Хајлајц момент - „Скопјанишчана имет бик и шмизла, ние мојме да опниме динусаурус и една варошка чашитка“.
btw, извинете сограѓани,но..:
Во последниве две години во Охрид почнаја да се градат премногу згради, се со цел да се издаваат или продаваат на скопјанишчана.
Плажине скоро сите ојдоја под концесија, нема место кај да си постелиш пешкир... мора да си платиш лежалка.. чак и ајван плажа ја зедоја Кадмо и Куба Либре, ама битно ја средија..
Друго... во Охрид искрено туристичкиве понуди ни се за нигде, немаме шо да понудиме.
Хелоууу на млади 20 годишњаци не ќе им понудуваме цркви и манастири. Да тоа се духовно богатство,ама искрено на кој помлад го интересира то?
Луна паркон, составен од бродон, една вртелешка, количињана, еден кош и едно за да скокаш.. уау баш забавен луна парк.
Амамон... да се немало асолен трговски ценар... никој не го посетува...
ај некако почнаја ова година да се отвараат бутици, ама не е тоа тоа..
треба да има нешто поинтересно ...нешто шо ќе ги привлечи туристиве.
Ноќнион живот горе долу добар ни е, Немо, Табана, Ликвид, Кадмо, Куба, Парк, Мецофорте се крепит некако... ама пак за мои години освен Карпе и по другине кафичи нема никаде место..
е сеа позитивна страна..
добро е шо почнаја да прават скејт парк..
добро е шо се повеќе и повеќе доаѓаат туристи и од други држави,а не само од Македонија..
таксистине возат по таксиметар( не се буните, ни мене не ме слегуваат до плоштадон, туку само до рампана)
почист е градов
За Охрид беше планиран аквалендот...
каде отиде проектот?????????