Анализа на репрезентации - Светско Првенство 2014

Дејмон

why not
Член од
17 мај 2011
Мислења
1.368
Поени од реакции
2.886


Селектор: Фабио Капело
Капитен: Игор Денисов
Најмногу одиграни мечеви: Виктор Онопко
Најмногу постигнати голови: Владимир Бесчастник

Тим
Голмани:
Игор Акинфеев(ЦСКА Москва) Јури Лодигин(Зенит Ст. Петерсбург), Сергеј Ружиков(Рубин Казан)

Акинфеев е јасниот број 1. Лодигин и Ружиков имаат само по еден настап за националниот тим, додека Акинфеев има 66 и моментално игра за еден од најдобрите клубови во Русија, ЦСКА Москва.

Одбрана: Васили Березутски(ЦСКА Москва), Владимир Гранат(Динамо Москва), Андреј Јешченко(Анжи Макачкала), Сергеј Игнашевич(ЦСКА Москва), Алексеј Козлов(Динамо Москва), Дмитри Комбаров(Спартак Москва), Андреј Семенов(Терек Грозни) и Георги Шеников(ЦСКА Москва).

Стартната одбранбена линија би требало да ја сочинуваат Березутски, Игнашевич, Козлов и Комбаров.

Среден ред: Денис Глушаков(Спартак Москва), Игор Денисов(Динамо Москва), Алан Џагоев(ЦСКА Москва), Јури Жирков(Динамо Москва), Алексеј Ионов(Динамо Москва), Александер Самедов(Локомотив Москва), Виктор Фејзулин(Зенит Ст. Петерсбург), Олег Шатов(Зенит Ст. Петерсбург) и Роман Широков(Краснодар).

Средниот ред би требало да го сочинуваат капитенот Денисов, Жирков, Широков, Фејзулин и Џагоев. Со тоа што Фејзулин и Жирков би биле поистурени и би му помагале на напаѓачот.

Напад: Максим Кануников(Амкар Перм), Александр Кержаков(Зенит Ст. Петерсбург), Александар Кокорин(Динамо Москва).

Нападот би требало да го пополни Кержаков иако како искусен играч можно е да остави простор на младите како Кокорин и Кануников да ги докажат своите квалитети.

Ех, Русите.
Русите се тим од кој секогаш на интернационалните првенства се очекувало повеќе, но никогаш не успеале да го покажат својот вистински квалитет. Одсекогаш имале добри играчи и добар тим, но никогаш не успеале да одиграат барем блиску до нивниот потенцијал. Оваа година имаат добра шанса да го направат тоа за прв пат во својата историја, со релативно лесна група во која тие и репрезентацијата на Белгија се фаворити во својата група за влез во нокаут фазата.

Фудбалската историја на репрезентацијата на Русија
Сите знаеме дека пред 1991 година, најголем дел од руските играчи го сочинуваа националниот фудбалски тим на Советскиот Сојуз, кој беше многу успешен во 50-тите и 60-тите години од минатиот век.
Русија за жал, по распадот на СССР, не успеала да го задржи истото ниво на успех.
Нивните претходни настапи на светските првенства беа во 1994-та и 2002-ра, со тоа што Русите испаднаа уште од групите, со остварена само по една победа.

Русија во квалификациите
Русија ги покажа своите способности во квалификациите со освојувањето на првото место во својата група во која беше вклучена и моќната Португалија. Тесната одбрана на составот на Русите прими само пет голови во текот на целата квалификациска кампања, со што само Белгија, Англија и Шпанија примија помалку голови од нив.

Групата на СП
Во група во која можеби ја имаат својата најдобра шанса во својата историја за напредување во нокаут фазата, Русија прво се сретнува со Јужна Кореа - тим кој би требало да е лесен противник за Русите.
Следен противник им е според многумина фаворитот во групата Белгија, каде би требало да гледаме многу интересен меч.
Последниот натпревар го играат против репрезентацијата на Алжир, во натревар во кој се фаворити и исто така како во првиот свој натпревар го рупата се очекува да издвојат победа.

Oчекувањa
Како што кажав и претходно, според мене Русија заедно со Белгија би требало лесно да преминат во нокаут фазата со тоа што другите две репрезентации во нивната група не се доволно квалитетни на хартија за да им претставуваат некаква закана.
Нивни најверојатни противници во последните 16 би биле Германија или Португалија, што би претставувало многу тешка утакмица но како што Русите покажаа и во квалификациите дека може да се способни за победа против тим од таков калибар.

Играч од кои најмногу се очекува
Алан Џагоев


Алан Џагоев, еден од најталентираните играчи на репрезентацијата Русија во моментов игра на позицијата "десетка" која му дава потполна слобода во играта. На своите 23 години, веќе има одиграно 30 натпревари за националниот тим и можно е да е клучот за напредок на Русија во следната фаза.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
А Р Г Е Н Т И Н А
Големата Аргентина на крилјата на најдобриот светски фудбалер Лионел Меси ќе се обиде на својот народ да му ја донесе најголемата спортска радост, по трет пат да се закити со одличјето Светски фудбалски шампион. Нема поголема мотивација од тоа да се освои најпрестижниот фудбалски наслов на теренот на најголемиот спортски ривал на оваа земја, Бразил.
Следува анализата на едно од најголемите фудбалски имиња во светот, Аргентина.

За репрезентацијата:
Националниот тим на Аргентина познат како Гаучоси или Албичелести (небесно-сино бели) е основан во 1901 година, својот прв официјален натпревар го одиграл во Монтевидео против стариот ривал Уругвај.
Играч со највеќе настапи за репрезентацијата е Хавиер Занети (145).
Најдобар стрелец во историјата е Габриел Омар Батистута со 56 постигнати погодоци.
Капитен на репрезентацијата е Лионел Меси.
На ФИФА ранг листата се наоѓа на 6то место, највисок ранкинг имаше во 2007та година кога беа на првото место, најнизок ранкинг има забележано во 1996та година кога се најде на 20то место.
Селектор на репрезентацијата е Алехандро Сабеља кој го превзеде кормилото на Гаучосите во 2011 година.

Историја на Светските првенства:
Аргентина досега има настапено на 15 Светски првенства. За прв пат се појавиле во 1930 година на првото Светско првенство во Уругвај каде загубиле од домаќините со резултат од 4-2.
Гаучосите ги пропуштија мундијалите во 1938, 1950, 1954 и 1970. Одтогаш се учесници на сите првенства до сега.
Во 1958 година на мундијалот во Шведска селекцијата на Аргентина го завршува својот настап уште во групна фаза завршувајќи на последното место зад Германија, Северна Ирска и Чехословачка.
4 години подоцна истата судбина ја снаоѓа и на мундијалот во Чиле 62` каде во група со Англија, Бугарија и Унгарија завршува на 3тото место и со тоа го завршува својот настап.
1966та година на Светското првенство во Англија Гаучосите конечно успеваат да ја поминат групната фаза каде во група со Западна Германија, Шпанија и Швајцарија завршува на второто место со ист број бодови со Зап.Германија. Но во 1/4 финалето се среќаваат со подоцнежниот светски шампион Англија и со пораз од 1-0 се враќаат дома.
Откако не успеаја да се квалификуваат за мундијалот во Мексико во 1970та година Гаучосите се враќаат во 1974 во Западна Германија каде во група со Полска, Италија и Хаити завршуваат на второто место зад Полска и со тоа се пласираат во 2та рунда на натпреварување каде во супер тешката група со Холандија, Источна Германија и Бразил завршуваат на последното место без ниту една победа.
Следува Светско првенство 1978 година каде домаќин е токму Аргентина. Предводени од извондерниот Марио Кемпес Гаучосите стигаат до својата прва титула светски шампион. Во група со Италија, Франција и Унгарија завршуваат на 2то место зад Италија. Во втората фаза односно полуфиналната група со Бразил, Полска и Перу завршуваат на првото место и со тоа се пласираат во големото финале каде за противник ја имаат селекцијата на Холандија. Во финалето што се одржа на Моњументал стадионот по 120 минути игра Аргентина слави победа од 3-1 и се закитува со титула Светски шампион.
На мундијалот во Шпанија 82` Аргентина ја поминува првата групна фаза каде беше во група со Белгија, Унгарија и Ел Салвадор. Во втората фаза во група со Бразил и Италија завршува на 3тото место и со тоа го завршува својот настап.
4 години подоцна на Светското првенство во Мексико 86` предводени од според многумина најдобриот фудбалер во историјата на овој спорт Диего Марадона Гаучосите ја освојуваат својата 2ра и последна титула светски шампион. Во група со Италија, Бугарија и Јужна Кореја завршуваат на првото место и се пласираат во 1/8 финале каде за противник го имаат Уругвај кого го победуваат со 1-0. Во 1/4 финалето ја победуваат Англија со 2-1 со двата гола на Марадона за кои се дискутира и ден денес, првиот каде го претрча целиот терен без да биде запрен а вториот со Божјата рака успева да го измами Питер Шилтон а и главниот судија и ја носи својата репрезентација во полуфинале каде во мечот со Белгија успеваат да победат со резултат од 2-0 и со тоа да се пласираат во големото финале.
На Ацтека стадионот во Мексико Сити пред 115.000 гледачи Аргентина слави победа од 3-2 против Западна Германија.
Во 1990 на мундијалот во Италија во група со Камерун, Советскиот сојуз и Романија завршуваат на 3то место и се пласираат во квалификациска група на 3то пласирани селекции каде завршуваат на првото место пред Колумбија, Холандија, Уругвај, Австрија и Шкотска и се пласираат во нокаут фазата каде во 1/8 финалето го совладуваат Бразил со 1-0.
Во 1/4 финалето за противник ја имаат репрезентацијата на Југославија, по 120 минути игра резултатот беше 0-0, Аргентина беше подобра на пенали каде славеше со 3-2, Марадона промаши пенал. Во 1/2 финалето повторно пенали, овојпат против домаќинот Италија, 1-1 по 120 минути, 4-3 на пенали за Аргентина. Во големото финале повторно се среќаваат со Западна Германија но овојпат се поразени со резултат од 1-0. Од тогаш Гаучосите не успеваат да стигнат подалеку од 1/4 финале.
Во 1994 година во САД ја поминуваат првата група како 3то пласирани зад Нигерија и Бугарија а пред Грција. Во следната фаза во група со најдобрите 3то пласирани репрезентации завршува на првото место пред Белгија, САД, Италија, Русија и Јужна Кореја. Во 1/8 финалето се поразени од Романија со резултат од 3-2.
Во 1998 година на Светското првенство во Франција Гаучосите се наоѓаат во група со Хрватска, Јамајка и Јапонија и со 3 победи се пласираат во 1/8 финалето каде за противник ја имаат Англија, 2-2 заврши натпреварот а Аргентина победи на пенали со 4-3.
Во 1/4 финалето се среќаваат со Холандија и се поразени со резултат од 2-1.
Во 2002 година на мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја Аргентина доживува класичен дебакл, натпреварувањето го завршува уште во групната фаза каде покрај Шведска, Англија и Нигерија не успева да се пласира во нокаут фазата.
Во 2006 во Германија во група со Холандија, БСК и СиЦГ завршува на првото место и се пласира во 1/8 финале каде по продолженија го победува Мексико со резултат од 2-1. Во 1/4 финалето против домаќинот Германија се поразени на пенали со 4-2, 1-1 беше по 120 минути игра.
На последниот мундијал во Јужна Африка во 2010 година Гаучосите предводени од Диего Марадона на клупата лесно ја поминаа групната фаза каде заедно со Нигерија, Јужна Кореја и Грција завршија на првото место. Во 1/8 финалето повторно противник е Мексико и повторно слават победа со 3-1, одново реприза и во 1/4 финалето, Германија ја декласира Аргентина со високи 4-0.

Патот до Бразил:
Аргентина лесно ја помина КОНМЕБОЛ квалификациската група.
Заврши на првото место со 9 победи, 5 нерешени и 2 порази.

1. Аргентина - 32.
2. Колумбија - 30.
3. Чиле - 28.
4. Еквадор - 25.
5. Уругвај - 25.
6. Венецуела - 20.
7. Перу - 15.
8. Боливија - 12.
9. Парагвај - 12.

Групата Ф на Мундијалот:
Аргентина се наоѓа во група со Босна и Херцеговина, Иран и Нигерија. Својот прв натпревар ќе го одигра на 15 Јуни на Маракана против селекцијата на Босна и Херцеговина.
Во второто коло на 21 Јуни ќе одигра меч против Иран во Бело Хоризонте и последниот натпревар во групната фаза против Нигерија на 25 Јуни во Порто Алегре.

Официјален состав од 23 играчи:

Голмани:
Серхо Ромеро (Монако)
Маријано Андухар (Катанија)
Агустин Орион (Бока Јуниорс)

Одбрана:
Пабло Забалета (Манчестер Сити)
Хуго Кампањаро (Интер)
Федерико Фернандез (Наполи)
Езекиел Гарај (Бенфика)
Маркос Рохо (Спортинг Лисабон)
Хозе Басанта (Монтереј)
Мартин Демикелис (Манчестер Сити)

Средина:
Хавиер Маскерано (Барселона)
Аугусто Фернандез (Селта Виго)
Рикардо Алварез (Интер)
Лукас Биља (Лацио)
Фернандо Гаго (Бока Јуниорс)
Макси Родригез (Њуелс Олд Бојс)
Енцо Перез (Бенфика)
Анхел Ди Марија (Реал Мадрид)

Напад:
Езекиел Лавеци (ПСЖ)
Серхио Агуеро (Манчестер Сити)
Родриго Паласио (Интер)
Гонзало Игуаин (Наполи)
Лионел Меси (Барселона)
Алехандро Сабеља воглавно игра со 4-3-3 систем, играта ја базира на брзата трансформација на Ди Марија, Меси и Агуеро и убоитоста на Гонзало Игуаин.
На голот иако критикуван од многумина ќе биде сезонава резервниот голман на Монако Серхио Ромеро.
Десната бековска позиција е загарантирана за Пабло Забалета додека по левата страна ќе оперира Маркос Рохо. На штоперските позиции ќе биде двоецот Езекиел Гарај и Федерико Фернандез.
Во везниот ред пред одбраната како последен играч за врска ќе биде заменик капитенот Хавиер `Ел Хефе` Маскерано, веднаш до него како креатор на играта ќе биде Фернандо Гаго а од Анхел Ди Марија се очекува да ја поврзе средината со нападот каде покрај Кун Агуеро и Лионел Меси ќе се најде Гонзало Игуаин.

Графички вака би изгледало:



Играчи на кои треба да се внимава:
Нема потреба да се трошат зборови, Лионел Андрес Меси според многумина после Марадона најдобар фудбалер во историјата на фудбалот, цел свет е запознаен со магијата на брзоногиот фудбалер на Барселона.
Меси е капитенот на селекцијата, сите очекуваат од него конечно да се покаже во вистинско светло за репрезентацијата, единствените титули што му недостигаат во богатата ризница се оние од Копа Америка и секако Светското првенство. По слабата сезона со Барселона се очекува од Меси да блесне на Мундијалот.

Вториот играч на кој треба да се внимава е дефинитивно Анхел Ди Марија кој имаше извонредна сезона со Реал Мадрид каде стана Европски првак, ја одигра можеби најдобрата сезона во својата кариера, еден од клучните играчи на Карло Анчелоти сезонава. Таа фантастична форма се очекува да ја продолжи и на Мундијалот.

Триото го заклучуваме со кој друг ако не Серхио Кун Агуеро.
Иако се мачеше со повреди сезонава сепак постигна 17 гола за Манчестер Сити и му помогна на тимот да ја освои титулата во Премиер лигата. Кун е извонреден за репрезентацијата, добро се познаваат со Меси, во 2008та година беа Олимписки шампиони во Пекинг.


Дресови:


 
Последно уредено од модератор:

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.791
Поени од реакции
24.056
ШПАНИЈА
STK-UEF-SPA-P2005-01.jpg

Основана во: 1909
Познати како: La Furia Roja
Селектор: Висенте Дел Боске
Капитен: Икер Касиљас
Највеќе настапи: Икер Касиљас (153)
Најдобар стрелец: Давид Виља (56)
ФИФА ранкинг: 1-ви
Само една репрезентација има успеано да освои три големи национални првенства во низа, Шпанија. Со победата на ЕП 2008, СП 2010 и ЕП 2012, Шпанија испиша историја како една репрезентација со најдобрата генерација на сите времиња. Пред четири години во Јужна Африка, Шпанија играше во финалето со Холандија и со неверојатен удар на Андрес Иниеста во 119та минута од продолженото време ја однесе Шпанија кон својата прва светска титула. Ова беше единствен гол кој бил постигнат најкасно и бил решавачки погодок, со кое што влезе запишан во историјата на шпанскиот фудбал како еден од позначајните голови во репрезентацијата. Четири години подоцна Шпанија се наоѓа во Бразил надевајќи се да го повторат истото од пред четири години започнувајќи против истата репрезентација против која го завршија минатиот мундијал, Холандија.

Како и што се очекува од светскиот шампионт, тимот на Шпанија е еден од најдобрите тимови каде што секоја репрезентација може да му завиди, и оваа година ќе целат на тоа да ја одбранат светската титула и да ја продолжат низата на освоени континентални натпреварувања, колку ова и да звучи невозможно. Одличната комбинација на спектарот од млади шпански фудбалери споен со искусниот дел од тимот каде што играчите зад нив имаат три титули последователно, гледаат да ја направат оваа репрезентација подобра од било кога. Иако многу велат дека формацијата тика-така е веќе прочитана, сепак ако некоја европска репрезентација има шанса на Јужно Американско тло да ја освои титулата тоа е токму Шпанија.


Патот до 2014 FIFA WC

grupaI.png
Шпанија го освои првото место во Групата И со 3 бода пред второ пласираната Франција. Тие завршија со 6 победи, и само 2 нерешни против репрезентациите на Финска и Франција и гол разлика од +11. Само три од осумте натпревари Шпанија ги победи со повеќе од еден гол во мрежата на противниците, но победата од 0-1 против репрезентацијата на Франција во Париз беше клучната за освојувањето на првото место на Шпанија во групата.


Група Б од Светското Првенство

Group-B.png
Шпанија беше извлечена во Групата Б заедно со Холандија, Чиле и Австралија. Оваа може да се рачуна како една од потешките групи бидејќи освен Шпанија, ги имаме репрезентациите на Холандија и Чиле кои се доста добри, и Австралија која не би требало да се квалификува понатаму, но кои ќе ги освои првите две позиции ќе биде стварно неизвесно. Шпанија ќе се соочи со противникот од финалето на минатото СП Холандија, иако од тогаш до сега репрезентацијата на Холандија претрпе доста измени во својот состав несмее да се потцени. Црвената Фурија ќе се соочи и со Чиле, каде што ќе мора да ги освои трите бода, предност против Чиле треба да им биде цврстата одбрана и координираната средина. Против Австралија не треба да имаат никакви проблеми за да ги освојат трите бода, и ова треба да биде натпревар каде што Дел Боске ќе може да ги одмори некои од своите клучни играчи и да им даде шанса на младиот Коке и Казорла.

Повикани играчи

2014SpainWorldCup.jpg

Голмани:
Икер Касиљас (Реал Мадрид), Пепе Реина (Наполи), Давид Де Геа (Манчестер Јуанјтед)

Одбрана: Серхио Рамос (Реал Мадрид), Џерард Пике (Барселона), Раул Албиол (Наполи), Чави Мартинез (Баерн Минхен), Јорди Алба (Барселона), Цезар Аспиликуеата (Челзи), Хуанфран (Атлетико Мадрид)

Средина: Коке (Атлетико Мадрид), Чави Хернандес (Барселона), Чаби Алонсо (Реал Мадрид), Андрес Иниеста (Барселона), Серхио Бускетс (Барселона), Цеск Фабрегас (Барселона), Санти Казорла (Арсенал), Педро Родригез (Барселона), Хуан Мата (Манчестер Јунајтед), Давид Силва (Манчестер Сити)

Напад: Фернандо Торес (Челзи), Давид Виља (Њу Јорк Сити), Диего Коста (Атлетико Мадрид)

Трите голмани кои беа одбрани за СП се Икер Касиљас, Пепе Реина и Давид Де Геа. Прв избор за голманската позиција на првенството ќе биде секако Касиљас кој воедно и има највеќе настапи за Шпанската репрезентација и кој е редовен капитен под водство на Дел Боске. Иако играше малце натпревари во Ла Лига оваа сезона (само два), тој беше стандарден првотимец во Лигата на шампионите и Копа дел Реј, успевајќи од 13 натпревари, во 6 да не прими гол во Лигата на шампионите. Пепе Реина ќе биде вториот избор и е играч кој има големо влијание во соблекувалната на Шпанија. Како и да е, освен во соблекувалната корисен е и на терен каде што успеа оваа сезона во дресот на Наполи од 30 натпревари во 10 да ја зачува мрежата и да обезбеди квалификации за следната сезона во Лигата на шампионите за неговиот тим. Последното место за голманската позиција му припаѓа на младиот Давид Де Геа на кој му претстои неверојатна кариера во репрезентацијата, ова натпреварување ако ништо друго ќе му биде од огромно искуство каде што од натпревар во натпревар ќе станува се подобар и подобар. 12 натпревари без примен гол во 37 утакмици и одбран за најдобар играч на Манчестер Јунајтед сезонава е причината зашто он се наоѓа во репрезентацијата на Шпанија.

Гледајќи ја Шпанската репрезентација секој би заклучил дека најјаката алка е нивната средина, но ако погледнеме покрај тоа ќе видиме дека и одбраната е исто толку импресивна. Шпанија е репрезентација која примила најмалце голови во преелиминарната фаза, со само три гола примени во квалификациите. Најверојатната четворка во одбраната ќе биде Цезар Аспиликуета, Серхио Рамос, Џерард Пике и Јорди Алба, комбинација од физичка сила, цврстина, интелегенција и концентрација, додавајќи ги страничните бекови како голема закана кон противничките голови со своите центаршутеви. Рамос имаше одлична втора сезона во Реал Мадрид и ќе гледа тој моментум да го одржи и продолжи на ова СП. Во последните седум натпревари тој постигна шест гола што е извонредно кога станува збор за централен дефанзивец. Негов патрнер ќе биде Пике кој одлично се надополнуваат, и можат лесно да ја одземат топката и повлечат кон средината. Двајцата странични бекови се одлична мешавина каде што Алба ќе биде задолжен повеќе да напаѓа и да ја додава топката по таа лева страна до Иниеста со што ќе се ствара играч повеќе, а Аспиликуета ќе биде повеќе задолжен за дефанзивата, каде што заедно со Пике и Рамос ќе успеваат да ја пополнат таа празнина што ќе ја прави Алба. Раул Албиол, Хуанфран и Чави Мартинез се останатите тројца од одбраната кои ќе патуваат за Бразил и кои што ќе се надеваат дека ќе остават свој траг на најголемото првенство во светот. Чави Мартинез има повеќе шанси да добие некоја минута бидејќи е во предност на останатите двајца со тоа што може да игра и како централен дефанзивен средњак.

Сон на секој селектор на ова СП ќе биде да има барем некој од играчите од средниот ред на Шпанија. Нивното главно оружје составено од најдобрите таленти во светот. Стартните тројца во 4-3-3 формацијата би требало да го сочинува триото на Барселона Бускетс, Чави и Иниеста. Бускетс ќе биде задолжен за контролирање на задниот дел од средината со своите кратки пасови и кратењето на долгите топки, првото нешто што ќе треба да го направи откако ќе ја освои топката е да подаде кон Чави или Иниеста каде што тие ќе пробаат да креираат акција. Пред него ќе се наоѓа едно од најдобрите дуо во светот на фудбалот, Чави и Иниеста. Чави се наоѓа малце подлабоко од Иниеста и често се смета за генералот на тимот, иако Касиљас е капитен, Чави е тој кој ги организира играчите во средината и врши притисок врз судијата на теренот. Иниеста е последното парче на сложувалката кој што го постигна шампионскиот гол во финалето од минатото СП. Оваа сезона тој на својата статистика бележи 10 асистенции и 3 гола. Многу луѓе го сметаат како човек за големи натпревари бидејќи кога е најпотребно тој е тој што се издвојува на теренот како најдобар. Исто така говори фактот и дека секој пат кога Иниеста погодувал, Шпанија незнае за пораз колку и тоа ретко да се случувало. Останатите играчи од средниот ред се Чаби Алонсо, Цеск Фабрегас, Санти Казорла и Коке. Чаби Алонсо може да се најде во првите 11 ако Дел Боске се одлучи да игра со друга формација, како на пример 4-2-3-1 каде што ќе бидат партнери со Бускетс. Исто така може да се искористи и во формација 4-3-3 каде што ќе го завземе местото на Иниеста, а Андрес ќе се префрли во напаѓачките тројца завземајќи ја позицијата на лево крило. Фабрегас исто така може да се најде во составот, ако Дел Боске одлучи да го користи како лажна деветка каде што беше случајот на ЕП 2012, каде што вроди со голем ефект бидејќи Шпанија го освои тоа првенство. Санти Казорла и Коке ќе бидат користени како ротација во текот на натпреварувањето ова лето, жешките температури и воздухот во Бразил ги изморува дополнително играчите така што ќе бидат подложни на одмарање и ова е шансата која ќе ја добиваат токму овие двајца. Коке после одличната сезона со Атлетико Мадрид ќе ја бара шансата во репрезентација каде што оваа сезона на своите 22 години успеа да постигне 7 гола и да направи 15 асистенции.

Постигнувањето голови никогаш не било јаката страна на Шпанија, за тоа говори и СП од пред четири години каде што го поставија рекордот на освоено првенство со најмалце дадени голови, осум. Оваа година не би требало да е ништо поразлично, со тројцата напаѓачи Фернандо Торес, Давид Виља и Диего Коста. Торес се мачеше и оваа сезона во Челзи да си ја поврати формата од деновите кога играше за Ливерпул, некои беа и изненадени од неговото повикување на ова првенство тој е тука да ги разубеди. Виља иако старее сепак сезонава на неколку наврати во Атлетико Мадрид го покажа оној стариот Виља кој не е за џабе најдобар стрелец во историјата на Шпанија. Неговото искуство е причината поради која Дел Боске ќе смета на него и на ова првенство ко е воедно и последно за Давид Виља. Најдобриот напаѓач во Шпанија оваа сезона е Диего Коста, кој постигна 35 гола во дресот на Атлетико Мадрид во оваа сезона. Покрај овие голови тешко е да се предвиди како ќе се вклопи во овој нов систем во репрезентацијата, додавајќи ја и повредата која ја влечеше последните неколку месеци ќе бидат голем проблем за него, но и покрај ова неможе да му се негира способноста за давање голови. Останатите двајца напаѓачи може повеќе да се ставар во категорија какде средњаци, Давид Силва и Хуан Мата се последните двајца на списокот на Шпанија. Мата имаше тежок старт каде што беше ставен на клупа од страна на тренерот на Челзи, Жозе Мурињо. Трансферот на средината на сезоната во Јунајтед му ја врати надежта за играње на СП ова лето. Давид Силва имаше неверојатна сезона во Манчестер Сити. Токму тој може да биде една од ѕвездите на ова СП за Шпанија, каде што во 27 натпревари Силва постигна 7 гола, 9 асистенции и учествување во 84 акции што го прави еден од покорисните, ако не и најкорисен играч во составот на Шпанија.


Клучни играчи:
Серхио Рамос
download.jpg

Серхио Рамос игра огромна улога во тимот на Шпанија. Со отсуството на Карлес Пујол негова задача е да ја предводи одбраната. Тој е и најискусниот одбранбен играч во репрезентацијата со 115 натпревари и една светска и две европски титули позади него. Одличен дефанзивец, каде со својата сила и воздушната игра го прави одличен во офанзивата но и исто опасен за противниците. Тој се наоѓа во одлична форма, постигнувајќи три одлучувачки голови со глава во Лигата на шампионите.

Андрес Иниеста
download (1).jpg

Играчот кој ќе го диктира ритамот во средината на теренот на Шпанија. Неговите способности со топка се застрашувачки и е способен да створи опасна ситуација кога никој не очекува. Иако е добар со топката, знае како да ја задржи, да пробие и да даде одлучувачки пас, една од појаките страни на Иниеста е и шутот од далеку. Ова ќе биде од голема помош против екипи каде што нема да може да се пробие бедемот со пас играта.
Диего Коста
images.jpg

Нападот ќе падне на грбот врз овој човек. Имајќи одлична сезона со постигнати 35 гола во сите натпреварувања ќе сака серијата да си ја продолжи и на СП. Нападот на Шпанија секогаш бил воден од големи имиња (Раул Гонзалез, Фернандо Торес, Давид Виља), така да Диего Коста ќе гледа да ги оправда очекувањата. Иако не е голем мајстор со топката, големата физичка сила и осетот за гол е тоа што го прави одличен напаѓач.


Натпревари

Untitled.png


Предности и слабости на репрезентацијата
Предности:
Искуството во вакви интернационални првенства е нешто што секоја репрезентација мора да го има ако сака да го освои, а Шпанија го има дури и повеќе од доволно. Иако тренерот Дел Боске направи неколку замени од минатиот пат избирајќи повеќе играчи од Атлетико Мадрид што е и оправдано ако се земе предвид сезоната која ја имаа, главните играчи си остануваат истите. Рамос и Пиќе во центарот на одбраната, средината составена од играчите на Барселона и нападот сочинувајќи го Давид Виља и Фернандо Торес, златната репрезентација која им ги донесе сите овие успеси на Шпанците.

Слабости:
Безсомневање најголемата слабост во составот на Шпанија е годините. Клучните играчи како Чави, Чаби Алонсо и Давид Виља се веќе навлезени во своите триесет години, а и други играчи има кои се блиску до триесетката. Иако некои од овие веќе имаа 30 години на ЕП во 2012 сепак две години плус прават огромна разлика кога станува збор за физичката спремност. Друга слаба точка во репрезентацијата на Шпанија е нападот. Фернандо Торес имаше уште една слаба сезона во Челзи, промашувајќи на неколку наврати 100% шанси, како што беше случајот пред неколку дена на пријателската против Боливија. Давид Виља станува се постар и постар и ја губи агилноста и брзината кои беа карактеристични за него. Сеуште важи за одличен напаѓач, но не е веќе од светска класа, а тоа е она што и е потребно на оваа репрезентација ако сака да го крене повторно пехарот. Диего Коста иако е повикан и е најавуван како огромно засилување сеуште влече повреда и е под знак прашалник дали ќе биде спремен да игра на првите дуели во групите. Дури иако е спремен да игра, ќе игра со пола сила, плашејќи се да не ја обнови повредата или уште полошо да ја влоши


Како и да е колку и да сакам Шпанија и оваа година да освои, со својата револуционерна игра и поврзаноста на теренот, нивното владеење ова првенство ќе престане. Желба се има за нови успеси, но мислам дека втората ѕвездичка на амблемот нема да ја стават на ова првенство. Моја претпоставка е дека ќе играат 1/2 финале и максимум што ќе може да направат е да го освојат третото место.
 
Последно уредено од модератор:

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Е К В А Д О Р




Број на настапи на СП: 3
Последен пат: 2006 година (осминафинале)
Најголем успех: Осминафинале на СП 2006
Прекар: Триколорите
Селектор: Реиналдо Руеда
Капитен: Антонио Валенсија
Најмногу настапи: Иван Хуртадо (167)
Најдобар стрелец: Аугустин Делгадо (31)
ФИФА ранкинг: 28

Иако се наоѓа во можеби најлесната група на ова Светско Првенство, репрезентацијата на Еквадор ќе има многу тешка работа за да успее да се пласира во осминафиналето. Иако се пласираа прилично лесно пред репрезентацијата на Уругвај, сепак репрезентацијата на Еквадор е екипата со најмали шанси за успех на ова СП која доаѓа од Јужна Америка. Сепак се работи за репрезентација која во минатото беше топовско месо и шанса за зголемувања на гол разликата во квалификациите во Јужна Америка, а сега е репрезентација кој од 2002 преставува еден од подобрите национални тимови во овој континент. Фановите ќе немаат поголеми проблеми да допатуваат до стадионите во Бразил за да ја подржуваат својата репрезентација па затоа Еквадор ќе ја има таа предност пред своите ривали, за да го повторат својот најголем успех до сега на Светските Првенства.

Историја на Светските Првенства


Ова ќе биде трет Мундијал за Еквадор, но само од последните 4 од кога се пласираа за прв пат. Во 2002 на СП во Јужна Кореја и Јапонија го имаа својот прв настап на Светските првенства откако го освоија високото второ место на квалификациите, зад Аргентина, но пред големите Бразил, Парагвај, Уругвај, Чиле и останатите. На првенството беа сместени во група со репрезентациите на Италија, Хрватска и Мексико, што преставуваше многу тешка група за триколорите но сепак го завршија натпреварувањето со 3 бода, по победата над Хрватска во последното коло со што коцкастите завршија на третото место и не успеаа да се пласираат во осминафиналето. По четири години Еквадор успеа повторно да се квалификува на СП, овој пат во Германија, откако завршија 3ти во квалификациите. Тука во група со домаќинот Германија и репрезентациите на Полска и Костарика успеаа да го освојат 6 бода и да се пласираат во осминафиналето зад Германија. Но походот на Еквадор застана тука откако беа поразени од репрезентацијата на Англија по голот од слободен удар на Дејвид Бекам. На СП во 2010 не успеаа да се квалификуваат откако завршија 6то место, кое не носеше место ни на дополнителниот бараж со репрезентација од другите континенти.
Патот до Бразил
Еквадор имаше многу променливи настапи на овие квалификации. Додека дома на својот стадион на надморска височина од 2,782 метри, успеа да ги порази сите репрезентации освен Аргентина со кои одиграа реми, немаа победа и само три нерешени резултати. Но еден таков нерешен резултат, на гостувањето во Монтевидео во Уругвај, значеше пласман на Мундијалот. За време на овие квалификации, Еквадор ја изгуби својата напаѓачка ѕвезда Кристијан Бенитез, кој почина од срцев удар.



Со кого на ова СП?
Еквадор се наоѓа во групата Е, со репрезентациите на Франција, Швајцарија и Хондурас. Покрај двете европски екипи, Еквадор ќе има многу тешка работа за да успее да се пласира во осминафиналето. Со сите овие репрезентации Еквадор се нема сретнато на минатите СП, така да ова ќе биде ново искуство на секој натпревар. Селекторот Руеда ќе биде значителна предност за Еквадор во натпреварот со Хондурас, бидејќи во 2010 тој беше селектор на оваа средно Американска држава со која успеа да се пласира прв пат на Светските првенства. Сепак ако успее на првиот натпревар да избегне пораз и успее да ја победи репрезентацијата на Хондурас, може да направи изненадување во оваа група.



Повикани играчи


Голмани: Максимо Бангера (Барселона Еквадор) Адриан Боне (Ел Национал) Александер Домингез (ЛДУ Кито)

Одбрана: Хорхе Гуага (Емелец) Фриксон Еразо (Фламенго) Хуан Карлос Паредес (Барселона Еквадор) Валтер Ајови (Пачука) Оскар Багуи (Емелец) Габриел Ахилиер (Емелец)

Среден ред: Ренато Ибара (Витезе) Кристијан Нобоа (Динамо Москва) Едисон Мендез (Санта Фе) Сегундо Кастиљо (Ал-Хилал) Антонио Валенсија (Манчестер Јунајтед) Луис Саритама (Барселона Еквадор) Фидел Мартинез (Тихуана) Карлос Груезо (Штудгард)

Напад: Џеферсон Монтеро (Мореила) Јоао Рохас (Круз Азул) Филипе Саиседо (Ал-Џезеира) Енер Валенсија (Пачука) Мичаел Аројо (Атланте) Жаиме Ајови (Тихуана)

П.С. Сигурно имам грешки во преводите на имињата и презимињата, но што е битно Сидорф-Седорф-Зедорф....

Очекувана формација со која ќе се настапи:



Клучни фудбалери:


Репрезентацијата на Еквадор главно е составена од фудбалери кои настапуваат во домашното првенство па затоа ќе преставуваат тотална непознаница за другите селектори и за гледачите од целиот свет. Главна ѕвезда во тимот, без конкуренција е крилниот играч на англискиот тим Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија, кој во исто време е и капитен на оваа репрезентација. Сметан за еден од најбрзите фудбалери во моментов, Валенсија со своите пробиви по десната страна ќе претставува опасност за одбраната на другите репрезентации. Тука е и одбрамбениот играч Ајови и Џеферсон Монтеро кој е поврзан со повеќе екипи од Островот.

Предности:

Предностите на оваа репрезентација е близината на турнирот до државата, со што ќе имаат голема подршка на трибините од своите навивачи па често ќе се чувствуваат како вистински домаќини. Тука е и факторот тимска игра, бидејќи освен Валенсија, нема други ѕвезди во тимот со што сите ќе бидат фокусирани кон едно нешто.

Недостатоци:

Недостатоците е дека се работи за не толку квалитетен состав гледано по поединец и тоа губењето на единствениот вистински напаѓач во тимот, Бенитез, нешто што ќе се чувствува во играта како и во расположението меѓу фудбалерите, кои секако би сакале тој да биде со нив на ова СП.

Очекувања:

Очекувањата за Еквадор се многу слаби. Со Хондурас имаат шанси за победа, со Швајцарија треба да се надеваат на чудо, додека со Франција, и покрај слабата игра на Галските петли во последно време, нема што да бараат. Моите очекувања како и да повеќето спортски експерти низ целиот свет е дека нема да успеат да се пласираат во осминафиналето.
 
Последно уредено:
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
УРУГВАЈ

uru.jpg
Репрезентацијата на Уругвај е двократен светски шампион кој последен пат се радувал на титулата кога Светското првенство било организирано токму во Бразил,победувајќи го домаќинот со 2-1 во финалето.Првиот трофеј го освоиле во 1930 година кога биле домаќини на првото одржано Светското првенство,совладувајќи ја Аргентина во финалето со 4-2.Во 2011 по 15ти рекорден пат ја освоија Копа Америка и со златата освоени на Олимписките игри во 1924 и 1928 година и првото место од "Mundialito"(мало Светско првенство,одржано во Уругвај како педесет годишнина од првото Светско првенство каде учествувале дотогашните светски шампиони),Уругвај своето конто на освоени официјални титули го доведува на рекордни 20.Уругвај е најмалата земја,во однос на население која го има освоено Светското првенство.





Повикани играчи


Голмани:Фернандо Муслера(Галатасарај),Родриго Муњоз(Либертад),Мартин Силва(Васко де Гама)

Одбрана:
Диего Лугано(C,без клуб),Диего Годин(Атлетико Мадрид),Себастијан Коатес(Ливерпул),Хорхе Фусиле(Порто),Макси Переира(Бенфика),Хосе Мариа Хименес(Атлетико Мадрид),Мартин Касерес(Јувентус)

Среден ред:Волтер Гаргано(Парма),Алваро Переира(Сао Паоло),Кристијан Родригез(Атлетико Мадрид),Николас Лодеиро(Коринтијанс),Диего Перез(Болоња),Егидио Аревало Риос(Тигрес),Гастон Рамирез(Саутемптон),Алваро Гонзалез(Лацио)

Напад:Абел Хернандез(Палермо),Луис Суарез(Ливерпул),Диего Форлан(Церезо Осака),Кристијан Стуани(Еспањол),Единсон Кавани(Париз Сент-Жермен)



Анализа на играта и очекувани постави

Кога Оскар Табарез по втор пат седна на клупата на Уругвај категорично изјави дека ќе игра со една иста формација-традиционалната 4-3-3.

Но,поразот на Уругвај на неговото деби на Копа Америка во Венецуела(0-3 од Перу) значепе дека неговата тактика да биде флексибилна.Уругвај не е тим што сака да има голем процент на посед на топката,не се тим што има капацитет да игра фудбал кој се базира на голем посед на топката.

Нивни силни страни се нивната цврста одбрана, покривањето во средниот ред ,а нивното најсилно оружје се смртонсоните контри спроведени од страна на најдобрата напаѓачка линија на ова Светско првенство.

Табарез, неговата тактика ја поставува врз основа на силните страни на противникот за да го ослаби и според тоа го одбира играчите кои ќе настапат.На првиот натпревар против Коста Рика се очекува тој да настапи со фромацијата 4-4-2 со следниот состав:

Доколку Суарез не биде во можност да настапи поради операцијата на коленото,негова замена ќе биде ветеранот,легендата на Уругвај,Диего Форлан кој воедно е и фудабалерот со највеќе настапи и единствениот со над 100 натпревари во националниот дрес(109).

Доколку Табарез се реши за подефанзивна тактика,тој ќе го замени Стуани со Алваро Гонзалес,со што ќе му даде на тимот подефанизвна основа.Оваа тактика може да се очекува на натпреварите со Италија и Англија.

Најзастрашувачка варијанта за противничките одбрани би била онаа во која Форлан би играл зад Суарез и Кавани.

Кој е играчот кој ќе ги изненади сите на Светското првенство?

Една од карактеристиките која ги одбележува Уругвај,која истовремено е и слабост и силна страна е тоа што сите го знаат начинот на кој играат и тоа се нема сменето четири години.Табарез не сака изненадувања,тој преферира проверени работи.Доколку се земе тоа во предвид,изненадувањето може да биде Николас Лодеиро(кој игра за Коринтијанс).Тој може да донесе свежина во играта,или како плејмејкер,или како играч по левата страна од средината.

Кој е играчот кој ќе разочара најмногу?

Капитенот,Диего Лугано пред себе има голем предизвик:на 33 години,кога се чини дека неговите денови се зад него тој треба да биде клучен играч и лидер на овој состав.


Кој е играчот од кој се очекува најмногу?

Луиз Суарез,играчот кој вреди 100 000 001 евра после извонредната сезона во Ливерпул би требало да покаже највеќе на ова првенство,но колку ќе може да допринесе зависи намногу од неговото опоравување од операцијата.

Кои се реалните очекувања?
Многу ќе зависи од тоа колку ќе биде Луис Суарез способен да игра.Ако тој биде спремен,Уругвај е зрела екипа способна да ја надигра било која екипа.Логично сценариоа би било четврт-финалето,а доколку имаат среќа,можеби и повеќе.



Групата на смртта(Д)

Уругвај се наоѓа во групата Д,групата на смртта според многумина.Во оваа група се наоѓаат 3 поранешни светски шампиони(Уругвај,Италија,Англија) и аутсајдерот Коста Рика.Кој од овие великани нема доволно брзо да научи да игра самба ќе мора да ги спакува куферите и да замине.Со оглед на тоа што единствените две титули ги имаат освоено на јужно-американко тло би требало да значи дека Уругвај ќе биде фаворит од сенка иако некои од аналитичарите го отпишуваат и прогнозираат тие воопшто да не ја поминат групната фаза.


Интересни факти
>Уругвај и Аргентина го држат рекордот за најмногу меѓусебни натпревари изиграни.Тие се имаат сретнато 198 пати од 1901 година.Првиот натпревар помеѓу овие две држави е и воопшто првиот официјален интернационален натпревар одигран надвор од границите на Велика Британија и Ирска.
>На првото Светско првенство одржано во Уругвај,сите натпреави се одиграле во главниот град Менотевидео.Само на ова првенство не е одигран натпревар за трето место,а истотака наместо медали за прво и второпласираните им биле доделени плакети.
>Уругвај има 4 ѕвезди во амблемот,2 од освоените Светски првенства,а другите две се од првите места освоени на Олимписките игри во 1924 и 1928 кои од страна на ФИФА им се признати како Светски титули,со што Уругвај го дели второто место на најмногу освоени светски титули со Италија.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.942
Поени од реакции
25.212
Јапонија



Прекар: Сините самураи

Селектор: Алберто Закерони

Капитен: Макото Хасебе (Нирнберг)

Играч со најмногу настапи: Јасухито Ендо (Гамба Осака) – 141 наптревар

Играч со најмногу постигнати голови: Кунишиге Камамото – 80 гола

Шампиони на АП: 1992, 2000, 2004 и 2011.

Најдобар успех на СП: осминафинале, 2002 и 2010




Дресови



Маскотата на Јапонија за Светското првенство во фудбал ќе биде, верувале или не – Пикачу. И на нашите простори анимираната серија “Покемони“ беше навистина популарна, а “најсилниот“ помеѓу нив е, секако, Пикачу.

Јапонците очигледно сакаат да бидат брзи како грмотевица и да играат како вклучени во струја, па ќе видиме дали ќе им помогне моќниот Пикачу. Со овој потег веројатно Јапонците победија на Светското првенство, кога станува збор за “најсилна“ маскота.





Историја

Јапонија за прв пат успеа да се квалификува на СП 1998 во Франција каде што беа извлечени во групната фаза со репрезентациите на Аргентина, Хрватска и Јамајка. Сините Самураи беа поразени од сите три репрезентации и си заминаа со ниту еден освоен бод. Масаши Накајама успеа да го постигне првиот гол за Јапонија на едно СП.





Потоа на СП 2002, Јапонија заедно со Јужна Кореја како домаќини автоматски беа квалифицирани. Јапонија беше извлечена во група со Белгија, Русија и Тунис. Завршија на 1-то место и за прв пат успеаа да влезат во осминафиналето на едно СП каде што се сретнаа со Турција и беа елиминирани со резултат 0:1. Турција на тоа СП заврши на 3-то место.

После 4 години на СП 2006 предводени од Бразилецот Зико во група со Австралија, Хрватска и Бразил завршија како последно пласирани со само еден освоен бод од натпреварот со Хрватска кој заврши без голови, 0:0. Против Австралија загубија 1:3 иако дури до 85-та минута водеа со 1:0. Хајлајтс од мечот може да погледнете тука. Сигурно се сеќавате некои.

На СП 2010 Самураите беа во група со Камерун, Данска и Холандија и со две победи против подобро ФИФА рангираните репрезентации Камерун и Данска и со само еден пораз од Холандија влегоа во осминафиналето каде што играа против репрезентацијата на Парагвај. Мечот заврши 0:0, после изведување на пеналите Јапонија беше елиминирана од Парагвај со резултат 3:5.


Патот до СП



На 4-ти јуни 2014 Јапонија со резултат 1:1 против Австралија и како 1-во пласиран во групата со Австралија, Јордан, Оман и Ирак, официјално успеаа да се квалификуваат за СП 2014 во Бразил.

Најдобар стрелец во азиските квалификации за СП беше Шинџи Оказаки (Мајнц) со 8 гола. Хонда постигна 5 гола, Кагава и Маеда по 4 гола.


Подготовки за СП

Самураите одиграа две подготвителни натпревари против Кипар на 27 мај и против Коста Рика на 3-ти јуни. Против репрезентацијата на Кипар им одеше тешко, но успеаа да победат со минимални 1:0 со голот на десниот одбранбен бек на Шалке, Атсуто Учида. Против репрезентацијата на Коста Рика иако губеа на полувреме со 0:1 успеаа во 2-то полувреме да направат пресврт и да слават победа со 3:1.


Составот на Јапонија:

Голмани: Еиџи Кавашима (Стандард), Шусаку Нишикава (Урава), Шуичи Гонда (Токио)

Одбрана: Атсуто Учида (Шалке), Готуко Сакаи (Штутгарт), Хироки Сакаи (Хановер), Јасујуки Коно (Гамба), Масаихо Иноха (Џубило Ивата), Масато Моришиге (Токио), Маја Јошида (Саутемптон), Јуто Нагатамо (Интер)

Среден ред: Макото Хасебе (А. Франкфурт), Кеискуке Хонда (Милан), Шинџи Кагава (Ман. Јун.), Хироши Кијотаке (Нирнберг), Хотару Јамагучи (Церезо Осака), Тошихиро Аојама (Хирошима)

Напаѓачи: Јасухито Ендо (Гамба), Јошито Окубо (Кавасаки), Шинџи Оказаки (Мајнц), Јуја Осако (1860 Минхен), Јоихиро Какитани (Церезо), Манабу Саито (Јокохама).

Болдираните се можни стартери на СП во формација 4-2-3-1.

Слабата страна на Самураите ќе биде секако одбраната како и слабата минутажа и слабата форма на неколкуте играчи сезонава кои играат во Европа со исклучок на напаѓачот Шинџи Оказаки од Мајнц кои сезонава со постигнатите 15 гола за Мајнц беше клучен играч за тоа што завршија на 7-та позиција во Бундеслигата која води во квалификациите за ЛЕ. Од друга страна капитенот на репрезентацијата Макото Хасебе не успеа со својот клуб Нирнберг да опстанат во Бундеслигата. Од новата сезона Хасебе ќе игра за Ајнтрахт Франкфурт. Најдобриот играч шинџи Кагава многу ретко добива минутажа во Ман. Јун. На десната бековска позиција е преголема конкуренцијата со тројцата играчи од Бундеслигата, браќата Сакаи, Готуко од Штутгарт кои имаше 28 настапи сезонава и две успешни асистенции и Хироки од Хановер кои одигра 26 натпревара за Хановер во кои постигна 1 гол, но немаше асистенции. Атсуто Учида имаше проблеми со повредите сезонава па има само 17 настапи сезонава во Бундес за Шалке во кои успеал да постигне 3 асистенции. Се претпоставува дека селекторот Закерони најголема доверба има во Учида и дека тој ќе биде стартер на десната бековкса позиција.


Очекувања
Самураите не се најдоа во многу тешка група каде што има фворити за освојување на титулата на СП, но со БСК, Грција и Колумбија патот до осминафинелто ќе биде многу тежок. Секако дека Самураите очекуваат и се надеваат да стигнат барем до осминафиналето, но мое мислење е дека немаат шанси за такво нешто иако имаат добри поединци и играчи во тимот.


Распоред за натпреварите
Првиот натпревар Јапонија ќе го одигра на 14-ти јуни на Арената Пернамбуко во Рецифе против Брегот на СК. На 19-ти јуни против Грција на Естадио дас Дунас во Натал и на 24-ти против Колумбија на Арена Пантанал во Куиаба.

 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Гана











Прекар: Црните Ѕвезди.

Менаџер: Џејмс Апија

Капитен: Азамоа Гиан

Поткапитен: Мајкл Есиен

Врвни стрелци: Едвард Аква / Кваси Овусу (40)

ФИФА ранкинг: 37

Најдобар успех: 1/4 финале (2010)


Што да се каже за Гана, а да се фрли уште поубаво светло кон овој прекрасен тим кон оние кои ги следеа претходните две првенства. Да почнеме од 2006та...

Во 2006та година, Гана се истакна како најмладиот состав во мундијалот со само 23 години и 352 дена. Воедно, ова беше и првиот настап на репрезентацијата во ова натпреварување. Затоа беше толку вчудоневидувачки што успеаја да поминат во следната фаза откако беа групирани со Италија, Чешка и САД. Но, среќата не им се насмевна на Црните Ѕвезди кога се вкрстија со победниците од другата група, Бразил. Во 1/8 финалето беа победени со 3:0. Сепак, Гана, како репрезентација остави убав впечаток врз фановите, но сепак недоволно добар за тие да сфатат колку може да бидат опасни во следното првенство.

А во 2010та, Гана повторно истапија на сцената откако претходната година нивниот младински тим го освои трофејот во младинското светско првенство. Дури ни тоа не даде доволно силен знак за тоа што го очекува светот од оваа мала држава. Гана беше групирана со Германија, Србија, Австралија, со што сите веднаш ги впишаа Германија и Србија како победници. Но, вистината беше далеку од тоа. Иако Гана изгуби од Германија, успеа да ги порази Србија и Австралија, во главно благодарение на ладната глава на Азамоа Гиан, кој со 2 пенали во двата натпревари успеа да освои 4 бода, што за чудо беа доволно да се протнат во 1/8 финалето. Таму, Гана се вкрстија со стариот непријател, САД. Субјективно ќе речам дека се сеќавам на коментарите од Американците: "Хах, Гана, кои се тие па да не ги тепаме". И овојпат Црните Ѕвезди ја затнаа публиката. Благодарение на голот на Кевин Принц Боатенг успеаја да поведат, но по дајвот на Клинт Демпси и успешно изведениот пенал од Лендон Донован, Американците се изборија за продолженија. Но секако, кој ако не Азамоа Гиан не истапи во контра напад и предизвика шок на една од најмоќните држави на светот со постигнување на гол во самиот почеток на продолженијата. САД не успеа да постигне гол, и Гана прогресираше во 1/4 финалето, оживувајќи ја надежта дека конечно Африка ќе добие држава во 1/2 финалето, нешто што не се случило досега.

Но, никој не знаеше дека токму тогаш ќе следува еден од најконтроверзните натпревари во историјата на фудбалот. Гана се соочи со Уругвај, со цел да се избори за 1/2 финале против Холандија. Го памтам коментарот на Калински во последните секудни од првото полувреме: "И мислам дека веќе можеме да го привршиме ова полувреме, резултатот останува 0:0... но шут на Мунтари И ГОЛЛЛЛЛ !!!!!!". Мунтари ја заби топката во голот на Муслера од неверојатни 36 метри. Во второто полувреме, Уругвај изненади со прекрасен слободен удар на Диего Форлан, кој всушност влезе во голот поради неспособноста на Ричард Кингсон, голманот на Гана, да се постави како што треба да се поставува најмалку еден аматерски голман. Натпреварот така и заврши, по што следуваше продолжението. Вистинската драма се случи во 123та минута. По слободниот удар од Гана, топката се најде во нозете на Доминик Адија, младиот играч на Милан кој упати удар кон голот на Уругвај каде беа концентрирани сите Уругвајци, по што Луис Суарез успеа да ја спречи топката од влез во голот со раце! Суарез веднаш беше исклучен, а Гана имаше пенал. Пенал што би значел историски успех за Африка. Изведувачот секако беше најверодостојниот репрезентативец, Азамоа Гиан. Атмосферата на теренот беше таква, што човек би помислил дека на секаде низ светот владее апсолутна тишина. Гиан зема залет... шутна и... ЦИНК! Топката удри во пречката и се одби нагоре кон публиката, по што веднаш се слушна свирчето на судијата, означувајќи крај на продолжението и почеток на пенал рулетот. Гиан овојпат беше сигурен, заедно со Апија, но вистина беше погрешен избор да се стави Џон Менза, центар-бекот и младиот, 17-годишен, Доминик Адија, да изведуваат пенали, кои и двајцата аматерски ги промашија, додека Кингсон не успеа да процени правилно ниту еден Уругвајски пенал. Гана беше елиминирана, Уругвај славеа, а Азамоа Гиан беше во солзи, покриен со својот дрез и човек би рекол дека ова никогаш не би можел да си го прости. Но... животот продолжува...

... Гана е на почетокот на уште еден мундијал, трет по ред, а капитен е никој друг, туку токму Азамоа Гиан.

Состав:


Goalkeepers:
Fatau Dauda (Orlando Pirates), Adam Kwarasey (Stromsgodset), Stephen Adams (Aduana Stars)

Defenders: Samuel Inkoom (Platanias), Daniel Opare (Standard Liege), Harrison Afful (Esperance), John Boye (Rennes), Jonathan Mensah (Evian), Rashid Sumalia (Mamelodi Sundowns)

Midfielders: Michael Essien (AC Milan), Sulley Muntari (AC Milan), Rabiu Mohammed (Kuban Krasnodar), Kwadwo Asamoah (Juventus), Emmanuel Agyemang-Badu (Udinese), Afriyie Acquah (Parma), Christian Atsu (Vitesse Arnhem), Albert Adomah (Middlesbrough), Andre Ayew (Marseille), Mubarak Wakaso (Rubin Kazan)

Forwards: Asamoah Gyan (Al Ain), Kevin-Prince Boateng (Schalke), Abdul Majeed Waris (Valenciennes), Jordan Ayew (Sochaux).





Овојпат Гана се наоѓа во најтешката група досега, групата Г со Германија, Португалија, и досега најчестите ривали, САД. Светот повторно не ги сфаќа Ганаѓаните како сериозна закана, како што не ги сфатија претходниот пат. Ова оди само во нивен прилог, бидејќи светот не е свесен каков шок го очекува. Нема потреба да се истакнува од каде доаѓа најголемата закана, бидејќи тимот е моќен на сите позиции, екипата е цврста, играчите се искусни на клубско и интернационално ниво, и се спремни да си ја завршат задачата која ја започнаа пред 4 години, а сурово им беше скратена.


Африка верува! Верувајте и вие!





GO GHANA !!!
 

Schtrawzenigger

and the Baltic Fleet
Член од
9 јули 2013
Мислења
668
Поени од реакции
2.297
КОЛУМБИЈА

Federacion_Colombiana_de_Futbol_logo.svg.png

Основана во: 1938
Познати како: Los Cafeteros
Асоцијација: Federacion Colombiana de Futbol
Селектор: Xoзе Пекерман
Капитен: Марио Јепес
Највеќе настапи: Карлос Валдерама (111)
Најдобар стрелец: Арнолдо Игуаран (25)
ФИФА Ранкинг: 5-ти

Историја

Репрезентацијата на Колумбија досега има учествувано на 4 Светски првенства, во 1962, 1990, 1994 и 1998.
Најголем успех забележале во 1990 година, за време на "златната ера" кога, предводени од Карлос Валдерама и Фаустино Асприља, се пласирале во осминафиналето, каде по нерешениот резултат 0:0 во регуларното време, загубиле од Камерун по продолженијата со 2:1. Останатите 3 Светски првенства, Колумбија ги завршила во групната фаза.
Патот до Бразил

Завршувајќи како втори во јужноамериканската CONMEBOL квалификациска зона, репрезентацијата на Колумбија директно се квалификуваше на Светското првенство во Бразил.

Квалификациите ги започнаа одлично, победувајќи ја Боливија на гостински терен со 2:1. Потоа следуваа два домашни натпревари без победа, 1:1 со Венецуела и 1:2 со Аргентина, по кои тогашниот селектор Леонел Алварез беше отпуштен по само 3 месеци на кормилото. Новоназначениот тренер Хозе Пекерман започна бледо, со тесна домашна победа од 1:0 над Перу и шокантен пораз од 1:0 од Еквадор, но потоа следуваше сензационална победа од 4:0 против шампионот на Копа Америка, Уругвај, прекинувајќи им ја победничката низа која траеше од завршувањето на Светското првенство во ЈАР.
По 5 победи (Чиле, Парагвај, Боливија, Перу и Еквадор) и еден нерешен резултат (на гостински терен со големата Аргентина) од 7 натпревари, репрезентацијата на Колумбија гостуваше кај Уругвај, со цел да освојат барем 1 бод и да се квалификуваат на Светското првенство уште на 2 кола пред крајот на квалификациите. Колумбија го загуби мечот си 2:0 но веќе на следниот, ремизирајќи 3:3 со Чиле, си обезбеди место на мундијалот. Последниот меч од квалификациите, кој немаше некое поголемо значење за Колумбијците, го добија со 2:1 на гостувањето во Парагвај.

Повикани играчи

c_01_01,property=original.jpg

Голмани:
- Давид Оспина (25 години, 42 настапи, 0 голови, Ница)
- Камило Варгас (24 години, 0 настапи, 0 голови, Санта Фе)
- Фарид Мондрагон (42 години, 55 настапи, 0 голови, Депортиво Кали)

Одбрана:
- Кристијан Запата (27 години, 21 настап, 0 голови, Милан)
- Марио Јепес (38 години, 96 настапи, 6 гола, Аталанта)
- Пабло Армеро (27 години, 51 настап, 1 гол, Вест Хем)
- Сантијаго Ариас (22 години, 5 настапи, 0 голови, ПСВ)
- Хуан Камило Зунига (28 години, 52 настапи, 1 гол, Наполи)
- Карлос Валдес (29 години, 13 настапи, 2 гола, Сан Лоренцо)
- Едер Алварез Баланта (21 година, 2 настапа, 0 голови, Ривер Плејт)
Средина:
- Хуан Гиљермо Квардадо (26 години, 26 настапи, 3 гола, Фиорентина)
- Алдо Леао Рамирез (33 години, 29 настапи, 1 гол, Морелиа)
- Карлос Санчес (28 години, 44 настапи, 0 голови, Елче)
- Абел Агиљар (29 години, 48 настапи, 6 гола, Тулуз)
- Џејмс Родригез (22 години, 21 настап, 4 гола, Монако)
- Фреди Гуарин (27 години, 48 настапи, 3 гола, Интер)
- Хуан Фернандо Кинтеро (21 година, 4 настапи, 0 голови, Порто)
- Виктор Ибарбо (24 години, 8 настапи, 1 гол, Каљари)
- Александер Мехиа (25 години, 9 настапи, 0 голови, Национал)

Напад:
- Карлос Бака (27 години, 10 настапи, 3 гола, Севиља)
- Теофило Гутјерез (29 години, 29 настапи, 12 гола, Ривер Плејт)
- Адриан Рамос (28 години, 24 настапи, 2 гола, Борусија Дортмунд)
- Џексон Мартинез (27 години, 27 настапи, 8 гола, Порто)

Анализа на составот

На голманската позиција сигурен е Давид Оспина кој сезоната ја заврши во Ница. Сега е слободен агент и најверојатно од наредната сезона ќе брани во поголем клуб.

Почетни централни бекови најверојатно ќе бидат капитенот Јепес и Запата. Карлос Валдез од Сан Лоренцо ќе биде нивна замена, ако е потребно. Младиот Баланта е земен за не дај боже и тешко дека ќе настапи. Странични бекови ќе бидат Ѕунига и Армеро, кои иако не се во најдобра форма, немаат некоја конкуренција во репрезентацијата. Mладиот играч на ПСВ, Сантиаго Ариас, ќе биде нивна прва замена.

Дефанзивните работи во средниот ред најверојатно ќе ги врши Карлос Санчез, кој е стандарден во репрезентацијата под водство на Пекерман.
За негов партнер во средината има повеќе опции, Агиљар, Гуарин, Рамирез или Кинтеро. Фаворит за тоа место е Агиљар, 29 годишниот играч на Тулуз. Фреди Гуарин, играчот на Интер, иако е најзвучно име од средниот ред, го изгуби местото како стандарден во репрезентацијата и нема да биде изненадување ако почесто биде на клупата отколку на теренот. Тој секако нема да игра во првото коло против Грција бидејќи е суспендиран. Младиот Кинтеро важи за огромен талент кој најверојатно во иднина многу ќе придонесе за репрезентацијата, но во моментов е премлад и неискусен и тешко дека ќе се изнаигра на ова Светско првенство.

На крилните позиции, речиси сигурно ќе играат Џејмс Родригез и Хуан Гиљермо Квардадо.

Во нападот, чудно но вистинито, покрај толку звучни имиња, најсигурно е местото на играчот на Ривер Плејт, Теофило Гутјерез. Гутјерез е еден од најстандардните играчи на Пекерман, кој со 12 гола на 29 настапи, му се оддолжува на Аргентинскиот тренер. Останатото место во нападот најверојано ќе го потполни Карлос Бака, напаѓачот на Севиља, кој со својата добра игра му помогна на својот тим да дојде до титулата во Лига Европа. Џексон Мартинез, ѕвездата на Порто, не игра баш најдобро за репрезентацијата и веќе подолго време нема постигнато гол, затоа најверојатно ќе биде втора виолина во нападот на Колумбијците. Адријан Рамос најверојатно ќе биде замена за Тео Гутјерез или крилата.

Можен прв тим

Untitled.png

Клучни играчи

2013541_n_vir1.jpg

Мегаѕвездата на Монако и иконата на Колумбијската репрезентација, Радамел Фалкао не успеа навреме да се опорави од повредата и за жал ќе го пропушти Светското првенство. Со тоа, најголемиот товар ќе падне на плеќите на Џејмс Родригез, младиот 22-годишен суперталент на Монако. Левоногиот напаѓачки-ориентиран-играч-од-средниот-ред (attacking midfielder јеботе) креираше најмногу шанси (43) на јужно-американските квалификации за Светското првенство и сигурно ќе биде еден од најголемите адути на селекторот Хозе Пекерман. Исто така многу се очекува и од крилото на Фиорентина, брзоногиот Хуан Гиљермо Квардадо, кој изминатава сезона беше најдоброто крило во Серија А, постигнувајќи 15 погодоци.

Стил на игра

Тактичкиот гениј Хозе Пекерман фаворизира офанзивна игра. Аргентинецот најчесто игра со 4-4-2 формација или други варијации од кои главната опасност доаѓа од страничните позиции. Офанзивните странични бекови Ѕунига и Армеро, како и крилата Џејмс Родригез и Квардадо, ќе бидат клучните алки во креирањето на играта на Колумбија.

Предности

Тренерот Хозе Пекерман ќе има слатки маки за изборот на напаѓачката линија. Премногу квалитетни имиња, фактот што Џексон Мартинез, ѕвездата на Порто кој е еден од најбараните напаѓачи на трансфер пазарот, Адриан Рамос, новиот играч на Борусија Дортмунд и Карлос Бака, главната сила во нападот на овогодинешниот освојувач на Лига Европа, не се изнаиграа баш многу во квалификациите, го потврдува тоа.
Исто така, огромна предност за Колумбијците е фактот што првенството се игра на јужноамериканска почва, што значи огромна подршка од нивните навивачи на трибините и играње скоро како на домашен терен.

Недостатоци

Дефинитивно најголемиот проблем на Колумбијците ќе биде неиграњето на Фалкао, најдобриот стрелец во квалификациите. Исто така, проблем можат да бидат и годините на капитенот Марио Јепес, кој сеуште е стандарден во одбраната иако веќе има 38 години и ја има изгубено брзината.
Очекувања
Колумбијците имаат високи очекувања од оваа таканаречена "втора златна генерација". Очекувања и те како оправдани, со оглед на формата на репрезентацијата.
Тие се наоѓаат во групата Ц, заедно со репрезентациите на Грција, Брегот на Слоновата Коска и Јапонија.

Група од 4 солидни репрезентации, во која токму Колумбија е благ фаворит а аутсајдери нема. Нема да биде лесно но се очекува репрезентацијата на Колумбија како првопласирана во групната фаза да се пласира во осминафиналето.

Но, веќе во осминафиналето вкрстуваат со една од првите 2 репрезентации од групата Д, каде што се Англија, Италија и Уругвај, можеби најтешката група на првеството, што не им влева многу надеж за пласман во четвртфиналето. Но тие секако нема да се предадат и ќе атакуваат на медал.

Распоред

- 14 Јуни 2014 18:00 Колумбија - Грција (Estadio Mineirao, Belo Horizonte)
- 19 Јуни 2014 18:00 Колумбија - БСК (Estadio Nacional Mane Garrincha, Brasilia)
- 24 Јуни 2014 22:00 Јапонија - Колумбија (Arena Pantanal, Cuiaba)

 
Последно уредено:

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
ЧИЛЕ



Една од најнепредвидливите репрезентации на првенството, тим со одлични индивидуалци но и со добра тимска игра, секогаш во сенка на големите Аргентина и Бразил, тоа е репрезентацијата на Чиле. Како никогаш порано, селекторот Jorge Sampaoli (инаку аргентинец по потекло), успеа да го крене тимскиот дух на многу високо ниво, а воедно и играта што Чиле ја презентираше во текот на квалификациониот циклус за ова првенство, завршувајќи на одличното трето место во CONMEBOL, со најмногу постигнати голови (29) после Аргентина (35). Чиле лошо ги почнаа квалификациите, со два високи порази од конкурентите за едно од првите четири места кои водат во Бразил, Аргентина (4:1) и Уругвај (4:0). Ако наредните 3 победи значеа некаква консолидација, следните 3 врзани порази, проследени со поразот на пријателскиот меч на домашен терен од Србија доведоа до промена на жешкото тренерско столче, па Claudio Borghi беше заменет со сеуште актуелниот Jorge Sampaoli. Иако Sampaoli го загуби за него првиот квалификационен меч со Перу, следеше драстична промена во играта, и Чиле успеа да победи на пет од шесте преостанати мечеви од квалификациите. И шестиот меч со директниот конкурент за второто место Колумбија им беше добиен до 65 минута (Чиле водеше со 3:0 на гости), но после црвениот картон на Carlos Carmona, Колумбија успеа да се врати резултатски и на крајот резултатот беше 3:3.

Уште кога беше назначен за селектор, Sampaoli ја трансформираше тактиката на Чиле од неефективната 3-4-1-2, форсирана од неговиот претходник, во за него препознатливата 3-4-3, што се покажа како многу добар потег, а и самата игра на Чиле доби на динамичност. Во периодот меѓу квалификациите и светското првенство, Чиле одигра неколку подготвителни натпревари, меѓу кои вреди да се спомене нерешениот резултат со светскиот првак Шпанија, каде Чиле имаа водство до 90тата минута, и секако победата над Англија на Вембли без Arturo Vidal, со двата гола на Alexis Sanchez.


Голмани: Claudio Bravo (Real Sociedad), Johnny Herrera (Universidad de Chile), Cristopher Toselli (Universidad Catolica)

Одбрана: Gonzalo Jara (Nottingham Forest), Gary Medel (Cardiff City), Mauricio Isla (Juventus), Eugenio Mena (Santos), Jose Rojas (Universidad de Chile), Miiko Albornoz (Malmo)

Среден ред: Jean Beausejour (Wigan Athletic), Jorge Valdivia (Palmeiras), Arturo Vidal (Juventus), Carlos Carmona (Atalanta), Jose Pedro Fuenzalida (Colo-Colo), Charles Aranguiz (Internacional), Marcelo Diaz (Basel), Felipe Gutierrez (Twente), Francisco Silva (Osasuna)

Напад: Alexis Sanchez (Barcelona), Esteban Paredes (Colo-Colo), Eduardo Vargas (Napoli), Mauricio Pinilla (Cagliari), Fabian Orellana (Celta Vigo)​

Несомнено е дека диригент на тимот е Arturo Vidal, моторот на машината, човекот без кого не започнува ниедна акција. И покрај операцијата на менискусот што ја направи веднаш по завршувањето на сезоната, се очекува дека тој ќе биде спремен до почетокот на мундијалот, и навистина би било штета играч од негов калибар да не покажи што знае токму таму каде што треба. А ако секоја акција започнува со Arturo Vidal, најчесто завршува со Alexis Sanchez. За разлика од Барселона, каде што обично игра десно крило, во репрезентацијата има комплетна слобода во нападот, и обично е на централната позиција како најистурен играч, потпомогнат од одличните Vargas од Наполи и Pinilla од Каљари на крилните позиции. Marcelo Diaz е исто така играч на кој што треба да се внимава, играч кој што со својата игра против Англија на Вембли покажа дека Чиле има потенцијал за висок дострел дури и без во тоа време повредениот Vidal. Голема помош во средината има и од Mauricio Isla, офанзивниот бек на Јувентус, играч кој што иако не отскокнува со играта во клубот, дава голем придонес во репрезентацијата. Единствената слаба алка во Чилеанскиот состав е одбраната која прими 25 гола во квалификациониот циклус, и тренерот мора сериозно да поработи на овој дел од екипата доколку Чиле сака да ја помине групата.

Моја прогноза е дека Чиле со малку повеќе среќа би можел да ја помине групата, и да стигне најмногу до осминафинале. Секако, најважен фактор тука е подготвеноста на Vidal, и поволниот распоред кој го имаат, со тоа што првиот натпревар го играат со аутсајдерот Австралија, каде што може да калкулираат со составот, најважниот меч за второто место ќе биде со подмладениот состав на Холандија, а зошто и да не откинат и некој бод на светскиот првак Шпанија...​
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
ХРВАТСКА


Низ историјата:
Најмногу Настапи: Даријо Срна - 112
Најмногу Голови - Давор Шукер 45
Најдобар ФИФА Ранкинг: 3то место (јануари 1999)
Прекар: Ватрени, Коцкасти
Најголема Победа: Хрватска 7-0 Австралија
Хрватска 7-0 Андора

Најголем Пораз: Англија 5-1 Хрватска
Настапи на Светски Првенства: 4 (прв во 1998)
Најдобар Резултат: 3то место (1998)
Моментален Селектор: Нико Ковач
Моментален Капитен: Даријо Срна

Квалификациите за СП 2014:

Capture.JPG
Иако Хрватска беше главниот носител во групата во која беше Македонија, сепак стаса само до второто место, пред неа заврши само Белгија. Освоија 17 бодови, со 5 победи, 2 порази и 3 нерешени натпревари. Во последното квалификациско коло, постоеја шанси Хрватска воопшто да не се пласира ниту во баражот, но сепак на крај успеаа да соберат еден бод повеќе од Данска и да влезат во баражот.
Во баражот играа против Исланд каде беа огромни фаворити против Исланѓаните. Првиот натпревар Исланѓаните се држеа доволно добро и успеаа да останат непоразени на домашен терен. Но сепак Хрватите покажаа дека се поквалитетни во вториот натпревар кој го добија со 2-0 и се пласираа на Светкското Првенство.

Состав:
Голмани: Стипе Плетикоса (Ростов), Данијел Субашиќ (Монако), Оливер Зеленика (Локомотива)

Одбрана: Даријо Срна (Шахтјор), Дејан Ловрен (Саутемптон), Ведран Чорлука (Локомотив), Гордон Шилденфелд (Панатинаикос), Данијел Прањич (Панатинаикос), Домагој Вида (Динамо Киев), Шиме Врсаљко (Џенова)

Средина: Лука Модриќ (Реал Мадрид), Иван Ракитиќ (Севиља), Огнен Вукојевиќ (Динамо Кијев), Матео Ковачиќ (Интер), Марцело Брозовиќ (Динамо Загреб), Самир (Хетафе), Иван Мочиниќ (Ријека)

Напад: Иван Перишиќ (Волфсбург),Ивица Олиќ (Волфсбург), Марио Манџукиќ (Баерн Минхен), Едуардо Алвес Де Силва (Шахтјор), Никица Јелавиќ (Хул), Анте Ребиќ (Фиорентина)

Клучни играчи:

Хрватска има неколку играчи кои можат да бидат клучни за нивниот успех на ова Светско Првенство. Најголемата нивна ѕвезда моментално е Лука Модриќ, играчот на Реал Мадрид кој изигра феноменална сезона во Реал Мадрид, каде владееше по средината, освојувајќи ја Лигата на Шампионите и Шпанскиот Куп. Од него се очекува да ја раководи играта на Коцкестите, да ги координира играчите, да го даде вистинскиот пас во вистинско време, да го направи дриблингот кој е потребен за да се дојде до посакуваниот гол.
Следен играч кој може да ја направи разликата за Хрватска е Иван Ракитиќ. Хрватот во дресот на Севиља, каде што е и капитен, оваа година ја освои Европа Лигата со Севиља, изира феноменална сезона, се пласираа во Европа Лига и наредна сезона и ги привлече тренерите на сите поголеми екипи да ја почнат борбата за неговиот потпис летово.
Кај Хрватите оваа година слабоста им е одбраната, посебно сега кога останаа без Стриниќ, левата страна ќе им биде прилично болна точка.
Средниов ред на чело со Ракитиќ и Модриќ ќе морат да работат многу, да трчаат уште повеќе за да не дозволат голем број на шанси на противниците, во спротивен случај Плетикоса (кој најверојатно ќе биде повторно прв голман, иако има шанси и Субашиќ да застане меѓу стативите) ќе има многу работа.
Нападот е прилично силен, Манџукиќ имаше прилично добра сезона во Баерн Минхен, тука е секогаш одличниот Едуардо, Јелавиќ кој имаше одлична сезона во Евертон лани, оваа година можеби нешто послаба во Хул, но сепак и јачината на тимовите во кои играше е прилично различна.
Поради повреда Светското Првенство ќе го пропушта Стриниќ, Иличевиќ и Крањчар. Шимуниќ е казнет од ФИФА поради нацистичките поздрави па и тој го пропушта Светското, а на првата утакмица кај Хрватска ќе фали и Манџукиќ, кој после еден глуп старт на вториот натпревар од бараж натпреварите против Исланд доби директен црвен картон.​

Групата на Светското Првенство:

Хрватите ја добија една од топ 3 најтешките групи на првенството, каде ќе играат против домаќинот и еден од главните фаворити за титулата - Бразил, потоа против Мексико и против Камерун. Хрватите се втори фаворити во групата после Бразил но ќе имаат пеколно тешка мисија да се изборат за второто место со оглед на тоа дека Мексико и Камерун се далеку од слаби репрезентации и тие исто така си имаат свои големи очекувања од ова првенство.
Целта на Хрватите е прво да влезат во елиминацискиот круг каде ќе врзат со екипите од Б групата каде се наоѓаат Шпанија, Холандија, Чиле и Австралија. Така да може слободно да се каже дека за поголем успех на ова Светско Првенство, Хрватите ќе треба добро да се помачат и да изиграат со 200% од своите способности.
Распоред на натпревари:
12.04: Бразил - Хрватска 22:00
18.06: Хрватска - Камерун 00:00
23.06: Хрватска - Мексико 22:00​

Ватрените ја имаат честта заедно со Бразил да го отворат Светското Првенство, каде Хрватите можат да пробат да направат изненадуцање и да им скинат бод на Бразилците. Вториот натпревар ќе биде must win за Хрватска со оглед на тоа дека со победа над Камерун, најверојатно ќе ги исфрлат од трката за второто место. Потоа се очекува во третото коло во директен дуел против Мексико да се реши вториот патник во осминафиналето. Но тешко дека ќе биде се така лесно, можеби Бразилците ќе кикснат, можеби Камерунците ќе изненадат. Но сепак математиката на Хрватите е прилично јасна, победи протви Камерун и Мексико и 99% е готова работата и ќе бидат пласирани во осмина-финалето.

ИДЕМО ВАТРЕНИ

 
Последно уредено:

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.757
Поени од реакции
20.464
Ich bin ein Schwarzenegger

Информации:
  • Прекари: Nationalmannschaft; Nationalelf; Die Mannschaft.
  • Конфедерација: УЕФА(UEFA)
  • Слектор: Јоаким Лев
  • Капите: Филип Лам
  • Играч со најмогу настапи: Лотар Матеус (150)
  • Играч со најмногу постигнати погодоци: Герд Милер; Мирослав Клосе (68)
  • ФИФА ранкинг: 2
Од 1950 до 1990 постоеле две репрезентации од подрачјето на сегашната земја, Западна Германија која три пати била светски шампион и Источна Германија која немала значајни резултати. Првиот натпревар заедничката репрезентација го одиграла на 13 декември 1990 кога заиграле Матијас Замер и Улф Кирстен. Едно време за репрезентацијата на Германија играле и Австријци и тоа пред Втората Светска Војна кога државата била припоена кон Третиот Рајх. Во 1954 година во Швајцарија ја освоила титулата првак на светот победувајќи ја во финалето Унгарија, со 3-2, иако претходно губела со 0-2. Унгарија до тој момент изиграла 32 натпревари без пораз што и понатаму претставува светски рекорд. Натпреварот е наречен чудото од Берн (по градот каде што се играло). Фриц Валтер го предводел тимот. Титулата имала големо влијание на духот на нацијата и на економското закрепнување на земјата.


Историја на светските првенства:
Германија е трикратен освојувач на светските првенства (1954, 1974 и 1990). Германија е една од селекциите со најмогу настапи на завршницата на светските првенства со 18 учества. Досега самодва пати ја пропуштиле завршицата, на првото светско првенство во Уругвај 1930 година и Бразил 1950. Седум пати се имаат пласирано во големото финале (последен пат Јапонија/Јужна Кореја 2002) ско скор од 3 победи и 4 порази.

Организатори на светски првенства:
Досега Германија го има организирано светското првенство два пати, 1975 и 2006. Во 1974 го освојуваат светското првенство на своја земја по втор пат во нивната историја, додека во 2006 турнирот го завршуваат како 3то пласирани.
Патот до Бразил 2014:
Untitled.png

БЕЗ НИКАКВИ ПРОБЛЕМИ


Група: Германија, Шведска, Аустија(брача), Република Ирска, Казакхстан, Фарски Острови
10 одиграни натпревари 9 победи 1 нерешен резултат и 0 порази. Постигнати погодоци 36 примени 10 гол разлика 26.

Селектор:
Јоаким Лев
- 54 годишен младич љубител на домашна храна (гифот под параграф).
Репрезентацијата на Германија ја превзема од Јирген Клинсман по завршувањето на светското во 2006 на кого дотогаш му беше асистент.
Играчката кариера ја поминал во Германија, а поголемиот дел во Фрајбург каде има забележано 252 настапи и постигнато 81 гол. Тренерската кариера ја започнал во младинските категории FC Winterthur (Сеоски фудбал), во сезоната 1998–1999 имал и мала екскурзија до Истанбул каде бил менаџер на Фенербахче.


Тимот:

  • Голмани:
Мануел Ноер - 28 години / Баерн Минхен / 45 репрезентативни настапи
Рон-Роберт Цилер - 25 години / Хановер 96 / 3 репрезентативни настапи
Роман Вајденфелер - 33 години / Борусија Дортмунд / 2 репрезентативни настапи
  • Одбрана:
Кевин Гроскројц - 25 години / Борусија Дортмунд / 4 репрезентативни настапи
Матиас Гинтер - 20 години / Фрајбург / 2 репрезентативни настапи
Бенедик Ховедес - 26 години / Шалке 04 / 20 репрезентативни настапи / 1 гол
Матс Хумелс - 25 години / Борусија Дортмунд / 29 репрезентативни настапи / 2 гола
Ерик Дурм - 22 години / Борусија Дортмунд / 1 репрезентативен настап
Филип Лам(C) - 30 години / Баерн Минхен / 105 репрезентативни настапи / 5 гола
Пер Мертесакер - 29 години / Арсенал / 97 репрезентативни настапи / 4 гола
Жером Боатенг - 25 години / Баерн Минхен / 38 репрезентативни настапи
  • Среден ред:
Сами Кедира - 27 години / Реал Мадрид / 45 репрезентативни настапи / 4 гола
Бастиан Швајнштајгер - 29 години/ Баерн Минхен/ 101 репрезентативен настап / 23 гола
Месут Озил - 25 години / Арсенал / 54 репрезентативни настапи / 17 гола
Андре Шурле - 23 години / Челзи / 32 репрезентативни настапи / 12 гола
Лукас Подолски - 29 години / Арсенал/ 113 репрезентативни настапи / 46 гола
Томас Милер - 24 годни / Баерн Минхен / 48 репрезентативни настапи / 17 гола
Жулиан Дракслер - 20 години / Шалке 04 / 11 репрезентативни настапи / 1 гол
Тони Крос :love: - 24 години / Барен Минхел (soon:sneaky:)/ 43 репрезентативни настапи / 5 гола
Марио Геце - 22 години / Баерн Минхен / 28 репрезентативни настапи / 7гола
Марко Ројс - 25 години / Борусија Дортмунд / 20 репрезентативни настапи / 7 гола
Кристоф Крамер - 23 години / Борусија Менхенгладбах / 2 репрезентативни настапи
  • Напад:
Мирослав Клосе - 35 годни / Лазио / 131 репрезентативен настап / 68 гола

Играчи од кој најмногу се очекува:
Филип Лам -
Играчот за кого Гвардиола изјави дека е нај интелегентниот играч кој некогаш го имал во својот тим. Еден од најдобрите десни бекови во Европа во последната декада и капитен на оваа селекција. Во изминатиот период без никаков проблем се вклопи во шемите на новиот тренер во Баерн Минхен и ја смена својата природна позиција од десен бек во средина "6-ка" во тимот.
Тони Крос - Еден од клучните играчи на Баерн Минхен кон походот на тројната круна пред една година изигра уште една сезона на високо ниво. Играчот кој лесно се вклопи во системот на Гвардиола i оваа сезона на 29 лигашки натпревари постигна 2 погодоци и забележа 4 асистенции со инзвореден процент на точни додавања 91.9%. Во Лигата на Шампиони на 11 натпревари имаше 1 гол и 2 асистенции исто така со висок процент на точни дидавања од 94.2%. За националниот тим на Германија дебитираше во 2010 за време на припремите за светското првенство во Јужна Африка каде се најде во конечниот список на Лев но тогаш не доби вистинска шанса. На ова светско се очекува да е еден од главните играчи на Германија кон походот на нова светска круна.


Позитивни страни:
Репрезентацијата на Германија изобилува со амчиња кои гарантираат шанси и голови, на голманската позиција е Мануел Ноер еден од најдобрите светски голмани во моментов. Капитенот Филип Лам кој игра на сите позиции на теренот по потреба и со своето присуство носи смиреност во тимот заедно со вице капитенот Бастиан Швајнштајгер. Томас Милер играчот кој блесна во Јужна Африка кој секогаш е правилно позициониран за време на натпревар и еден од важните играчи за контрите на Германија.

Слабости:
Позицијата лев бек е еден од проблемите со кои Лев се соочува, додкеа останатиот дел од одбраната во последните неколку контролни натпревари покажува нестабилност. Двата креатори на играта Швајнштајгер и Кедира сезонава исто и новиот играч на Арсенал, Месут Озил.
Лев во Бразил во нападот го поведе само Клосе, на 36 години е на само еден гол од рекордот на Ронално но сугурно нема да го гледаме истиот Клосе од 2010.
Со кого во Бразил 2014:
Германија е во групата G заедно со репрезентациите на Португалија, Гана и Соеднитетите Штати.
Против репрезентацијата на Португалија на светските првенства имаат одиграно еден натпревар 2006 во малото финале, против Гана исто така еден натпревар во 2010 и против Штатите 2 пати првиот пат 1998 и втор пат 2002 година. На 4 одиграни натпревари против овие 3 селекции Германија има 3 победи со гол разлика 7:1.

Untitled1.png

Дрес:

Очекувања:
@leandra да слави на некој плоштад :icon_mrgr:

Cham
pions natürlich
 
Последно уредено од модератор:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.372
Поени од реакции
42.562
Австралија

500px-Football_Federation_Australia_logo.svg.png
Селектор: Анге Постекоглу
Капитен: Миле Јединак
Најмногу настапи: Марк Шварцер (109)
Најдобар стрелец: Тим Кејхил (32)
Прекари: Кенгурите, socceroos
FIFA ранкинг: 62


Австралија е земја во која фудбалот секако не е главен спорт, но последните години мора да се признае дека забележува подем во однос на гледаност и интерес кај домашната популација. Оваа репрезентација ги доби моите симпатии на СП 2006та што се одржа во Германија, кога тимот им беше составен од Премиерлигашките ѕвезди како Видука, Кјуел, Кејхил, Шварцер, Нил, Емертон...итн... Ова беше само второто светско првенство за Австралија, а тука го остварија својот најдобар резултат, пласирајќи се во 1/8 финалето. Таму ги чекаше Италија, која подоцна го освои Светското Првенство. Сепак репрезентацијата на Австралија беше елиминирана на нефер начин, кога при резултат од 0-0 судијата во буквално последната секунда свирна непостоечи пенал за Италијаните, а тоа не му сметаше на Тоти да реализира за победа. Претходно, првиот настап на кенгурите бил повторно во Германија, 1974 година. На ова СП исто како и на последното, 2010та во Јужна Африка не успеваат да ја поминат групната фаза. Еве ги сега во Бразил, доаѓаат по четврта среќа, но исто така полека обезбедуваат континуитет, бидејќи ова им е трет Мундијал во низа.


Патот до Светското Првенство:

патот на австралија.jpg

Oткако во 2006 репрезентацијата на Австралија беше префрлена од OFC во AFC, тие се натпреваруваат со земјите кои доаѓаат од Азија. Можеби уште еден од чекорите да се развие фудбалот во Австралија, бидејќи во Океанија нема достојни репрезентации кои би требало да им прават проблем на Австралијанците. Почнаа од втората фаза, како една од подобро рангираните земји од Азиската Фудбалска Конфедерација и во група со Оман, Саудиска Арабија и Тајланд се пласираа на првото место, со што прогресираа во третата фаза од квалификацискиот систем на AFC. Тука беа во групата која што е прикажана на сликата погоре. Завршија на второто место кое беше доволно за да се пласираат директно на СП во Бразил со 3 победи, 4 нерешени и еден пораз. Единствениот пораз дојде од Јордан, а до осигурувањето на пласманот чекаа до последното коло, кога победија 1-0 против тимот на Ирак.


Составот на Австралија на СП 2014:
Голмани: Mat Ryan (Club Bruges), Mitchell Langerak (Borussia Dortmund), Eugene Galekovic (Adelaide United).

Одбрана: Jason Davidson (Heracles Almelo), Matthew Spiranovic (Western Sydney Wanderers), Ivan Franjic (Brisbane Roar), Bailey Wright (Preston North End), Ryan McGowan (Shandong Luneng), Alex Wilkinson (Jeonbuk Hyundai Motors).

Среден редн: Oliver Bozanic (Luzern), Mark Bresciano (Al Gharafa, Qatar), James Holland (Austria Vienna), Mile Jedinak (Crystal Palace), Mark Milligan (Melbourne Victory), Dario Vidosic (Sion), Matt McKay (Brisbane Roar), James Troisi (Atalanta), Massimo Luongo (Swindon)

Напад: Tim Cahill (New York Red Bulls), Matthew Leckie (FSV Frankfurt 1899), Tommy Oar (Utrecht), Ben Halloran (Fortuna Duesseldorf), Adam Taggart (Newcastle Jets)
Ќе бидам искрен и ќе признаам дека 90% од овој тим на Австралија ми се анонимуси и дека според мене далеку е овој тим од оној од 2006та. Главни ѕвезди и фудбалери кои треба да ја предводат Австралија на ова СП се капитеност Миле Јединак и веќе ветеранот Тим Кејхил. Јединак имаше одлична сезона во тимот на Кристал Палас во Премиер Лигата. Без дилема беше нивниот најдобар играч и еден од најзаслужните што неговиот тим успеа да обезбеди осптанок во највискиот ранг на натпреварување во Англија. Од друга страна, Тим Кејхил од пред 2 години ја напушти Премиер Лигата и настапува за тимот на Њујорк Ред Булс. Има солиден ефект и на 46 натпревари има постигнато 13 гола. Тој е најголемата фудбалска ѕвезда на Австралија и секако неговите сограѓани очекуваат солиден настап од него на ова СП.​

203743-soceroos-v-oman.jpg


Група и очекувања:

Репрезентацијата на Австралија беше извлечена во групата Б со тимовите на Шпанија, Холандија и Чиле. Тие се апсолутни аутсајдери во оваа група и според мене нема да биде воошто чудно ако се вратат дома без ниту еден освоен поен. Од друга страна и нема да биде толку лошо, бидејќи нели, ќе имаат повеќе време да дојдат и да ги посетат своите роднини на Балканот. Не знам како се очекувањата таму доле, бидејќи за жал јас немам мои луѓе таму, но сметам дека никој не очекува да ја виде Австралија во 1/8 финале.
aus grupa.jpg

Нешто повеќе за Австралија:

Освен тоа, Австралија е земја која може да се пофали со скоро 100.000 Македонци на нејзината територија. Имено, според пописот на населението што се одржа пред 2 во оваа земја резултатите покажуваат дека Австралија има 22.488.300 жители, од кои 93.570 се изјасниле дека се со македонско потекло. Резултатите од последниот попис во 2006 година биле 83.978 Македонци. Миле Паника ја имаше честа да направи интервју со еден од нив. Ве оставам со приказната на Џон Крокодилов и се надевам дека ќе успее да ги освои вашите симпатии, па сите заедно да ја поддржаме оваа земја на претстојното СП.


 
Последно уредено:

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
ЈУЖНА КОРЕЈА





Информации:
Познати како: Taeguk Warriors
Позначаен успех: 4-то место на СП 2002
Најдобар стрелец: Cha Bum-Kun (55)
Селектор: Hong Myung-Bo
Капитен: Lee Chung-Young
ФИФА ранкинг: 57
Азија ранкинг: 5


ПАТОТ ДО СП 2014
Како и повеќе циклуси наназад, Јужна Кореја заедно со Јапонија во азиските квалификации се стандардно најголемите фаворити за пласман на секое СП, од овој дел од светот. Конкуренцијата осетно се зголеми со вклучувањето на Австралија во овие квалификации, но сепак на крај и покрај малите проблеми успеаја да го освојат второто место во финалната фаза во групата А зад Иран со ист број бодови како и Узбекистан, но со подобра гол разлика. Тоа значеше пласман на 9-то СП за нив.
ТИМОТ

1GKJung Sung-ryong4 January 1985 (aged 29)60 Suwon Bluewings
2DFKim Chang-soo12 September 1985 (aged 28)8 Kashiwa Reysol
3DFYun Suk-young13 February 1990 (aged 24)3 Queens Park Rangers
4DFKwak Tae-hwi8 July 1981 (aged 32)34 Al-Hilal
5DFKim Young-gwon27 February 1990 (aged 24)20Guangzhou Evergrande
6DFHwang Seok-ho27 June 1989 (aged 24)3 Sanfrecce Hiroshima
7MFKim Bo-kyung6 October 1989 (aged 24)27 Cardiff City
8MFHa Dae-sung2 March 1985 (aged 29)13 Beijing Guoan
9FWSon Heung-min8 July 1992 (aged 21)24Bayer Leverkusen
10FWPark Chu-young10 July 1985 (aged 28)63 Watford
11FWLee Keun-ho11 April 1985 (aged 29)63 Sangju Sangmu
12DFLee Yong24 December 1986 (aged 27)11 Ulsan Hyundai
13MFKoo Ja-cheol (c)27 February 1989 (aged 25)36 Mainz 05
14MFHan Kook-young19 April 1990 (aged 24)9 Kashiwa Reysol
15MFPark Jong-woo10 March 1989 (aged 25)10 Guangzhou R&F
16MFKi Sung-yueng24 January 1989 (aged 25)58 Sunderland
17MFLee Chung-yong2 July 1988 (aged 25)54 Bolton Wanderers
18FWKim Shin-wook14 April 1988 (aged 26)26 Ulsan Hyundai
19FWJi Dong-won28 May 1991 (aged 23)27 FC Augsburg
20DFHong Jeong-ho12 August 1989 (aged 24)24 FC Augsburg
21GKKim Seung-gyu30 September 1990 (aged 23)5 Ulsan Hyundai
22DFPark Joo-ho[63]16 January 1987 (aged 27)13 Mainz 05
23GKLee Bum-young2 April 1989 (aged 25)0 Busan I'Park
Тимот претрпе доста измени во текот на квалификациите поради неуверливоста во играта и резултатите. Сепак за ова СП, Јужна Кореја може да се пофали со 10 играчи кои играат во Европа, пред се во Англија и Германија. Најзвучни имиња се Lee Chung-yong од Болтон и Son Heung-Min од Баер Леверкузен. Ова треба да донесе дополнителен квалитет во играта на екипата чија игра се темели на трпеливост, борбеност и брзата контра.
ГРУПНА ФАЗА НА СП 2014

matches.jpg
На ова СП, Јужна Кореја се најде во последната Н група заедно со Русија, Белгија и Алжир. Со оглед на тоа што добијаа 2 одлични европски репрезентации за противници, тешко е да се очекува пласман во 1/8 финалето. Распоредот е таков да во последното коло, ако претходно се се одвива по некој очекуван расплет, можно е дуелот против Белгија да биде решавачки за пласман во втората фаза на првенството.








МОЈ ЗАКЛУЧОК
Пошто ми е омилената земја, нормално ме интересира што ќе направат на ова СП иако реално не очекувам многу, сепак она што може да се очекува од нивната репрезентација е максимална борбеност, не за џабе ги викаат Taeguk Warriors :vozbud:. Тимот им е релативно млад, со околу 25 години просечна старост така да физичката кондиција нема да им биде проблем, но како тактиката на селекторот ќе биде пренесена на терен и колку ќе биде успешна останува да видиме. Првиот меч им е против Русија, можда бод во овој натпревар би ги кренал уште повеќе мотивите на играчите и би влегле со поголема самодоверба во следните натпревари, но останува да видиме. Сакам да изненадат и да гледаме убави корејки на трибините и во втората фаза од СП.


DAE HAN MIN GUK!

 
Последно уредено:

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
ШВАЈЦАРИЈА

ФИФА ранкинг: 6
Тренер: Отмар Хицфелд
Капитен: Гокан Инлер
Најмногу настапи: Хајнц Херман 117
Најмногу голови: Александар Фрај 41


ШВАЈЦАРИЈА НА СП

Ова ќе биде јубилејен 10ти настап на Швајцарија на СП. Најголем успех е 1/4 финале во три наврати, последен пат на СП 1954 година, кое било одиграно токму во Швајцарија.

Интересен факт за Швајцарија од СП 2006 во Германија, кога станаа единствената репрезентација во историјата на СП, која испаднала без да прими гол (1/8 финале испаднаа од Украина на пенали, откако одиграа 0:0).


ПАТОТ НА СП ПРЕКУ КВАЛИЦИКАЦИИТЕ



Релативно лесен би се рекло. Швајцарија се наоѓаше во група Е заедно со Словенија, Испанд, Норвешка, Албанија и Кипар. Завршија убедливо на прво место без пораз (7 победи и 3 нерешени), со само 6 примени голови, од кои 4 примија на една утакмица против Исланд која заврши 4:4.


ШВАЈЦАРИЈА НА СП 2014


Швајцарија својата шанса за нокаут мечеви повторно ќе ја бара во групата Е против Франција, Еквадор и Хондурас. Светската јавност се сложува дека Франција и Швајцарија се фаворити во оваа група, ама Еквадор на „домашен терен“ секако ќе претставува опасност. Клучна е првата утакмица токму со Еквадор, која ќе даде одговор на многу прашања. Верувам дека Швајцарците ќе дадат се од себе да стигнат до првото место во групати, за да избегнат потенциален дуел со Аргентина во 1/8 финале.

ПОВИКАНИ ИГРАЧИ



Moже да очекуваме 4-2-3-1 формација. На голот ќе биде Бенаљо. Одбрана би требало да играат: Лихштајнер, Вон Берген, Шар и Родригез. Средината ќе ја држат: Инлер, Бехрами и Џака. Тројката во нападот ќе биде: Штокер, Шакири и Дрмиќ.
Во Швајцарија нема класичен плејмејкер, кој ќе ја организира играта и диктира темпото. Џака е сигурно најблиску до тоа, ама ипак е доста офанзивен за играње на една таква улога.
Играат доста дисциплинирано, со многу трчање, компактност и тимска игра. Ништо друго не се ни очекува, кога го имаат Отмар Хицфелд за селектор.


ТРЕНЕР


Oтмар Хицфелд

Дефинитивно еден од најценетите тренери во Европа. Денешниот 65 годишен тренер своевремено добар напаѓач настапувајќи за Базел, Штудгарт, Лугано и Луцерн има постигнато 169 гола на 300 натпревари.
Сепак Хицфелд уште повеќе се искажува како тренер. Еден од ретките тренери, на кои им успеало да ја освојат престижната ЛШ со два различни тима (Борусија Дортмунд 1997 и Баерн Минхен 2001).
Швајцарската репрезентација ја води веќе 6 година без некој значителен успех. На СП 2010 беа елиминирани уште во групната фаза, каде што после сензационалната победа против Шпанија на отварањето со 1:0, забележаа пораз од Чиле со ист резултат и реми без голови со Хондурас.
На ЕП 2012 останаа без настап, затоа што завршија трети во квалификациите зад Англија и Црна Гора.


КАПИТЕН


Гокан Инлер

Гокан Инлер настапува во Италија за екипата на Наполи. Инлер иако има турско потекло и има играно за младата репрезентација на Турција се одлучува да настапува за Швајцарија, каде што е и роден. Дебитира 2006 година на пријателска утакмица против Венецуела. Капитен на репрезентацијата е од 2010 година. Одтогаш има забележано 72 настапи и 6 голови.
Сигурно ќе биде еден од носителите и клучните играчи на Швајцарија на престојното СП. Играч без кој Хицфелд сигурно не може да ја замисли репрезентацијата. Познат по својата борбеност и ударите од далечина со двете нозе.


КЛУЧНИ ИГРАЧИ


Стефан Лихштајнер

Неуморниот десен бек на Јувентус и репрезентацијата е еден од најбитните играчи во тимот на Отмар Хицфелд. Со своите 30 години знае дека ова може да биде последно СП за него, па сигурно ќе даде се од себе да остави што поголем печат. За репрезентацијата настапува од 2006 година и за тоа време има одиграно 63 натпревари, на кои има постигнато 5 гола.



Џердан Шакири

Настапувајќи(резервирајќи) за Баерн Минхен Шакири претставува најголема ѕвезда во репрезентацијата. Одличното продорно крило ќе биде клучен играч на репрезентацијата. Играч преку кој ќе одат најголем број на акции. Играч на кој најмногу ќе се концетрираат противничките играчи. Едноставно ирач од кој швајцарската фудбалска јавност (со право) очекува најмногу.


ЅВЕЗДИ ВО ПОДЕМ


Рикардо Родригез

Со своите 21 години веќе две сезони е стандарден бек во Волфсбург и швајцарската репрезентација. Офанзивниот лев бек со одличен центаршут (изведувач на сите прекиди) во изминатата сезона има постигнато 5 гола и 9 асистенции во Бундеслигата. За Швајцарија има одиграно 21 натпревар сеуште без гол.
За него постои голема зантересирано од побогатите клубови, најчесто од ПЛ. Прашње на време е само кога Родригез ќе замине од Волфсбург во некој посилен и поконкурентен тим.


Јосип Дрмиќ

Швајцарецот со хрватско потекло е право откритие во Бундеслигата за изминатата сезона. Настапувајќи за екипата на Нирнберг (своја прва во БЛ) на 33 натпревари има постигнато 17 гола со што стана трет стрелец зад Левандовски и Манџукиќ. Во меѓувреме направи трансфер во Баер Леверкузен. Очекувано со оглед на тоа дека неговата екипа испадна во втора лига.

 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Nigerian-Football-Federation.png


Селектор: Стивен Кеши
Капитен: Винсент Енијама
Најмногу настапи: Џозеф Јобо (96)
Најдобар стрелец: Рашид Јекини (37)
ФИФА ранкинг: 45


Домашен Стадион: Абуџа
abuja-stadium.jpg

Состав:

Голмани:
Винсент Енијама (Лил)
Остин Еиде (Хапоел)
Чигозие Агбим (Гомб Јунајтед)

Одбрана:
Џозеф Јобо (c), (Норич Сити)
Ефе Амброуз (Селтик)
Азубике Екуекве (Вари Волвс)
Кунле Одулами (Саншајн ;) Старс)
Јуон Ошанива (Ашдод)
Годфри Обоабона (Ризеспор)

Средина:
Ејике Узојени (Енугу Ренџерс)
Рубен Габриел (Васланд)
Џон Оби Микел (Челзи)
Виктор Моузес (ЛИВЕРПУЛ)
Рамон Азес (Алмерија)
Огени Онази (Лацио)
Микел Бабатунде (Волин Лутск)

Напад:
Ахмет Муса (ЦСКА Москва)
Питер Одемвинги (Стоук Сити)
Емануел Еменике (Фенербахче)
Уче Нофор (Херенвен)
Шола Амеоби (без ангажман)

Фудбалска историја на Нигерија

Нигерија, својата прва официјална средба ја имала во 1949 година, и тоа сеуште како Британска колонија. Првиот голем успех оваа селекција го имала во "се Афричките земји" кога го освои златниот медал, а завршиле 3то место на Афричкиот куп на нации во 1976 и 1978.
1994 година, светско првенство во Америка. Дојде моментот и за Нигерија да се најде на прва завршница на светскит првенства. Нигерија беше во група со Аргентина, Грција и Бугарија. Нигерија славеше против Бугарија (3-0), загуби од Аргентина (1-2), а своето место во нокаут фазата го верификува после победата во последното коло против Бугарија (2-0, се сеќавам на еден од головите, стрелец беше Даниел Амокачи (сегашниот асистент на Стивен Кеши), каква бомба од 30 метри). А во нокаут фазата, Нигерија беше само неколку минути оддалечена од елиминарање на подоцнежниот финалист, Италија. Повеле со голот на Амунике, но Роберто Баџо на 9 минути до крајот на мечот, го однел во продолженија, а и самиот тој го постигнал златниот гол кој ја однела Италија во следната фаза.
1998 година, светско првенство во Франција:
Нигерија веќе не беше наивна Црвенкапа, со второ учество со ред на светските првенства веќе беше сфатена како озбилен противник. Биле во група со Шпанија, Бугарија и Парагвај.
Нигеријците ја шокирале Шпанија, со нивната победа од 3-2, па славеле победа над Бугарија, и загубиле од Парагвај, што било повеќе од доволно за пласман понатаму. Но нивните надежи дека ќе одат чекор понатаму биле уништени после убедливиот пораз од Данска (4-1)
Во 2002, Нигерија била во група со Англија, Шведска и Аргентина. Со два порази од Шведска и Аргентина, и едно реми со Англија, Нигерија не успеала да продолжи понатаму.
После низа од 3 учества на светски првенства, Нигерија го испушта настапот во 2006, а на местото нивно, на светското првенство се најде Ангола.
2010, светско првенство во Африка:
Нигерија била во група со Аргентина, Грција и Јужна Кореја.
После поразите од Аргентина (1-0), од Грција (2-1), и ремито со Јужна Кореја (2-2), Нигерија повторно не успеа да се пласира во нокаут фазата.

Патот до Бразил
Нигерија како високо рангирана репрезентација на Африканскиот континент, ги започна квалификациите директно од втората фаза(без претквалификационо коло). Во втората фаза, беше во група со Малави, Кенија и Намибија и го освои првото место со 12 поени(6 поени пред второпласираната Малави).

Во третата фаза, за противник на Нигерија беше извлечена репрезентацијата на Етиопија. Нигерија го доби двомечот со вкупни 4-1(2-0 дома и 1-2 на гости) и обезбеди пласман на СП 2014.

Групата на СП
Нигерија се наоѓа во група со Аргентина, Иран и Босна и Херцеговина, а распоредот на натпреварите ќе биде:




Нигерија се наоѓа во исклучително тешка и изедначена група. Најверојатно Аргентина ќе биде прва во групата, Иран е аутсајдер, па веројатно второто и последно место кое води во нокаут фазата ќе треба да го бараат во натпреварите против Репрезентацијата на Босна, против која играат во второто коло.


Очекувања:
Очекувањата ќе бидат најпрво да се премине во нокаут фазата, и после да се обиде оваа генерација да го направи тоа што не им успеа на нити една претходна, да се пласира во 1/4 финалето. Нигерија има квалитетен тим, и има реални шанси да се најде во нокаут фазата, ако не и подалеку.


Играч од кој најмногу се очекува:
Винсент Енијама


attachment.jpg
Винсент Енијама, е капитен и лидер на оваа генерација на Нигерија. Со рефлекс како мачка, од Енијама со неговите чудесни интервенции важи за еден од најдобрите голмани на целото светско првенство.




П.С. Еж родив дури ги преведов имињава од играчите :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom