Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.918
Поени од реакции
36.994
Што лупаш, како можел Мкрадули да биде транзициски криминалец?
Макрадули во 90-тетите небеше функционер, а последниве 10 години знаеш кои се на власт.
Чукни тоа тиквата.
Остај го он е малце заглавен со времето.

Он мисли дека кога некој ќе рече пред 10 години се мисли на 95 та.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.918
Поени од реакции
36.994
Сега не ја вртат повеќе приказната со соросоиди, мрачни сили, туку транзициски криминали..
Не, они сите приказни ги вртат. малку транзициски криминалци, малку големо албански предавници, малку соросоиди и странски платеници, малку гејови и наркомани и така даље.

Една приказна ќе запали кај еден, друга кај друг, трета кај трет и така трлото ќе си се формира.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Нешто остарена ми личи или грешам ?
Таа секогаш личеше на Гаргамел овојпат е ептен, како Гордето кога го викнаа и беше целото потечено. :(
Ја подбрале и оваа, изгледа Сјо сепак работи, а глупата Катица собрала докази за Бетка да јаде од железен послужавник.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Што лупаш, како можел Мкрадули да биде транзициски криминалец?
Макрадули во 90-тетите небеше функционер, а последниве 10 години знаеш кои се на власт.
Чукни тоа тиквата.
Добро де,посттранззициски криминалец е.
Учествуваше во продажбата на ЕСМ
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Зошто не било почнато до сега?

Велат, мора од некаде да се почни. Зошто да не се почни од почеток
[DOUBLEPOST=1477657584][/DOUBLEPOST]
И го одземаа пасошот на Канчевска?
Пасошите треба да им ги остават, можеби ќе избегаат во странство.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Битно ми е што прави, а не што Слободан Богоевски вика дека прави.
И што прави во последните 10 години? Македонија моментално е помеѓу петте најсиромашни држави во Европа. Судството е корумпирано до крајни граници, образованието е смешка, здравството се распаѓа. Македонија од осамостојувањето никогаш не била во полоша ситуација во процесот на евроатлнтските интеграции. Оптимистичка процена е дека 250 000 луѓе се отселиле од Македонија, песимистична е повеќе од половина милион.
Во меѓувреме владеачката партија во Македонија е една од трите најбогати во Европа, од аспект на поседување недвижности. Во Македонија е испорачан најскапиот Мерцедес кој било која власт на Балканот го има купено, додека едно девојче во Велес почина затоа што кичмата и се виткаше, а операцијата беше 40 000 евра, колку двата фара на Мерцедесот.

Те молам објасни ми во што јас овде грешам, и што Гвујо направи во последните 10 години, а при тоа да не е вмешана приказната за кичмата на Заев.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
covekot sto gi abolicirase site obvineti od SJO,ti vikas 'sho ima vrska so temata za SJO'?
daj be namali so drogite
Не се прави дебил. Следи го прво муабетот, па реплицирај. Воопшто не беше тоа тема на разговор. А ако ги аболицирал, само го искористил уставното право, не е ова прв пат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
НОВАТВ од Министерството ги побара и патните налози за патувања во странство. Скоро на секое патување поранешниот министер Адеми го придружувала Ардиана Камили вработена во неговиот кабинет. Во февруари оваа година делегација предводена од Адеми била на службено патување во Словенија. Од фискалната сметка во ресторан може да се види дека не штеделе кога нарачувале на државна сметка. Се гоштевале со телешки печења, вина и нутели торти. Но, не застанале само на храната, па сите петмина кои биле во Словенија биле во посета на Постоинска Јама каде за влез платиле 134 евра и плус 300 евра за толкувач од словенечки јазик.
:vozbud: Аман бе :pos: :pos: :pos: Жити мене што толкувач ти треба за во јамава? Океј преубаво е, вреди за секое евро прошетката ама толкувач да најмиш :pos: Чиниш Нобеловци се господава, уште Постојна им остана необјаснет феномен па моралo убаво се тоа со толкувач да им биде објаснето.

Според текстов гледаме дека овие што се моментално задолжени да баратаат со нашите државни пари се покондурени сељаци - збогатени наеднаш пар екселанс. Типичен покондурен сељак кога оди во кафана а друг плаќа секогаш прикажува ваков однос. Нарачува најскапо, не дека нешто најубаво му е тоа ама баш зошто е најскапо, ќе го нарача. Некој што изодел тежок пат до успех не полни его со вакви работи.

Гледам дека Адеми и „другарка му“ вина си пиеле, ќе има ли на Курир сега дебата дали им легнало виното како вискито на Фатиме и дали ќе бидеме информирани од А до Ш за другаркава како што бевме информирани за шврљачот на Лена?
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.292
Експертот на Ериксон ја заврши работата во УБК во рамките на истрагата на СЈО

Експертот на Ериксон денеска бил во УБК каде беше повикан во рамките на претресот на системот за следење на комуникации, потврдија за Телма безбедносни извори. Експертот кој е од Италија според истите извори веќе ја завршил работата за која е повикан и заминал од министерството, информира Телма.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.292
Случајот „Афис“ три години заглавен во обвинителство

.....дел од пријавата била и софистицирана опрема со која може да се пресретнуваат електронски комуникации и да се преземаат податоци од компјутери на физички и правни лица.

Како продекан за настава на Факултетот за безбедност, професорката Фросина Ременски во 2012 ...., увидела дека факултетот поседува три врвни лаборатории за крим вештачења и пресретнување на комуникациите – опрема која никој не ја видел.

Опремата се најде и во последниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија, каде е констатирано дека иако набавката на трите лаборатории била за потребите на Факултетот за безбедност, опремата не е испорачана на факултетот

****

Случајот инаку е стара афера окулу набавка на системи за прислушкување, при што ако добро се секаваам, наводно биле купени 3 системи, а 2 исчезнале. И тој едниот, наместо на факултетет завршил незаконски во МВР.
Исто, тогаш се шпекулираше дека другите 2 системи завршиле надвор од државниот систем, едниот наводно во кругот на Макстил (?), другиот во приватен стан....

Како и да е , МНОГУ системи за прислушкување се вртат низ Македонијава.......
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom