Битно ми е што прави, а не што Слободан Богоевски вика дека прави.
И што прави во последните 10 години? Македонија моментално е помеѓу петте најсиромашни држави во Европа. Судството е корумпирано до крајни граници, образованието е смешка, здравството се распаѓа. Македонија од осамостојувањето никогаш не била во полоша ситуација во процесот на евроатлнтските интеграции. Оптимистичка процена е дека 250 000 луѓе се отселиле од Македонија, песимистична е повеќе од половина милион.
Во меѓувреме владеачката партија во Македонија е една од трите најбогати во Европа, од аспект на поседување недвижности. Во Македонија е испорачан најскапиот Мерцедес кој било која власт на Балканот го има купено, додека едно девојче во Велес почина затоа што кичмата и се виткаше, а операцијата беше 40 000 евра, колку двата фара на Мерцедесот.
Те молам објасни ми во што јас овде грешам, и што Гвујо направи во последните 10 години, а при тоа да не е вмешана приказната за кичмата на Заев.