Американски фудбал - NFL лига

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.448
Поени од реакции
7.862
Премногу гужва на работа. Мислам уште сум на работа, ама сеа дури отворам лаптоп...
У знак на протест ќе бидам комиш на НБА фентази лигата :pos:
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.901
Поени од реакции
23.296
Кј курац се глеа на апликацијава со кој меил сум се регистрирал?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.367
Поени од реакции
85.273
Абе непарен број екипи дека, некој нема влезено, го преместив за 21.30 ваљда сеа ќе биде ок.
Сега парен сме, така? Кој влезе?

Ако ви се игра Pick'em може да направам група за тоа на ЕСПН (само победник, ни хендикеп ни ништо, победници на натпревари се бираат)
@true blue @Tonchie @раднаскела @ElNinho @SanIker @Nikac_Aerodrom @Марли @beneamata @Iceboy @Shashe @клошарињо и уште некој ако фали



Еве ^ ако сака некој да влезе во лига за предвидување на победници.

Групата ја ставив public за полесно да се влезе што значи дека може и некои надвор од форумов да влезат, ама ваљда нема :D

Се надевам ќе влезете.

Да повторам пак:

Само се бира победник, а не хендикеп, значи ако игра фаворит со слаба екипа, не мора да бидате дали ќе победат 10+ разлика, туку само да победат.

Победникот на групата добива карти за следниот натпревар на Сан Диего Чарџерс, а доколку не му одговара терминот може да добие карти за следниот натпревар на Оукленд Рејдерс или Сент Луис Ремс.

Адвокатот ме советуваше да специфирам дека се работи за коментар од шеговита природа, во случај стварно да се врати Косово на Србија Рејдерс на Оукленд, Ремс на Сент Луис или Чарџерс на Сан Диего
Автоматски споено мислење:

Логото е колбас, бидејќи нема јајце :toe:

1725300986529.png
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.367
Поени од реакции
85.273
За 26 саати од сега ќе пцуеме како судиајта им помага на Чифс :ROFLMAO: (иако мислам пак ќе почнат споро)

Него.... ова некој од вас е? За ЕСПНФАН дифолт името зборувам.
Ај ве молам ако е некој нека пише. Нема да го кикнам, ама чисто да се знаеме кои сме

1725490475806.png


За вие што сакате да влезете на предиктор лигата еве пак линк:

https://fantasy.espn.com/free-prize-games/sharer?challengeId=247&from=espn&context=GROUP_INVITE&edition=espn-en&groupId=21f1b886-21c1-431e-8802-19c14aee02a7
Автоматски споено мислење:

Ах да, заборавив и да пишам предикции за сезонава, следен пост ќе ми биде тоа, во меѓувреме исто некој ако нема попаметна работа нека си сподели ставови и очекувања :D
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858
Ocekuvam bust sezona na Falcons, gi iznahajpaa mediumive. McCarthy ke pocne so score 2-5 i ke sakaat da go brkaat. Packersi ke imaat 9.5+ pobedi, Rattler ke startuva na nekoja utakmica za Saints, Colts ke imaat jaka sezona ako Richardson e zdrav, Hurts ke ima daleku poslaba sezona od minatite. Na brzina :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.367
Поени од реакции
85.273
Ок, ајде вака. Последниве сезони генерално ок сум со предвидувања, иако ми се ептен генерални и логични. Така ќе бидам и сега :D

АФЦ

Билс - некако мислам дека станаа чоукери и тоа им е во крв. Типувам на тоа дека ќе имаат уште една слична сезона, особено во така зезната дивизија и дури мислам ќе одат до екстрем и ќе го отпуштат Мекдермот аламудилах ќе дојде во Бакс следна сезона ишала

Мајами - не бе, уште не ми праат мерак. Ама овие не ми се стигнати до тоа ниво дека веќе чоукингот им е во крв мииислам има уште надеж за нив. Мора и да сменат нешто да внесат млада крв во нападот од сезонава/следната. Некој од дивизијава нема да фати плејоф а има 3 многу солидни екипи. И некој ќе го јаде за тоа. Ќе биде итнересно. Не знам, ги потценувам, ќе зависи од распоредот и противниците против послаби екипи ќе си победуваат, може и некоја од појакиве ама.. ја се уште ги потценувам како легитимен контендер

Петс - да им изгледа рукито добро е успех

Џетс - не знам, овие ваљда ги преценувам. Арон мора малце да се среди и да земе улога на ветеран, а не лидер. Има разлика, а може и двете да си во едно. Пејтон во Денвер, Брејди во ...последниве 10 години и така натаму. Имаат добра одбрана. Салех е добар тренер (уште еден од низата квалитетни тренери што може да бидат отпуштени после сезонава од дивизијава). Не им е уопште лош нападот. Буквално на хартија ми се свиѓаат ептен. Ваљда ги преценувам и ќе им фали хемија и менталитет ама..мора тука да помогне Арон... мора


Рејвенс - душичиња, најзабавен фудбал играат, растураат у регуларна сезона и се чоукаат у плејоф. И овие ко Билс им е више ова влезено во ДНК. Се надевам ќе стигнат до СБ годинава ама... Овие веќе може и психички да се влезени во некоја траума и више да размислуваат уште од сега за плејоф и одмазда (ко Билс лани) па да киксаат и во регуларна сезона (ама тоа таму негде после, сакам да верувам дека ќе можат со Чифс вечер)

Бенгалс - Мистериозна екипа бидејќи и не дека имаат ептен одиграно во Буроу ерата. И оваа сезона за сите екипи ќе зависи од тоа дали ќе имаат проблеми со повреди или не. Вака на хартија, ако се здрави мислам може да изненадат екипи и може да се носат со секого

Браунс - Пекол е цела АФЦ. Пекол. Надреално е како се погодија олку добри екипи на иста страна. Компактни, добро менаџирани, буквално сами се победуваат кога губат. Ако со пензионер стигнаа до плејоф, зошто не би можеле оваа сезона и повеќе? Подобро да го направат тоа бидејќи трејдот на Дешон ќе биде најлош трејд во следните 1000 години. Вака..само во следните 100-200 :D


Стилерс - Види..го сакам Рас. Го сакам и Томлин. Не бе.. не ми фаќаат око за ништо. Ова ќе да е сезоната кога ќе одат под .500. А не и дека ќе биде Рас крив ама... то е (и пази сега, на слепо зборам, распоредот сигурно им е полн со некои меме екипи и ќе извадат некои 9-3 тип на победи...)


Тексанс - е да му ебам матер мора некој да регресира сезонава. Мора. Кој ако не Тексанс? Барем у АФЦ странава... тежок распоред. Не може подобро од тоа лани. Ако се подобри од тоа лани може СБ да освојат. Ако се послаби од тоа лани нема ни плејоф да фатат

Колтс - и овие се уште едни од екипите што се многу јаки на хартија. Ама натпреверите на трева се играат, а не на хартија. Да останат здрави мислам можат до плејоф. Ако не...битно е само да делуваат на компактна екипа 95% од сезоната. Светла е иднината, ама сепак, ќе видиме како ќе се снајде АР после повредата, не е тоа така мал прашалник

Џегс - not sold on 'em. Лоренс е доволно добар да ги крене од тоа што беа, и имаат ок екипа ал араунд ама..мех. Доволно се ок за да фатат плејоф со малце среќа пошто распоредот им е сосема ок за такво нешто. За поише..мех

Титс - Не се така лоши како што луѓево мислат, сите ги забораваат како франшиза... Мислам дека ќе бидат ок и ќе се борат и до крај за плејоф (фала богу пола конференција иде :ROFLMAO: ) Левис ми е сосема солиден КБ, ќе видиме како ќе се покаже во прва сериозна сезона како стартер

Денвер - хаха, Шон Пејтон сисај го друже :kuracc:

Чифс - ако освојат и Тревис ја запроси Тејлор срањево е скриптирано

Чарџерс - и за овие сум high on. Харбо е генијалец, Херберт е одличен КБ. Ама тенки се ептен некако... ќе можат ли на чист талент да напраат нешто? Само влез во плејоф успех ли е? ..ваљда, ко за старт, иако Харбо не е млад, сигурно има некој план од пар сезони што треба да кулминира со успех. Ама колку ќе бидат здрави.... ова screams 6-2 после 8 утакмици и 8-9/9-8 на крај на сезона :ROFLMAO:

Рејдерс - уште една сезона кај што се небитни in the large scheme of things

Идеме НФЦ

Далас - не е прашањето дали ќе влезат во плејоф. прашањето е од кого ќе изгубат таму. Ремс? Берс? Бакс?

Џајантс - мислам дека нема да бидат катастрофа како што се мисли, и дека ќе имаат изненадувања и ок резултати. Сепак, ќе биде чудо ако фатат плејоф

Фили - кладилнициве ги сметаат како топ 5 фаворити за титула
???? ја не би се изненадил ни плејоф да не фатат, ептен се у моуд за распаѓање, сите коцки се спремни. Повеќе ќе ме изненади ако се компетитивни од тоа да не се

Комуњари - Може Џејден да е добар пик, делува ко забавен КБ. Ама пак, исто ко Рејдерс, нерелевантни во големата шема на нештатa :icon_mrgr:

Чикаго - не, озбилно, ако не станат релевантни со оваа генерација на играчи нека се самоукинат ко франшиза. Не мора уште одма годинава, ама у овие пар години...

Детроит - ваљда не е хот тејк да се каже дека и овие како Хјустон ќе регресираат? Ама од друга страна па делуваа ептен леџит лани. Би требало да влезат во плејоф, па може како андердогс да изненадат. Секако се изборот на секој објективен човек, симпа екипа се ама логиката вели дека треба да има регрес од лани, башка и бетер распоред имаат од лани

Пакерс - не бе, уште не сум sold on Love. Не знам што да предвидувам, тука ваљда ги потценувам, ама не знам бе, не ми делува уште ко да се легитимна екипа ко што ги прават некои.... ајде, вааљда за плејоф да ама за повеќе...мех


Минесота - овие може лагано прв пик догодина да имаат и да изградат нешто за во иднина. 2031 или 2032 е нивна :D

Атланта - огромен потенцијал. Ама ќе заебат нешто.. така?
(под огормен потенцијал мислам за плејоф да влезат и да играат атомски фудбал)

Каролина - се е подобро од лани, тоа беше еден од, ако не е и најлош тим што го имам гледано, особено при крај на сезона...аууууу


Сејнтс - дај бе нека се укинат више еднаш овие, шо кур е ова секоја сезона прават тим што се бори....да биде просечен. Пази, не се бори да биде јак или нешто шо ти знам...се бори да биде просечен. Дај бе земете напрајте сериозен рибут, стајте некој жртвено јагне тренер 2-3 сезони, ебете си мајката со bottom 3-4 екипа, собирајте пикови и планирајте рестарт на све ова, шо кур е ова

Тампа - не сум објективен.
Би требало да се добри ама у пичку матер распоредов расплакува мајки :(

Аризона - ќе пробам да гледам повеќе од нив сезонава пошто живо ме интересира како ќе играат. Вајлд карта ми се за сезонава, стварно не знам што да очекувам од нив. Има шанса да бидат добри или барем забавни за гледање, не би се изненадил да изненадат (други, а не мене, логично, бидејќи претходно во реченицата реков "не би се изненадил" :icon_lol: )

Ремс - некако и овие како да одат под радарот. МекВеј ко Сполстра, испаѓа ко од све да може јак тим да направи. Мислам компетитивни ќе се годинава, лани не изненадија, ама мислам сега сфативме дека станува збор за одлична екипа генерално

Најнерс - уф... овие ептен се чоукаат у последно време бе... Се надевам Брок ќе има јака сезона и ќе си заработи топ пари. Не знам, може и на овие чоукингот во ДНК да им е влезен, мнооогу е зезнато кога си јака екипа што оди далеку и веќе си влезен во 'се освен титула е разочарување'

Сихокс - Ју ноу уат, ајм гона сеј ит... не ми праат мерак за озбилна екипа што би влегла во плејоф. Ок се, ама се ова делува како и они да не очекуваат плејоф и ко да прават некој мини рибут за што и да ќе биде следно за франшизата.
 

Newton'

Fapstronaut
Член од
25 јули 2015
Мислења
325
Поени од реакции
292
За сезонава се надевам

1. Bills ќе го скршат проклетството и ќа станат шампиони за прв пат во историја
2. Aaron Rodgers's second coming ,Rodgers за крај на кариерата со голема помош на една од најдобрите одбрани во NFL идат до Superbowl, секако ако Bills не успеат во првото (y),како и да е најинтересна дивизија се со Dolphins i Patriots
3. Dallas да е под 0.500 и да не идат во плеј оф
4. Lions да ја освојат дивизијата повторно
5. Broncos да имаат добра сезона и да влезат во плеј оф

Генерално AFC-East за мене е најинтересна дивизија, има интересни и добри тимови во AFC ќе биде јака борба кој ќе иде во Superbowl,во NFC тимовиве некако ми се meh, може затоа ќе има и понеизвесни натпревари, како и да е Red Zone во недела ќе грми.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.901
Поени од реакции
23.296
Има некој проблем да се логира на фантази апликацијата?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.567
Поени од реакции
14.341
IMG_1699.jpeg

Лига од работа што играме, вчера цел ден го дупев колегата дека го тепав за да синоќа кикерот на 49ерс освои 26 поени, трет најдобар резултат на кикер во последните 20 години. :pos:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.367
Поени од реакции
85.273
За 26 саати од сега ќе пцуеме како судиајта им помага на Чифс :ROFLMAO: (иако мислам пак ќе почнат споро)

Него.... ова некој од вас е? За ЕСПНФАН дифолт името зборувам.
Ај ве молам ако е некој нека пише. Нема да го кикнам, ама чисто да се знаеме кои сме

Прегледај го приврзокот 428492


За вие што сакате да влезете на предиктор лигата еве пак линк:

https://fantasy.espn.com/free-prize-games/sharer?challengeId=247&from=espn&context=GROUP_INVITE&edition=espn-en&groupId=21f1b886-21c1-431e-8802-19c14aee02a7
Автоматски споено мислење:

Ах да, заборавив и да пишам предикции за сезонава, следен пост ќе ми биде тоа, во меѓувреме исто некој ако нема попаметна работа нека си сподели ставови и очекувања :D
Ме мрзи секоја недела да праќам потсетници ама пошто и јас за малце ќе заборавев...направете си пикови.
Исто можете и унапред за други недели, ама така ќе изгубите на рутина и евентуално ќе заборавите :D
Не треба да ве потсетувам како конкуренција ама... :D

П.С. Катастрофална прва недеал на фантази, боже сачувај
 

Kajgana Shop

На врв Bottom