Најновото чедо на Трент Welcome oblivion - How to destroy angels
Иако официјално треба да излезе во март, го има поставено за слушање
тука.
Песните се мрачни, претежно водени од нежниот глас на Марикуин, а вклучувањето на Трент во пеењето ги прави на моменти застрашувачки. Идеален е за слушање на слушалки во доцните ноќни часови, кога се друго е мирно.
Мене доста ме потсеќа на Year Zero на NIN, само што има женски вокал. Има песни што се правени сосила, делови кои се чини како бескрајно да се повторуваат, ама сепак другово го покрива овој недостаток.
Песна што највеќе ми остави впечаток сега за сега е And the sky began to scream.