- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.478
- Поени од реакции
- 18.503
Оваа информација е само да се повтори четивото, дека Нацистите во Украина со САД се главни виновници.Македонија се граничи со ЕУ, меѓутоа нема пазарен капацитет ниту доволна географска површина за да биде главен транзитен играч на Балканот. Сепак, најлогично е да се заинтересираме за проектите на брзата железница Будимпешта -Белград - Солун и да покажеме сопствена иницијатива.
Во контекст на темава, многу интересна анализа на Сергеј Глазјев, за кој се верува дека е главен креатор на новата руска стратегија со резервите на злато, Арктикот и враќање на рускиот капитал од странство.
Советникот на рускиот претседател Владимир Путин, академикот и поранешен министер Сергеј Глазјев, оценил дека Русија располага со потенцијал да ја спречи опасноста од прераснување на граѓанската војна во Украина во Четврта светска војна и истовремено да се сочува единството на рускиот свет, пренесува Новости.
„Денес светот преминува од американскиот економски модел на азискиот. САД ја губат битката за конкурентност со Кина. Токму затоа се определија за нова светска војна во Европа, војна која треба да ги ослаби сите нивни конкуренти.
Главниот удар на „вашингтонскиот централен комитет“, кој го контролира крупниот транснационален капитал, е насочен против Русија против која треба да почне војна преку украинските нацисти. Таа војна гарантира нагло влошување на ситуацијата и во постсоветскиот простор, и во Европската Унија.
Поради тоа САД, со поддршка од европски функционери, во февруари 2014 година во Украина го организираа државниот преврат и на власт ги донесоа неонацистите. Со геноцидот на руското население на југоистокот на Украина тие се обидуваат да ја испровоцираат Русија да влезе во војна. Според планот на Белата куќа, украинските фашисти играат улога на своевиден „овен“ чија мета треба да биде Русија“, истакнал советникот на Путин.
Сето ова, уверен е Глазјев, Американците не го прават затоа што се глупави, туку затоа што војната ѝ е неопходна на американската олигархија. „Арапската пролет“, според него, им беше потребна на САД за да создадат енергетски предуслови за војна против Русија.
http://www.mkd.mk/svet/analizi/sovetnik-na-putin-na-sad-im-e-potrebna-chetvrta-svetska-vojna-bidejkji-tretata-vekje
Го знаете она за илјада пати кажана лага ...