„Персона нон грата“ - македонскиот амбасадор во Белград
10.10.2008 13:18 Василевски во најкраток рок треба да ја напушти Србија
Амбасадорот на Република Македонија во Белград Александар Василевски е прогласен за „персона нон грата“ и во најкраток рок треба да ја напушти Србија, потврди македонското МНР.
Oдлуката на српската Влада да му го ускрати гостопримството на македонскиот амбасадор по одлуката на Македонија да го признае Косово, на Василевски му била соопштена денеска во МНР на Србија.
Претходно српскиот амбасадор во Скопје Зоран Поповиќ на заменик-шефот на македонската дипломатија Зоран Петров му достави протестна нота во која се бара Македонија да ја преиспита одлуката за признавање на независноста на Косово. Признавањето е против Резулуцијата 1244 на ОН и меѓународното право, а Косово е неотуѓив дел од Србија, стои во протестната нота.
Засега нема најави и сознанија дека српскиот амбасадор Поповиќ ќе биде повлечен од Македонија, ниту оти Белград ќе ја преиспита одлуката за употреба на уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација, како ни за евентуално други санкции