Ак не ви чинит не идајте

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Лани администрацијава почна една анти-охридска кампања и беше доста интересно едно време, па најавија продолжување на кампањата годинава ама гледам никаде ги нема, очигледно се откажале... :tv:

Мислам дека темава може да послужи за продолжување на ланските муабети :tv:

Еве за што се работи...

Од четвртокот (02 јули) па во текот на целово лето пишувам колумни во неделникот Сега на охридски па еве ја првата.

Ак не ви чинит не идајте



И ти викам брат, овие од весников ме натераја колумна да им пишам. И сега сакале ја да им го раскажвам животов овде во Оридов наш најубав цееееело лето. Си велам да им речам – дојте, видете си сами шо се дешават, ама знам скопјанишчана стегнати луѓе се, не давет така пари. И ај шо ќе прајш... реков ај ќе им пишам вака летово по некој збор колку ни е најубо ваму тро лиги да им прам, и си мислам, ак требит и ќе лажам некогаш ама кај можам ја за Охрид нешо лошо да кажам.

И шо ќе ви велев, можда вие не ме знајте, и убо кај шо ми текна, дај да се запознајме. Не е за фалење многу, многу, ама ја вака тро искрен да си бидам, девет месеци онаму горе Скопје беф, реков да поднаучам тро нешто, ме интересират новинарство а само во Скопје го имат... ја не зна шо држава ќе бевме, све шо прает таму прает, ние по другиве градој ај да умриме ак не.

Море шо други градој, Охрид не е друг град. Град на Унеско бре ееееееј! Само езероно да го опулиш од горе од Канео и не ти требит друго, све си видел во животот. Абе Охрид... убајни, убајни земски. То езеро, то цркви, то манастири, то чаршија, то све бе брат, све. Само се нервирам оту скопјанишчана ни се мешет во туризмов ама не знам шо да речам. Требит та работа градоначалников да си се подзамислит, ја не зна како можит така да им дават те кафичи, те кафани, те дискотеки, и ај сега почнаја и плажине да им ги давет. Ам ај ак не и езероно соберете го во некој авион од оние за пожари шо се и однесете им го, истурете им го таму и напрајте им езеро да им поминит ќефот.

Можда после не ќе трчет ваму соси теглине ајвар, пак уште и пиперки, патлиџани си носат од дома. А ние овде на, олкав охридски јабучар. Остај то, и лајци си носат, тие велет демек за да сркале од ајварот ама то на друг нека му го кажвет. Знам ја шо им е нив... ти теквит ко ќе велеја овде, да может со лајци ќе ни го иссркет езероно?

Епа почнаја, лајци, виљушки и ајде ќе го скркаме. Кај мојте така бре, библиски град, уште од пред Христа овде и езеро и све си имало вие ќе го сркате. Мал ви е Вардар таму... ојте таму капете се да ве видам, туку пак овде ни трчате. И после од ко ќе дојдат ова не им чинело, она не им чинело, нив све нешо не им чинит. Ам шо да ви речам бе, ак не ви чинит не идајте. Дан ве потера некој сосила, дан ве крена да ве донесит овде.

Не бе, ја не знам шо луѓе ќе беа, све намќори брееее... ене пред некое време гледам на насловна од Вест опнале наслов „Охриѓани ќе учат да се смеат“. Демек ние не знајме да се смејме, тие нас ќе не учат... Ене вчера излегов в чаршија, све насмеани, то продавачки, то келнери, келнерки, дури и еден таксист видов кај шо се смејт. Му викам - шо бе брат, дај кажи вицот да се насмејме и ние...

- Абе каков виц, ми текна дек сезонава идет, сега кај и да е таксиметаров на дупло ќе почниме да го клаваме за скопјанишчана, па смешно ми дојде.

И после охриѓани не се смееле. Абе оди бегај таму. Ене на пример ја ко идев од на факултет од Скопје... слегвам на автобуска со куферите и одма уште не слезен ко шо требит, уште не здивнат шо се велит, одма насмеани луѓе гледам и сите сложно си викет – Смештај дечко, смештај дан требит?!? Соби дечки, ајде соби на пет минути од центар. А го гледам чоекон, знам од негде познат ми е, и после од ко заминав ми текна, Даљан онаму кун Струга живејт. Уште не знам зжш рече пет минути од центар ама шо мојш да знајш, можда се преселил чоекот. И одма до овие со смештајов уште понасмеани, колеги од овај од пред малку таксистов шо ви кажвев, и слушаш така, ем се смејат ем такси ти нудат.

Абе одма, уше не дојден шо се викат гледаш насмеани, љубезни луѓе. Ој Скопје на автобуска да виш дал ќе те пречекат така некој. Абе ајде... и пак после охриѓани не чинеле. Абе реков и пак ќе речам, ак не ви чинит не идајте. Сосила никој не ве терат.

Тукуууу... прошлана недела времиштено ич не се погоди, ја не зна шо го најде, да не мојт чоек во дворон да излезит, не пак на плажа да појт. Ама ќути викендов се распрај малце од малце и се наполна градов. Одам по чаршија, слушам српски се цепит, чак некој и на англиски спикаја.

Абе све то убо, нека си идат луѓено, нека одморат, голем е градов, за сите место имат, ама ептен се нервирам ко ќе видам некој туристи основна култура кај шо немет. Ене пред некој ден одам в пекара да каснам нешо, ај внатре шо прает гужви пак уште и се бунат. Еден го слушам пола македонски, пола англиски зборвеше, викат хот му било млекото чоколадно и бараше да го вратит. Шо мислит тој, ак го земвит од фрижидер внатре мразулци дан требит да имат?!? Пак уште фатил се карат со продавачкана. Та све му искуца, дури и фискална му истаде тој запнал хот, та хот. Еми ако ти е хот ој во езероно излади го. Онолко езеро тој фатил за едно млеко чоколадно да се бунит. Ама пак убо му го плесна продавачкана. Му викат „Да ми простите господине, ама вие не знајте шо сакате!“. Плескање... да не му текнит уш еднаш Охрид да се вратит. Не бе брат, охриѓанкиве знает како требит... културно, со смеење, господине, вамте, тамте и ќе ти го напикет. И после охриѓани не знаеле да се смеат. Абе оди бегај таму.

А и ова со млеково... сеа стварно имат опција на касиве фискални да минусираш нешто таму ак згрешиш во куцањето ама момичено не е криво шо не му кажале како требит. Ама пак и убо си се снајде, да беше некоја друга ќе се збунеше можда, ама ова му го рече и го засрами чоекон. Ја слушам после им објасвит на колешкине, им викат „Сеа ја све искуцано тој топло му било... Ми идаше да му ја бапнам една, да вит тој убо...“

И да му ја бапниш, така требит, да се научет туристине кој е главен, и за некоја година ќе почниме и семинари да прајме, да ги учиме оние од западон како се прајт туризам. Тие запнале, стратегија та стратегија ни требит... Море каква стратегија, момиња вакви златни ти требат, шо знает како со туристине, да ти е ќеф и бонус да им дајш на крај од месецот.

Ене после петокот дојдоја од цела Европа, ѓо играорци, „Разиграно оро“ ќе праеле на плоштад. Пак после застанале онде Мекдоналдс да јадат и гужви прает. Убо им рече и она продавачкана таму – Чекајте вие шо мислите овде преку ред... Ќе си почекате малце, ред да не се знаело... Можда и не ја разбра то детето пошо од Полска од негдека беше ама барем му објасна убо ова. Ја стварно не знам шо им е на туристиве, основни познавања од туризам да се немало. Сигурно не го знает она – Продавачката е секогаш во право. Посебно ако е во ПМС.

(ак не се приметвит, авторот е охриѓанец)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 02 07 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 09 07 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 14 07 2009 )​
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Слабо охридскиов, си заборајл тро, ама ај... И опфати тро анегдоти некој, досадно е, сувопарно да не реча.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
ОхриТ викендов бил "полн" како никогаш досега во овој период од годината :toe:
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.298
Поени од реакции
7.025
Читав дека имаше некоја обука за Охриѓани,како да биле погостопримливи :pos:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
И скенер за љубезност ќе им воведеле : )

Тој што ќе им го имплементира ова, страшен бизнис ќе направи. :tv:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
ОхриТ викендов бил "полн" како никогаш досега во овој период од годината :toe:
Охрид ќе е полн, ко ќе имат временски услови за то. Скопјаните први ќе го наполнет, одма шом на А1 Метео она батено во четврток ќе речит „предвидуваме сончево време во текот на наредните неколку дена“.
Исто ко лани, во превод. Најголемите поборници и застапувачи на ставот „бојкот“ први ќе се оптегнет на плажа ко крапој. :)
Можда ти не, карактер чоек си, ама 95% од другите шо кревет галама ќе земет фото-робот ак требит и ќе се нацртет на плажа.

И скенер за љубезност ќе им воведеле : )

Тој што ќе им го имплементира ова, страшен бизнис ќе направи. :tv:
Како шо знам, бојкотираш, така да не си воопшто компетентен да зборвиш за љубезноста во Охрид и слични работи. Ајде сеа, ќе се повикаш на извори како „пријатели“ и слично, како лани, и ќе млатиме празна слама и до крај на летово ќе иаме по плус двеста поста само заради темава.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Јас на правам бојкот пак ќе одам годинава, луѓево не се баш како што ги кажувате напротив супер народ се минатата година супер си поминав .. приватен смештај, е сега може малку во продавнициве се „многу“ љубезни ама затоа ќе ги избегаваш тие :))
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Како шо знам, бојкотираш, така да не си воопшто компетентен да зборвиш за љубезноста во Охрид и слични работи. Ајде сеа, ќе се повикаш на извори како „пријатели“ и слично, како лани, и ќе млатиме празна слама и до крај на летово ќе иаме по плус двеста поста само заради темава.
Па бојкотирам поради лоши искуства, континуирано, со години, не поради тоа што ме фркале убаини : )

На одмор нема шанса да отидам во Охрид. Не идам пошто не ми чинит. Мазохист не сум.

Значи, за дружба кај пријатели да, ама за туризам, да се спотерам таму цел одмор да терам - не.

Бонус: викендов ќе бидам службено во Охрид, по сила на прилики. Ќе имаме прилика да видиме дали и колку се сменети работите. Може и пофалби ќе паднат на темава, од кај знаеш :wink:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Охрид се гради на големо, буквално секој човек има соби за издавање но каде вие ќе се сместите тоа е ваш избор. Мене не ми е јасно зошто одите на автобуска и од таму барате соби???? Имат интернет имат агенции ве молам разгледајте каде ќе се сместите, а не да дојте на ќоро!!!

Само немојте со приказните дека на море е поубаво, тоа е толку селски муабет што стварно не држи вода.

Цената на собите се движи од 350 денари нагоре, цените на лежалките оваа година е 100 денари, плажите се средени максимално од вгодина почниуваат да се средуваат плажите од другата страна на Охрид. Тендерот за воден парк веќе е завршен здравје боже друга година сме со воден парк.

Охрид се труди да ви го понуди најдоброто, сите се трудиме но оцигледно дека има некои кои не се ни трудат да го забележат тоа.

Благодарам, и ве очекувам во Охрид !!!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Само немојте со приказните дека на море е поубаво, тоа е толку селски муабет што стварно не држи вода.
Не лажат уште комунистите дека на море било поубаво!
Какви плажи има во Охрид, морето може гомна да јаде.
Така да, оправдано е што во Охрид е поскапо отколку на море. Еве, луѓе што годинава отидоа за Аланија (Турција) 10 дена ол инклузив со авион за 300 евра се заебаа, наместо за 400 евра по чоек да отидеа во Охрид.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Не лажат уште комунистите дека на море било поубаво!
Какви плажи има во Охрид, морето може гомна да јаде.
Така да, оправдано е што во Охрид е поскапо отколку на море. Еве, луѓе што годинава отидоа за Аланија (Турција) 10 дена ол инклузив со авион за 300 евра се заебаа, наместо за 400 евра по чоек да отидеа во Охрид.
Па како што сме тргнале Охрид и Св Наум ќе се спи се со плажи :D

Не лажат уште комунистите дека на море било поубаво!
Какви плажи има во Охрид, морето може гомна да јаде.
Така да, оправдано е што во Охрид е поскапо отколку на море. Еве, луѓе што годинава отидоа за Аланија (Турција) 10 дена ол инклузив со авион за 300 евра се заебаа, наместо за 400 евра по чоек да отидеа во Охрид.
Ама ти кажав дека цената е 350 денари па нагоре!!! Како пресмета дека ќе те кошта 400 евра?

Нормално дека ако спиеш во инекс горица, или такви некој хотели ни 400 не те спасват. Но секој си ги пушта нозете колку што му е долга чергата.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ама ти кажав дека цената е 350 денари па нагоре!!! Како пресмета дека ќе те кошта 400 евра?

Нормално дека ако спиеш во инекс горица, или такви некој хотели ни 400 не те спасват. Но секој си ги пушта нозете колку што му е долга чергата.
Па така фино. За 350 денари, колку што е најефтино, добиваш некоја шупа со кревети од турско и газдарица баба која те тормози за се и сешто. Тоа не е сместување, тоа е како казна. Јас да имам такви соби ко тие за 350 што се, срам би ми било на душман да му ги понудам да преспие за без пари.

Е сега, за пристоен смештај, ќе те чини како на море. За убав накај луксузен многу поскапо него убав или луксузен на море. Не е работата за колкава ти е чергата, колкава и да ти е - поскапо е.

Тоа ти викам.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Ами во Македонија не секој мојт да си дозволит луксус и тие 350 денари се многу дури.

Но како и да е има за секој по нешто.
 
P

Princ

Гостин
Абе не спомнувај соби од по 350 денари, убаво рече Мистичен, ако мразам некого ќе му платам 10 дена "одмор" во таква соба, да го види затворот Шутка во Охрид.
Пристојното сместување во убава соба/апартман е најмалку 30 евра од ден/по лице.
10 дена = 300 евра
300 евра чартер лет за Анталија, вклучено е и оралка од собарицата + на море.
 
С

Спенсер

Гостин
Абе не спомнувај соби од по 350 денари, убаво рече Мистичен, ако мразам некого ќе му платам 10 дена "одмор" во таква соба, да го види затворот Шутка во Охрид.
Пристојното сместување во убава соба/апартман е најмалку 30 евра од ден/по лице.
10 дена = 300 евра
300 евра чартер лет за Анталија, вклучено е и оралка од собарицата + на море.
а за 350 да не има уште нешто???:vozbud:

охрид...премногу скапо бе...многу ги пумпаат цените...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom