Edward A. Crowley (1875-1947), подобро познат како Алистер Кроули беше многу контроверзна фигура во своето време. Иако често е погрешно сфатен и погрешно интерпретиран не може да има сомневање дека Кроули често уживаше да изигрува ексцентрик. Тој беше човек со повеќе лица. Од богат ексцентричен Англичанец до Руски гроф или "Земјопоседник на Болескин". Токму оваа ексцентричност прилично придонесе за легендата на Кроули. Тој стана митска фигура во своето време и неговиот митски статус започна да расти во годините по неговата смрт.
Алистер Кроули е роден во Leamington, Warwickshire, на 12 Октомври 1875 како единствен син на богат пивар. Имаше сестра која умре набрзо по раѓањето и неговата единствена врска со деца на негова возраст беше со неговиот братучед. Младиот Кроули беше одгледан во строг Христијански дом. Неговиот татко Едвард беше проповедник во сектата позната како Плимутски Браќа (Plymouth Brethren.) Во 1881 фамилијата се пресели во The Grange, Redhill, Surrey и во 1884 Кроули беше пратен во евангелистичко школо Св. Леонард, за да биде префрлен во школо во Кембриџ само по една година. Неговиот татко умира во 1887 и младиот Кроули беше отстранет од школо две години подоцна. Тие две години подоцна ги опиша како "години на невидено измачување". Толку бил сурово малтретиран што неговото здравје сериозно било нарушено. Од психолошка гледна точка човек може да замисли дека во овие години се формирало Кроулиевото антихристијанство. Сепак, приказната не е така едноставна.
Кроули беше преместуван во разни школи. По смртта на татко му неговата фамилија беше водена од мајка му Емили Берта и чичко му Том Бонд Бишоп. Овој период Кроули го спомнува како време на присилување и хипокризија. Неговиот презир особено е насочен на овој период и тогаш ги формира своите ставови за т.н. Христијанство кое речиси го убило, го измачувало во неговите младешки години и го држело настрана од природната љубопитност. Во детството нему му било дозволено само да ја чита Библијата дома. После повеќе години поминати во разни школи тој ги завршил студиите по хемија на Кралскиот Колеџ во Лондон за да влезе во Тринити Колеџот на Кембриџ следниот семестар.
Кроули планирал да стане хемичар и имал некоја неодредена идеја за дипломатска кариера, но никогаш не дипломирал на Кембриџ. Наскоро започнал да се интересира за религиозни студии и пројавил особен интерес кон Алхемијата. Во текот на планинарска експедиција на Алпите налетал на еден Англичанец во барот, кој откако го слушнал Кроули кај што дрдори за Алхемија, му ветил дека ќе го запознае со човек кој имал слични интереси. Ова бил почетокот од Кроулиевата авантура во Магиката. Дома во Англија бил запознат со Херметичниот Ред на Златна Зора, на кој му се придружил во 1898 и го зел мотото PERDURABO - "Ќе истрајам до крајот".
Потоа се здружил со членот од Редот Алан Бенет, инженер кој исто така бил присвоен син на парот Матерс и со него Кроули имал пријателски врски повеќе години. Матерс Мек Грегор бил водач на Златна Зора.
Бенет станал ментор на Кроули и го тренирал во основите на ритуалната магика. Бенет бил магичар со извонредни способности, а Кроули многу бил приврзан кон него и му се восхитувал. Во апартман во Chancery Lane во Лондон Кроули ги извел некои од неговите први експерименти во ритуална магика под водство на Бенет и еден друг негов ментор George Cecil Jones. Џонс подоцна ќе стане со-основач на A.'.A.'., додека Бенет, кој страдал од астма, се преселил во Цејлон (денес Шри Ланка) и станал будистички монах. Подоцна тие се среќаваат во Цејлон, каде Бенет го тренирал Кроули во Будизмот, јогата и медитацијата. Бенет умрел во 1923 после мисионерската посета на Западот со цел да го донесе Будизмот во Европа. Во последните години од животот на Бенет неговите контакти со Кроули значително се намалиле.
Еден аспект од Кроулиевата необична репутација е поврзан со неговата магиска кариера, а друг со неговиот поглед на сексот и сексуалниот израз. Кроули на рана возраст ги имал своите сексуални искуства со жени, но наскоро открил дека е бисексуалец со присутни тонови од садомазохистичка природа. Во времето на Кроули хомосексуалноста од секој тип била забранета со закон и без сомнение Викторијанските ставови за сексот, кој се уште владееле во претходниот век, немале никакво разбирање за било какво експериментално сексуално изразување. Кроули за време на неговите студентски денови играл шах и пишувал поезија, исто тогаш го сретнал и Jerome Pollitt. Кроули имал неколку сексуални авантури со Pollitt, и иако Кроули не бил изразен хомосексуалец, неговите бисексуални одлики го зголемиле необичниот гламур кој Кроули го имал тогаш и после неговата смрт. Во тие години и подоцна во неговиот живот тој напишал особено нагласена порнографска поезија и проза, од која голем дел бил запленет и уништен од царината на Нејзиното Височество. Многу од нив се особено комични. Други бил наменети за приватни цели, без намера да бидат печатени. Неколку копии од неговите дела преживеале, а некои од нив се наново издадени. Кроулиевите разновидни дела се издадени во поново време и има доста во печат.
Треба добро да се запомни дека во времето на Кроули секое невообичаено сексуално однесување се сметало за срамно, иако денес поинаку ќе гледаме на тоа. Ако гледаме на тоа од модерен аспект, се она што Кроули го рекол е: "сите (сексуални) чинови се дозволени, доколку не ги повредуваат другите; одобрени, доколку не го повредуваат самиот извршител. Оваа слобода, далеку од тоа дека поттикнува страст, ја уништува сексуалната опсесија" - ова е став кој е очигледно прифатен во западната легислатива денес. Кроули беше пионер во промулгирањето на слободното сексуално изразување и веројатно не е толку чудно што одредени индивидуи го интерпретираат тоа како прогласување на промискуитет. Сепак, не е така. Кроули некогаш се појавува како човек кој експериментира со стотина проститутки, се до љубоморен љубовник кој бара строги магиски заклетви од студентот за да се држи понастрана од неговата љубовница Лија или пак се покажува дека е неспособен да сфати како друг студент им дозволил на други луѓе да посегнат по неговата жена. Ако мислите дека Кроули е тип на човек кој е волен да подели се со секого се лажете.
Друг важен факт од неговиот живот е неговото богатство. Наследувајќи големо богатство од својот татко, тој живеел лесен живот во високото друштво на Лондон и со уметничките кругови од Париз. Прилично време од својот живот поминал во овие два града. Декаденцијата на Париз без сомнение му се допаднала на Кроули, кој наскоро почнал да се дружи со уметниците кои ги сретнал во кафе барот Chat Blanc, особено со Gerald Kelly и Auguste Rodin; со сестрата од првиот се оженил во 1903, а на делата од вториот Кроули му искажал благодарност во својата прозата "Rodin во Рим". Кроули го запознал и инспирирал авторот Вилијам Сомерсет Мом, кој го портретирал Кроули во новелата "Магичарот" како карактерот Oliver Haddo. Кроули бил силно приврзан за Париз поради повеќе причини. Тој бил фасциниран од делата на Бодлер и превел повеќе од нив. Подоцна бил наведен да претпостави дека живеел во Париз во претходниот живот како окултистот Alphonse Louis Constante, подобро познат како Eliphas Levi. Исто така и Кроулиевиот ментор и лидер на Златна Зора, Семјуел МекГрегор Матерс живеел во Париз со неговата жена Моина.
Кроули отпловил во Мексико во 1900 за да се искачува на планини и бил запознат со Слободното Ѕидарство, братство кон кое подоцна станал амбивалентен. Во Мексико за брзо време бил издигнат на 33 степен, но открил дека никој не ги признава степените поради изгубена документација и направил втор обид во Париз во 1904. Но, проблемите следеле и Кроули никогаш не бил признат како регуларен масон. Подоцна бил желен да се придружи, а сепак имал толку амбивалентни чувства што бил претереано исполнет со презир.
При враќањето во Англија Кроули купил куќа во близина на Лох Нес, позната како Куќа Болескин. Куќата подоцна стана славна како дом на рок музичарот Jimmy Page. Кроули ја купил куќата со цел да ја започне работата која е позната како "Абрамелинова Операција" во која магичарот се стреми да оствари Знаење и Разговор со Светиот Ангел Чувар. Наскоро бил повикан во Париз да му помогне на Матерс. Раскол се појавил во Лондонската гранка на Златна Зора, а Кроули како лојален на Матерс бил затекнат насреде од битката која не можела да има победници. Детски обиди биле направени од двете страни за да се земе кормилото на Редот и апсурдни интриги се појавиле кои причиниле Кроули да биде уапсен од Лондонската полиција. Резултат на сето тоа е уништување на Златна Зора и појава на неколку фракции кои изникнале од нејзиниот пепел. Една таква фракција беше новиот Ред создаден од Кроули и Џорџ Сесил Џонс во 1907 e.v., како резултат на нивната соработка и овој Ред е познат како A.'.A.'.
A.'.A.'. прогласи дека "ќе биде ослободена од грешките и измамите на претходниот ред" (Liber LXI, стих.20). Како спротивност на претходниот ред, воведени е сериозен тренинг, кој започнува уште од првите степени и специфични и ригидни тестови се поставени за секој степен, за да се осигура дека никој нема да прескокне напред без да биде компетентен. Тој не е подучувачки Ред, туку Ред кој го испитува секој аспирант темелно. Во 1909 тие започнаа со стартувањето на публикацијата The Equinox том 1, импресивна серија од 10 изданија печатени при секоја Рамнодневница во тек на петогодишен период. Денес се смета како камен-темелник на Кроулиевите дела. Така започна Кроули со своето подучување на Магиката.
Кроулиевиот мандат за овој чекор може да биде најден уште во 1904. Во 1903 се ожени со сестрата од Gerald Kelly, Rose Edith Kelly. Во текот на нивниот меден месец во Кина виа Египет, таа откри дека е бремена и тие се враќаа преку Каиро на почетокот од пролетта во 1904. Доста е пишувано за овие авантури во Каиро кои доведоа до тоа Кроули да стане Пророк на новиот Еон со примањето на Книгата на Законот. Законот е формула која ќе го подигне Човештвото еден чекор напред во светската еволуција и во однос на личноста на Кроули, доволно е да се каже дека иако уживал во ролјата на контроверзен човек во младоста, сепак овој закон понатаму ќе стане товар за него во наредните четири декади. Како контроверзен човек тој открива дека луѓето ја гледаат и слушаат "легендата Aleister Crowley", а не пораката која сакал да им ја пренесе на сите Нив. Кроули во свое време започнува да говори за правата на жените и сексуалната слобода, притоа открива дека сето тоа е протолкувано како нешто срамно. Неговите жестоки комични напади врз општеството и неговиот презир спрема измамата и професионалните "креатори на мислење" (новинарски уредници и политичари) од секаков тип го направија предмет на бројни напади од таблоидниот печат. Кроули уживаше во тоа, но само одреден период. Кон крајот на неговиот живот оваа лоша репутација стана сериозен товар.[FONT="][/FONT]
После публикацијата на The Equinox, Crowley се прослави во окултните кругови во Европа. Му се придружи на Редот познат како O.T.O. и стана водечки член во Англија во 1912. Една нишка на Кроулиевиот подоцнежно незадоволство од слободното ѕидарство може да биде откриена овде. Иако O.T.O. беше под силно влијание од слободното ѕидарство, тогашниот светски водач на Редот Теодор Ројс (Theodor Reuss), привлече лоша репутација во Масонските кругови. Ројс живееше со неговата жена и нејзината сестра, која исто така беше негова љубовница. Тој водеше бројни Германски Ложи каде се практикуваше Тантра или сексуална јога - во тогашно време тоа се сметаше како срамно и неморално. Но, кога сакаше ложите да се вклучат во прифатеното слободно ѕидарство, Масонскиот свет му ги затвори сите врати. Кога Кроули побара прием во прифатените Масонски кругови, тој исто така наиде на затворени врати веројатно поради неговата врска со Ројс и неговата несимпатија спрема членот на Златна Зора William Wynn Westcott, кој беше влијателен Англиски масон. Кроули подоцна стана светски лидер на O.T.O. кога Reuss доживеа удар во 1921, иако направи неколку обиди да воспостави мост кон прифатеното слободно ѕидарство тој никогаш не успеа.[FONT="][/FONT]
Кроули престојуваше во САД од 1914 и се врати откако наследи некои пари на почетокот од 1920-етите, дојде на континентот и го оствари сонот кој го имаше за кратко. Тој требаше да ја основа Опатија на Телема за неговите членови.[FONT="][/FONT]
[FONT="]
[/FONT]