Алкохоличари во семејството

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Значи агресијата се јавува како еден вид фрустрација од неможноста/немањето желба/самодоверба да се соочат со тоа што ги мачи.
Пиењето осетно го зголемува естрогенот кај мажите, затоа се случуваат тие изливи на гнев, фурстрации и слично. Најлесен начин да се ублажи проблемот е да се натереаат (ако е можно) да почнат да пијат алфа липоидна киселина, магерешки трн и борон. Забрзаното чистење на јетрата и регулацијата на инсулинот ќе ги ублажи изливите на нервоза и проблеми - е сега тешко е ептен да се разговара на таа тема, најдобро е после спиење, кога колку толку се трезни т.е. делумно.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Пиењето осетно го зголемува естрогенот кај мажите, затоа се случуваат тие изливи на гнев, фурстрации и слично. Најлесен начин да се ублажи проблемот е да се натереаат (ако е можно) да почнат да пијат алфа липоидна киселина, магерешки трн и борон. Забрзаното чистење на јетрата и регулацијата на инсулинот ќе ги ублажи изливите на нервоза и проблеми - е сега тешко е ептен да се разговара на таа тема, најдобро е после спиење, кога колку толку се трезни т.е. делумно.
Како што кажав, затоа си има стручни лица кои ќе препишат што и да треба ама па ниеден лек и ниедна билка не може да те излечи ако не сакаш ти. Џабе и трнови и рози ако ликот не сака да си реши што го мачи :) еве кај мене на улица имаш лик што љубомори ако некој на улицава реновира дома или си купи нешто ново и ќе се изнапие и ќе иде да се пресметува демек, ќе изеде ќотек и ајт дома да го нема. Проблемот тука е јасен и на мало дете - немањето финансии и зошто да има некој друг кога не можам да имам јас, ама не може да имаш финансии ако џаболебариш по цел ден.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Да, ама проблемот е што здравствената состојба не му дозволува да реши што го мачи - далеку повеќе е поврзана здравствената состојба него што знаеме/мислиме. Воспалението кое доаѓа низ целото тело од пиењето, и инсулинските спајкови го прават тој човек буквално да искача од себе - тој е механизмот.

На дијабетичарите кога ќе им рипне нагло шеќерот можат да влезат у безсознанине/да халуцинираат и од чиста мира да нападнат некого, додај на ова алхохол и имаш опасно комбо. Луѓето не почнуваат да (се убиваат) од пиење без причина. Дали еден у 500 здрав човек се навлекува.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.976
Поени од реакции
14.745
Алкохоличарите се саможиви луѓе на кои им е побитно тие да се налокаат , него да им донесат среќа на фамилијата.

Ниеден пијаница не се излечил на доктор.....да не се залажуваме дека доктор ќе кини живци со таков будала во денешно време.

само збирање на цела фамилија, седнување на столче како на обвинителна клупа...држење еден говор добар, што прави тој и поради тоа што ќе му се прави...земање на лопата во рака и работи..тоа е спасот
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Никој не се излечил може да кажеш за некој што нема пробано или пак отишол кај стручно лице кој без испитувања му препишал лекови и ја изгубил контролата врз него.

Разговор со фамилијата нема да помогне кај оние потешките случаеви. Ако лопата во рака е спасот немаше да постојат клубови за лекување од зависност и сите ќе се лекуваа во домашни услови со разговори, закани, уцени, заплашувања, ќотеци итн.
Тие долги разговори како на столче на обвинителна клупа е исто како да зборуваш на дрво. ОК од денес не пијам, а после три дена иста песна. Сите немаат таков цврст карактер за кога ќе кажат НЕ и така да биде.

На докторот тоа му е работа, ако не во МКД тогаш во Србија и Хрватска имате стручни лица кои се занимаваат со ова. Е сега скапо, ама...
Лекувањето е долго и може да трае неколку години и се состои од неколку испитувања, терапии и употреба на препарати за одбивност кон алкохол.

Има една терапија со која се доаѓа до невроните и се намалува лачењето на ендорфинот. Кај оние нестабилните личности апстиненцијата може да е привремена и после одреден период повторно може да се вратат на алкохолот, но затоа постојат препаратите.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.380

Видеово е небитно за темава, ама на 17:39 можете да чуете како „стручно лице“ дава „стручен“ совет во врска со алкохолизмот. И смешно и трагично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom