Алтернативни горива за загревање

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Дрвената биомаса слабо се користи како енергенс - е наслов на прилогор објавен на ТВ Ирис
http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/9730-2014-04-12-14-45-53
..многу малку имаме реални сознанија колкав би бил пазарот за некој полупроизвод , брикети, пакети .... дури и подобрени со адитиви,од дрвената биомаса па да се процени цената, а со тоа и атрактивноста како гориво за печки за загревање или инсталации за когенерација. Никој до сега немал интерес да финансира такво истражување, ниту сум забележал некој квалитетен да побара да биде финансиран....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Наполно се согласувам. Нема кај нас сериозност.
Деновиве читам дека во Јапонија, Кореја и Кина главен начин на затоплување е со брикети. Еве како изгледаат

Се работи за за брикети изработени од јаглена прашина и Вар!. Еден ваков се става во ваква печка

Еве како изгледа внатрешноста на печката

Еве како гори

Ние со користење на обичните печки за дрва имаме искористеност од максимум 30%. Ако ја покачиме таа искористеност на 60%. Тоа значи дека наместо 6 кубици ќе потрошиме 3 кубици. Остај парите, само носењето, сечењето и редењето ќе го намалиме за два пати.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Предлагам да jа разгледаме гасификацијата на биомасата како начин на искористување.
Гасификацијата представува процес во кој од материјалите кои содржат јагленороди ( биомаса или фосилни горива ) се добива јаглен моноксид и водород кои понатраму се согоруваат.
Самиот процес е познат речиси 180 години и најнапред е користен за добивање на гас со кој се осветлувани градовите во деветнаестиот век. Гасификацијата се извршува кога горивото се загрева на температура од преку 700 степени во услови на контролирано присуство на кислород и водена пареа.
Во тие услови се вршат следниве реакции
1. Сушење од влага кое се врши на тепература од околу 100 степени
2. Пиролиза - разградување на сложените молекули - овој процес се врши на температура од 200 - 300 степени
3. Согорување на испарливите гориви материи и дел од чадот ( чадот е чист јагленород ) при што се добива јаглен диоксид. Во оваа фаза се добива топлина која е потребна за целиот процес

4. создавање јагленмоноксид и водород по следниве равенки

http://en.wikipedia.org/wiki/Gasification

Ваквиот гас може да се користи за било што. Да Ве подсетам за време на Втората светска војна е користен за погон на автомобили, а и денес е можно така да се искористи

Постојат печки кои на овој начин согоруваат
вакви печки се наменети само за готвење

Или за затоплување -

Посебно се интересни котлите за парно кој работат на сличен начин. Во горниот дел се става дрвото, а со вентилатор се влече воздухот ододздола каде согорува гасот. Вакви котли имаше на саем. Продавачите ги фалеа, но незнам колку се ефикасни бидејќи во горниот дел, каде што се складира дрвото треба да се постигне висока температура за да се изврши пиролизата и гасификацијата.

И на Јутуб има видеа и за печки
http://www.youtube.com/watch?v=F6FI5ttjRM8
и за котли
http://www.youtube.com/watch?v=M4vSEspltuM
Ве замолувам за Вашите коментари
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.822
Поени од реакции
24.875

Пак ке треба да се вратиме на почетокот на темата каде многу добро е објаснето за овој тип на печки. На сликите имаш печки кои работат на принципот на гасификација( пиролиза) и тоа два типа. Едните се со горен провев, другите се со долен провев. Каминот кој е објаснет во првите постови на темата е со горен провев затоа што мене така ми беше полсено да го преправам. Колку да нема забуна тоа горен провев значи дека гасовите одат од долу према горе или горивото е долу а согорувањето е горе. Со долен провев значи дека горивото е горе а согорувањето е долу или гасовите одат од горе према долу.
За болдот не е баш така. Треба да се постигни одредена температура но самото палење на гасовите се врши во најдолниот дел на горилникот или местото каде се спојуваат делот каде горат дрвата и долната комора каде излегуваат веќе запалените гасови со многу висока темепратура. Инаку генерално ефикасноста им се движи до кај некои добри 90% ( барем така сум прочитал) но со оглед дека другите имаат ефикасност не поголема од 50% и 70 % да биди е сосем задоволително. Секако не е се прекрасно со овој тип на горилници така да и тие имаат и предности и мани. Мана им е тоа што да за имаат толкава ефикасност треба да работат со нивни максимум и притоа да предадат голема топлотна моќ која најчесто нас и не ни е потребна. Така да или треба да се складира во посебни акомулатори на топлина и таа покасно да се искористи ( што и не е така лоша варијанта само што дополнително кошта како инвестиција) или да се пригушат и со тоа да им се намали ефикасноста со што не сме добиле ништо од нивната ефикасност.
Друга мана им е барем јас колку што сум запознаен е дека поради големата температура што се развива при согорување на гасовите се оштетуваат бафер плочите кои служат како некој вид на излоација и треба да се менуваат по некое време. Можеби има уште некоја но ете не ми текнува во моментот, но во секој случај се супериорни спрема конвенционалните типови на печки како по искористеност така и по загадувањето кое го испуштаат.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
National Renewable Energy Laboratory (NREL) е Национална лабараторија во склоп на Министерствотро за енергија на САД
Еве ја нивната страница - на која можат да се најдат корисни информации
http://www.nrel.gov/about/
Ова е пример како развиените земји се однесуваат - од буџетот се двојат средства за финансирање на вакви лабаратории. Во такви лабаратории се вработени се школовани.
А кај нас е друго, од општинските буџети се овојуваат милиони за да се направи зонско и да се купат пајаци ( едно пајак возило чини 100 илјади евра),
 
...не заебаај..;)...такво нешто кај нас е невозможно, сеуште сме на ниво : нема ништо без минимум 30% за мене.., и крадење на дрва од планина..при што дрвокрадците ги гласаат оние кои се праат наудрени и не ги виѓаваат... Тоа се вика симбиоза , а не National Renewable Energy Laboratory :pos:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
http://stoves.bioenergylists.org/taxonomy/term/1611?page=1

Еве една печка за готвење која потекнува од 2007 година. представува комбинација на ракетната печка и печка со пиролиза. Обратете внимание на влезот за секундарен виздух

Avan (Earth) Stove http://e-avanstove.blogspot.com/ has the features of both Rocket stove and Woodgas stove. It is made up of 25 nos of ordinary bricks, four bricks with slits, one piece of flat tile, one steel grate 7x7 inches and Clay mixed with cow dung. The approximate cost of construction is $ 2 (USD). All types of biomass can be used as fuel (Sticks / twigs / chips of wood / dry leaves / grass / saw dust / cow dung cakes / paddy husk etc.) and advantage of gravity is used for easy and semi-automatic feeding. Designed by Dr. N. Sai Bhaskar Reddy, GEO -Geoecology Energy Organisation http://www.e-geo.org declared as Creative Commons.

Read more
India
Avan
Woodgas
Rocket

Како што гледате не е завршен техничкиот развој на печките на дрва.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Вечер е објавен напис за користењето на биомаса и други алтернативни начини за добивање енергија
http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=C988928FD27209409F60941CA923189A
Новост е дека една споретска сала во Битола ќе се затоплува со биомаса која ќе се прибира од градскиот парк
Во написот се вели:

Но и од отпадот на градското зеленило може да се произведува биомаса. Конкретно во Битола овој вид на отпад ќе биде искористен за греење на спортската сала "Младост" преку производство на пелети и специјален котел за биомаса.
Проектот ќе се реализира со финансиските средства од околу 200 илјади евра, кои што локалната самоуправа ги доби од ИПА-програмата за прекугранична соработка со Република Грција. Проектот треба да почне да се реализира од август годинава, а како што велат од локалната власт на овој начин на битолските спортисти ќе им се овозможат подобри услови за тренинг и натпревари.

Покрај еколошкиот бенефит ќе има и вкупна заштеда од 30.000 евра коишто претходно се давале за мазут.“
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.128
Поени од реакции
36.204
Kako концепт за поздравување, во пракса: перење пари.

За тие пари ќе купеле систем со геотермална топлотна пумпа. Можеби и поевтино ќе дошло, поеколошки секако. Биомасата можат на граѓани да им ја ставаат на располагање, ќе се најде некој да ја искористи.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Дали во Македонија некој употребува биодигестор за производство на метан од биомаса и други отпадоци?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.128
Поени од реакции
36.204
Хммм... не сум слушнал. Но ми звучи на лош концепт како за поединец (прескап, неисплатлив), боље веднаш да се гори биомасата и директно да се искористува енергијата.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Втората половина на август започува сезона на правење мармалад и ајвар
Еве можност, во двор, да си направите ракетна печка, за мали пари ( потребни се 16 цигли )
/www.youtube.com/watch?v=8qoyBVKC0nI
Еве ја истата печка но повисока за уште еден ред
//www.youtube.com/watch?v=r66jjYdBmg8
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Хммм... не сум слушнал. Но ми звучи на лош концепт како за поединец (прескап, неисплатлив), боље веднаш да се гори биомасата и директно да се искористува енергијата.
мислев на фарми
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.128
Поени од реакции
36.204
Втората половина на август започува сезона на правење мармалад и ајвар
Еве можност, во двор, да си направите ракетна печка, за мали пари ( потребни се 16 цигли )
/www.youtube.com/watch?v=8qoyBVKC0nI
Еве ја истата печка но повисока за уште еден ред
//www.youtube.com/watch?v=r66jjYdBmg8
Ајвар се прави на контролирана, не претерано висока, температура.
Значи жар во класична печка, и додавање некое дрво одвреме навреме.

Со ракетна печка би се добила баш висока температура. Но би можела да се димензионира помала печка, која со таа макс температура но со помал горилник, би го загревала тенџерото со ајварот на соодветна температура.
Проблем би била потребата на постојано ложење (ракетните печки горивото го горат навистина брзо). Тоа можеби можело да се реши со некој принцип на автоматско ложење (долги вертикални гранки што со гравитацијата паѓаат надоле во горилникот).

Значи можно, ама не е толку едноставно. Не е само редење 16 цигли. :)
Во секој случај, за набрзина да се зоврие голема количина течност со што помалку гориво -ова е ефикасна печка.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom