Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Лет па ти сигурно си бил сведок на неколку почетоци, и резултатот на нив е сеганшново т.е. ТОТАЛНА КОРУПЦИЈА од чистачка до Претседател.
На хартија поарно е СЈО активно, со Ленче секако :love:
Но и во самото СЈО имаш обвинители кои биле КОРУМПИРАНИ т.е. работеле по наредби :cautious: (јас барем за 2ца знам).
Гледај судииве што прават и мува не ги лази.
Државен систем со корумпиран Суд и МВР му нема спас.
Граѓанин да згреши или приватна фирма казна од 15 до 5000 евра. А ако згреши административец НЕ сноси одговорност.

Нема ОДГОВОРНОСТ, нема ПРАВДА :D
eми ако е така нек не земат и поделат бугарија, албанија и србија па кај нив да им праиме проблеми, се овде се муабети дека нема спас од ова ситуација, нема чаре, џабе е се, не може да се опраи работата... ние од Битола ќе подпаднеме под грција шо и н е толку лошо... барем таму ќе учествуваме на сериозни демонстрации против власт
Калимера!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.542
Поени од реакции
82.110
У праву е бе Ванлок - да го остајме Груевски на власт.
Зарем мислите дека може да ја усере земјава и да го уништи народов повеќе од ова до сега?
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.581
Поени од реакции
7.712
Нема притвор за осомничените во „Транспортер“
Нема затворски притвор за ниту еден од осомничените во случајот „Транспортер“. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вечерва ги укина и последните три решенија за овој случај и позитивно одговори на нивните жалби.

Со ова наместо мерката притвор, одредена од судијата на претходна постапка, советот определи мерки обезбедување присуство, односно одземање на пасош, обврска да се јавува во судот во Битола и забрана да го напуштат живеалиштето.

Истрагата за „Транспортер„ опфаќа вкупно 81 криминално дејствија. Во неа осомничен е и Градоначалникот на Битола Владимир Талески, кој заедно со општинскиот претседател на Комисијата за јавни набавки и група превозници ги местеле тендерите за превоз на ученици со што општина Битола го плаќала најскапиот превоз во светот .

Осомничени се 22 лица за злоупотреба на службената положба, а за 11 од нив беше побарана мерка притвор


Кривичниот совет е партиска комисија на дпмне .
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.581
Поени од реакции
7.712
А СЈО е партиска комисија на СДСМ и сега?
Да викнеме трет да пресече
А овие судии на претходна постапка што определуваат притвор што се ?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.004
Поени од реакции
31.982
Сите кои направиле или учествувале во криминал ќе одговараат!
^^
За ова веднаш би гласал. Шубао би било Грујо и Зајко да ги стават во иста ќорка.
Сигурен сум дека со ова би се согласил секој што и мисли добро на Македонија - а ти @Rigil би се согласил ли ти со вакво решение?
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.581
Поени од реакции
7.712
^^
За ова веднаш би гласал. Шубао би било Грујо и Зајко да ги стават во иста ќорка.
Сигурен сум дека со ова би се согласил секој што и мисли добро на Македонија - а ти @Rigil би се согласил ли ти со вакво решение?
Нормално , зошто да не , независен суд нека им пресуди на сите што извршиле криминал .
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.407
Поени од реакции
5.683
Куририте кога прават пропаганда

Неколкуте илјади граѓани низ тетовските улици..... (а реално 300-400 граѓани)


Неколку илјади кичевчани ... (а реално 400-500)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.004
Поени од реакции
31.982
Демек, кој и да дојде ќе кради зато остај овие лопови
...
И сега шо е поарно??
Не спинувај сега, каде реков такво нешто? Нели те прашав зошто би морал да одбереш било што од двете ЛОШИ опции. Кој вели дека мора да гласаш за СДСМ или за ДПМНЕ, ако веќе не бива ништо друго - секогаш како крајна опција постои и стариот добар таклабас:
[DOUBLEPOST=1461699127][/DOUBLEPOST]
Нормално , зошто да не , независен суд нека им пресуди на сите што извршиле криминал .
А не може такви покварени финти, доста не лажеа со тие финти: „нашиот суд е независен, тој ќе ги осуди криминалците“. :cautious:
Видовме до сега колку политичари отидоа во затвор, а и двете партии си беа солидно време на власт.

Еве јас и ти како гласови на народот, седнуваме и се договараме: криминалци се и Зајко и Грујо, клептократи кои се богатат на сметка на народот, заслужуваат затвор и тоа заедно да делат ќорка!

Ќе се сложиш ли со ова?
Без „независни судови“ и тра-ла-ла патронизирања, јас и ти сме судот. Ќе ги осудиме ли?
 
Последно уредено:

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.581
Поени од реакции
7.712
А не може такви покварени финти, доста не лажеа со тие финти: „нашиот суд е независен, тој ќе ги осуди криминалците“. :cautious:
Видовме до сега колку политичари отидоа во затвор, а и двете партии си беа солидно време на власт.

Еве јас и ти како гласови на народот, седнуваме и се договараме: криминалци се и Зајко и Грујо, клептократи кои се богатат на сметка на народот, заслужуваат затвор и тоа заедно да делат ќорка!

Ќе се сложиш ли со ова?
Без „независни судови“ и тра-ла-ла патронизирања, јас и ти сме судот. Ќе ги осудиме ли?
Народни судови имало по крајот на Втора светска војна , сега сме 21 век .
Ако нема независни судови би размислил за твојава идеа (ама без егзекуции) , како краен стадиум со што е неизбежна револуција . :D
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.542
Поени од реакции
36.509
Не спинувај сега, каде реков такво нешто? Нели те прашав зошто би морал да одбереш било што од двете ЛОШИ опции. Кој вели дека мора да гласаш за СДСМ или за ДПМНЕ, ако веќе не бива ништо друго - секогаш како крајна опција постои и стариот добар таклабас:
Нема таклабас на наредните избори ако СДСМ бојкотира. Секој граѓанин ќе мора да избере или едното или другото.

Излегување на избори ќе значи глас за оваа власт, неизлегување ќе значи глас против. Мора да се бира џа или бу.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.004
Поени од реакции
31.982
Народни судови имало по крајот на Втора светска војна , сега сме 21 век .
Ајде бе Rigil, зошто сега ретерираш вака?
Нели едвај чекаше Грујо да го видиш во затвор? :)

Ете никој не те тера да се изложуваш на опасност. Никој не те тера да идеш да го прскаш Груевски со боја, макар ни во толпа. Еве од сигурност и анонимност на форум можеш Груевски да го пикнеш во затвор (макар само хипотетички). Никој нема да те тепа, никој ништо нема да ти направи...


Гледаш ли сега каде е проблемот со оваа држава?
Само Заев лидерот твој драг, да не иде во затвор - и Груевски ќе го трпиш, ќе го оставиш да владее уште четири години! :D
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Не спинувај сега, каде реков такво нешто? Нели те прашав зошто би морал да одбереш било што од двете ЛОШИ опции. Кој вели дека мора да гласаш за СДСМ или за ДПМНЕ, ако веќе не бива ништо друго - секогаш како крајна опција постои и стариот добар таклабас:
Македонија е миљонипол народ колку еден средно голем град, нема тука простор за многу опции, оваа дечурлија од левица се тотални аматери и занесењаци, сегашното ВМРО е заглавено до гуша во афери и само тони се повеќе во обиди некако да се спасат водачите од робија одоворност и враќање на украденото, СДСМ можеби научи лекции од минато и се реформира, кога слушам понуди од двата блока каде едниот се залага да се расчитат криминали воспостави СЈО и специјален суд, да се реформира судсво и полиција да се департизира државата и да се тргне кон ЕУ и НАТО, а од друга страна понуда да остане се ко шо беше пошто и другите биле лопови, да се аболицира и помилува секој политичар замешан во пљачка и незаконитост и да се врзваме со русија кина и северна кореја мислам дека подобра понуда иди од СДСМ....
сепак појќе сакам рокенрол, BMW и мерцедес коли, триумф мотори, евра и долари од колку руски балалајки, лада и волга, минск мотори и рубљи в џеп....
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.581
Поени од реакции
7.712
Ајде бе Rigil, зошто сега ретерираш вака?
Нели едвај чекаше Грујо да го видиш во затвор? :)

Ете не тера никој да се изложуваш на опасност. Никој не те тера да идеш да го прскаш Груевски со боја, макар ни во толпа. Еве од сигурност и анонимност на форум можеш Груевски да го пикнеш во затвор (макар само хипотетички). Никој нема да те тепа, никој ништо нема да ти направи...


Гледаш ли сега каде е проблемот со оваа држава?
Само Заев лидерот твој драг, да не иде во затвор - и Груевски ќе го трпиш, ќе го оставиш да владее уште четири години! :D

Јас не ретерирам , еден став имам , ти си сајбер револуционер некаде те нема да преземиш акција . Никаде јасно не кажа дека даваш поддршка на СЈО и сакаш власта да одговара за криминалот . Одма мешаш Заев опозиција дрн дрн .
А вакви манипулации и подметнувања на друг да му ги продаваш .
Ти не сакаш Груевски да одговара затоа што ти ја штител државата од странски заговори .
Ајде сајбер револуционеру јасно да кажеш : Јас сум за Груевски да заврши во ЗАТВОР .
За Заев знаеме дека си , не потече од дрндање.

Додека не го кажеш ова јавно , не продолжувам да дебатирам со тебе .

Ајде Ванлок на потег си . :D
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
@Vanlok , нешто не им се читаат твоиве постови на неутралниве.
Кружат ли кружат, "ко киша око Крагујевац" :D

Да не е до фонтот бе?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom