Не бе, Катица е глупа. Е сега, тоа што во глобала противниците на Груевски се исклучително глупи е негова заслуга. Знае да се испазари со паметните.
Зошто толку ве иритира женава, ја познавате лично па имате став дека е глупа или така од партија ви рекоа дека треба да ја нарекувате?
Знаете воопшто нешто за нејзината кариера, фамилија и сл. или само ради тоа што сите големи риби ке ги стави во мала мрежа, а вие претпоставувам имате некаква корист од нив или сте некое пиунче во целава игра?
Ако е она глупа какви се тие што ја изгласаа неа за специјален јавен обвинител... идиоти ретардирани можда или нешто уште пониско, а па замисли па тие второ и трето степените потрчковци што им го лижат гзот, тие какви се?
Мене жената како лик, како појава, ми изгледа како да ги нема тие покрети што ги поседува "елитата",тие убедливите, самоуверени, самобендисани покрети, не изгледа баш фенси, или да кажам важна да се прави, ама затоа има нешто во неа што ги освојува симпатиите на народот. Во моментов покажува кур со муда во дебелина и во должина кој што го немаат сите политичари заедно. Сите сега да се наредат на Рекорд еден позади друг немаат толкав колку што и е на обвинителката, заедно со двете нејзини симпатични помошнички.
Мојот став околу целава оваа фрка е: За секој што направил криминал да следува санкција дупла него што законот налага баш ради одговорноста и важноста на функцијата која ја вршеле или вршат. Јас не сум емотивно поврзан према ниедна партија нити ке бидам. Сум гласал редовно, со слободна волја без никаков притисок и во тој момент сум мислел дека изборот ми бил исправен. Работите се менуваат, како и карактерот на политичарите.
Сметам дека партијата треба да биде поврзана за мене,она треба да трча за мене т.е за секој од нас кој е дел од народот. Тие политичарите треба да работат за нас а не ние за нив, и незамисливо за мене е ради 100 луге во собрание 2 милиона народот да се дели и повредува, физички или вербално не е битно како и да ги понижува државните институции оценувајки ги како второстепени односно со понизок ранг од партијата или власта.
Сите ние мораме во нас да ја носиме правдата како основен двигател на развој на еден народ и не може политиката и криминалот да биде пред правдата и вистината. Криминалот можда се исплати краткорочно на поединци, а масата народ која слепо следи и се надева на некој ќар од оваа или онаа политичка опција додека тие си ги приграбуваат народните пари и парите од странските кредити, и останува мизеријата и конфликтот.
Просто кажано ако не си министер или некој висок функционер ке останеш со курот во рака,без разлика што си гласал за нив и ти нашле работно место. Најверојатно ке бидеш гневен и многу лесен за манипулација и втурнат несвесно во конфликт.
Убаво рече Орбан во својот говор пред некој ден "Да останеме обединети зошто само така ке останеме слободни".
Народот да го поддржи судството,(а на судството му треба помош), да се ослободи од политичките притисоци, и да дели правда.
Така и нашите деца ке знаат што треба а што не треба, што е праведно а што е неправедно, ке имаат поисправени вредности кон кои ке се насочуваат во животот.