Амазон достава до Македонија?

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Дали некој знае дали Амазон прави достава до Македонија?
дали наплатува (колку што знам за некои работи има бесплатна достава)
доколку наплатуваат на кој начин по број или тежина? ајде малце информации кој знае нека помага
 
Член од
16 април 2009
Мислења
112
Поени од реакции
28
Амазон прави достава само на некои ситни работи, како книги, ЦД, ДВД.... Јас лично сум нарачал околу 3-4 книги и сите ми стигнаа. Малку поштарината е скапа, обично јас го одбирам најдолгото време за достава, кое е најефтино, околу 7-8$ . Еднаш бев нарачал една блуза, али не можеа да ми ја испратат. Предходно беа ми ги зеле парите од картичката, но после 5-6 дена добив мејл во кој пишува дека не може да се достави блузата до Македонија, и парите ќе ми бидат вратени. И навистина после неколку денови, сумата која што ми беше земена од картичката, ми беше истата вратена до денар. Барем јас сум задоволен од услугите што ги нуди Амазон, али за жал не вршат достава на поголеми предмети.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
46
Поени од реакции
16
прави достава на сите работи кои имаат shiping за во Европа а вклучително и Македонија може да се порачуваат часовници, тренерки, наочари, play station.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
57
Поени од реакции
1
да прави секаква достава, зависи само дали можат да го пратат тука и се доста чесн и поштени сум порачал многу работи преку нив и сите стигнале и се во супер достава, и да дури некогаш нудат бесплатна достава дури и до македонија. барем јас сум имал такво искуство
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
46
Поени од реакции
16
За полесни работи како што се маици тренерки шорцеви може и да не земат пари бидејќи тоа се полесни работи, на пример за часовници може да ти земат и до 200 денари. Доколку порачаш повеќе работи од иста фирма тие ги ставаат во една пратка и земаат пари само за таа една пратка не земаат за сите посебно. Доколку ти ги порачаш посебно тие ги враќаат парите што си ги дал за shiping и ги ставаат во една пратка.
 
C

cige

Гостин
Колку пари и колку време ќе треба за да ми стигне MacBookPro од Канада?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Дали некој знае дали Амазон прави достава до Македонија?
дали наплатува (колку што знам за некои работи има бесплатна достава)
доколку наплатуваат на кој начин по број или тежина? ајде малце информации кој знае нека помага
Бесплатна достава не важи за МК.Другото веќе ти го кажаа,а има и посебна тема за Амазон во подфорумот за ИНтернет мислам.
поз
 

Velix

Kirk Hammett
Член од
18 мај 2012
Мислења
677
Поени од реакции
207
Ај ако може некој што нарачувал како @draganri или некој друг да ми каже што ќе ти праќат Амазон после достава на е-маил.Сакам да нарачувам карти за играње (bicycle) па не би била голема и поштарината.Па ако може некој да ми објасни дали ќе мора со картички и како иде таму... :)
 
Член од
25 јануари 2014
Мислења
9
Поени од реакции
1
Здраво. Вака, сакам да нарачам Ајфон 4с од Амазон. Од овие понуди:http://www.amazon.com/gp/offer-list...46056&sr=8-1&keywords=iphone 4s&condition=new втората или третата. Но немам никакво искуство со Амазон. Може да ми пресметате колку ќе ми земат поштарина до Македонија. На едната понуда пишува 10 долари за достава, а на другата пишува бесплатна достава. Сега ме интересира дали бесплатната достава важи за до Македонија, или оваа 10 долари до Македонија ќе биде или се смета според тежината. Ако може да ми одговорите, бидејќи е итно. :unsure: Фала :)
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Здраво. Вака, сакам да нарачам Ајфон 4с од Амазон. Од овие понуди:http://www.amazon.com/gp/offer-list...46056&sr=8-1&keywords=iphone 4s&condition=new втората или третата. Но немам никакво искуство со Амазон. Може да ми пресметате колку ќе ми земат поштарина до Македонија. На едната понуда пишува 10 долари за достава, а на другата пишува бесплатна достава. Сега ме интересира дали бесплатната достава важи за до Македонија, или оваа 10 долари до Македонија ќе биде или се смета според тежината. Ако може да ми одговорите, бидејќи е итно. :unsure: Фала :)
јас да ти заштедам време и да ти кажам дека не ги испорачуваат до Мк. Тоа со поштарината е за Америка.

поз
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Бидејќи прв пат порачувам од Амазон да прашам - кога нарачував ја напишав домашната адреса и денес требаше да биде пратката доставена (под 45 евра е). Станува збор за две книги. Треба да чекам поштар да ги донесе или пак треба да одам во блиска пошта да ги подигнам?
 
A

Ali Pasha

Гостин
Нарачав за ќерка ми некојси албум со ЦД и стикери, 26 евра + шипинг околу 18 уевра, и замисли тоа го царинат во царина, требаше да платам царински услуги на ДХЛ Македонија за документите и лежарина околу 1500 мкд , и царина од околу 560 мкд (невероватно, царината ја пресметуваат и со вредноста на шипингот, иако им доставив детална фактура за сите трошоци).
Најтрагично е што пред неколку месеци нарачав ист таков албум, и најнормално ми го доставија без ниеден дополнителен трошок.
Значи дефинитивно распад систем во државата :popce:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom