчиве на Коста Рика и не ми беа којзнае колку познати, затоа и не можам да дадам некоја којзнае колку точна претпоставка :D Ако имам грешки во преводите на имињата, немојте да ми замерувате... Не се толку наивни за да завршат со 0 бодови, така да претпоставувам дека може да земат бод или три бода на некои од фаворитите, а моја претпоставка е дека Англија нема да ја победи Коста Рика. Навивам за Мексико, а Коста Рика и Мексико се ривали, така да и нема многу да ми биде гајле што ќе направат, иако откако подобро ја запознав нивнава репрезентација би ми било мило ако поминат група заедно со Уругвај, нешто што реално е рамно на научна фантастика :D

 
Последно уредено:
P

pepito*

Гостин
Јужниот сосед , а.к.а ПОР Грција, Гејлада, Hell-ass, Егејска Македонија......... *



Веројатно најатрактивната, највозбудлива репрезентација падна во мои раце. Бев брз и прв се заинтересирав за момциве, честа ја имам јас да ви ги претставам. Една од големите фудбалски сили во 21 век, колку тоа и иронично да звучи, не е далеку од вистината. Сепак овие дечки не беа ништо подобри од нашите рисови до 2004 година кога јави кушлук, освоија Европско првенство. Нивниот успех на европското пред 10 години го смени начинот на кој беше гледана оваа репрезентација до тогаш, иако тие не успеаја да се пласираат на следното Светско првенство во Германија во 2006 и отпаднаа во групи на Еуро 2008. На следниот голем настан во Јужна Африка го постигнаа првиот гол на ваквите турнири, па дури и победија против Нигерија со 2-1 и отпаднаа во групната фаза. Во 2012 во Полска и Украина беа елиминирани во четврфиналето од Германија. Како и да е, моментално се рангирани на високото 10то место на ФИФА ранг листата. Од прекари најчесто се споменуваат Етники (националната) и Пиратико (пиратскиот број).

Квалификации:
Во групата беа изедначени со Босна и Херцеговина во групата Г, победувајќи на 8 натпревари, со една изгубена и една нерешена за вкупни 25 поени. Ама големата разлика од +24 на Босанците влијаеше на тоа нашиот јужен сосед да игра бараж. Нивната гол разлика беше само +8. На ждрепката беа извлечени со Романија, која заврши зад Холандија. Цел свет ја имаше пишано 0-1 гол на првата утакмица дома кај Егејците, кога тие постигнаа 3 гола и со само еден примен гол беа големи фаворити пред возвратниот дуел во Букурешт. Не им беше тешко да го постават автобусот за да поминат, а уште полесно им беше кога Митроглу постигна гол рано во првото полувреме. До крајот примија само еден гол и се пласираа во Бразил со вкупен резултат од 4-2.

Нивниот стил на игра го знаеме сите, многу е тешко да им се даваат голови заради нивната јака дефанзива, а во нападот не се најкреативни. Доволно говори податокот дека од осумте победи во квалификационата група, 5 од нив беа со резултат 1-0. Тој недостаток на голови ги кошташе првото место, ама способноста на нивниот тренер Сантос да внеси свежа крв и истовремено да го зачува костурот на екипата од искусни професионалци како Кацуранис, Гекас, Самарас и Карагунис им донесе пласман. Друга способност на тренерот е таа да не се насмее, растажи или воопшто да ја смени фацата во текот на неговиот живот, во неговата фигура го имаме другиот Дел Боске. Фернандо Сантос, португалскиот стратег веројатно ќе се откажи од функцијата селектор после Бразил, а за негов наследник се зборува за Клаудио Раниери.

Група Ц:


Воопшто не изгледа дека ќе биде лесно во групата Ц. Во оваа група нема изразит фаворит, па можат да се надеваат на тоа да го надминат својот најголем успех до сега и да се пласираат во осминафинале. Колумбија ќе биде многу тежок противник со сите нивни големи имиња, па и покрај тоа што нивната главна ѕвезда Фалкао не се опорави целосно за настап. Брегот на Слоновата Коска се можеби најдобриот претставник на Африка, со имиња како Јаја Туре, Жервињо и секако нивниот капитен Дрогба. И на крајот тука е Јапонија со нивниот модерен фудбал и добра навална линија, имаат подеднакви шанси како и сите во оваа група. За распоредот на Hellass мислам дека сеедно ќе им беше и да беше поинаков, во сите натпревари ќе мораат да влезат на ист начин ако сакаат пласман.

Состав:

Голмани: Орестис Карнезис - Гранада, Панајотис Гликос - ПАОК, Стефанос Капино -Панатинаикос (Стефан Капинкоски, апла се гледа дека е наш)

Одбрана: Василис Торосидис - Рома, Лукас Винтра - Леванте, Сократис Папастопулос - Борусија Дормунд, Костас Манолас - Олимпијакос, Вангелис Морас - Хелас Верона, Хозе Холебас - Олимпијакос, Џорџос Цавелас - ПАОК, Јанис Маниатис - Олимпијакос (Јане Маневски).

Среден ред: Александрос Циолис - Кајсериспор, Костас Кацуранис - ПАОК, Јоргос Карагунис - Фулам, Андреас Самарис Олимпијакос, Панајотис Тахцидис - Торино, Панајотис Коне - Болоља, Јанис Фетфацидис - Џенова, Лазарос Христодолопулос - Болоња.

Напад: Џорџос Самарас Селтик - Селтик, Костас Митроглу - Фулам, Фанис Гекас - Коњаспор, Димитрис Салпингидис - ПАОК.

Најважни играчи:



Им недостасуваат светска класа индивидуалци, нивната најголема сила е тоа што се компактни како тим. Имаат неколку играчи во Италија, двајца во Фулам, Папастопулос во Дортмунд и другите се повеќето од домашната лига. Сепак ѕвездата можи да се кажи дека е Коста Митрески (Костас Митроглу) од Фулам., тој постигна 3 гола во баражот со Романија и има вкупно 8 гола на 28 натпревари за репрезентацијата што е огромен успех земајќи во обѕир колку голови даваат. Во јануари направи трансфер од 20 милиони долари со кој појде во Фулам, ама поради проблемот со коленото и сомнежите на Феликс Магат не доби шанса во првата постава. Во овие неколку месеци стартувал само еднаш, што сигурно ќе придонесе и на неговата игра. Секако тука се и Самарас (Кончита), Торосидис, Коне, Карагунис и Папастопулос од попознатите играчи. Најголемо отсуство им е лудакот Кирјакос Пападопулос од Шалке, има повреда на рамото. Јанис Фетфацидис е играчот од кој очекуваат големи работи во иднина, има 23 години, игра на позиција крило во Џенова и има солидна минутажа во репрезентацијата за неговите години. Играат во формација 4-2-3-1 или 4-3-3 во зависност од противникот, ама без оглед на тоа што изгледаат овие формации офанзивно тоа на терен воопшто не е така.

Можни стартни 11
----------------------------------Карнезис------------------------------
-----------------Папастопулос-------------Морас-------------------
----Торосидис-------------------------------------------Холебас---
----------------------Маниатис--------Циолис-----------------------
---------------------------------Карагунис-----------------------------
---------Салпингидис--------------------------Самарас-----------
-------------------------------Митроглу---------------------------------


Мои очекувања:
Клишето дека никогаш не си начисто со нашиот Јужен сосед е голема вистина. Ама реално гледано во група Ц мислам дека имаат најмалку шанси, другите три репрезентации имаат поголем квалитет. Мислам дека можат да го земат скалпот на некоја од овие три репрезентации, пред се заради дисциплината со која играат и ако одиграат перфектна одбрана можат да се надеваат и на пласман. Секако тоа многу зависи и од расположеноста на противничките напаѓачи. Заради тоа што го пишував ова уште повеќе ќе навивам против нив, се надевам дека нема да постигнат гол и ќе бидат пречекани од нивните топли другари уште на почетокот од првенството.

* - copyrights @TheTrooper од ЕУРО 2012, навистина мислам дека нема подобар наслов од овој.
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.761
Поени од реакции
20.472
СОЕДИНЕТИ ШТАТИ ('MURICA)

Информации:
  • Прекари: Јенки (The Yanks)
  • Kонфедерација: КОНКАКАФ (CONCACAF)
  • Селектор: Јирген Клинсман
  • Капитен: Клинт Демпси
  • Фифа ранкинг: 14
Историја на светски првенства:
Ова ќе биде десетто учество на Америка на светските првенства. Првото нивно учесто е на првото официјално Светско првенство во фудбал одиграно во Уругвај во 1930г каде го имаат и својот најдобар пласман 3то место. Имаат пауза од неиграње на светски првенства од 1950 (Бразил) се до 1990 (Италија). Од 1990 до 2014 се редовни учесници на светските првенства но немаат некој позначаен пласман освен 2002 година кога се пласираа во 1/4 финалето каде загубиа од финалистот Геманија со 1:0.

Организатори на СП 1994:
Америка е организатор на Светското првенство во 1994 година со што започнува фудбалската револуција во Америка. Медиумски репрезентацијата добива големи критики поради непрофесионалноста и несериозноста на тогашните репрезентативци. Тоа второ учество по ред на Америка на светско првенство по пауза од 40 години, држава во која кошарката и хокејто се доминантни спортови. Сепак Америка ја поминува фрупната фаза како една од најдобро 3то пласирни репрезентации во своите групи со по една побеа/ пораз/ нерешен резултат.Натреварувањето го завршуваат веднаш во наредната knock-out фаза 1/8 од победникот на тоа првенство Бразил со 1:0.
Патот до Бразил 2014:
Тимот на Америка спаѓа во екипите со висок ФИФА ранкинг во КОНКАКАФ зоната и своите квалификации ги започнува во последната квалификациска рунда. Во нејзината квалификациска група се репрезентациите на Јамајка, Гватемала и Антигва & Барбуда. Во 6 одиграни квалификациски натпревари Америка забележа скор од 4 победи (Антигва & Барбуда х2, Јамајка и Гватемала), еден нерешен натпревар (Гватемала) и еден пораз (Јамајка). Најдобар поединец на квалификацискиот турнир бепе капитенот Клинт Демпси со 5 постигнати погодоци.

Селектор:
Јирген Клинсман -
Моментално можеби најомразената личност во фудбалска Америка поради изоставањето на Ландон Донован од списокит на играчи кои ќе пативаат за Бразил.
Низ играчката кариера има играно низ повеќе Европски клубови како Баерн Минхен, Тотенхем, Интер и Штутгард. Тренерската кариера ја започна во младинските селекции на Германија па на крај да биде селектор и на Сениорската репрезентација на Германија за време на Светското првенство во 2006. Селектор на репрезентацијата на Америка е од 29ти Јули 2011 и се семета за револуционер на репрезентативниот фудбал во Америка.

Тимот:

  • Гомлани:
Тим Хауард: 35 годишниот играч на Евертон во Премиер лига број еден голман во репрезентацијата со 99 настапи
Бред Гузан: 29 годишен играч на Норич во Премиер лига со 25 настапи за репрезентацијата
Ник Римандо: 34 годишен играч на Реал Солт Лејк во МЛС со 14 настапи за репрезентацијата

  • Одбрана:
ДеАндре Једлин: 20 годишен, Сиетел Саундерс, 4 настапи за репрезентација
Омар Гонзалез: 25 годишен, ЛА Галакси, 19 настапи за репрезентација
Мат Безлер: 27 годишен, Канзас Сити, 16 настапи за репрезентација
Џон Брукс: 21 годишен, Херта Берлин, 4 настапи за репрезентација
ДеМаркус Бизли: 32 годишен, Пуебла, 115 настапи за репрезентација, 17 постигнати погодоци
Џеоф Камерон: 28 годишен, Стоук Сити, 26 настапи за репрезентација, еден постигнат погодок
Tимоти Чендлер: 24 годишен, Аинтрахт Франкфурт, 12 настапи за репрезентација
Фабиан Џонсон: 26 годишен, Борусија Менхенгладбах, 21 настап за репрезентација, еден погодок

  • Среден ред:
Мајкл Бредли: 26 годишен, Торонто, 85 настапи за репрезентација, 12 погодоци
Микел Дискеруд: 23 годишен, Розенборг, 19 настапи за репрезентација, 3 погодоци
Aлехандро Бедоја: 27 годишен, Нант, 27 настапи за репрезентација, еден погодок
Џермеин Џонс: 32 годишен, Бешикташ, 41 настап за репрезентација, 2 погодоци
Бред Дејвис: 32 годишен, Хјустон Динамо, 16 настапи за репрезентација.
Kajл Бекерман: 32 годишен, Реал Солт Лејк, 36 настапи за репрезентација, еден погодок
Џулиан Грин: 18 годишен, Баерн Минхен, 2 настапи за репрезентација
Грем Цуси: 27 годишен, Канзас Сити, 22 настапи за репрезентација, 3 погодоци

  • Напад:
Клинт Демпси(C): 31 годишен, Сиетел Саундерс, 104 настапи за репрезентација, 37 погодоци
Арон Јохансон: 23 годишен, АЗ Алкмар, 8 настапи за репрезентација, 2 погодоци
Жози Алтидор: 24 годишен, Сандерленд, 69 настапи за репрезентација, 21 погодок
Крис Вондоловски: 31 годишен, Сан Хозе Земјотресачи:icon_mrgr:
*нема лаФ во составов :place:

Најчесто користена формација на Клинсмен со тимот на Америка е 4-4-2
Хауард
Џонсон - Камерон - Безлер - Чендлер
Џонс - Цуси - Дејвис - Бредли
Демспи - Алтидор
Играч од кој најмногу се очекува:

Клинт Демпси капитенот е играчот кој би требало да ја предводи својата репрезентација кон успех на ова првенство. Искусниот напаѓач зад себе има значителна играчка кариера која ја започна во Њу Ингланд. Потоа следеше трансфер во Фулам каде на 184 настапи има постигнато 50 погодоци, заедно со тимот на Фулам играше во финалето на Лига Европа во сеоната 2009-10 каде беа поразени во продожение од тимот на Атлетико Мадрид. Летото 2012 направи трансфер во градскиот ривал Тотенхем каде на 29 натпревари постигна 7 погодици. После само една сезона во Тотенхем се врати во Америка во тимот на Сиетел Саундерс и паузата во домашното првенсто ја искористи да се врати во тимот на Фулам како позајмен играч. Избран е за руку на годината во МЛС во сезоната 2004, најдобар фудбалер од Америка (3): 2007, 2011, 2012.

Натпревари:
Untitled.png

Дрес:

Домашен: Гостински:
10005834_10152174815028941_1105125029_o.jpg 1781566_10152231421448941_1069980799_o.jpg

Позитивна(силна) страна:
Американската репрезентација има најдобар скок на ФИФА ранкингот во изминатите 12 месеци, собирајќи 243 поени и скок од 27мо на 14ти место. Ова им го овозможи првото место во групата и имаат втор најдобар процент од искоритеност на шансите внатре во казненит простор на противникот.

Слабости:
Квалификацискиот турнир помина доста турбулентно за Американците бидејќи често имаа проблем да ја задржат предноста која ја создаваа. Нивната одбрана создаваше доста шанси за противничките напаѓачи и имаше доста голем број направени фаули во корист на противникот. Само две репрезентации кои се во Бразил имаат направено повеќе фаули од Американските дефанзивци.
 
Последно уредено:

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Б Е Л Г И Ј А




Број на настапи на СП: 11
Последен пат: 2002 година (осминафинале)
Најголем успех: Четврто место на СП 1986 година
Прекар: Црвените ѓаволи
Селектор: Марк Вилмотц
Капитен: Винстент Компани
Најмногу настапи: Јан Кулманс (96)
Најдобар стрелец: Бернард Вурхорф, Пол Ван Химст (30)
ФИФА ранкинг: 12

Белгија е репрезентација која има епитет на фаворит во сенка на ова Светско Првенство. Белгија моментално го ужива речиси конечниот резултат од повеќегодишниот план за составување на млада успешна репрезентација која треба да се бори за титули во Европското и Светското првенство. Да се вратиме назад во 2000 година на Европското првенство на нивната територија, каде што доживеаа тотален неуспех, неуспевајќи да ја поминат групата па тоа значеше и почеток на еден огромен и темелен план со цел која ќе даде резултат за време кое надминува цела деценија. Целосни реформи започнувајќи од најмладите категории со што најмногу време се посветува младинските кипи и оформувањето на младите фудбалери. Се префрламе денес, по 14 години, каде што Белгија е на Светско првенство со млад талентиран тим кој може да победи кого било.

Историја на Светските Првенства


Ова е ќе биде нивното 12 појавување на најголемиот фудбалски настан, со што покажува дека често се наоѓаат меѓу најдобрите репрезентации во светот. Првиот настап на Мундијалите им е на првото Светско Првенство во 1930 година во Уругвај, каде што го завршува настапот во фазата на групи, со два порази од екипите на Парагвај и САД. Белгија и покрај овој лош настап настапува и на следното првенство во 1934 година во Италија каде што се елименирани од Германија во првото коло со резултат 5:2. Тоа им се случува и на следното првенство во 1938 каде што се поразени во првото коло од Франција. По ова првенство следи пауза до 1954 година каде што во група со Англија, Швајцарија и Италија завршуваат на дното во групата со само 1 бод. По ова следи повторно голема пауза од 16 година, до 1970 година на СП во Мексико, каде што повторно не ја поминуваат групата и завршуваат на трето место во неа, зад Советскиот Сојуз и домаќинот Мексико а пред репрезентацијата на Ел Салвадор. Историјата се повторува и Белгија прави повторно пауза подолга од 10 години, до 1982 година на СП во Шпанија, каде што конечно успеваат да ја поминат групната фаза без пораз во група со силните репрезентации на домаќинот Шпанија, одличната Унгарија и Ел Салвадор, со што се пласираат во втората групна фаза во група со Советскиот Сојуз и Полска, каде што завршуваат на последното место. Во 1986 година на СП во Мексико, Белгија го постигнува својот најголем успех на СП. Во група со Мексико, Парагвај и Ирак завршува на третото место, последното место кое води во понатамошното натпреварување, каде што во четвртфиналето ја победуваат Шпанија по пеналите, за да се сретнат со силната Аргентина во полуфиналето и се поразени со 2:0 со головите на Марадона. Во малото финале се среќаваат со Франција каде што повторно се поразени и завршуваат на четвртото место. На следното СП во 1990 година во Италија, Белгија ја поминува групата каде што се Шпанија, Уругвај и Јужна Кореја, но потоа се поразени од Англија. Во 1994 година во САД, во група со Холандија, Мароко и Саудиска Арабија завршува на третото место, со исто бодови како Холандија и изненадувањето Саудиска Арабија од кои се поразени до 1:0, но за среќа правилата велат дека првите 3 од групите одат понатаму, но патот на Белгија завршува веднаш следниот круг, каде што се поразени од силната Германија. Во 1998 година во Франција, се повторува нешто што често се случуваше во минатото и Белгија не ја поминува групната фаза во група со Холандија, Мексико и Јужна Кореја. Следи 2002 година на СП во Ј. Кореја и Јапонија, каде што во група со домаќинот Јапонија, Русија и Тунис се пласираат во осминафиналето, но се поразени од репрезентацијата на подоцнежниот шампион Бразил. По ова првенство, Белгија прави пауза од 12 години, до 2014 година каде што има големи амбиции.

Патот до Бразил

Се квалификуваа на Светското првенство со убедливи игри во групата А, каде што се наоѓаше и нашата репрезентација со која оствари две победи. Покрај Македонија, тука беа и репрезентациите на Хрватска, која преку бараж со Исланд успеа да се пласира во Бразил, Србија, Шкотска и Велс. Со 8 победи, 2 нерешени (со Велс и Хрватска) и ниту еден пораз, со импресивна гол разлика, беа едни од репрезентациите кои најбрзо обезбедија билет за Бразил. Најдобар стрелец за Белгија на овие квалификации е Кевин Де Брујне со 4 гола. Со 2 гола завршија Еден Азар, Винсент Компани, Ромелу Лукаку, Кевин Миралас и Кристијан Бентеке.



Со кого на ова СП?
Се наоѓаат во групата Х која ветува големи шанси за пласман во понатамошното разигрување. Во нивната група се репрезентациите на Русија, Јужна Кореја и Алжир. Со Русија се имаат сретнато најмногу пати на Светските Првенства и ова ќе им биде петти пат да се судрат на ова натпреварување. Моментално имаат еднаков број на победи, по две за двете репрезентации и Белгија се надева со победа да ја подобри разликата во овој сооднос. Со Јужна Кореја се имаат сретнато три пати на СП каде што имаат остварено 1 победа, 1 пораз и 1 нерешен резултат. Со репрезентацијата од северна Африка се немаат сретнато на минатите турнири со што ова ќе им биде прв натпревар на големо натпреварување.

Предвидувањата се дека ќе успеат да ја поминат групата, со минимално две победи, со најголеми шанси против репрезентацијата на Алжир, која секако не претставува толку невин противник како што изгледа.



Повикани играчи



Голмани: Тибо Куртоа (Атлетико Мадрид) Симон Мињоле (Ливерпул) Коен Кастелтс (Хофенхајм)

Одбрана: Тоби Андервилд (Атлетико Мадрид) Томас Вермален (Арсенал) Јан Вертогонен (Тотенхем) Винстент Компани (Манчестер Сити) Даниел Ван Бујтен (Баерн Минхен) Николас Ломбартс (Зенит) Антони Ван дер Бор (Андерлехт) Лорент Симан (Стандард Лиж)

Среден ред: Аксел Витсел (Зенит) Маруане Фелаини (Манчестер Јунајтед) Кевин Миралаш (Евертон) Еден Азар (Челзи) Кевин Де Брујне (Волфсбург) Стивен Дефур (Порто) Муса Дембеле (Тотенхем) Аднан Јанузај (Манчестер Јунајтед) Насер Чадли (Тотенхем)

Напад: Ромелу Лукаку (Евертон) Дрис Мартенс (Наполи) Дивок Ориги (Лил)


Очекувана формација со која ќе се настапи:​



Клучни фудбалери:


Во овој млад и талентиран тим се одвојуваат неколку фудбалери, кои сепак не одскочуваат толку многу од остатокот, што е знак за една балансирана екипа која главно игра во Премиер лигата на Англија. Главна ѕвезда во тимот е офанзивниот играч за врска на англиски Челзи, Еден Азар, кој може да биде еден од најдобрите играчи на ова првенство. Тука покрај него се и капитенот на англискиот шампион Манчестер Сити, Винстент Компани кој е последен столб во одбраната на Белгија, напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, голманот на Атлетико Мадрид, Тибо Куртоа и многу многу други фудбалери кои се ѕвезди во своите тимови.

Предности:

Белгија има силен состав на секоја позиција на теренот, со клупа која може соодветно да го замени секој фудбалер и да не се почувствува никакво ослабнување. Повеќето од фудбалерите имаат заедно играно низ сите младински репрезентации па затоа се знаат многу добро и сигурно ќе постои хемија на теренот. Средниот тим на Белгија е еден од најкреативните во светот каде што Азар, Миралаш, Дембеле, Де Брујне, Јанузај и другите може да креираат многу шанси за гол.

Недостатоци:

Како што е предност, така е и недостаток тоа што се работи за многу млад тим со недоволно искуство за вакви важни натпреварувања. Многу од младите фудбалери ќе имаат желба за да се покажат што можат најдобро што може да доведе со помала тимска игра.

Oчекувања

Белгија очекува многу на ова Светско Првенство. Одличниот тим составен од млади играчи кои настапуваат во најголемите европски лиги на хартија претставува еден од најопасните колективи на првенството. По успешните квалификации, Белгија ќе сака да ги продолжи успесите. Ако успее да ја помине групната фаза, што е многу реално, ќе се судри со една од репрезентациите од групата Г, каде што се наоѓаат репрезентациите на Германија, Португалија, Гана и САД, со што значи дека ги чека многу тешка задача во осминафиналето. Но со малку среќа, репрезентацијата на Белгија може да го помине осминафиналето со што понатаму ништо не се знае. Моите очекувања се минимално осминафинале.
 
Последно уредено:

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Брегот на Слоновата Коска
Ivory Coast
Côte d'Ivoire


Брег исполнет со слонови скелети покриени од златни песоци, совршено место да основаме колонија“.
- биле зборовите на француските морепловци кои во 19. век ја окупирале територијата на најголемиот залив на Атланскиот Океан при афричките брегови, населен од мноштво племиња, обединувајќи го во една политичка целина просторт на кој тие егзистирале. Со големина на европска Германија, Брегот на Слоновата Коска се изборува за независност во 1960 година. За жал, и по својата независност, како и грото афрички земји и таа е погодена од голем број немири, најмногу внатрешни предизвикани од лошата состојба во државата. Така земјата преживува две граѓански војни, од кои втората се случи скоро, во 2011 година.



Лидери во регионот:
Во државата живеат околу 22 милиони жители, кои зборуваат на десетина јазици (воглавно племенски) а како што може да се претпостави официјален е францускиот. Главен град на државата е Yamoussokuro, а најголем поранешниот главен град, Abidjan.
Од социо-економска гледна точка, државата е во пораст, најмногу заради добрата местоположба, плантажите со кафе и палмово масло, што ја прави БСК најбогатата држава во најсиромашниот дел на Африка (Западниот брег) или по нашки кажано: „Лидери во регионот“.​

Фудбалот на брегот:
Токму најважната споредна работа на светот е моментално движечкиот спорт во државата. Она што е тренд општо во Африка изминатава деценија, најдобро го примени токму БСК, произведувајќи многу фудбалери кои играат во најсилните европски лиги. Најпознати домашни клубови кои настапуваат во League 1 се ASEC Mimmosas, Sefe Sport и Africa Sport.



Репрезентација:
Според многумина најсилната афричка репрезентација изминативе десетина години, остана без потврда во форма на трофеј за епитетот кој го имаат. Најталентираната генерација фудбалери на Брегот, не успеа да го освои Афричкиот Куп на Нации минативе години иако беа изразити фаворити за тоа.

Кога е во прашање Светското Првенство, ова ќе биде нивно трето последователно учество, во кое се надеваат дека конечно ќе ја поминат групната фаза. Надеж за тоа им дава и релативно лесната група која ја добија годинава, за разлика од претходните две, каде се наоѓаа во „групите на смртта“. Во 2006 беа во група со Аргентина, Холандија и СиЦГ, а четири години потоа во група со Бразил, Португалија и Северна Кореа.

Во досегашните шест одгирани средби на мундијалите имаат учинок од две победи, едно реми и три порази, со гол разлика 9:9.

Патот до Бразил:
За обезбедување на прекуокеански чартер, фудбалската репрезентација на БСК мораше да игра бараж против Сенегал откак претходно лесно ја премости квалификационата група од претходната фаза во која завршија убедливо први во конкуренција на Мароко, Танзанија и Гамбија. Во Баражот, победија со вкупен резултат 4-1, најмногу благодарение на головите на Саломон Калу.




Ѕвезди:
Двоецот „слонови“ врз кои се насочени сите погледи и надежи на фановите е несомнено сочинет од Дидие Дрогба и Јаја Туре.
Првиот кој е икона (буквално, види фотос ^^^) во својата држава, најдобар стрелец во историјата на националниот тим последната шанса да направи нешто поголемо со својата репрезентација ќе ја има на ова првенство затоа што веќе има полни 35 години.
Вториот кој игра во феноменална форма и според многумина е еден од најдобрите средни играчи во светот, е по многу мислења и клучот за оваа селекција, срцето на тимот од кого најмногу ќе зависи пефромансот на екипата.

Талент:
Од играчите на кои треба да „внимаваме“, се издвојува 21. годишниот Serge Aurier. Десниот бек е еден од најперспективните африкански играчи и воопшто еден од најдобрите десни млади бекови во светот. Во дресот на Тулуз имаше одлична сезона постигнуваќи 6 и асистирајќи на 7 гола.

Селектор:
„Слоновите“ на ова СП ќе бидат предводени од Сабри Ламуши, поранешниот француски интернационалец и репрезентативец, кој како релативно инкогнито лице беше назначен да го предводи Брегот во 2012 година.

Состав:


Goalkeepers: Boubacar Barry (Lokeren / BEL ) Sayouba Mande ( Stabaek / NOR ), Sylvain Gbohouo ( Séwé San Pedro / CIV )

Defenders: Kolo Toure (Liverpool / ENG ), Arthur Boka (Stuttgart / GER ), Jean -Daniel Akpa Akpro ( Toulouse / FRA ), Serge Aurier ( Toulouse / FRA) , Ousmane Viera Diarrassouba ( Caykur Rizespor / TUR ), Didier Zokora ( Trabzonspor / TUR) , Constant Djakpa (Frankfurt / GER) , Souleymane Bamba ( Trabzonspor / TUR)

Midfielders: Ismael Diomandé (AS Saint-Etienne/FRA ), Max Gradel (AS Saint-Etienne/FRA ) , Yaya Touré ( Manchester City / ENG), Cheick Tiote Ishmael (Newcastle / ENG), Geoffroy Serey Die ( FC Basel / SUI ), Didier Ya Konan ( Hannover 96/GER )

Forwards: Didier Drogba ( Galatasaray / TUR) , Gervinho ( Roma / ITA) , Salomon Kalou ( Lille / FRA) , Wilfried Bony ( Swansea / ENG ), Giovanni Sio ( FC Basel / SUI) , Mathis Bolly (Düsseldorf / GER).
----

Селекторот Sabri Lamouchi го објави списокот на 23. „слонови“ кои ќе патуваат за Бразил. Тимот ќе биде еден од најискусните репрезентации ако во предвид ја земаме нивната возраст. Предводен од веќе докажани и познати играчи кои настапуваат во најсилните европски лиги од една страна и турската колонија предводена од Дидер Дрогба од другата, тимот изгледа силно на хартија и барем така ги оправдува очекувањата БСК конечно да ја премости групната фаза.

Ламуши најчесто игра со формација 4-3-3/4-3-2-1, па тоа би требало да го очекуваме и сега.
На голот сигурен е искусниот Бубакар Бари, голман на белгиски Локерен.

На бековските позиции во одбраната би требало да оперираат Артур Бока и Серџ Ауриер, додека за тандемот стопери ќе конкурираат Сол Бамба, Коло Туре и Дидие Зокора.

Ветеранот Зокора ќе биде и во комбинација за место во дефанзивната линија на средниот ред заедно со Шеик Тиоте и Дидер Ја Конан, додека неприкосновен пред нив е Јаја Туре.

Триото во нападот би требало да го сочинуваат најискусните, Саломон Калу и Жервињо по крилните позиции а нивна остра конкуренција е Макс Градел. Најистурен во нападот без сомнение ќе биде Дидиер Дрогба, а негова замена Вилфред Бони.


Распоред на натпревари:

Capture.PNG

Златко Калински ™ факти:

- Во Брегот на Слоновата коска годишно се произведуваат најмногу маски во светот.
- На територијата на БСК има три села кои се викаат Дрогба, наречени баш по нивниот фудбалски херој.
- Селекторот Ламуши во својата кариера има настапувано за Интер, Марсеј и Монако.
- Дузина деца во БСК биле одбиени од тренерите и пренасочени да тренираат атлетика затоа шти биле премногу брзи за фудбалери.
- Сејду Думбиа е најзвучното име кое беше изоставено од списокот на патници во Бразил.​



Како што напомеанв, ова е последната шанса на една од најталентираните генерации на „слонови“ да направи нешто по кое ќе биде запаметена во фудбалскиот свет.​


Ве отпоздравувам со химната на Брегот и нивниот слоган:



Union – Discipline – Travail"
"Unity – Discipline – Work"

Viva la Coast!
 
Последно уредено:

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
ФРАНЦИЈА

Патот до Бразил:


- Франција за да стигне до СП во Бразил требаше да ги помине квалификации за СП, каде што французите се најдоа во последната група И заедно со Шпанија, Финска, Грузија и Белорусија, каде што завршија на второто место со 17 поени, 3 помалку од првоплсираната Шпанија, трети беа Финска, 4ти Грузија и последни Белорусите. Првиот натпревар го играа против Финска на 7ми септември 2012 на олимпискиот стадиов во хелсинки каде што Франција славеше победа до 1:0 со голот на Дијаби во 21вата минута од натпреварот. Вториот натпревар го играа против Белорусија на домашен терен, славеа победа од 3:1, победничките голови за Франција ги постигнаа Капуе, Жалет и Рибери, додека единствениот погодок за Белорусија го даде Путсиља. Третиот натпревар Французите го играа против моментално светски шампион, Шпанија, натпревар на кој Французите го забележаа првиот кикс во овој квалификациски циклус, конечниот исход беше 1:1, а голот за Франција го даде Жиру во самиот финиш на натпреварот (94минута), за Шпанија стрелаше Рамос во 25тата минута. Натпревар број 4 го играа против Грузија и славеа победа од 3:1, стрелци на головите беа Жиру, Валбуена и Рибери. 5тиот натпревар беше против Шпанија, каде Французите загубија со 1:0 единствениот гол на натпреварот го постигна Педро во 58мата минута. 6ти натпревар, нов неочекуван кикс на французите, овој пат против Грузија, кикс кој никој не го очекуваше од „петлите„ 0:0 беше конечниот исход од натпревар кој се играше на Динамо Арена во Тибилиси. 10.09.2013, натпревар број 7, противник Белорусија. Во првиот натпревар против Белорусија, Франција славеше убедлива победа од 3:1, овој пат на гостински терен во Минск „петлите„ повторно славеа и тоа со 4:2, стрелци на головите беа Рибери (47, 64), Самир Насри во 71минута и Пол Погба во 73тата минута. За Белорусија головите ги постигнаа Филипенко и Калачев. Последниот натпревар, Французите го одиграа против Финска, каде што забележаа уште една, доста убедлива победа од 3:0. Головите ги постигнаа Рибери во 8мата минута, вториот гол беше автогол од играчот на Финска Тојвио, а последниот гол го постигна Бензема во 87 минута. Најдобар стрелец од оваа И група беше Франк Рибери со дури 5 голови, 1 повеќе од второпласираниот Педро. Конечниот исход на Франција во групата и беше следен. Натпревари 8, победи 5, нерешени 2 и порази 1 натпревар со севкупно 17 поени завршија како втори, но сега, Французите одат во групата заедно со сите второпласирани екипи. Во ждребот тие ги добиваат Украинците. Првиот натпревар се играше на олимпискиот стадион во Киев на 15.11.2013 каде Украина славеше победа од 2:0 со головите на Зозулја и Јармоленко. Во вториот натпревар, надежите кај некој беа веќе изумрени, но сите го чекаа последните свиреж на судијата. Натпреварот започна да се игра. 22ра минута Сако, 1:0 води франција, надежите полека се враќаа, французите играа се по мотивирано и мотивирано. 34та минута, Бензема 2:0, трешти на стадионот, 72ра минута Сакооооо повторно, 3:0 за Франција и осигурен влез на СП во Бразил. Славјето започна, Франција е на СП.


Натпревари пред СП

- Французите веќе одиграа 2 натпревари од подготовките за СП и останува оној последниот, против Јамајка на 9.6.2014. На првиот натпревар против Норвешка, Франција победи со високи 4:0. Стрелци беа Погба, Реми и 2 погодоци на Оливер Жиру. Вториот натпревар го одиграа против Парагвај,на 01.06.2014 години каде Французите извадија 1:1. Стрелец на единствениот гол за Франција беше Гриезман во 82рата минута, додека за Парагвај стрелаше Касерес во 89 минута. Последниот, напоменав го играат на 9ти.

Селектор

- Didier Deschamps – Роден на 15ти октомври 1968 година. На 8ми Јули 2012 година ја превзеде тренерската позиција на Франција по ЕП во 2012 каде французите ги водеше Лорент Бланк. Дешамп како играч играл на позицијата среден ред, играл во тимовите на Нан, Марсеј, Бордо, Јувентус, Челси и Валенсија. Во 2001 седнува на тренерската позиција на Монако и така ја започнува тренерската кариера. Уште ги предводувал тимовите на Марсеј, Јувентус и ете сега националниот состав на Франција.

Група на СП

- На СП 2014 во Бразил, Франција доби исклучително лесна група во друштво на Хондурас, Еквадор и Швајцарија. Првиот натпревар го играат на 15ти јуни против Хондурар во градот Порто Алегре на 15ти јуни, вториот уел е против Швајцарија на 20ти јуни во градот Салвадор и последниот од групата е против Еквадор и тоа во Рио де Женеиро на 25ти јуни.

Повикани играчи

Голмани: Љорис, Ландреау, Руфиер.

- Кај голманите уште одсега е јасно кој бе биде првиот избор на тренерот, чуварот на мрежата од Тотенхем, Хуго Љорис, кој веќе неколку години по ред е и прв чувар на мрежата на франција. Вториот избор ќе биде еден од голманот на Сент Етјен Руфиер или ветеранот Ландреау, инаку играч на Бастија.

Одбрана: Дебуш, Сања, Сако, Варан, Мангала, Дигне, Евра и Кошчелни


- Во одбраната, Французите имаат доста квалитенти играчи особено Евра и Сако кои беа феноменални во квалификациите, особено Сако кој беше еден од подобрите поединци кај „петлите„ во квалификацискиот циклус тој истотака го „реши„ најважниот дуел против Украина во последниот натпревар. Интересно е тоа дека Лукаш Дигне и Мангала се повикани а претходно не беа ниту на клупата на ниту еден квалификациски натпревар. Варан, Сања и Кошчелни беа забележани на клупата за играчи неколку натпревари, некои од нив добиваа и ретка шанса да претрчат на теренот.


Среден ред: Кабај, Гренјер, Матуиди, Мавуба, Погба, Сисоко и Валбуена

- Во средниот ред, Дешамп има најголем избор на играчи, дури 7 па може да направи разно-разни комбинации и да експериментира да го пронајде најдобриот начин. Интересно е што Самир Насри не е повикан, а на негово место е повикан Грејнер, инаку играч на Лион. Кабај веројатно ќе биде стандарден во првиот состав заедно со Валбуена, а борбата за кој да игра ќе ја водат веројатно Погба и Сисоко кои едноставно блескаа во квалификацискиот циклус. Останатите веројатно шансата ќе ја добиваат од клупата.

Напад: Бензема, Жиру, Гриезман, Реми и Рибери.

- Е, тука конкуренцијата е голема и тоа многу голема. Жиру, Бензема или Рибери, Дидие Дешмап ќе биде во голема дилема тоа кој ќе го стави во првата постава. Рибери беше доста сјаен, како што погоре напоменав тој беше и најдобриот стрелец во групата И од квалификациите, Бензема истотака прикажа добри игри во квалификациите, истото од моменти на моменти го имаше и играчот на Арсенал, Жиру кој во подготовките блескаше на дуелот со Норвешка каде што постигна 2 погодоци. Доколку Дешамп игра со формацијата 4-2-3-1, тогаш Бензема ќе биде напаѓачкиот избор на тренерот, а Рибери ќе игра како LM, додека останатите ќе ја чекаат својата шанса од клупата, истотака доколку би играл со 4-3-3, изборот на нападот веројатно би бил Рибери – Бензема и Валбуена кој може да игра и како напаѓач.

Историја на СП

- Досега французите учествувале на 14 од 20 можни светски првенства. Прв пат учествувале на првото светско првенство во Уругвај 1930 каде биле единствено во групната фаза. Првата и единствена титула на петлите е на СП 1998 во Франција, каде пред своја публика го подигнале пехарот. Во 2006 година завршија како втори при што изгубија од Италија на пенали во финалето. На последното СП, во 2010, Франција не успеа ниту да ја помине групната фаза.

Мои очекувања

- Очекувањата? – На сите можни анкети по француските портали им предвидував ¼ финале на французите, ништо повеќе, но сепак се сомневам дека и ќе достигнат до четвртфинале, бидејќи има доста квалитетни тимови. Би сакал французите да играат со следнава формација

Љорис

Евра ----- Кошчелни ----- Сако ------ Дебучи

------Погба---------------Матуиди

---Рибери----Кабај----Валбуена

-----------Бензема--------
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Мојот избор за анализа на репрезентација за Светското првенство во Бразил се падна на Холандија.Малку навивачки бидејќи пред некоја година на Европското во финалето незаслужено загубија од Шпанија и покрај неискористените колосални шанси.


Netherlands-Flag-Grunge-Wallpaper.jpg


Холандија како фудбалска репрезентација првиот свој официјален натпревар го одиграла во далечната 1905 година,поточно на 30 Април против тогашната репрезентација на Белгија.Натпреварот бил одигран во Антверпен и Холанѓаните го добиле со 1-4
Од тогаш па се до денеска Холандија има настапувано на бројни европски и светски првенства (заедно 19 учества)
На Светските првенства прв пат учествувале во 1934 година,а најдобриот резултат го оствариле во 1974 година каде што биле финалисти.По таа година и во 1978 година биле финалисти.И во двата натпревари биле поразени.После тоа,покрај неучествата на светските првенства,се враќаат посилни и го наметнуваат “тоталниот фудбал“ кој во тоа време го практикувал Ајакс,кога газел во Европа.Во 2010 година исто така се финалисти на светското првенство,каде што несреќно губат од Шпанија со гол во продолженијата.
Ако не се лажам,Холандија е репрезентацијата со највеќе изгубени финалиња.
Кога станува збор за европските првенства,во 1976 година прв пат учествуваат,а во 1988 и го освојуваат тоа првенство.

Од тоа време до ова денеска се сменети многу и многу работи,па да започнеме


Холандија на ова Светско првенство се прошета во својата квалификациска група.Во квалификациите во група беше со Унгарија,Романија,Турција,Естонија и Андора.Заврши убедливо пред сите прва во групата со 28 освоени бодови.Покажаа одличен фудбал во квалификациите и заслужено го заземаа првото место во групата.

На ова Светско првенство се во групата Б заедно со Шпанија,Чиле и Австралија.

Австралија,па и Чиле би требало да бидат лесен залак за летечките холанѓани,а верувам дека ќе им се реваншираат на Шпанците за болниот пораз од пред некоја година,иако дел од мене е песимист во врска со тоа,пред се поради младиот состав кој го доведе Луис Ван Гал во Бразил.



netherlands.jpg



Да започнеме околу целосниот состав на Холандија и сите негови предности и недостасоци.

Составот на лалињата на ова светско првенство изгледа вака:

Селектор:

Ван Гал-Не треба да се трошат многу зборови околу овој фудбалски стручњак кој е доста време во оваа работа и има многу успеси во фудбалска Европа со Ајакс за почеток,како старт на неговата тренерска кариера,а потоа со Барса и со Баерн Минхен.Добитник и на многу индивидуални фудбалски признанија како тренер.Како што напоменав,останува да видиме колку и како ќе успее да ги мотивира младите и неискусни играчи на Холандија,дали ќе изгорат под притисокот или ќе се вивнат кон фудбалските височини.Едно е сигурно,лудак како Ван Гал не се предава така лесно и во неговиот фудбалски мозок сигурно има некоја добитна замисла.

Тимот:


Голмани

Џаспер Килесен-25 годишен голман на шампионот на Холандија Ајакс.Има 7 настапи за репрезентацијата на Холандија

Мајкл Ворм-30 годишен голман на англискиот прволигаш Свонси.Има 14 настапи за Холандија.Според мене овој ќе биде вториот голман на Холандија.

Тим Крул-најверојатно првиот голман на летечките холанѓани.Член на Њукасл.Има 5 настапи за репрезентацијата.

Одбрана

Рон Влар-како што напоменав погоре во постот,најискусниот играч во последната линија во репрезентацијата на Холандија моментално.Има 29 години и е член на Астон Вила.Има 23 настапи и еден постигнат гол.

Стефан Де Фрај-пред ова момче има светла иднина кој моментално е капитен на препородениот тим на Феенорд.Има само 22 години,веќе е главна алка во Феенорд во одбраната и има 11 настапи за репрезентацијата.Нема постигнато сеуште гол.

Бруно Мартинс Инди-22 годишен член исто така на Феенорд кој може да игра како партнер на Де Фрај,но и како лев бек,која е негова секундарна позиција на која добро се снаоѓа.Има 22 години,а веќе има 15 настапи за репрезентацијата и има постигнато 2 гола.

Дерил Јанмат-третиот и претпоследен член на Феенорд во одбранбената линија.24 годишен играч со 15 настапи за репрезентацијата

Пол Верхаг-Член на германски Аугсбург кој оваа сезона имаше изненадувачки добра сезона со нив,па Ван Гал го зема во составот на Холандија.Има 30 години и има само два настапи за репрезентацијата.

Џоел Велтман-дете од школата на Ајакс кој има 22 години и игра на целтралната бековска позиција.Само два настапи за репрезентацијата досега.

Теренс Конголо-последниот играч од одбраната и член на Феенорд.20 години со еден настап за репрезентацијата.


Среден ред
Дејл Блинд-член на Ајакс,игра на неколку позиции и има 24 години.Има запишано 11 настапи за репрезентацијата.

Џонатан де Гузман-член на Свонси,има 10 настапи за репрезентацијата и има 26 години.

Најџел Де Јонг-член на Милан со богата интернационална кариера и бројни црвени картони.Има 29 години,70 настапи за репрезентацијата и само еден постигнат гол.Најверојатно првиот избор кај Ван Гал за последен играч пред одбраната.

Весли Снајдер-малото човече со магичната десница,можеби клучниот играч кај холандската репрезентација.Член на турски Галатасарај моментално,29 годишен кој досега има запишано 98 настапи за репрезентацијата и постигнато 26 голови.

Арјен Робен-брзоногиот дриблер и член на Баерн Минхен кој оваа сезона имаше екстра сезона со истоимениот тим.Има 74 настапи и постигнато 22 голови за репрезентацијата.Има 30 години.

Џорди Класи-член на Феенорд,перспективен млад играч кој има 22 години.Досега има собрано 8 настапи за репрезентацијата.

Лерој Фер-член на Норвич.Има пет настапи за репрезентацијата и има 24 години.

Георгино Вијналдум-23 годишен играч,член на Псв кој има собрано 4 настапи за репрезентацијата и постигнато еден гол.Кларенс Сидорф еднаш има изјавено дека токму овој играч е неговиот наследник.

Мемфис Депај-звездата во подем,член на Псв и стандарден играч во истоимениот тим.Има 6 настапи за репрезентацијата.Има само 20 години.Кој има играно фудбал менаџер,знае за каков звер станува збор ( :icon_lol: )


Напад

Робин Ван Перси (капитен)-првиот и главниот напаѓач во репрезентацијата.Има 30 години,член е на Манчестер Јунајтед каде што од пред некој ден тренер му е токму Ван Гал.Има 84 настапи за репрезентацијата и 43 гола.

Дирк Кајт-најстариот член во репрезентацијата кој има 33 години и е член на турски Фенербахче.Има 98 настапи за репрезентацијата и постигнато 24 голови

Џермејн Ленс-играчот на киевски Динамо кој има 26 години и има 21 настап за репрезентацијата.Постигнато 7 голови.

Клас-Јан Хунтелар-е последниот играч на репрезентацијата на Холандија од нападот.Член на Шалке 04 со кои имаше одлична сезона каде беше главна алка во нападот и расположен за голови.За репрезентацијата има 61 настап и има постигнато 34 голови.Има 30 години.


Moжеби изненадување е што не е повикан преценетиот Ван Дер Вил од ПСЖ,но паметна одлука според мене е ова од страна на Ван Гал.Во еден дел од првенството имаше солидни игри,додека во поголемиот дел беше просечен,но недоволно да биде повикан за светското првенство од страна на Ван Гал.

Ќе пробам да го погодам и составот со кој би излегол Ван Гал на Светското првенство,но верувам дека ќе има измени во составот.
На голманската позиција ќе биде најверојатно Крул пред се поради неговото искуство и солидната сезона со Њукасл.

Во одбраната има некои нови дечки,пред се млади и според мене неискусни за вака големо натпреварување,но штом се повикани од страна на Ван Гал,значи дека верува во нив и дека може да направи добар резултат со нив,да стигне што подалеку на ова светско првенство.

На десната бековска позиција би требало да биде Јанмат,кој на квалификациите играше највеќе,а и со Феенорд оваа сезона беше одличен,еден од нивните главни играчи во одбрана и еден од најзаслужните што Феенорд конечно заличува на сериозна екипа која во иднина ќе парира на Ајакс и ПСВ.
На централните бековски позиции би требало да се најдат Влаар од Астон Вила кој е најискусен во оваа дефанзивна линија од сите и сигурно Ван Гал би сакал да внесе сигурност во одбраната наспроти младоста на останатите играчи.До него би требало да биде Де Вриј,кој е член на Феенорд.Релативно млад играч со светла иднина пред него,исто така заедно со Јанмат,еден од главните играчи на Феенорд оваа сезона.
На левата бековска позиција загарантирано место би требало да има Блинд,кој оваа сезона со Ајакс се покажа во одлично светло каде што и е шампион со истоимениот тим.Бидејќи на оваа позиција лалињата се дифицитарни очекувам да одигра една утакмица и Мартинс Инди кој може да игра и на оваа позиција,иако неговата позиција е класичен штопер,но одлично ја извршува и секундарната позиција на која што може да игра.
Во средниот ред како разбивач на играта би требало да го гледаме Де Јонг,кој во Милан оваа сезона е стандарден и игра добро.Но Ван Гал знае да изненади понекогаш и не би било чудо ако на неговата позиција видиме еден од Фер или Класи.И двајцата се неуморни на теренот,трчаат цело време напред назад,но за разлика од Де Јонг,кој е класичен тепач,другиве двајца се нешто помирни и посталожени и не прават така лесно непотребни фаули,а со тоа и жолти картони.Овие двајца мислам дека ќе играат против Чиле и Австралија каде што лалињата би требало лесно да ги земат сите три бода.
Нешто поофанзивно настроен ќе биде Снајдер кој кај лалињата на таа позиција е нивниот најдобар играч и можеби главна алка во составот преку кого ќе течат сите акции и опасности за противничкиот гол.До него би требало да биде баш Класи,кој со Феенорд оваа сезона беше многу добар,да не напоменувам веќе (случајот со Де Вриј и Јанмат)
Снајдер со Галата имаше одлична сезона во ЛШ,па и во турското првенство каде што кај нив беше алфа и омега.
Робен и Депај би требало да влеваат страв кај противниците по крилните позиции,каде што лалињата според моето мислење се тенки и освен тие двајца немаат класични крила.Останува да видиме што има на ум Ван Гал.
Робен,нема потреба за него да се зборува многу.Фантастичен оваа сезона со Баерн,се прошетаа во германското првенство оваа сезона и изгазија се што им се најде на пат.Во ЛШ може да се каже дека пројдоа лошо,пред се поради експериментите на Пеп и неговите тактички замисли.
Депај полека но сигурно прераснува во играч за голем тим и чудо би било ако не заврши во некој топ клуб после светсково првенство.Секако,ако се покаже во добро светло во што не се сомневам.Загарантирано место во првиот состав има кај Филип Коку во ПСВ,кој го увидел неговиот талент од кога седна на клупата на ПСВ и од тогаш редовно игра во првиот состав.Може добро да се снајде и во нападот,но не верувам таму да игра на светсково бидејќи по крилата се тенки како што напоменав.
Кога сме кај нападот таму е зацементиран Ван Перси кој оваа сезона не беше сјаен со Манчестер Јунајтед,но Ван Гал нема подобро решение за таа позиција од Ван Перси.
Се надевам дека фудбалска Холандија запалила свеќи и се помолила за Ван Перси да биде здрав и да не го повредат,бидејќи ако тој се повреди не знам Ван Гал на кого би се потпрел.Освен можеби на Хунтелар ако му се погоди денот,кој оваа сезона со Шалке беше одличен и редовно постигнуваше голови,но светско како светско,си носи свои притисоци.Кајт е испукана пушка што би се рекло и не верувам да се наигра на ова светско првенство,додека Ленс кој игра за Динамо Киев би можел да игра на крило.За Динамо Киев оваа сезона не покажа многу и не знам како би се вклопил во плановите на Ван Гал.Но како што реков,штом е земен во составот,значи дека има јасни идеи Ван Гал што прави и како прави,останува да видиме како ќе се одрази тоа на теренот.


Како што напоменав Холандија е во групата “Б“ заедно со Шпанија,Чиле и Австралија.


Untitled2.png



Првиот натпревар го игра против стариот должник Шпанија на 13 Јуни од 21 часот.Тука реално очекувам највеќе бод бидејќи Шпанците имаат страшен состав за разлика од младиот и неискусен состав на лалињата.Се повеќе од бод е позитивно изненадување.

Вториот натпревар го играат против Австралија од 18 часот на 18 Јуни и тука веќе очекувам брдо од голови во мрежата на кенгурите.

Третиот натпревар е против Чиле исто така од 18 часот на 23 Јуни.Тука очекувам тесна победа и понатамошен пласман бидејќи Чиле секогаш е незгодна репрезентација.



netherlands..png



Останува да видиме како Ван Гал ќе ги склопи коцките во составот и како ќе ги спреми младите и пред се неискусни играчи кој воглавно доаѓаат од холандското првенство.Првенство кое е релативно слабо и не е репер за тоа колку се добри или лоши одредени играчи.Можеби тоа е една од мааните на летечките холанѓани,младоста и неискуството на вака големо натпреварување каде што влогот е голем,каде што можат да потонат играчите и да се одрази тоа лошо на нив.
Предност секако е самиот Ван Гал кој знае да мотивира и да намириса талентиран играч,па ова ми влева надеж дека младите играчи ќе експлодираат на ова светско и ќе одат што подалеку,па зошто и да не на едно од првите три места.
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
АНГЛИЈА

englandlogo.png
Селектор:
Рој Хоџсон
Капитен: Стивен Џерард
Најмногу настапи: Питер Шилтон (125)
Најдобар стрелец: Боби Чарлтон (49)
Прекар: Гордиот Албион
FIFA ранкинг: 11
Англија се смета за колевка на фудбалот, но слободно може да кажеме дека земјите кои што ја прифатиле оваа игра ја усовршиле многу подобро од Англичаните. Репрезентацијата на Англија секогаш влегува со огромни очекувања на големите натпреварувања, па сигурно и на ова СП одат во Бразил за, како што велат тие, "да го вратат фудбалот дома". На 30 дена во Англија ќе се заборави на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, на Челзи и Арсенал, на Сандерленд и Њукасл... А јас полека ќе почнам со анализата на тимот на Англија на СП 2014.


Патот до Светското Првенство:

anglija pat.jpg
Најпрво ќе почнам со квалификациите, бидејќи секоја репрезентација од тука ја започнува борбата за титулата Шампион на Светот. Англија имаше релативно лесна група, во која секако беше фаворит за освојување на првото место. Најголем ривал за местото кое води директно во Бразил и беше репрезентацијата на Украина, која воошто не е наивна и не е за потценување, а групата ја дополнуваа тимовите на Црна Гора, Полска, Молдавија и Сан Марино. Англичаните ја оправдаа фаворитската улога и успејаа да го освојат првото место, со што обезбедија пласман на СП 2014 во Бразил. На десетте натпревари од квалификациите, репрезентацијата на Англија имаше ефект од 6 победи, 4 нерешени и ниту еден пораз. Исто така успеа да постигне 31 гол, а прими само 4. Најголема победа издвојува на гостувањето во Сан Марино каде славеа со резултат 0:8, а најголем отпор им пружи репрезентацијата на Украина, против која и во двата наврати изиграа нерешено. Најдобар стрелец, а воедно и лидер на тимот на Англија беше Вејн Руни, кој постигна 7 голови.​


Составот на Англија на СП 2014:
Голмани: Joe Hart (Manchester City), Ben Foster (West Bromwich Albion), Fraser Forster (Celtic).

Одбрана: Leighton Baines (Everton), Gary Cahill (Chelsea), Phil Jagielka (England), Glen Johnson (Liverpool), Phil Jones (Manchester United), Luke Shaw (Southampton), Chris Smalling (Manchester United).

Среден ред: Ross Barkley (Everton), Steven Gerrard (Liverpool), Jordan Henderson (Liverpool), Adam Lallana (Southampton), Frank Lampard (Chelsea), James Milner (Manchester City), Alex Oxlade-Chamberlain (Arsenal), Raheem Sterling (Liverpool), Jack Wilshere (Arsenal).

Напад: Rickie Lambert (Southampton), Wayne Rooney (Manchester United), Daniel Sturridge (Liverpool), Daniel Welbeck (Manchester United).
Репрезентацијата на Англија годинава немаше никакви проблеми со повреди, па на селекторот Рој Хоџсон, освен Тео Волкот, му беа сите поквалитетни фудбалери на располагање. Тој се одлучи за една интересна комбинација на искусни и млади, односно играчи што ветуваат. Лично, мислам дека Хоџсон направи одлична селекција и дека овој тим на Англија може да изненади на претстојното Светско Првенство. Повикани играчи кои имаат најмногу настапи за националниот дрес се Стивен Џерард со 110, Френк Лампард со 103 и Вејн Руни со 90 одиграни натпревари. Како најнеискусни се издвојуваат голманот Форстер и Лук Шо кои имаат само еден настап, а веднаш до нив се Стерлинг со 3 и Лалана, Баркли и Рики Ламберт, кои 4 пати го носеле дресот на националниот тим на Англија. Сепак баш овие играчи се очекува да бидат вистинско освежување на тимот, посебно фудбалерот на Саутемптон, Адам Лалана и крилото на Ливерпул - Рахим Стерлинг. Најмногу постигнати погодици за репрезентацијата на Англија од повиканите фудбалери има Вејн Руни (38 гола).

Екипно, доминират тимовите на Ливерпул и Јунајтед. Од тимот на Ливерпул, кој имаше одлична сезона во Премиер Лигата, Рој Хоџсон повика 5 фудбалери (со новото засилување Рики Ламберт се 6), а од Манчестер Јунајтед во Бразил ќе патуваат четворица. Ако гледаме според ростерите на екипите од минтата сезона, трети со 3 играчи, на оваа листа се тимот на Евертон и екипата на Саутемптон. По двајца играчи доаѓаат од екипите на Челзи, Арсенал и Манчестер Сити, а тимот на ВБА ќе има еден претставник во името на Бен Фостер. Единствен повикан играч кој игра надвор од Премиер Лигата е голманот на Селтик, Фрејзер Форстер.

Голман: Од голманите сигурно прв избор на Хоџсон ќе биде голманот на Сити, Џо Харт. Иако имаше неколку слаби партии на крајот на минтата и почетокот на оваа сезона, Харт се врати во форма во пролетниот дел и без дилеми тој ќе биде на голот на Англија. Фостер и Форстер се солидни голмани, но шансите да настапат на ова СП им се минимални.
Одбрана: Во одбраната Хоџсон повика 7 фудбалери. Единствен десен бек е Глен Џонсон, па најверојатно тој ќе биде стартер на таа позиција. Крај другата аут линија скоро сигурно ќе настапи Лејтон Бејнс, иако мислам дека можно е Шо да добие шанса на мечот со Коста Рика. Во централната двојка како сигурен првотимец го гледам Гери Кејхил, а неговиот партнер најверојатно ќе биде еден од Џонс и Јагиелка. Крис Смолинг ќе биде тука да покрие во случај на потреба, без разлика дали централно или десно. Очекувам повеќе да го менува Џонсон на позицијата десен бек, но поголемиот дел од СП мислам дека ќе го помине на клупата.
Среден ред: Прво што ми падна во око е дека несвојствено за Англија, во овие 23 фудбалери што ќе патуваат во Бразил, нема ниту еден world-class крилен фудбалер. Tука се Чемберлејн и Стерлинг, кои се одлични играчи, но секако сеуште се многу млади и имаат уште "леб за јадење" што се вика за да го достигнат нивото на најдобрите крила во светот. Сепак очекувам да добијат шанса и двајцата, па и сметам дека можат да се покажат во добро светло и со тоа да ни дадат до знаење дека од нив треба да очекуваме да изградат одлични кариери. И секако Милнер, кој според мене не е некој талентиран фудбалер, но секогаш бил ценет од селекторите на репрезентацијата. Најискрено неможам да предвидам кои ќе играат во средниот ред. Најверојатно Џерард е сигурен, како капитен на репрезентацијата, но неговиот партнер може да биде било кој од Лампард, Вилшер и Хендерсон. Првиот има огромно искуство, но во текот на Светското Првенство треба да наполни 36 години и со оглед на годините не очекувам да биде стандарден. Вториот е голем англиски талент, кој за жал мака мачи со повреди. Сепак се очекува целосно да се опорави до почетокот на Мундијалот и секако треба да биде една од главните фигури на репрезентацијата на Англија. А Хендерсон е пратнерот на Џерард од средниот ред на тимот на Ливерпул. Тие двајцата имаа одлична сезона на клубско ниво, па нема да биде никаков изненадување ако Хендерсон биде фудбалерот кој ќе му прави друштво на капитенот во средниот ред на Англиската репрезентација. Сепак очекувам Хоџсон да ги ротира сите четворица и според мене сите ќе имаат шанса да ги покажат своите знаења и способности. Адам Лалана е играч од кој исто така очекувам добар настап на ова СП. Тој е тип на играч кој е креативен, може да игра на неколку позиции, знае со топка, знае да асистира и секако да даде гол. А Рос Баркли најверојатно ќе има минимална улога на ова Светско Првенство.
Напад: Нападот го сочинуваат четворица играчи. Руни и Стариџ најверојатно ќе бидат првите опции на селекторот Хоџсон, а Рики Ламберт ќе ја чека својата шанса од клупата. Велбек, најискрено, очекувам да добие шанса на десната крилна позиција, иако знае да забележи добри настапи за репрезентацијата на Англија.

Тешко е да се предвидат првите 11 во тимот на Англија на ова СП, пред се бидејќи очекувам да има ротации и разни комбинации од натпревар во натпревар од страна на Рој Хоџсон. Според мене играчи кои ќе забележат најмногу настапи се Харт, Кејхил, Бејнс, Џерард и Руни. На другите 6 позиции очекувам да добијат шанса повеќе фудбалери. Сепак, јас би одел со следните 11:​

Харт
Џонсон - Кејхил - Џонс - Бејнс
Џерард - Вилшер
Стерлинг - Руни - Лалана
Стариџ
Со тоа што Вилшер би го ротирал со Хендерсон/Лампард, Џонсон со Смолинг, Џонс со Јагиелка, Стерлинг со Велбек, Лалана со Чемберлејн и Стариџ со Ламберт.​


Играчи од кои најмногу се очекува:

Steven-Gerrard-and-Wayne--008.jpg
Капитенот Стивен Џерард и најдобриот стрелец Вејн Руни се играчите на кои треба да се потпре репрезентацијата на Англија на Светското Првенство во Бразил. Двајцата се играчи кои играат многу години за репрезентацијата, поминале повеќе Светски и Европски првенства, имаат огромно искуство и секако според квалитетите кои ги поседуваат се фудбалери од светска класа. Освен тоа, со авторитетот кои го поседуваат и двајцата, несомнено прават тандем кој треба да ја преводи Англија до што е можно поголем успех. Освен овие двајца, клучен за пласманот на Англија на Мундијалот очекувам да биде и гоманот Џо Харт. Голманите низ историјата знаеле да решат многу натпревари, посебно во случај кога победникот треба да се реши по изведување на пеналите.

Група и натпревари:
Репрезентацијата на Англија беше извлечена во групата Д заедно со Италија, Уругвај и Коста Рика. Несомнено една од најтешките групи на ова СП и Англичаните ќе имаат тешка задача да обезбедат пласман во 1/8 финалето. Термините за натпреварите на тимот на Англија се следните:

anglija grupa.jpg

Дрес:

England.jpg
Англичаните ќе настапат на ова СП во традиционалните бели дресови со син фонт на бројките и имињата на фудбалерите, додека вториот дрес на репрезентацијата на Англија ќе биде црвен.

Историја на Светските Првенства:

england-1966.jpg
Репрезентацијата на Англија до сега настапила на 13 Светски Првенства и само 2 пати успеала да го помине 1/4 финалето. Првото СП за Англичаните било СП во Бразил 1950, на кое не успеале да ја поминат групната фаза.

Нивниот најголем успех на Мундијалите е остварен во 1966 година, кога пред домашната публика успеале да за прв пат да станат Шампиони на Светот. Започнале со нерешен резултат против Уругвај, но потоа победиле на преостанатите 5 натпревари. Најпрво против Мексико и Франција во групната фаза, а потоа и против репрезентациите на Аргентина во 1/4 финале и Португалија на Еузебио во 1/2 финалето. Во финалето на Вембли се сретнале со тимот на Западна Германија. Мечот завршил 2-2 во регуларните 90 минути, а репрезентацијата на Англија успеала да слави 4-2 после дополнителните 30 минути. Херој на Англичаните бил Џеф Хрст, кој постигнал хет-трик во тоа финале.

Потоа следуваат години без никаков успех на фудбалскиот тим на Англија. Забележуваат три 1/4 финалиња, три 1/8 финалиња и само еден настап во 1/2 финале. Вреди да се спомне "Божјата рака" на Марадона од СП 1986 во Мексико која секако и помогнала на Аргентина да ја елиминира Англија во четврт финалето. Додека 1/2 финалето на репрезентацијата на Англија доаѓа во 1990 година, на СП кое се одржало во Италија. Англичаните имале добар турнир, без пораз се до полуфиналниот натпревар во Торино против репрезентацијата на Западна Германија. Тука губат од Германците на пенали, а потоа поразени се и во мечот за трето место од домаќинот Италија. На последното СП 2010 во Јужна Африка, Англичаните имаа бледо и засрамувачко издание. Прво едвај ја поминаа групата составена од САД, Алжир и Словенија, а потоа беа торпедирани од Германците во 1/8 финалето.

Очекувања:
После неколкуте бледи изданија на Англичаните последните години, мислам дека конечно малку се смирени страстите, посебно кај домашната публика. Реално кога ќе се погледне групата во која ќе игра Англија, шансите да си заминат уште по групната фаза се големи, но еве јас би кажал дека очекувам да стигнат до 1/4 финалето. Кажав погоре дека ми се допаѓа тимот кој го избра Хоџсон, дека е одличен микс од искуство и младина и дека секако ќе има фудбалери кои ќе сакат баш на ова СП да му го претстават на Светот квалитетот кој го поседуваат. Во случај да ја поминат групната фаза, најискрено очекувам да слават и во 1/8 финалето. Иронично малку, но во 1/8 финалето би имале за нијанска полесна задача и полесен противник отколку во фазата по групи. Потоа во 1/4 финалето, ако оди се според планот треба да играт против Бразил или Шпанија, во зависност од тоа кое место ќе го освојат во групата. Е тука некаде според мене треба да заврши настапот на Англија на ова СП, иако не би им ги одземал шансите за победа и борба за медал во останатите 2 натпревари.
England-v-Peru-International-Friendly.jpg
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
ХОНДУРАС



Ху да фак ис Хондурас ?

Хондурас е држава во Централна Америка и спаѓа во групата мали држави кои се наоѓаат под Мексико. Углавном иако сум нерд за географија мене сите овие државички ми беа исти,ама ете на секои 4 години имаме потсетник дека не се.
Хондурас е планинска земја полна со џунгли која граничи со 3 други дупки - Никарагва, Белизе и Ел Салвадор и да не биде се така сиво излегува на
Карипското Море од едната страна и на Тихиот Океан од другата страна.
Има околу 8 милиони жители и површина од 112.000 км2 што е околу 2 пати повеќе од Хрватска.
Главен град е Тегусигалпа кој веројатно е вреден за паметење само поради своето јебачко име и ништо друго.
Државата името го добила затоа што Колумбо едвај дочекал да си отиде од таму и на излегување рекол "Фала Богу што се извлековме од оваа длабочина (значењето на името Хондурас)". Ture story bro...
Бивша шпанска колонија која денес според % на невработени може и на нас да ни парира и е во топ 3 најсиромашни држави во западната хемисфера (после Хаити и Никарагва,али кај и да е ги стигаме комшиите).
Демографски е прилично хомогена држава во која 90% од населението се местици и чат пат по некој индијанец што успеал да куртули од шпанците. Иако се бивша шпанска колонија белци нема ни за лек (што уствари кажува колку била привлечна за доселување).Кога би бил расист како би рекол дека поради тоа и се така неразвиени,ама ете не сум. :свиркам:


По што е познат Хондурас ?

За Хондурас нема што премногу да се кажува,освен еден интересн факт.

Ова е земја која е најпозната баш по фудбалот.Арно ама не поради своите големи спортски успеси како нација, туку како земја која поради фудбалски натпревар влезе во војна.
Да, дури и самата војна која траеше само 3-4 дена помеѓу соседите Хондурас и Ел Салвадор (педери) е наречена Фудбалската Војна.
Како повод за војната се смета квалификацискиот натпревар за СП 1970 година кога со гол во продолжение Ел Салвадор тепа 3-2 и изборува настап на СП.
Сега вие замислете си колку се типциве луди за фудбал кога беа спремни ради една утакмица да отидат во војна и да изгинат околу 3.000 луѓе на двете страни (по 1000 луѓе дневно).....

http://en.wikipedia.org/wiki/Football_War

http://www.youtube.com/watch?v=FVshtHUysBc

Следниот пат кога ќе видам како некои навијачи се курчат кој кого истепал и чие знаме запленил нека ги видат типциве колку се бедес и нека заќутат.
Добро јест да фудбалот е најмала причина за оваа војна,ама на сите им е поитересно да викаат дека била за фудбалот.

Екипата

Екипа која нема некои бог знае какви имиња и која според квалитетот на хартија би рекол дека за џабе им зема место на некои поквалитетни европски репрезентации.Така е поради тоа што на некого му текнало дека би било интересно да и се дадат 4 места на СП на квалификациска зона во која веројатно само толку земји играат сериозен фудбал.

Најзвучно име е Вилсон Паласиос кој е легенда во својата земја и единствениот фудбалер кој повеќето фудбалски фанови го знаат без да гуглаат од оваа земја.Поранешната ѕвезда на Тотенхем сега е дел од Стоук.
Други попознати имиња тука се Роџер Еспиноза и Мајнор Фигуероа. И двајцата се одбрамбени играчи
.Првиот игра во Виган,а вториот во Хул,а пред тоа погодете каде ?.......Да,Виган. Изгледа од таму имаат некој фетиш на играчи од Хондурас бидејќи таму има и уште еден тип (Хуан Карлос Гарсија),ама нема настапи до сега.
Остатокот од екипата игра по домашната лига или во нивниот комшилук и не верувам дека би ви значеле нешто нивните имиња,ама сепак ќе ги објавам.

Goalkeepers: Noel Valladares, Donis Escober (both Olimpia), Luis Lopez (Real Espana).

Defenders: Brayan Beckeles (Olimpia), Emilio Izaguirre (Celtic/Scotland), Juan Carlos Garcia (Wigan/England), Maynor Figueroa (Hull City/England), Victor Bernardez (San Jose Earthquakes/USA), Osman Chavez (Qingdao Janoon/China PR), Juan Pablo Montes (Motagua).

Midfielders: Arnold Peralta (Rangers/Scotland), Luis Garrido (Olimpia), Roger Espinoza (Wigan/England), Jorge Claros (Motagua), Wilson Palacios (Stoke/England), Oscar Garcia (Houston Dynamo/USA), Andy Najar (Anderlecht/Belgium), Mario Martinez (Real Espana), Marvin Chavez (Colorado Rapids/USA).

Forwards: Jerry Bengtson (New England Revolution/USA), Jerry Palacios (Alajuelense/Costa Rica), Carlo Costly (Real Espana), Rony Martinez (Real Sociedad)

Патото до СП

Како што кажав претходно патот до СП е релативно лесен во оваа кваливикациска зона.4 од 6 екипи идат понатаму. Сепак резултатите во квалификациите се за почит. Ги победија фаворизираните Мексико, САД и Коста Рика по еднаш што не е баш лесна задача.









United States 10 7 1 2 15 8 +7 22
Costa Rica 10 5 3 2 13 7 +6 18
Honduras 10 4 3 3 13 12 +1 15
Mexico 10 2 5 3 7 9 −2 11
Panama 10 1 5 4 10 14 −4 8
Jamaica 10 0 5 5 5 13 −8 5

Очекувања од СП

Групата дефинитивно не е лесно,но Хундурас знаел да се покаже како тврд орев против многу посилни екипи. Во група со Швајцарија, Франција и Еквадор не им се даваат премногу шанси во нивното трето учество на СП - второ по ред. Како и да е и минатото СП требаше да бидат боксерска вреќе,па им земаа клучен бод на Швајцарците и поштено ги намачија Чиле и Шпанија. Никој во Хондурас нема некои големи очекувања и доволно се среќни што се наоѓаат во Бразил.
Стариот познаник Швајцарија ќе сака да се одмазди затоа што ради нив не ја пројде групата пред 4 години. Франција е едноставно пресилна,а Еквадор со сите сили ќе ја бара шансата за 3 бода преку нив. Сепак мислам дека Хондурас нема туку така да ги пушти бодовите и дека ќе му откине 1 или 3 бода на некоја од нив пореномирана екипа. Верувам дека ќе испаднат по групите,но не без испален куршум.....нешто што никогаш не направиле ( па дури и буквално).


п.с
Сакам да им се извинам на сите Хондуранци на овој форум ако некако ги повредив нинивте национални чувства во првиот дел од анализата. Се е само шега....на крајот од краиштата нашол кој да збори. Ги има 4 пати повеќе од нас, имаат излез на море и океан и редовни се на СП. :D
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.215
Поени од реакции
7.275




Federación Mexicana de Fútbol Asociación
Селектор: Мигел Херера попознат како

Играч со најмногу настапи: Клаудио Суарез (178)
Играч со најмногу голови: Харед Борхети (46)
Капитен: Рафа Маркез <3
Фифа ранкинг: 19.

Патот до WC (get it?).
Во рамките на квалификациите за Мундијалот, репрезентацијата на Мексико изигра вкупно 18 утакмици од кои 10 победи, 5 нерешени и 3 порази.
Покрај првите три селекции од регионот на Северна Америка кои се квалификуваа (САД, Коста Рика и Хондурас), Мексико како четврта репрезентација играше двомеч плеј-оф со Нов Зеланд кој убедливо го доби со вкупни 9-3, (5-1 и 2-4).

Ова за Мексико ќе е 15ти јубилеен настап на Мундијалите. Најдобар резултат оствариле на светските првенства во 1970 и 1986 каде стигнале до 1/4 финалињата.
Чудно е што на овие две првенства домаќин бил токму Мексико.

Тимот.

Тројцата повикани голмани се Гиљермо Очоа (овај као демек имал 6 прсти на десната рака), Хозе Корона и Алфредо Талавера.
Прв избор најверојатно ќе е Очоа.

За одбраната Херера повика 8 дефанзифци и тоа: Miguel Layun (America), Carlos Salcido (Tigres), Paul Aguilar (America), Andres Guardado (Bayer Leverkusen), Hector Moreno (Espanyol), Francisco Javier Rodriguez (America), Diego Reyes (Porto), Rafael Marquez (Leon).

Во средниот ред повикани се: Miguel Angel Ponce (Toluca), Jose Juan Vazquez (Leon), Javier Aquino (Villarreal), Hector Herrera (Porto), Isaac Brizuela (Toluca), Marco Fabian (Cruz Azul), Carlos Pena (Leon).

Во нападот Херера се одлучи за: Oribe Peralta (Santos), Javier Hernandez (Manchester United), Giovani dos Santos (Villarreal), Raul Jimenez (America), Alan Pulido (Tigres).

Формациски, составот на Мексико би требало да изгледа вака:

Клучни играчи се Хектор Херера, ЏДС и Чичарито, токму од нив и најмногу се очекува.

Дресови.
Dresovi.png
Група.
Grupa.png
Натпревари.
Mechevi.png
Очекувања: шампиони!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom