Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Абе и во Северна Кореа може луѓето меѓусебе си зборуваат како не чини работата.Тоа значи дека има слобода на изразување? Личен став може новинарот да си изрази во негова колумна,тука веќе нема место за критика. Ама не може бе кога ми пренесува случувања од денот да ми ги исфилува со негово видувања . Се отворила нова фабрика, пред да пренесеме за фабриката дај да збрцаме нешо како се живееше во времето на СДСМ. М? На 5 вести се чита истата вест, исто од збор до збор, се ломоти, пропагандна машина.
Јас за пристрасно новинарство во западните земји сеуште не сум слушнала, баш пред некое време имаше случај кога новинарка од CNN доби отказ бидејќи вметнала свој личен став во изработка на репортажа. Ние секојдневно го слушаме Латас на дневник како да си води своја дебатна емисија во која си дебатира самиот со себе, 10 години темата не е сменета. Мислам аман, очигледно дека и народот не е баш најпаметен ама се си има граница.
Едните ако се финансирани од Сорос???, другиве добиваат пари од Влада, видовме и слушнавме и тоа. Па ако се донесел законот за медиуми ќе било упад врз бизнисот? Извини ама управување со национална телевизија не е исто со продавање пченки на пазар. Во време кога медиумите се носечка сила на општото мислење, не може секој да си зема за право да го креира тоа мислење и да го дотерува по мерка. Пресечи го ова, додај го ова, и оп, еве ви вести по мерка.
Какви се тие провладини критичари, жити се? Постојат или може да ги сместиме во исто ќоше со еднорозите?
Очигледно не ви се познати основните човекови права на мисла, говор и изразување.
Секој уредник и новинар може слободно да каже и да си ги уредува своите вести според своето убедување и така да се изразува, во склоп со детермираните човекови права на мисла, говор и изразување.

Секое мешање во уредувачките политики е кршење на човековите права на мисла, говор и изразување. Така и Латас има право да си ги уредува како сака вестите, кого сака да го вика како гостин, а правото на гледачите е дали ќе го гледаат Латас или не или ќе си гледаат друга телевизија.
 
W

wicked_1

Гостин
Воопшто не ти ја разбирам поентата. СЈО е формирано за евентуални дела врз база на прислушуваните разговори. Ако тоа е прашањето.
Јас, согласно Уставот на РМ, прашувам дали СЈО е формирано противуставно. Не за какви предмети. Каква врска има тоа со прашањето.
Нормално дека нема да ја разбираш, софистицирано е многу.
Не примети кршење на устав коа излезе дека прислушкувале којзнае колку народ, не примети кршење на устав кога слушна дека нема државна институција што не ја корумпирале до даска и институцииве кои требало да штитат Устав со години работеле за нечии лични интереси, не примети кршење на устав кога слушна дека нуркале у вреќи со избирачки листови, не примети кршење на устав коа слушна дека си рекетирале луѓе и фирми како што ќе им текне.

Сега ти текна дека неуставно било СЈО-то.. :pos:

Ова и многуте други алибија се за една друга маса на луѓе, еве нонстоп ги набројуваат тука со нив раскажувајте си ги, за другите кои малку од малку можат и им е дозволено да резонираат, е навреда.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
Браво за тебе.

И тебе ти одговара цензура?
Законот за медиуми на СДСМ е одличен. Јас да сум Груевски, би го прифатил веднаш, со една единствена измена.

- Мандатот на првиот состав на регулаторното тело трае до 25 Април 2016
- Собранието избира нови членови со мандат од 5 години и тоа: 5 по предлог на партијата со најмногу пратеници, 3 од втората, 2 од третата и 1 од четвртата. Дополнително новинарските здруженија предлагаат по уште 2.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Не се партиите противуставни, само изгласаниот закон за СЈО е неуставно, според мене, читајќи го Уставот. Ајде бе колеги, зарем немате мислење за толку важна работа? Оваа институција може да затвори некого, а да испадне дека е „нелегална“.
Јас не верувам дека било кој од партиите не поседуваат добри адвокати и правници. Секако дека претходно добро се разгледувале законите пред да се донесе закон да се формира СЈО.
Тоа е завршена работа, сега што едната страна многу ја боли и бара начин да побегне од обвиненијата се безцелни трзавици.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.618
Поени од реакции
23.226
Абе и во Северна Кореа може луѓето меѓусебе си зборуваат како не чини работата.Тоа значи дека има слобода на изразување? Личен став може новинарот да си изрази во негова колумна,тука веќе нема место за критика. Ама не може бе кога ми пренесува случувања од денот да ми ги исфилува со негово видувања . Се отворила нова фабрика, пред да пренесеме за фабриката дај да збрцаме нешо како се живееше во времето на СДСМ. М? На 5 вести се чита истата вест, исто од збор до збор, се ломоти, пропагандна машина.
Јас за пристрасно новинарство во западните земји сеуште не сум слушнала, баш пред некое време имаше случај кога новинарка од CNN доби отказ бидејќи вметнала свој личен став во изработка на репортажа. Ние секојдневно го слушаме Латас на дневник како да си води своја дебатна емисија во која си дебатира самиот со себе, 10 години темата не е сменета. Мислам аман, очигледно дека и народот не е баш најпаметен ама се си има граница.
Едните ако се финансирани од Сорос???, другиве добиваат пари од Влада, видовме и слушнавме и тоа. Па ако се донесел законот за медиуми ќе било упад врз бизнисот? Извини ама управување со национална телевизија не е исто со продавање пченки на пазар. Во време кога медиумите се носечка сила на општото мислење, не може секој да си зема за право да го креира тоа мислење и да го дотерува по мерка. Пресечи го ова, додај го ова, и оп, еве ви вести по мерка.
Какви се тие провладини критичари, жити се? Постојат или може да ги сместиме во исто ќоше со еднорозите?
Како не може, очигледно може и го прави, ако не ти се свиѓа смени канал, критикувај ги и не ги гледај. Работата е зошто е тоа така и како да се смени. Сигурно со закани нема.

Тоа дека не си слушнала не значи дека не се случува. Ти реков прочепкај за последните избори во Англија, еве ти прочитај си, израчунато е дека соодносот на штампаната медија била 5-1 за Дејвид Кемрон. Секаде е горе доле исто.

http://www.politico.eu/article/the-british-press-has-lost-it/

Политиката на CNN е да ја подржува американската влада. Тие се и те како пристрасни, доволно е да видиш како ги покриваат некој глобални стории ко сирија на пример. Си имаат своја политика и си ја тераат, сител го прави истото.

Така е, едниве се финансираат од Сорос веќе 25 години другите со „владини кампањи“ балансираат. И двете страни треба да одговораат за тоа. За националната телевизија си во право, и тука треба да се донесе закон стрикно за нејзе, таму треба да има баланс и треба да има простор за сите политички опции. Останатите медиуми се приватни и се бизнис пред се.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.983
Поени од реакции
12.544
Очигледно не ви се познати основните човекови права на мисла, говор и изразување.
Секој уредник и новинар може слободно да каже и да си ги уредува своите вести според своето убедување и така да се изразува, во склоп со детермираните човекови права на мисла, говор и изразување.

Секое мешање во уредувачките политики е кршење на човековите права на мисла, говор и изразување. Така и Латас има право да си ги уредува како сака вестите, кого сака да го вика како гостин, а правото на гледачите е дали ќе го гледаат Латас или не или ќе си гледаат друга телевизија.
Ти сега сакаш да ми кажеш дека вестите се дело на уредникот, а не на некој погоре во хиерархијата?
Хинт М.П.
Хинт бр.2 ендек
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Јас не верувам дека било кој од партиите не поседуваат добри адвокати и правници. Секако дека претходно добро се разгледувале законите пред да се донесе закон да се формира СЈО.
Тоа е завршена работа, сега што едната страна многу ја боли и бара начин да побегне од обвиненијата се безцелни трзавици.
Уште од почетокот се знаеше дека СЈЕ е антиуставна творба. На Уставен Суд може да падне кога било.[DOUBLEPOST=1455539289][/DOUBLEPOST]
Ти сега сакаш да ми кажеш дека вестите се дело на уредникот, а не на некој погоре во хиерархијата?
Хинт М.П.
Хинт бр.2 ендек
Се знае кој ги уредува вестите во еден медиум и негово право е што да мисли и изразува.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.618
Поени од реакции
23.226
Законот за медиуми на СДСМ е одличен. Јас да сум Груевски, би го прифатил веднаш, со една единствена измена.

- Мандатот на првиот состав на регулаторното тело трае до 25 Април 2016
- Собранието избира нови членови со мандат од 5 години и тоа: 5 по предлог на партијата со најмногу пратеници, 3 од втората, 2 од третата и 1 од четвртата. Дополнително новинарските здруженија предлагаат по уште 2.
Најдобро е да се тргнат партиите па и невладините комплетно од регулаторното тело и да остават индустријата сама да си се регулира (со исклучок на МТВ). Да се забрани рекламирање на невладини и секој влез на пари од нив да биде дебело казнето. Од друга страна од буџетот на РМ тоа што ќе се троши на реклами да се распореди според гледаност на телевизиите. Факт е дека сега владата балансира и подржува една страна а тоа мора да се искорени засекогаш. Јасно е и зошто го прави. Ако сакаме напредок мора да има измени, јас сум за промени ама тоа да се системски промени не козметички ко ова што е предложено. Ова вака е само да се избуткаат изборите да има промена на власт и толку, после и на опозицијата им одговара вакви закони пошто они ќе не возат...
 
Член од
30 декември 2009
Мислења
547
Поени од реакции
149
Кој крадел, местел .... нека одговара, било која партија да е !!! Нека заврши тортура врз народот.
А нормално неуставен е за тие што ќе го јадат :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Уште од почетокот се знаеше дека СЈЕ е антиуставна творба. На Уставен Суд може да падне кога било.
Баш би сакал тој уставен „swarovski“ суд да го видам како би ја извел таа операција.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
Најдобро е да се тргнат партиите па и невладините комплетно од регулаторното тело и да остават индустријата сама да си се регулира (со исклучок на МТВ). Да се забрани рекламирање на невладини и секој влез на пари од нив да биде дебело казнето. Од друга страна од буџетот на РМ тоа што ќе се троши на реклами да се распореди според гледаност на телевизиите. Факт е дека сега владата балансира и подржува една страна а тоа мора да се искорени засекогаш. Јасно е и зошто го прави. Ако сакаме напредок мора да има измени, јас сум за промени ама тоа да се системски промени не козметички ко ова што е предложено. Ова вака е само да се избуткаат изборите да има промена на власт и толку, после и на опозицијата им одговара вакви закони пошто они ќе не возат...
Сто пати беше понудено парите да одат според гледаност. Не сакаат така, сакаат регулативно тело под нивна контрола. И во право се, треба да им се даде. До избори гратис, како знак на добра волја. После избори заслужено, бидејќи ќе ги добијат.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.618
Поени од реакции
23.226
"Сите се исти"

Стара предизборна тактика на тие кои се на власт, со која воедно ги релативизираат своите криминалии, плус го изедначуваат опозицискиот блок на свое криминално ниво.

Прилично често користена од страна на СДСМ, во деведесетите, а денес од овие.

Реално, врска нема. Надвор од умот е, опозицијата која немала никаква власт да биде одговорна за сите зла кои се десиле во мандатот. Али повеќе пати е докажано дека овој народ нема здрав памет.
Прво опозицијата има власт во неколку општини и таму беше извршен криминал токму од лидерот на опозицијата за што беше и аболиран.

Второ ова беше шанса за да се смени системот и да се направи многу подобар и пофер систем ама нема ништо од тоа да биде зашто толку разбираат или се плашат дека знаат тогаш и нивниот криминал ќе биде казнет.

Трето СИТЕ треба да завршат во затвор независно кога и каде се случил криминал. Може од кај сака да почнат ама битно е тоа да биде целосен и конечен обрачун со сите политички кримогени струки во државата. Според тебе треба ли да биде заборавено и опростено тоа што се случило ако на некој му завршил мандатот пошто инсистираш на одговорност само за време на мандат.[DOUBLEPOST=1455540571][/DOUBLEPOST]
Сто пати беше понудено парите да одат според гледаност. Не сакаат така, сакаат регулативно тело под нивна контрола. И во право се, треба да им се даде. До избори гратис, како знак на добра волја. После избори заслужено, бидејќи ќе ги добијат.
Епа тоа е де, ништо не им одговара само купување време е.

И што сме добиле? Повторно тортура од политичките партии...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.314
Поени од реакции
22.117
Владе ние и тропаме на Европа на врата или Европа ни тропа нас?
Ние сме тие кои сакаме да се интегрираме во ЕУ,или не влечат Европјаните за уши, аман дојдете во ЕУ? За да си ја исполниме таа цел Европјаните викаат ова, ова и ова ви треба, а вие немате ништо во моментов. Еве ви наш кадар, еве ви наш предлог, имплементирајте го.
Не сме слепи ни глупи, ако не си патувал во некоја европска држава сигурно си гледал на тв како се живее таму, нели се стремиме кон тоа? Нели имплементираме Кембриџ систем како во Англија, модернизација во здравството по модел на (вметни европска држава ). Тоа не е мешање на нивната политика? Дајте ако не да се изолираме од сите.
Јас не застапувам став на ниедна политичка партија, знам како се живееше во времето на СДСМ,знам како се живее во времето на ВМРО. Моите не видоа аир ни од едните ни од другите. Поентата ми е дека двете партии правеа ( некои сеуште прават ) криминали. Јас сакам некој да плати за се тоа што го правел. Не ме интересира дали е од ВМРО, од СДСМ, или единствениот градоначалник во Албанија. Може да е единствениот Македонец во вселената што е до мене, ако правел нешо спротивно на законот треба да си лежи. Сакам да почне да се применува системот на правна држава во која законот важи еднакво за сите. Пошо сега ако не осудат никој и никој не доживее срам пред народот, секој во иднина ќе си зема право да се понаша како сака и да манипулира со сите институции, медиуми, со правосудниот систем, и ништо не сме направиле. Ама баш нишо, во 25 години постоење нема да сме ни на позитивна нула, во минус ќе сме.
Е ова ми е поентата Владе. Да се смени цела гарнитура, и од едните и од другите. 25 години се обвинуваат меѓусебно, лопов каже држте лопова. Тешко е ова да се направи?
Јас тогаш ќе ти речам дека си многу наивна. Еу не влече за уши 30 години. До каде си ти спремна да ги спуштиш гаќите за да влезиш во Еу? Јас велам доста е. Со сила убавина не бива. Дури и можам да се кладам дека во моментот кога ке покажеме свое јас повеќе ке не ценат отколку сега вака сервилни. Резултатите од сервилноста спрема странците ги видовме. Истите тие за кој ти се крстиш дека сакаат да ни помогнат као прво не те признаваат како народ бе алоо. А дека памтиш како било порано чисто се сомневам. Да памтеше прв муабет ке ти беше да прашаш каде се сите судии кои си ги изгласа еднопартиското собрание пред да се расфрлаш тука со правда и правдина.
Такво нешто не видов тука нити од тебе нити од било кој друг тука кој секој втор збор им е правна држава. Тоа што не си знаела за тоа не е оправдување, туку неинформираност. Затоа не се става газот онаму каде другите си ги мерат куровите.
Туку друго, добро со цел ум мислиш дека СЈО е формирано да дели правда?[DOUBLEPOST=1455541507][/DOUBLEPOST]
Според мене потребни ни се промени да се даде лимит на последователни мандати пр. повеке од два последователни мандати да не е дозволено за премиерска функција.Ваквото ставање на временски рамки во иднина ке превенира општествено/политички ситуации како сегашнава
Абре аман што изнакажа. Ами ај нека нема избори. Нека се менуваат на 4 години еднаш едните , еднаш другите и така па дури тера нека тера. Само проблемот е зошто баш тие мора да бидат едни од едните? Или уште подобро, кога ке се смени администрацијата во САД или тукашниот нивни амбасадор и ние комплетно да менуваме влада. Додуша зошто ни е влада, има кој да ни кажи што е најдобро за нас.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Нормално дека нема да ја разбираш, софистицирано е многу.
Не примети кршење на устав коа излезе дека прислушкувале којзнае колку народ, не примети кршење на устав кога слушна дека нема државна институција што не ја корумпирале до даска и институцииве кои требало да штитат Устав со години работеле за нечии лични интереси, не примети кршење на устав кога слушна дека нуркале у вреќи со избирачки листови, не примети кршење на устав коа слушна дека си рекетирале луѓе и фирми како што ќе им текне.

Сега ти текна дека неуставно било СЈО-то.. :pos:

Ова и многуте други алибија се за една друга маса на луѓе, еве нонстоп ги набројуваат тука со нив раскажувајте си ги, за другите кои малку од малку можат и им е дозволено да резонираат, е навреда.
Момче.. разговараме за многу различни работи. Тоа јас дали сум забележал, е „рекла-казала“. Од кај знаеш кој прислушувал? Испитал ли некој? Јас сум за казнување на сите кои го прекршиле законот.
Ти воопшто не се разбираш од уставност и „револтирано судење на лице место“ што уште се нарекува линч. Не е неуставност рекетирање на луѓе. Тоа е противзаконско (кршење на закон) и за тоа се одговара според закон. Каде јас тоа го спорам? Секој да сноси законски последици ако прекршил закон.
Ти си слушнал дека некој нуркал? Дали е точно тоа? Ако се утврди.. нека одговара нуркачот.
Јас прашувам дали СЈО е формирано согласно Уставот. Се повеќе сум убеден дека НЕ. Гледам, никој и не може да даде одговор на тоа.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.314
Поени од реакции
22.117
Не, битушанец, најважен факт е дека овие гомнарите дојдоа на власт со фалсификат и со сеење страв!
Да да токму така. Рече штркот и ја голтна жабата.
Додуша од каде знаеш пак ти, да не си била скоро сега на избори. Дај сподели како си помина, како тебе те уплашија и те натераја да гласаш за овие диктаторите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom