Албанска музика

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241

оценка 10 од 10. :rolleyes:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.147
Поени од реакции
83.847
Ужасен кич.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Ужасен кич.
Зашто кич?Тоа е нешто што се бара на сцената, погледни ги милионите кои ги направи. Ваква музика се повеќе се слуша на журките.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.147
Поени од реакции
83.847
Зашто кич?Тоа е нешто што се бара на сцената, погледни ги милионите кои ги направи. Ваква музика се повеќе се слуша на журките.
Самата песна е кич, затоа што целиот тој жанр на таква електронска музика е ужасен комерцијален мејнстрим кич. Не дека оваа песна е нешто посебно кич.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Самата песна е кич, затоа што целиот тој жанр на таква електронска музика е ужасен комерцијален мејнстрим кич. Не дека оваа песна е нешто посебно кич.
Тоа мие мене се јасно брат ама моабетот е што луѓето баш онаа широка публика не се замара дали била кич дали била навистина песна направена или само онака итн. Нив им е битно да им влезе во уво лесно да си има што да се потпевнуваат и едноставно патка не ги боли. Така да дали била ужаш таа музика за нас или не, никој не не прашува луѓето си уживаат во музиката.
 
A

Antigona

Гостин


je i lindur ti për club
un aty të gjej cdo natë

cdo natë ,, oooooooo cdo natë oooooo :roker:



P.S. Песичево е од пред 5-6 години i :) Уз пат поздрав до сите колеги албанци од Штул генерација 2004 - 2008 .....ми фалат тие луди млади години поминати во Тетово.
 
A

Antigona

Гостин


She is beautiful and I am in love , ay ay ay . ..... :pijanco:


Браво за хитов , секоја чест (y)

Баш муабетев со некогашните мои цимерки албанки од Струга Valbona и Premtime на скајпов па да ја споделам и песнава тука.

Albanian - Macedonian friendship :masa:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Негибнатото изведување на традиционалната музика – без разлика која нација или земја со неа најсилно се идентификува – најчесто не е, меѓутоа, може и да биде интересно. Не поради оригиналност, секако, туку од љубопитен агол на проверка дали и како дамнешен звук што поверодостојно ќе се телепортира во совремието. Гледано најобјективно, никој не може 100 отсто, ама баш онака до последен атом, да биде сигурен како песна напишана пред два века навистина звучела во мигот на нејзиното креирање. Бркањето на овој дух, на оваа скица, затоа е занимливо, но ако се знае колкумина и колкупати досега го направиле, истото го сместува во категоријата „здодевно и репризно“. Искривувањето на таа привидно фиксна, а реално недопирлива, форма, со каков било додаток ја носи, ја издигнува, на одушевувачки височини.

За Muhamed Ibrahimi, којшто до детаљ е посветен и инспириран од албанскиот фолклор, на неговото соло-деби, Fly, тоа проширување го исполнуваат блузот – во доминантна мера – потоа рокенролот, како и електронската основа, пред сè, на ритмички план. Ниту првиот, ниту вториот од овие споменати правци не би еволуирале, а можеби дури и не би постоеле, без гитарата и затоа токму нејзе ѝ е доделената централната ролја. Ибраими на колекцијата најфреквентно ја свири акустично, меѓутоа, остава солиден простор и за електричната, а приказната ја профилира со мандолина, мандола и со шаргија. Подлогата или, попрецизно, негов собеседник на шесте жици е Сеад Хаџиќ-Сецко кој уфрла и синтисајзер и „Дајнакорд“ драм-семплер. Гости на дел од траките се и Џоле Максимовски, Андреј Анастасов-Даскаловски, Ратко Даутовски, Сашко Костов, како и Мите Димовски.

Композициите на Fly се авторски, но кога првпат биле поставени темелите врз кои што тие се дебело напластени, луѓето не знаеле за буквата „г“, а камо ли за зборот „грув“, Тој, сепак, претекува од коритото во кое што лизга изданието. Со простиот ритмички удар на една жица на Elena доаѓа и климање на главата, а потоа и нишање во внатрешноста на телото. Ибраими исклучително ризикувал со одлуката баш со оваа, убедливо најфасцинантна, песна да ја отвори плочата. Потегот, на крајот, се исплател бидејќи, без разлика што следните нумери не се до тој степен воодушевувачки, сепак, ја држат напнатоста на приближно исто ниво. По фуриозното отворање, кое во еден миг потсетува на инструментален вител, насловното парче во преден план го исфрла лицето на звукот од Багдад до Сараево во кое што е несфатливо лесно да се вљубиш – веројатно поради потиштеноста обвиткана со поттик.

На Kur Pranvera Vonohet атмосферата е разлеана и лебдечка, најмногу поради синт и ритмичката машина-основа. Последново продолжува и на Çallgi, ама во поразиграна и поразвеселена насока која што е нагласена од меката дисторзија на вообичаено „невклучените во струја“ инструменти. Замисленоста, можеби помалку и романтичноста, повторно се враќа на Makedonska devojka, а галопот (или забавната варијанта „илери“) е најсоодветен опис на Invazioni Turk што ги окупира сетилата со „растрчаноста“ во неколку насоки. Сè што претходно се напластува на оставнината од претците мутира во воздигнувачката рокабили нервоза на Bumbarov Rock & Roll по што блузот „како изваден од прирачник“ на Black Finger оддава впечаток на привид, на подзаборавено ехо, отколку на најдобрата можна одјава што материјалот ја заслужува. Ова, сепак, не го брише заклучокот што за Fly се носи неколку песни пред финишот – дека се работи за навистина силен албум што Muhamed Ibrahimi до небо го крева на крилјата на традицијата, а потоа на слушателот остава каде, како и колку ќе лета.

Криво ми е што човеков не добива повеќе внимание. Ремек дело има направено, ја лично можам да го рамнам по големина со музиката за Пред Дождот, во однос на тоа какви импресии/ежења ми буди неговата музика. Факинг Ера Иштрефи има милиони гледаност на јутјуб а вакво уметничко вдаховение има максимум 3000. Не ми е јасно како не проаѓа кај Албанциве? Главните мотиви му се земени од албанскиот фолклор. Можда дека песни за каурки пишувал или лејблот за кој го издал албумот е каурски? Необјасниво ми е волку квалитетна музика да има толку малку слушатели, го слушам уште кога му излезе албумот, со тоа што последниве два дена не прекинувам.

 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Една комична албанска песна препеана на македонски... Се газам од смеење секогаш ко ќе ја слушам.
А овае објаснување за песнава од пејачот. Секако за тој шо разбират албански.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880




[DOUBLEPOST=1502622211][/DOUBLEPOST]



 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom