- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.130
- Поени од реакции
- 4.823
Почна реализацијата на најголемиот енергетски проект во Албанија, каскадата на реката Девол, кого го реализираат два енергетски гиганта во Европа, ЕВН од Австрија и Штаткрафт од Норвешка, јави дописникот на МИА од Тирана.
На поставувањето на камен темелникот премиерот Сали Бериша синоќа оцени дека почетокот на изградба на овој објект значи и почеток на остварување на неговата визија, земјата да ја претвори во енергетска супер сила.
„Убеден сум дека ова е еден од најголемите денови во историјата на нашата земја. Денеска ги удираме темели со кои земјата ја претвораме во енергетска супер сила“, рече Бериша.
Каскадата на Девол е најголема хидро енергетска инвестиција во моментов во Европа. Предвидува да ангажира околу пет илјади работници. Ќе бидат изградени три ХЕЦ со вкупна инсталирана моќност од 340 мегавати и годишно производство од илјада гигават часови, а ќе се инвестираат околу милијарда евра.
На свеченоста присуствувал и гувернерот на Долна Австрија, Ервин Прел, кој се заблагодарил за досегашната добра соработка со албанската влада, како и извршниот директор на ЕВН Буркард Хофер.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=109771