Алфа ТВ

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ништо, повели и друг пат.
Со среќа со пријавувањето.
Ако случајно те изберат да играш, ако не ти е тешко сподели после на форумов како одат снимањата, во колку часот се снима квизот.и колку емисии се снимаат и слично со термини за снимање.
Јас би се пријавил, но не сакам доцна да снимам емисии.
Круг на знаење многу доцна ги снимаат емисиите, исто и Без Поени кога учествував и таму доцна се снимаше, и Се или нешто доцна снимаат.
Хрватите Потјера снимаат по 2 емисии едната од 11:30 а втората од 13:30 часот, и логично има таму играчи од секакви места од Хрватска и луѓето имаат време во ден да си се вратат во своите далечни градови.
Во Македонија логично се води сметка само за играчите од Скопје, иако доцни термини на снимање од 18-19 часот не им одговара ниту на сите кои живеат во Скопје.
Во новиов квиз Арена за кој зборите потребно е некое знаење како што е потребно во Круг на знаење или е квиз на среќа од типот Се или нешто?:)
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Во новиов квиз Арена за кој зборите потребно е некое знаење како што е потребно во Круг на знаење или е квиз на среќа од типот Се или нешто?:)
Има промо видео за квизот
https://www.youtube.com/watch?v=qlVOIO-KqAI

Се гледа во видеото и водителот зборува дека се работи за квиз на знаење.
02 / 2603 892 еве ви телефон ако сакате пријавете се, јас како што веќе напишав не сакам да снимам доцна попладне и навечер и затоа не се пријавив.

Јас мислам дека дури во Арена ќе треба повеќе знаење да се поседува, отколку што треба знаење во квизот Круг на знаење.
Реално во Круг на знаење можеби само во Цајтнот треба повеќе знаење да се има.

Јас сум повеќе за квиз каде треба знаење а не среќа, но реално кај нас помалку луѓе сакаат квиз на знаење, повеќе гледаност имаат квизови на среќа, таква ни е нацијата.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Јас сум повеќе за квиз каде треба знаење а не среќа, но реално кај нас помалку луѓе сакаат квиз на знаење, повеќе гледаност имаат квизови на среќа, таква ни е нацијата.
Или со други зборови, народот е глуп и сака да добие награда без да се мачи да мисли.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Или со други зборови, народот е глуп и сака да добие награда без да се мачи да мисли.
Па да така испаѓа работата. Во Се или нешто продефилираа секакви ликови, и смешно ми е кога ќе кажат на Лила дојдовме за забава. Да баш, ќе снимаат 22-23 емисии додека да играат заради забава.
Иако кај нас и кога одеше Милионер на А1 не беа исплатени заработените пари на играчите, така да и кој со знаење заработил пари не ги добил.

Инаку не верувам дека во Арена иако ќе биде квиз на знаење ќе има големи парични награди за играчите.
Во општества како нашето знаење и труд слабо се вреднуваат.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Во новиов квиз Арена за кој зборите потребно е некое знаење како што е потребно во Круг на знаење или е квиз на среќа од типот Се или нешто?:)
Потребно е знаење, не можеш да се пријавиш. :)
 
Член од
12 јуни 2016
Мислења
402
Поени од реакции
82
Кога ќе започне квизот Арена?
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Кога ќе започне квизот Арена?
Утре на 15 Јуни ќе биде финалето на Круг на знаење. Не верувам дека Арена ќе биде замена на Круг на знаење и дека Арена ќе оди 5 дена во текот на неделата на Алфа.
Ќе оди Арена веројатно еднаш неделно, и можеби чекаат од Алфа да заврши Европското во фудбал, за да има помала конкуренција за гледаност, кај нас народот посебно пензионерите се навлечени на синхронизирани серии.

На Алфа интернет страницата е очајно направена. Нема информации никакви за квизот Арена.

На интернет страната на ХРТ има информации за квизот Потјера дури кај нив нема телефонско пријавување за тој квиз и трошење пари, туку се пријавуваат преку пополнување на формулар на страната на ХРТ и оставаат контакт телефон и ги контактираат од ХРТ оние кои се изберени за кастинг, дури ХРТ плаќа патни трошоци за билети на сите кои не се од Загреб.

Кај нас тоа е научна фантастика.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Тука ако читате а би требало да читате, и тука да ви упатам една честитка да ви ебам све што ви мрда у тоа телевизијата мртва да ви ја ебам Маја Поцевска и Емилија Рожман + Искра Трпевска и све женско у телевизија. Море мрш у пичку матер, никад више нема да пуштам Алфа.
Село гори а баба се чешља ми даваат а најавиле Вардар, кур да ми чешлате крвввввв ви ебам.

http://prntscr.com/bs2j31
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493
Не е првпат да не се пренесува фудбал само за да се има повеќе гледачи на трибините.
Како оправдување Вардар сигурно барал голема сума за преносот, па во последен момент Алфа откажала.

А што се однесува до програмата на Алфа наместо буква од алфабетата им предлагам да земат некоја буква од вуковицата на пример Ђ или Ћ.
 
Да не знаеш дали ХРТ 2 го пренесуваше Вардар-Динамо?
Им гледав програмска шема на ХРТ 2 и го немаше во програмската шема преносот? Немам ХРТ 2 на тв па затоа ме интересира.
Знам дека ХРТ 2 готово секогаш ги пренесуваат клубовите ов Хрватска на тв.
Не можеме сега ние кои не сме од Скопје да одиме на гледаме фудбал туку така, има и трошоци, а имаме и свој живот, обврски. Логиката на клубовите и телевизиите не ја сфаќам, зарем сите треба да се напикаме во Скопје да се преселиме и да живееме?
Норвешка со цел да овозможи живот за луѓето на крајниот север од Норвешка, донесува и вработува странски лекари и се живо, а овие не сакаат за провинција обичен фудбал да овозможат да се гледа на тв. Срамота.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Нит Алфа го најави, нит Алфа го пренесуваше мечот, тоа што имало на макс тв во ЕПГ дека ќе го има мечот не е кривица на телевизијата и дека Томато се избрзале да објават дека ќе се пренесува мечот..
Инаку на стадионот немаше камери кои вршеа пренос , така да го немаше на ниту една телевизија дали странска или наша.
Вториот меч од Загреб ќе се пренесува на Арена, ќе видиме дали на некоја наша телевизија ќе оди.
 
Види Алфа не знам дали дале најава дека ќе го пренесуваат натпреварот, знам дека на интернет имаше коментари од луѓе дека ќе го пренесуваат натпреварот. И затоа бев разочаран.
Не верувам дека МРТ ќе дадат пари за да го пренесуваат натпреварот од Загреб. Од приватните телевизии не очекувам чудо и да го пренесуваат натпреварот од Загреб.
МРТ како што пишав евентуално, ама мали се шансите.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Го најавуваа неколку дена претходно дека ќе оди натпреварот.
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
415
Поени од реакции
171
Видов промо на телма за среда дека во 20:45 ќе оди натпреварот вардар со динамо
 
Kajgana Shop

На врв Bottom