bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 814
Очигледно не ви се познати основните човекови права на мисла, говор и изразување.Абе и во Северна Кореа може луѓето меѓусебе си зборуваат како не чини работата.Тоа значи дека има слобода на изразување? Личен став може новинарот да си изрази во негова колумна,тука веќе нема место за критика. Ама не може бе кога ми пренесува случувања од денот да ми ги исфилува со негово видувања . Се отворила нова фабрика, пред да пренесеме за фабриката дај да збрцаме нешо како се живееше во времето на СДСМ. М? На 5 вести се чита истата вест, исто од збор до збор, се ломоти, пропагандна машина.
Јас за пристрасно новинарство во западните земји сеуште не сум слушнала, баш пред некое време имаше случај кога новинарка од CNN доби отказ бидејќи вметнала свој личен став во изработка на репортажа. Ние секојдневно го слушаме Латас на дневник како да си води своја дебатна емисија во која си дебатира самиот со себе, 10 години темата не е сменета. Мислам аман, очигледно дека и народот не е баш најпаметен ама се си има граница.
Едните ако се финансирани од Сорос???, другиве добиваат пари од Влада, видовме и слушнавме и тоа. Па ако се донесел законот за медиуми ќе било упад врз бизнисот? Извини ама управување со национална телевизија не е исто со продавање пченки на пазар. Во време кога медиумите се носечка сила на општото мислење, не може секој да си зема за право да го креира тоа мислење и да го дотерува по мерка. Пресечи го ова, додај го ова, и оп, еве ви вести по мерка.
Какви се тие провладини критичари, жити се? Постојат или може да ги сместиме во исто ќоше со еднорозите?
Секој уредник и новинар може слободно да каже и да си ги уредува своите вести според своето убедување и така да се изразува, во склоп со детермираните човекови права на мисла, говор и изразување.
Секое мешање во уредувачките политики е кршење на човековите права на мисла, говор и изразување. Така и Латас има право да си ги уредува како сака вестите, кого сака да го вика како гостин, а правото на гледачите е дали ќе го гледаат Латас или не или ќе си гледаат друга телевизија.