Шота Буби
нотар
- Член од
- 4 март 2009
- Мислења
- 3.087
- Поени од реакции
- 1.780
![](http://vecer.com.mk/WBStorage/Articles/DF72BE6D4DCCFD45B4B499DD7816CA49.jpg)
Барак Обама: Сведоци сме на невиден терористички акт.
Путин: Титаник не потона, туку беше учесник во воднокинетичка операција.
Чак Норис: Штета што не бев таму!
Боно Вокс: Ајде сите донирајте за семејствата на загинатите на Титаник, лично јас ќе ја подарам мојата долна облека преку аукција. Купете го моето најново цеде со песната Титаник и донирајте половина цент во мојата волонтерска организација.
Волстрит: Титаник е премногу голем за да го остават да потоне.
Њу Ејџ гуру и автор: Во бродот нема дупка, освен ако не поверувате дека има.
Македонски играч на спортска: Се гледа дека е наместено, имаше добар коефициент да не потоне.
Бранко Црвенковски: Титаник потона како резултат на погубните политики на оваа влада на чело со Никола Груевски.
Никола Груевски: Да не се качеше Бранко Црвенковски пред 20 години на Титаник, денес немаше да потоне.
Миленко Неделковски: Ова е најголемата трагедија за македонскиот народ во последните 8000 години.
Ѕинго: Капиталистички буржоазии уништија масовна количина метал, што можеше да биде употребен за изградба на погони за фабрики во Кратово, трактори, чинии и лажици.
Амди Бајрам: Титаник не е потонат 102 %. Уште ве лажат ова комунистиве. Мојата јахта е кока-кола за Титаник.
Кили: Ма, немој да ме јебеш!