Најпрво честито на фановите на Филаделфија, заслужена победа беше ова, срамота беше тоа што го изигра одбраната на НЕ, да не си одеше Мети П, sack worthy беше претставава во СБ.
Искрено, мислам еден од полошите супербола од кога гледам поактивно, 0 одбрана, специјални тимови мизерија, само напад ама и тој беше помогнат од катастрофалната одбрана од двете екипи, со исклучок на фамблот на крај. Искрено највеќе разочаран сум од играта на НЕ, криво ми е и дека изгубија ама ако победеа ќе пишев грда победа, ама каква е таква е. Срамота е милион јарди да ти фрли Фолс, срамота е во дабл и трипл кавериџ да неможеш да запреш ресивер, срамота е 10/12 на трети даун во супербол да имаш. Брејди ја изигра најдобрата уткамица која можеше да ја има, нормално благодарение на катастрофалната одбрана на фили, цела утакмица дали 2 пати го мавнаа, никаков притисок немаше човекот, едноставно се надеваше дека одбраната нема да прими 554004 поени, славната беличекова bend but don`t brake филозофија не да се скрши, неможеш да ја составиш од што се искрши, феил невиден. Уште од почеток излегоа со Роу на Џефри, си лапнаа конверзија на 3&8+ и после тоа и ТД, така да јасно стана што ќе се дешава. Таман им текна дека имаат корнербек од 14 милиони долари за да чува такви типци, забораваат дека СЕКОЈ 3 даун фолс му фрла на Ерц. Истата рута 10 пати им пројде, од 60 јарди на ерц 50 му се на 3&5+.
Гронк изјавил дека не е сигурен дека ќе се врати следната сезона, искрено мислам емотивна изјава, ама очигледно дека не мисли да игра ко Витен до 150 години, така да предвидувам во пакет со Брејди да се повлече братот, значи за 2/3 години негде.
Батлер не играл од комбинација на причини, грип + мечап (мислам грешка ако е заради тоа)+ веројатно недисциплина што не е логично зашто јас да застанев во одбрана повеќе импакт ќе имав.
За следната сезона клучно е да се реконструира целиот фронт 7, целата филозофија беше феил. Со еделман, кукс и Гронк + играчи како Хоган не му се секирам, нападот ќе мрда. Уште една грешка беше што го пуштија блант за да го потпишат Гилисли кој пола сезона е healthy scratch, 3 милиони лапа братот повеќе од дупло од Блант а не се снајде баш најсјајно.
Се шпекулира и дека имало некој караници меѓу дефанзивците во последниве 2 недели, го криват Беличек за погрешни одлуки, ама што е до мене сите се слободни сезонава само распоредот и шемата успеаа да ги маскираат нивните недостатоци и неконстантност.
Како и да е поразите се дел од играта, жал ми е што не можам да кажам дека сите дадоа се од себе и победи тимот што повеќе ја заслужи победата. Од тоа само вториот дел важи, за жал.
Се враќаме идната сезона по 6ката.