Ак не ви чинит не идајте

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
П.С. Македонцки, сфарно чоек, ако ти е досадно оди најди си живот. Со последниов пост докажа дека навистина појма си немаш шо значит плажата за охриѓани и се’ останато за таја плажа.
prosvetli me kakvo значење и каква петиција ке спремате за сараиште...ке ви забранат со гаки за беспари да се бањате во енцерото...

последен пат кога шетав гости таму умрев од срам..полно беше цигани гагаџии и маалци кој се капеа...како циганине наши во езерце во парк..иста слика која ја доловоува охридската тврдоглавост и карактер.

моите коментари и заложби за охрид нажалост се поголеми од вашите..а тука само можев да се уверам на незамисливот начин на кој што функционирате....
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Ојде летово. Ојдоа и живциве. Не за друго.....Криво ми е кога за нишо не криват нас охриѓаниве. Сакаш на секој да му погодиш, а тие....
„Ејјјјјј. Алооооо. Кај паркираш море слепец еден. Ќор си дека тука го тресам чаршавов од ручек? После ќе јајш трици, охриѓани ги мрзат скопјани и намерно ги....Кај ќе ја истресам пепељарава, сељак еден“. „Знам бе дечки, ама кај да паркирам коа на секаде згради сте.......“. „ Кому бре ти дечки. Ќор си дека сум сум сам, дечко ќе речиш. И нема ама!! Од Скопје дојде да ми кажвиш кај сме кренале згради или да се капиш по плажине. А заинет од вас скопјани, ќе крениме згради и на сред плоштат, па да ве видам кај ќе пиете кафе, за посрани 80 денари. Море за вас, не 80, 180 денари едно кафе ќе го напрајме.“ Вошкар еден.

Збеснав.Немал кај да паркират? Јас немам кај да паркирам, граѓанин на Охрид, ( иначе в центар живеам, ама позади општинава, кај овие ископаниве улици ) не нему ќе му се мислам кај да......И после цела Македонија сме ја мрзеле? И скопјани и битолчани и ...как да не....Евааааааааа види го..види го...

„ Еј, батеееее. Битола така фрлате ѓубре во контењерине? Те познав аку на џипот имаш скопска регистрација и на носот црни наочари!“-„Извините, го видов контењеро и.......“. „Шо бре и. Шо ииии...???? Јас ќе му плаќам на Боро а ти дојден од......Еј, ало, чкембааар, тебе ти зборвам. Глуфтаааааар. Не прај се дек не слушаш. Со арно ти велам, со убо, културно, ојјјјјјјјјј ашлак еден. Волуууу.“ Ете ти сега. Ти културно му кажвиш а тој се прајт на удрен и после охриѓани не чинат.

„Комши можит од твојот да им ѕвонам Прилеп, само че им кажам дека стигнав, зошто мојов го исклучиле и.....“. „ Слушај, ме заболе мојов за твојот, а ме заболе и за мојов з,ш како тргна со ова импулсиве и мојов ќе ојт јабана, ќе ми го штрацнет. Ќе требит од шољана да ти......“. „ Добро утро, комшивке. Стигнавте?“. „Да комши, стигнавме....Малку на крај ама...“. Море да дајт господ до утре патлиџаните да не ти стигнет шо ги теглиш дур од Велес. Дан ви залетвет овие нашиве. И како да не се нервирам. Ќе се искинам. Е ова смрдлава шо дојде сега од Велес имат приватна фирма, вошкосана е од пари, а многу и биле 70 денари за кило охридски најубав патлиџан. Јас незнам шо да се прајт. Ти гледаш да им погодиш и пак охриѓани не чинат.

Убо рече Бучко, некој си ја имат мувата на капата и сега.......Го слушна. Сме кренале згради......А бе да ти пукнит од женати жилана. А за нив то го напрајвме. Едно време се жалеа дека ветар многу дувало во градов. Ам ветар ти го зел умот, ете кренавме дестина згради во центар, сега ни лист не мрдат, ние охриѓани се удајвме од горештини и то заради нив, а тој немал кај да паркират. Сега ако немаш кај да паркираш, никош. Абре све шо беше улица, двор, ходник, кенев, дневна, паркинг го напрајвеме и то со пари. Е в спална да те пуштам да.....Слушај, бар ова година никој немат право да се жалит.

Ја слушам она холанѓанкана пред некој ден кај Ацета в кабинет му велит све било убо само немало јавни клозети. Ам ви ги намаливме пивава од 95 на 90 денари, кафанџиве скоро без ќар работет, а вие пијте ко сунѓери, па мочајте ко коњи и клозети ви фалет. Малку грмушки имат? Ам со такво локање, катетри да ви клајме бадијала е. После ќе ви сметат навреме ако не ви ги менвиме. Абре господ да чуват и да бранит и голман да станит. И после охриѓани не чинат.

Денес глеаме, со Дачкана бевме на плажа Астор, на една бабетина и сметало ѓубрето, расфрлано било насекаде и не го кревале. Ам фрлај ти кај ќе ти текнит и ќе ти сметат нормално. Нас охриѓани не ни останвит ѓубре? И дан го јајме. Не го јајме, ама не го фрламе кај ќе ни текнит ко тебе. Мало ти е езероно? А? Имат место и за капење и за ѓубре и ко чоек помочај се в натре, ни лук јал ни лук мирисал, саде се жолтосал. Ам така де. Абре улицине им ги напрајвме ичсмерни, раскрснициве ко циркус ги исфарбавме да имат малку шаренило, да би шарки им влегле во кампојне во Љубаништа, од тревиштено шо.....Е дур сме кај тревиштено, знајш з,ш е то остаено. Пак за нив. Нив да не им сметаме, на туристине. Тие ко ќе одет в клозет ние во тревана се тотолиме, да не се прајт гужва. Е оди ти во тревиштана, жарни го тро газот на коприне па да видиш како ќе тие. И после охриѓани не чинат?

Ја слушам една:„ Ваа продавачката наместо со хартија, со рака ми го подаде лебот.“ Ам ај со нога да ти го дајт, ебате бела. Друго. Ај жити леб, нека кажит некој, ова година сме му скршиле некому шофершајбна, сме му украле, раткапна, ретровизор? Сме му рушиле гума без причина. А? Еден нека кажит дека дошол да си влезит в кола и нека речит дека сме му се помочале на кваката, ко лани. Е сега се оградвам од изолирани групи на поединци. Лелеее. Ам најбитното! Јосета кој го донесе во антички, кој го натера онака да се дерит ко од ровја мавнат? А? Кој му ја искрши кичмата осум пати? Ние, охриѓани. Тој тргни, ние шлашкај, ко на Тито во времето, врати го назад. Тој пак тргни, кутриот, да не речам, можда понужда му се одеше, ние, охриѓани, врати го со шлашкање. Додуша и Бранко со нас шлашкаше, ама и тој е наш. Охриѓанец. Е сега рака нанога,од Слатино е, ама го третираме ко наш да си е. Аку...Не така? А? Убо велам? И сега? Пак охриѓани не чинат? Еден, само еден факт дај ми во спротивен смисол и ти скинвам капа и то со си мува и јавно ќе речам: „Е навистина охриѓани не чинат.“
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
prosvetli me kakvo значење и каква петиција ке спремате за сараиште...ке ви забранат со гаки за беспари да се бањате во енцерото...

последен пат кога шетав гости таму умрев од срам..полно беше цигани гагаџии и маалци кој се капеа...како циганине наши во езерце во парк..иста слика која ја доловоува охридската тврдоглавост и карактер.

моите коментари и заложби за охрид нажалост се поголеми од вашите..а тука само можев да се уверам на незамисливот начин на кој што функционирате....
Те читам пецто страни уназад и не можам веќе да се воздржам.

Мојш ти да им забраниш на вашите џупци да ви се капет енцерото ко шо рече ти во парк? - Не. Изгледа, требит да се ставит една табла пред секоја плажа и да пишит на неа: Забрана за Ромите да се капат во езерото. Така можит ќе ги спречиме.
То шо ги исприватизираа сите плажи ми сметат и мене. И јас можит сакам да си постељам пешкир и да се сунчам како ми доџе, ама немат. Ќе си платам и тачка. Или во краен случај ќе одам со џупцине на Сараиште да се капам. Туку чекај. Немат само Сараиште џупци, имат по сите плажи. Само шо пешкири постелвет по цимента и тревњаци и пак го гнасет езероно и те срамет тебе и твоите гости.
А да, да не заборам. Како го изоставуваш делот дека најоштетени во случајов сме ние, охриѓаниве? Ти идаш овде на викенд, максимум 10 дена или колку и да се. Го ладиш задникот и се враќаш дома ти. Ние останвиме овде, ние го празниме џепот многу појќе од тебе/вас.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
значи имаме туристички град кој треба да биде слика и гордост на земјата..во тој град имаме слепа точка, плажа која поради приликите е неуредена непреставителна и бесплатна, а со тоа маец на локални клошарана, дувачи и циганаана...депонија од луге среде охридот.

лек, да се издаде за да се регулира и среди како што е со сите плажи во цел нормален свет....

НО...ИМАМЕ ПРОБЛЕМ....Охригани задушени во својата малодуѓност да не платат, пази влез на плажа додека со другата рака собираат екстра приход како никој во државава, ке праат петиција, да се задржи циган плажата дури и по поголема цена одвракање на туристите од кој го јадат лебот..само за ..пази сега пак..да не плакале влезница....

не знам кој се поголеми цигани во случајов...циганите не се собраа за петиција...тие најверојатно би плакале влез:kesa:
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
ПАРКИНЗИТЕ ОД ВРВКИ ЗА ЈАЈЦА




Црни пари од паркирање во Охрид
Покрај охридското крајбрежје речиси и да нема празно мести, ледина или пуста нива која на диво не е направена паркинг, особено под патот кон Свети Наум, во делот на комплексот Свети Стефан, Силекс и Лагадин


На речиси секое празно место пред и околу охридските плажи од Свети Стефан, па се до Свети Наум ова лето е узурпирани и претворено во диви паркинзи. Речиси секоја ледина, секој поголем тревник или поширок пристап од патот кон езерото е примитивно заграден со трска или тараби и претворен во паркинг за кој никој не знае дека работи на диво. Охриѓани, а уште помалку туристите, не знаат кој се им ги собира парите за паркирање, особено сега во ситуација кога околу охридските плажи има се помалку места за паркирање. Узурпаторите со само еден синџир обесен на два колци пред местата што незаконски ги запоседнале наплаќаат по 50 денари од возило за домашните туристи, а на некои места ги дерат странците и со по 5 до евра за паркирање. Влезници на паркинзите наплаќаат претежно малолетници, на кои оној што одлучил вака на црно да печали пари, им поставил по едно бедно чадорче и по едно столче и ги оставил да им ги собираат парите на туристите. За ваква дејност ниту еден од наплаќачите нема никаква дозвола, а од Општина Охрид дури велат и дека не знаат дека постојат
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Maкедонцки ајде доста со копи пејст од интернет,ако сакаш дојди Охрид види,па дојди да мудруваш на форумов.
Од памет муабети или од трачарења нишо не прајме.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635


Три куќи со целата покуќнина изгореа во петокот на улица „Бистрица“ во Охрид. Најпрво се запали покривната конструкција на куќата на Невзат Ш. по што пожарот многу брзо се пренесе и на другите две соседни куќи. Пожарот е предизвикан од невнимание, откако во близина на куќите било запалено ѓубре. Ветерот почнал да го разнесува оганот и дел од запаленото ѓубре паднало на покривот на куќата на Невзат. Оганот брзо го зафатил покривот, но не бил навреме забележан, па дури откако почнал да се шири и на другите две куќи, била повикана противпожарна служба.

Ветрот придонел пожарот многу брзо да се рашири по што изгореа трите куќи со целата покуќнина.

:uvo: :uvo::uvo: i posle turistite krivi
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Охриѓани го запалија ѓубрето за да ги избркаме туристите шо ни го матет езероно:back:
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Ко прво, не знам зш го едитира постов. Зш не кажиш дека сме штанцани со калап па да имаме ист табиет? :vozbud: И дека сме сите за селење од градо? Зш не кажиш дека требит да ни’ нацрташ за да разбериме?

значи имаме туристички град кој треба да биде слика и гордост на земјата..во тој град имаме слепа точка, плажа која поради приликите е неуредена непреставителна и бесплатна, а со тоа маец на локални клошарана, дувачи и циганаана...депонија од луге среде охридот.

лек, да се издаде за да се регулира и среди како што е со сите плажи во цел нормален свет....
E сега, не знам дали не бев доволно јасна. Очигледно дека требит јас да ти го нацртам то шо го напишав во претходниот пост. Не можит да им се забранит на џупците да се капет во езероно!!! Не знам шо толку тебе то ти сметат, ко синкир ти ги носиш туристиве во градов. Плус, во многу работи во државава не сме ни малку слични со нормалниов свет, не пак во туризмов. Ќе се токмиме ние со Мајами во Флорида.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Ко прво, не знам зш го едитира постов. Зш не кажиш дека сме штанцани со калап па да имаме ист табиет? :vozbud: И дека сме сите за селење од градо? Зш не кажиш дека требит да ни’ нацрташ за да разбериме?


E сега, не знам дали не бев доволно јасна. Очигледно дека требит јас да ти го нацртам то шо го напишав во претходниот пост. Не можит да им се забранит на џупците да се капет во езероно!!! Не знам шо толку тебе то ти сметат, ко синкир ти ги носиш туристиве во градов. Плус, во многу работи во државава не сме ни малку слични со нормалниов свет, не пак во туризмов. Ќе се токмиме ние со Мајами во Флорида.
има некој од охрид изгледа, кој охридските навреди и пцовки ги остава а штанцањето го брише, јас не сум едитирал ништо..стојам зад кажаното.


ај пак да ти нацртам...кога имаш слепа депонија сред туристички центар..што правиш..???? ја одстрануваш со што ги задржуваш туристите и поголемите приходи....или ја оставаш од инат охридски за да се капеш пред очи на минувачите заедно со гупците???

дали вие луге имате малку логика и разум...или само од инат се водите....
искрено прашувам..што е подобро за градот..гупците на плажа или плажата под концесија????:uvo:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Охригани ко Циганите во Паркпротив средени плажи

подобар пример од овој ... здравје


окалитетот Сараиште сместен во стариот дел на Охрид само уште ова лето ќе биде слободен за капење, одмор и релаксација за охриѓани и за туристите.............................................................................
Еве ти текст од денешен Дневник за проблемов...

Даваат бубрег, но Сараиште не!

Граѓаните од стариот дел на Охрид бараат да се стопира издавањето на месноста Сараиште под концесија и инсистираат тој дел да остане и натаму јавен простор на езерското крајбрежје. На 13 јуни Министерството за транспорт понуди на лицитација 11 плажи. Една од нив од 501 м2 е во месноста Сараиште, која се наоѓа во стариот дел на Охрид, пред Националниот музеј, Куќата на Христо Узунов, Куќата на Уранија и споменикот на Коста Абраш. Во летниот период тој дел како плажа го користат граѓаните што живеат таму, но и многубројните туристи. Охриѓани деновиве собираат потписи преку месната заедница „Стар Град“ за да спречат никнување на приватна плажа на тоа место.

- Сараиште не е познато само по големиот број културно-историски споменици туку и како единствено место во урбаната средина на крајбрежјето на Охридското Езеро што може слободно да го посети секој добронамерник и да ужива во природните убавини. Само на овој дел постои природен брег со песок и камчиња, кои претставуваат и значаен филтер на водата. Само на овој дел нема огради и е достапен за секој граѓанин или посетител што сака да ја користи плажата без да биде принуден да пие кафе, сок или да користи лежалка - вели еден од иницијаторите, член на Месната заедница и на Советот на Општина Охрид, Тони Тунтев.

Писмо до министерот Миле Јанакиески испрати и градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески, во кое наведува дека локалната власт им изразува поддршка на граѓаните. По ова прашање како ретко кога сложни беа и советниците од власта и од опозицијата на седница одржана во минатата недела.

Поддршка на иницијативата и' дадоа и други институции.

- Со издавањето на Сараиште ќе се наруши автентичноста на тој дел од градот и ќе се загрози подрачје под заштита на УНЕСКО, дел од една ретка амбиентална целина добро препознатлива за Охрид - вели директорката на Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска. Таа појаснува дека без нивна согласност не смее да се поставуваат привремени објекти во заштитениот дел на градот, но за конкретниот случај никој не ги консултирал, па затоа и Заводот со допис реагирал до министерот.

За значењето на Сараиште најдобро објаснуваат локалните жители. Миле Христоски се сеќава на своето детство во 50-тите години, кога тоа место било рибарска населба, а рибарите таму ги поставувале своите мрежи и таму ги чувале и чуновите.

- Треба да се врати автентичноста на ова место. Доста ни е од кафеани, ги има премногу. Ова е единствената плажа што остана овде и во неа се крстиме. Тука се капеме, тука и седиме, а Министерството, лакомо за пари, сака и тоа да ни го земе. Кај можам јас да плаќам лежалки или пијалак секој ден - прашува Христоски. Тој вели дека местото е уредено од мештаните, кои во минатите години се организирале и со нивни пари го уредиле просторот.

Неговиот сограѓанин Ванчо Цигло вели дека нема друго место во светот на кое може да се најде ваков пример на плажа меѓу куќи. Тој се потсетува на времето кога како плажа го користеле и делот на Ј’но во непосредна близина, кој сега е целосно затворен од кафе-барови.Најгласна меѓу жителите загрижени за судбината на Сараиште е 61-годишната Наде Патчева.

- Нека дојде министерот и од нас нека ја побара. Ако треба, по еден бубрег ќе дадеме, ама плажава не ја даваме. Ако треба, ќе излеземе овде со децата и со жив штит ќе ја браниме - вели Патчева.Покана до министерот упати и Климе Филев, чија куќа излегува директно на плажата.

- Министерот нека преспие една вечер овде за да види како ни е нам. И вака не се спие до 4 часот наутро, а како ли ќе биде ако ја издадат и плажава - вели Филев. Граѓаните се сомневаат во регуларноста на издавањето на тој простор и велат дека постапката мора да се стопира.

Јован Постолоски

линк

ти болдирав некои делови... расист еден...
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
има некој од охрид изгледа, кој охридските навреди и пцовки ги остава а штанцањето го брише, јас не сум едитирал ништо..стојам зад кажаното.
Едитира баце, како не. Само штета шо администратори может то да го видет, а јас пред очиве на другиве испадвам будала.

ај пак да ти нацртам...кога имаш слепа депонија сред туристички центар..што правиш..???? ја одстрануваш со што ги задржуваш туристите и поголемите приходи....или ја оставаш од инат охридски за да се капеш пред очи на минувачите заедно со гупците???

дали вие луге имате малку логика и разум...или само од инат се водите....
искрено прашувам..што е подобро за градот..гупците на плажа или плажата под концесија????:uvo:
Друже, преска напиша дека ќе ни забранеле со гаќи да се капиме во езероно - шо значит дека ако ја приватизирет и плажата Сараиште, ќе се плаќат таму исто ко за другиве плажи. Епа, ти сметат и смештај скап, ти сметат скап пијалак по кафичиве, ти сметат плаќање лежалки по плаживе итд. Сега кажвиш сосем друго. Дека требит да се отстранит депонијата (џупците) - од Сараиште со шо ќе се дајт плажата под концесија за џупците да не ги бркет твоите туристи. Дај среди се малце, па реплицирај.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.659
Поени од реакции
34.091
Каде бе 250 денари мало Скопско? На шо си ти? Хелиум или лепак?
И те читам и ми се сере, ако ти издаваш стан под кирија и го начекаш станот куршлузосан ќе речеш океј си сакаат so called домашна атмосфера. Кажи ми хотелски правила знаеш? Ју брејк, ју пеј.
Не не, ти не ме читаш, онака ти се сере.
Препрочитај дека во 2-3 наврати баш потенцирав дека не подржувам уништување на приватна сопственост.
Домашната атмосфера ја ставив versus некој лејм клуб.

Ју брејк, ју пеј. Незнам што фетиш ќе ви беше што сте се фатиле за фрлање столови преку прозорци.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Друже, преска напиша дека ќе ни забранеле со гаќи да се капиме во езероно - шо значит дека ако ја приватизирет и плажата Сараиште, ќе се плаќат таму исто ко за другиве плажи. Епа, ти сметат и смештај скап, ти сметат скап пијалак по кафичиве, ти сметат плаќање лежалки по плаживе итд. Сега кажвиш сосем друго. Дека требит да се отстранит депонијата (џупците) - од Сараиште со шо ќе се дајт плажата под концесија за џупците да не ги бркет твоите туристи. Дај среди се малце, па реплицирај.
читај ме подобро...цените ги формира слободниот пазар...немав замерка за цените,лежалките или кафињата...концетрација

туку поставив прашање

ДАЛИ Е ПОДОБРО ВО СРЕД ОХРИД ГУПЦИ, МААЛСКИ ФРАЕРИ И БОТУНСКИ КОПАЧИ ДА СЕ БАЊААТ како проста маса по шорцеви и гаки ...ИЛИ Е ПОДОБРО тој простор да се уреди, да се отворат работни места, да се собира дополнителен приход кој ке оди за и ке остане за ОХРИД??? или ке се инаетиме а ке не знаеме зошто...

ПОСТАВИВ ПРАШАЊЕ А ОСВЕН ИНАТ НЕ ДОБИВ НИШТО???

Абе забраниме гупците да се капет в езеро ке требит и ти да не се капиш,пошо и за тебе ке се важит забраната. Мисли малце со таа глата, сам гроб си копаш :tv: Нас охриганите за тебе мака ни е,пошо кој ке те трпит после уше толку да кењаш на форумов овде. Се видовте и лани,џабе покушававте нешо, само лудило глумевте и на крај пак се нацртавте овде.Кучињата си лаат, карванот си врви:helou:
ЕВЕ РЕД ПО РЕД...еден конструктивен разговор, одговор или решение..само врегање пцости и простотилак...

не можам да ви се изначудам НАВИСТИНА како штанцани со еден чип сте..друг одгвор освен навреда не добив
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
ете гледаш како сте неразбрани и тврдоглави, ако се даде под концесија нема цигани, има плажа, средена разработена со повеке туристи и повеке пари




ГОСТИТЕ БЕА РОДНИНИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА кој специјално ги одведов во охрид...а таму...ЦИГАНИ И тврдоглави Охригани..а ја демек во престолнината и гордоста ги носам



како што реков КАТИЉ ОПАКИ луге сте..не треба тда те боли тебе за Охрид..другите да....шупци бре
Тебе дечко ти затворија подфорум Политика па сега траскаш зелени на другиве подфоруми.Упорно и тврдоглаво држиш некои глупи ставови,имаш некој комплекси од Охриѓани па се губиш во поим.Фино лепо ти е образложено се од Охриѓани и Скопјани,а ти цело време со ставот "иселете се од Охрид,флегми,шугави и сл".Нека ти биде...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom