Алкохоличари во семејството

KIFFLA

не ме викај друже
Член од
5 ноември 2008
Мислења
548
Поени од реакции
180
За да ја отворам темава посебно ме инспирираше моменталнава ситуација во која се наоѓам.Мојов комшија како и секој ден е пијан,вика по дома,крши е сега незнам дали ги малтретира бидејќи ќерката негова е премногу повлечена и не праи муабет со никој,а жената негова многу ретко ја глеам.
Е сега ме интересира дали вие сте биле сведок на некој од ваквите настани поточно дали имате искуство со вакви фамилии,и како да се помогне.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
imam iskustvo,ama za pomos neznam kako da se pomogne
treba valjda samiot covek da saka da se lekuva vo nekoja ustanova za toj problem
inaku mislam deka ovoj porok e polos duri i od droga
:salut:
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
За жал во мојата зграда има такви па да не претерам ама едно 3-4 семејства се сигурно и тоа се се социјални случаеви.
Да се има алкохоличар во семејството тоа сигурно мора да значи хаос.Доволно е ние што постојано ги слушаме како се караат и тепаат а којзнае како им е на нив.
Многу е тешко затоа што никогаш неможе да се предвиви однесувањето на еден алкохоличар.За нив пиењето веќе станува опсесија и единствен "спас" од секојдневните проблеми(најчесто невработеност и немање пари).Станува сериозно кога ќе изгубат контрола врз себеси и ќе почнат да ги повредуваат тие околу нив.
Меѓутоа проблемот со финансиските средства не е единствената причина поради која луѓето посегнуваат по алкохол.Ете баш вчера гледав еден филм (извинете ама незнам како се викаше) мајката беше алкохоличарка и ги малтретираше своите деца затоа што сопругот и починал прерано и ја оставил сама и таа постојано ги обвинуваше децата за тоа.
Причините се многубројни.Главното прашање е како да им се помогне на овие луѓе?
Бидејќи алкохолизмот е болест треба добро да се проучи,да се откријат симптомите и да се пристапи кон лекување.Треба да се разговара со личноста која има проблем,но во ниту еден случај не смее да се обвинува и да се навраќа на настани кои што се случиле во минатото.Главната цел е да и се покаже на личноста дека е сакана и прифатена,но дека мора да се лекува затоа што ги повредува саканите околу себе.
Мора да има постојана поддршка,да знае дека може да смета на некого кога ќе му биде тешко.А за тие околу него што ќе бидат најдобро ќе му помогнат ако не пијат алкохол пред него и секако целиот алкохол мора да се отстрани од местото на живеење.Тоа се првите чекори при одвикнување и лечење на алкохолизмот.Понатаму потребна е стручна помош со таканаречени терапии за одвикнување и лечење од зависност на алкохол.
Но според мене е најважна волјата и одлучноста на личноста која што решила да се лекува.Доколку е свесна за последиците од алкохолот и е подготвена да се промени и излекува,би требало да успее во тоа.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Baba mi imase eden vakov komsija, sekoj den bese pijan, se krsese po doma, za sreka taa situacija negovite deca i negovata sopruga ne gi natera da se povlecat vo sebe i da se izoliraat od svetot, go prijavija na nadlezna institucija i sega tipot e na rehabilitacija a tie si ziveat normalno.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
da ama sto e so pravoto na tipot ako nejke da odi na rehabilitacija
semejstvoto pak ke strada
:salut:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Ako ne odi na rehabilitacija ke odi vo zatvor bidejki fizicki maltretira lugje, taka da ako moze barem malku da razmisle bolje mu e nekoa bolnica nego li u zatvor.
Нема да оди во затвор, единствено може само да го приведат дента или вечерта ако е насилен.
Инаку многу тешка е таа ситуација кога се има алкохоличар во семејството и за жал, доколку сам не сака да се лечи никој нема право нит насилно да го одведе, нит да го затвори.
Доколку често е насилен и пијан најдобро за жената и за децата е да се напушти алкохоличарот, доколку нели има услови каде да го продолжат животот.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Во нашава држава бројот на алкохоличари е огромна. Се вели дека има над 80 илјади алкохоличари, а се е поголем бројот на жените алкохоличарки.
Овие луѓе ги има секаде околу нас и сите познаваме некои лица дали од соседството или пријатели или роднини кои се алкохоличари.
Лично не познавам семејство на алкохоличар кој го малтретира своето семејство, но и да знам не би се мешала. Тие се оние кои треба да решат што да прават. Најдобро е да се оди на лекување, но кај нас процентот на лица кои се лекуваат од алкохолизам е премал, дали само 10% се лекуваат.
Најголем е бројот на оние кои не ни признаваат дека се алкохоличари. За нив е нормално 5 пива да пијат во текот на денот или 10 чаши ракија. Не можеш да ги убедиш дека се алкохоличари.
А во ова време во кое живееме најчесто на лицата кога ќе им излезат проблеми спасот го гледаат во алкохолот. Напиј се и ќе заборавиш. Но само повторно се вовлекуваш во нов проблем.
Треба да се влијае и да се промовира лекувањето на алкохоличарите. Не е лошо и да се направи кампања, за освестување на народот дека конзумирањето секојдневно алкохолот му штети на организмот. Има кампања за цигари, за малтретирање, за разни проблеми но нема за алкохолизмот. А тој е за мене еден од најголемите проблеми во Македонија дефинитивно.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
На такви едноставно не може да им се помогне,колку и да се трудиш.
Од едни пријатели,човекот си напрај нешо проблеми со срцето(незнам шо беше точно) и само тоа го натера да се одвикне од алкохолот.
Односно,треба нешто да им се случи поврзано со нивното здравје, па да им текни дека тоа им е од пиењето.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Нема помош а и сила кога ќе го одвлечи алкосот да оди на рехабилитација, спомна некој немање на пари и работа, познавам 2-3 кои имаат и работа и пари а пијат како луди, едноставно за да се опијат за после да можат да прават глупости, и да им предизвикуваат проблеми на домашните. Мислам дека треба да се донесе закон со кој хроничните алкохоличари ќе мора да посетуваат рехабилитација, или па да им се одземе старателството над децата кои ги имаат.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Нема помош а и сила кога ќе го одвлечи алкосот да оди на рехабилитација, спомна некој немање на пари и работа, познавам 2-3 кои имаат и работа и пари а пијат како луди, едноставно за да се опијат за после да можат да прават глупости, и да им предизвикуваат проблеми на домашните. Мислам дека треба да се донесе закон со кој хроничните алкохоличари ќе мора да посетуваат рехабилитација, или па да им се одземе старателството над децата кои ги имаат.
Не може да им се одземе старателство ако се во брак и ако другиот партнер си ги врши должностите на родител. Ако се самохрани родители (без разлика маж-жена) и ако животот на децата им го прават пекол тогаш може.
Не држи ни носење на закон или било какво условување пошто одма ќе се извади од ракав картата за нарушување на човеково право (без разлика што истиот руши нечиј живот). :) Едно време ми се чини можеше со интервенција на полиција, ама и тоа нема многу да придонесе во надминување на проблемот. Постои рецидив, по одредено време по истекот на лекувањето повторно се враќаат на алкохолот.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Јас имам алкохоличар во семејството. Чичко ми ( на татко ми, брат).
И многу ни е тешко на сите.
Тој има 40 години и сеуште живее со баба ми и дедо ми. Еднаш баба ми ми кажваше дека некоја женска го оставила и затоа почнал да пие, ама не сум сигурен.
Зачи тој можи се разликува малце од другите алкохоличари. Кога ке се испијани тој не станува агресивен туку незнај шо прај , како да паѓа во делириум и паѓа по улици, се удира во дрва итн итн.
Навистина бевме многу загрижени. Алкохолот го исуши, нема полови односи веке 5 години можеби. Не верувам да има.
Едно време се откажа, ама лесен беше патот до кафаната и пак почна.
Ке пие една недела и после 2 недели нема да пие. И кога нема да пие, има големи фобии, се треси , слаб е, се плаши пак да не почни. И така се врти во круг.
Навистина тежок проблем.
Размислувавме за полиција да го однеси на рехабилитација негде , ама ако самиот нејки неможиш со сила. Се надевам дека нема да дојде до тоа.
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Првиот чекор во решавање на еден проблем е признавањето дека имаш проблем. Реално гледано, алкохолизмот е една од најголемите свесно нанесени штети на себеси кои на жалост многу ретко се согледуваат како такви. Најтрагичното е што многу алкохоличари се толку соживеани со новата улога, што дозите на алкохол кои ги примаат во текот на денот им се гледаат сосем нормални. Ова најмногу, зошто во многу случаи не се ни свесни за начинот на кој се менува нивното однесување под дејство на чашката, па не гледаат објективна причина за да го намалат или искоренат. Причините не се секогаш во корелација со статусот во општеството, со материјалната состојба, со невработеноста, иако колку полоша е состојбата на овие полиња, поголема е веројатноста за давење на проблемите во алкохолот. Како и да е, денешните стресови сите ги доживуваме и преживуваме својствено за себе, некои едноставно не се доволно силни да се фатат во костец со проблемите па бираат алтернативни утешители. И баш го избрале средството.

Екстремот е секогаш агресивно однесување, физичко насилство врз домашните што не ретко завршува дури и трагично. Дури и однесувањето да не е насилно, не многу помала е и тежината психичкиот терор. Семејството секогаш страда, што поради стравот од осуда од општеството, што поради општонародниот сеир и шпекулантските приказни за причините кои личноста ја довеле до посегање по алкохолот, а најмногу поради неможноста да се гледа сакана личност како се уништува себеси, а не можеш да направиш ништо зошто тој едноставно не сака да си ја согледа реалната состојба.
Во случај на физички терор врз семејството некогаш нема друг избор освен пријавување на алкохоличарот, без страв или страм што ќе речат комшиите или роднините. Не станува веќе збор за срамна ситуација туку за состојба каде постои реална опасност за безбедноста на останатите членови на семејството. Оттука надлежните институции да ја превземат одговорноста за принудна рехабилитација и повторна социјализација на алкохоличарот во својата средина.
Во вториот случај кога алкохоличарот работи исклучиво против себе - разговор, разговор, разговор...колку и да е бесполезен некогаш. Зборови кои ќе убедат дека за да решение на проблемите, истите бараат соочување, а не бегање. Помош од психијатар, од постар и повлијателен член на семејството или пријател. Сепак се паѓа во вода без силната воља на алкохоличарот да се избави и признавање дека е среде ситуација која не е нормална ниту за него, ниту за околината во која живее.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И јас имав еден комшија,секој ден дома им го кршеше телефонот на своите да не му викаат полиција.Паролата на денот му беше „Тешко ми еее,се ќе искршам“ на цел глас секој божји ден и навистина се им кршеше по дома.На крај го удри брз воз.
И сега овде имам еден комшија,ги има изгледа истите симптоми.Кажува една реченица и цел ден истата ја повторува,на цел глас.Се мислам кој ден ќе биде,да се качам и да го фрлам од тараса,не се издржува веќе.
И уште една комшивка да не ја заборавам,она по цел ден пееше на тераса со полкилце ракиче.Ја пријавија и и ги земаа децата и родителското право.
Најлошо е да го имаш дома,јас како комшија полудувам,можам да замислам само како им е на домашните.Убаво вика лана,прво требе да признае дека има проблем,па потоа да се лечи.А каде ќе се лечи во земјава е енигма.
Арно намалив со алкохолот,иначе ќе се пронајдев меѓу комшииве:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom