Одговорот на сите прашања е да. Ама, сите барања и за министри, и за оставки и за одложување на датум, првично дојдоа од СДСМ. Амбасадите само настапуваат како лидер на македонската опозиција. И кога македонската опозиција, вклучувајќи ги тука и самите поддржувачи на истата ги легитимираат како лидери, не може Груевски да се прави будала и да пробува да ги игнорира.
Власт не добија амбасадите, доби СДСМ. Оливер Спасовски не е генерален секретар на америчката или британската амбасада, туку е генерален секретар на СДСМ. Зошто Груевски ги направи тие попусти, знаеме сите. Зошто и дали да гласаш на наредни избори, си знаеш сам, таму не ти се мешам.