Ако не бидеш мој/а, тогаш нема да бидеш ничиј/а!?

Член од
13 јуни 2009
Мислења
105
Поени од реакции
37
Јас сепак мислам дека тоа е љубомора и не е убаво да се постапи на тој начин.
Што ако таа личност не сака да биде со нас , ќе го направиме тоа без разлика дали ќе повредиме нечии чуства ?
Искрено за мене тоа е болна работа и тоа го прават личности што се опседнати.
А опседнатоста не е љубов, но сепак они мислат дека е .
Затоа е најубаво колку толку да се држиме сепак понастрана од такви личности колку можеме и да не дозволиме да ни го уништат тоа што ние го имаме .

 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Покажи и/му колку ја/го сакаш... Остај/остави ја да ги согледа грешките...
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Ајде сега ќе раскажам една приказна за дел од мојот живот, поврзана е со темава при крај ќе го видите тоа.

Како дете многу се дружевме јас и тој, беше малку постар од мене ама тоа не ми пречеше. Се сеќавам тогаш на моите дома не им беше многу многу по мерак што се дружам со него, мислеа дека лошо влијае врз мене, не знаеја дека сум волк во јагнешка кожа :). Навечер сакавме да играме многу на флипери, денес сеуште постои таа фирма но нема флипери, туку продаваат компјутери и компјутеров ми е купен од кај нив. Кога ќе се уморевме од флиперите јадевме хот дог од бутките крши реклами (ги нема денес). Јас јадев два, а тој јадеше осум. Ништо од човек беше ама јадеше како ѕвер. Ми велеше џабе си толкав голем гледај колку изедов јас, а колку изеде ти. Не сакаше пред мајка му на прекар да го викаме туку на име. Бевме многу блиски, правевме муабет за татковците, јас често се жалев од мојот затоа што беше тежок и авторитативен човек, додека пак неговиот бил криминалец и криминално завршил некаде низ Европа. Велеше дека ќе биде паметен, умен и нема да заврши како него.
Ни се разделија животните патишта јас едно средно тој друго средно училиште, нови луѓе нови ситуации, нови прилики, нови искуства. Се гледавме правевме по едно здраво.
Една ден се сретнавме по пат кај брза помош, застанав и разговарав со него како што немавме разговарано со години. Иако знаев го прашав што работи. Во полиција кај лавовите ми одговори. Го гледав добро му оди светеше гардеробата на него. А ти? Ми вели. Ништо јас слободен уметник сум му одговорив.
:(:(:( Неколку години подоцна... Бум бум убиство-самоубиство. Не му отидов на погреб, ниту со свеќа затоа што тој не го заслужува тоа. Секогаш во иднина кога и да палам свеќа во црква, дури и да помислам на него свеќата не е за него туку за девојката (не ја познавав). Не сум му лут, бесен му сум, сакам да се појави овде сега пред мене за да го скршам од ќотек, затоа што како што велеше дека нема да заврши баш така заврши.
Ах :(:(:(:(:(.
LoL добар пример.

Иначе колку себично звучи реченицава. Љубовта не поздразбира себичност. Така да повеќе од јасно е дека овие луѓе кои ја користат реченицава во пракса се себични и се опседнати. Дефинитивно човек не знае на што ќе налета и колку скапо може да плати за тоа. Има секакви будали кои се спремни да посегнат по својот живот и по животот на тој/ таа со кои се опседнати. Болна работа.:nesum:
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
еее даа бе ... нек се ебе со цел град ако сака беш ме боли...
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
тој пристап дефинитивно не е љубов...
опсесија можеби...
Лично мене ми се нема случено бар јас колку што сум приметила а и дефинитивно тоа не е моја филозофија
во тој поглед сум ептен пасивна...Што е мое ќе си дојде...
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Не сум имала работа со ваква личност, па затоа не можам од искуство да дадам пример. Како и да е, ова може да го прави само личност со подлабоки психички проблеми.
Желбата за поседување е човечка опсесија, но кога постои опсесија за поседување тогаш таа е патолошка особина. Да не навлегувам во други муабети, сепак темата не е отворена во подфорумот за психологија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom