Во социјално утепани земји како што е онаа на Албанија и оваа ко нашава, вакви работи одобрувам. Ќе ви кажам и зашто. Уставно Р.М се декларира како социјална држава. Секако тоа е на хартија, на дело воопшто не е. Имено социјална држава се грижи за граѓаните кои не примаат приходи или примале минимални приходи за да можат да функционираат нормално. Е сега имате транзиција која опустоши фамилии и за време од 10 години ги дотурка до питачки стап. Не се криви луѓето кои не можеле да си ги платат сметките заради состојбата кои политичари лопови ја создале на прво место. Затоа пред да рипнете со тезата, ама ја плаќам зашто не и он, моите пари вредат помалку ли од неговите, имајте предвид дека повеќето од луѓето со заостанати долгови не плаќале зашто немале, а не зашто не сакале. Срамота е држава да те доведе со степен да живееш на свеќа. Не се правете блесави, видете кај живееме и низ какви 20 години сме прошле. Ајде помладиве ги разбирам, може и не се изнагледале приказни од кои се ежи кожата, ама другиве што се прават блесави, е нив не ги разбирам.
Македонија пред да го приватизира ЕСМ требаше да го направи овој потег.