Објавувањето на нелегално прислушуваните телефонски разговори во Македонија, .. предизвика паника во редовите на владата на Груевски. Тој ни ја раскажа неговата приказна за „странските служби“ кои со жолти комбиња се движеле околу владата и ги снимале разговорите на владините функционери со цел .. да ја сменат легално избраната власт во Македонија
Откако Специјалното јавно обвинителство воспостави своја надлежност врз „Пуч“ СЈО е соочено со сите можни блокади од полицијата и судството за да дојде до вистината за прислушувањето.
1. Судот не му ги даваше на СЈО со месеци, материјалите од спроведената истрага за „Пуч“. 2.Потоа, претседателот Иванов, за да не се дознае ништо за прислушувањето, ја објави аболицијата, ги прекина сите постапки на СЈО
3.Откако аболицијата беше повлечена, судот не му дозволуваше на СЈО претрес на домот на началникот на Петтата управа на УБК, во чија надлежност е прислушувањето.
4.А откако беше дозволен претресот, кај него дома беа најдени и податоци за нелегално следење на сите сведоци на СЈО, кои влегувале и излегувале од СЈО, па и на Мартин Крпач, кој подоцна во неразјаснети околности извршил или бил принуден да изврши самоубиство.
5. од постапката за предметот „Тврдина“ на СЈО се дозна дека во УБК по наредба на високи функционери од владата била уништена опремата за прислушување и документација од прислушувањето која изнесувала неколку илјади страници.
По сето ова се постави прашањето: кој имал интерес да бидат уништени трагите од прислушувањето и да не се дознае кој прислушувал
А откако се насети дека СЈО има сериозни намери да дојде до вистината за прислушувањето, тајфата на Груевски се определи за употреба на сите мерки со кои што СЈО ќе биде спречено во таквата намера
На денот кога специјалната јавна обвинителска се појави во УБК со судски налог за да провери кој прислушувал по чија наредба, со каква цел и за чии потреби-
1. ги снема тие што го имаат пасвордот од програмите за прислушување. И двајцата отишле во странство.
2. опремата од операторот кој била во МВР не била нивна сопственост, па била потребна дозвола од операторот но и од производителот на опремата.
3. не било можно да се одвојат прислушуваните разговори од порано од овие кои сега се прислушуваат.
4. ќе дошло до прекин на прислушувањето и загрозување на безбедноста
5.се' до тврдењета дека СЈО не знаело што бара
6. министерот на полицијата од редовите на опозицијата направил пуч во УБК
Kој има интерес да не се дознае кој прислушува ?
Се остава силен сомнеж дека тајната полиција во рацете на Груевски станала политички монструм во изминатите години кој ги контролирал нашите животи.