Албанија: три братчиња никогаш не излегле од дома зашто се фатени во вителот на крвната одмазда
Браќата Зефи (12), Марсел (7) и Марсела (9) никогаш нема да ги запознаат сите радости на растењето. Тие не одат во училиште, не ги посетуваат пријателите, а играњето фудбал во дворот е строго забрането. Тие целиот свој живот го поминале затворени поради опасноста од крвна одмазда.
Момчињата го имаат поминато целиот свој живот затворени во куќа во селото Бардај во Албанија, на 100 километри од главниот град Тирана. Поради крвната одмазда за нив е премногу опасно да ја напуштат безбедноста на својот дом.
Браќата се жртви на древниот код познат како канун, кој му дава право на едно лице да го убие својот непријател, или неговите роднини, во знак на одмазда поради убиство што го сторило тоа лице. Овие браќа се тројца од вкупно 900-те деца што се во опасност.
Оваа практика постои уште од средниот век, а некои историчари велат дека нејзиното потекло датира дури до бронзената доба, пишуваДејли мејл.
Кодот се однесува и на христијани и на муслимани и важи за сите аспекти на животот, меѓу кои злосторствата, семејството, бракот, преносот на имот, како и личните и општествените правила на однесување.
Иако во времето на комунизмот беше задушен, со текот на времето овој код повторно се врати, токму во време кога Албанија се мачи да се претстави како модерна и успешна демократија, додека голем број луѓе тврдат дека не веруваат во сегашниот правен систем.
Иако крвната одмазда датира далеку во средниот век, многу од „правилата“ не се приспособени на модерните времиња, па мошне често се случува одмаздата да продолжи сè додека сите машки членови на семејството не се мртви.
Според правилата на канунот, убивањето жени, деца и постари лица е технички забрането, но сепак го има, па многумина се принудени да се кријат или да останат затворени дома.
Во обид да им помогне на заробените деца како Зефи, Марсел и Марсела, Министерството за образование на Албанија три пати неделно им испраќа наставници, за да им помогнат во нивното образование.
Заменик-министерот за образование Халит Шамата вели: „Помагаме со испраќање наставници од училиштето што е најблиску до домот на детето. Во повеќето случаи претпочитаме наставници што и претходно ги учеле овие деца, кога нормално оделе на часови. Подучувањето во овие околности е тешко, но наставниците даваат сè од себе за да им помогнат на овие деца.“
http://www.mkd.mk/93139/svet/albanija-krvna-odmazda/